IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски народни носии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски народни носии

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:48
Технолошко креативни постапки, категории и дисциплини

При обликувањето на народните носии главото место го имала жената – селанка, бидејќи целокупната активност речиси ја имала самата таа почнувајќи од предавањето на суровините, бојосувањето на преѓата, изработката на ткаенините,конструкцијата на кројот, шиењето до украсувањето и китењето. Во оваа насока неспорно важна улога имала и појавата на специјализираните мајстори – терзии, кои главно ги изработувале и украсувалегорните облеки, додека локалните занаетчии – конјунџиите го изработувале накитот. Волната, конопот, ленот, памукот, во помала мера и свилата, обработувани на стар традиционален начин , се основните суровини кои имале голема примена за изработка на носиите. Во најголем дел број случаи горните машките и женските облеки се изработувани од домашна четворно ткаена волнена ткаенина ‘’’клашна’’’ или ’’’шајак’’’, во бела, црна или сура боја – природна боја на волна или од четворно ткаена ткаенина од црвено и темно-сина бојосана преѓа. Во повеќе делови на источна и југоисточна Македонија за изработка на горната облека голема примена имала лито ткаена ригеста волнена ткнаенина '’’алаџа’’’или ’’’антерија’’’. За разлика од горните облеки, долните машки и женски облеки: кошулите и гаќите, главно се изработулаве од домашно ткаено бело конопено, ленено и памучно платно. Воодделни пределски целини овие облеки се изработувани од и од платно чија бела памучна основа е комбинирана со тесни појаси од свилена преѓа – во вид на риги – ‘’’кенари’’’, по што и самото платно е познато како ‘’’кенарлија платно’’’. Поретко, на пример во делови од Пиринска Македонија и Егејска Македонија некои од горните женски облеки – ‘’’саите’’’ се кроеле од домашно ткаено платно во сина боја. Кројот речиси на сите облеки е доста едноставен, условен од ограниченоста на ткаенините ткаени (главно на тесен хоризонтален разбој), во широчина која варира од 38 до 42 см, во ретки случаи и до 48 см. Подреден на ткаенините со вакви димензии истиот е приспособен на анатомијата на човековото тело. Тој е истовремено извонредно рационален, зашѕо секој дел од ткаенината што се крои е максимално употреблив. Принципот на кроење се состои од подолги или покуси правоаголници или дијагонално кроени правоаголници –‘’’ реборници’’’, ‘’’клинови’’’ или ‘’’бочници’’’ – за странично проширување на облеките. Вовизуелна смисла, речиси сите горни машки и женски обеки без разлика дали се: без ракави, со куси или со долги ракави, или пак, по должина: долги до појасот, под колковите, до колената, до средината на листовите. Во ретки случаи долги до глуждовите, се карактеризираат со нагласена страничност и архитектоника, со определена ритмика и динамика. Конструктивноста и аритектониката се одлика и кај кројот на машките и женските кошули, со таа разлика што машкитесе покуси до колената. На пример, кројот на женските кошули се состои од: правоаглоно парче платно со фиксирана должина, кое предиплено во вид на пончо (долго до глуждовите) го определува предниот дел – ‘’’предните поли’’’ и задниот дел – ‘’’задните поли’’’. Во горниот дел – околу вратот и предниот граден дел платното се откројува или ‘’’грли’’’, за одгрленот вратен дел се крои тесно правоаголно парче ‘’’корил јака’’’, ракавите се секогаш едно цело и едно повина правоаголно парче платно – ‘’’подраче’’’. Кај секојдневните кошули за проширување од обете бочни страни се кројат по најмалку два ребреника, за разлика од невестинските кои можат да имаат двојно повеќе. Со карактеристични кројни елементи посебно се издвојува облеката ‘’’фустан’’’ – вид здолниште, од составот на машките носии, секогаш од бело памучно платно, скроена со голем број клинесто кроени парчиња.


Изменето од evangeline - 31.Март.2015 во 06:49
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:46
Носиите по етнографски области, целини и предели

Затворениот економски живот во минатото, слабите патни комуникации, како и повеќевековната национална зависност на македонскиот народ, придонесоа донеодамна многу носии да зачуваат многу архаични елементи како во однос на кројот така и во начинот на нивното украсување. Непомала важност за таквата зачуваност имаа и селските заедници, кои континуирано опстојуваа до првите децении на минатиот век. Тие задржаа многу одлики од некогашниот здружен живот, посебно народните носии со нивната извонредно голема разновидност од облеки, облековни делови и украси, што варира не само од предел до предел туку е забележлива и во рамките на определена пределска целина. За да се направи што поцелосен преглед на македонските народни носии, најпрво треба да се пристапи кон најчесто применуваниот метод – систематизација на носиите, заснован на културно – географскиот принцип, усогласен со територијално – етнографската поделба на Македонија на етнографски целини: Горновардарска, Дебарско-реканска, Брсјачка, Средновардарска – како подгрупа на етнографските целини што ја опкружуваат, Шопско – Македонска, Струмо – Местанска и Јужно-македонска со бројните пределски целини. Според таа систематизација поголемиот дел носии во Македонија со оглед на нивните основни типски одлики во глобална смисла можат да се групираат во два основни типа:

  • Западномакедонски тип
  • Источномакедонски тип

Кон првиот тип, во најголема мера припаѓаат носиите од Горно – вардарската, Дебарско – реканската и Брсјачката етнографска целина со следниве карактеристики:

  • Горни бели клашнени облеки, со богата декорација од гајтански апликации (црни, црвени, срмени), украси со срмен терзиски вез, со апликација од чоја, со волнени рески и сл.
  • Бели платнени кошули (од лен, коноп, памук) од типот на централнобалканските кошули, богато украсени (посебно женските) со специфична полихромна декорација во геометриски дух, поретко и со бел вез
  • Разновидни појаси (машки и женски) и појасчиња (жеснски), најразлично украсени (ткаени, плетени)
  • Скутини женски (ретко и машки) во разни димензии (големи и мали) со специфична геометриска орнаментална декорација, со дополнителни украсни елементи рески или без нив
  • Специфични женски покривала за на глава (сокај, гајтан, корпа, дарпна, марама) со богато везена декорација дополнета со рески
  • Богат и масивен женски накит со разни форми на китење и украсување.

Кај овој тип носии забележливи се постар вид на облековни елементи со испреплетени траги и влијанија од повеќе култури: старословенска, старобалканска, византиска и турскоориентална. Отстапување од овој тип прават носиите во делови од Горновардарската и Дебарско-реканската етнографска целина. Станува збор само за женските носии од пределските целини Горни Полог, Горна Река и Мавровско Поле, Голо Брдо како и женските носии кај преселниците од Река (Исламизираните Македонци) Бабуна – Велешко. Како такви се издвојуваат со следниве облековни делови:

  • Застапеноста на две скутини (предна и задна) – опрегач преен и опрегач заен
  • Женски кошули од кенарлија платно, чиј крој отстапува од вообичаениот централнобалкански тип, без везена декорација
  • Горни облеки (женски и машки) мошне богато украсени со срмен терзиски вез
  • Специфично обување на нозете со калци, чулци и тозулци кои заедно прават едни ноги
  • Богат женски накит

Кај овој поттип се забележливи старословенски, старобалкански но и евидентни турско ориентални елементи пренесени со посредство на печалбарите од Турција. Во орнаменталната декорација од поново време преку печалбарите од Војводина и Романија присутно е влијанието и оттаму. Кон истошномакедонскиот тип припаѓаат носиите од средно – вардарската подгрупа, Шопско – македонската, Струмо – местанската и Јужномакедонската етнографска целина, со следниве карактеристики:

  • Горни облеки (машки и женски) во потемен колорит (од црн, темносин или во сура боја шајак), облеки од пругаста лито ткаена волнена ткаенина алаџа и антерија. За разлика од западномакедонскиот тип украсувањето е во поскромен обем, главно со волнени гајтански апликации, индустриски ленти, ширити и др
  • Горни женски платнени облеки саи, главно бели, како и сино бојосани
  • Долни облеки (машки и женски) од коноп, лен, памук или од платно во пруги со кенари. Во декорацијата на женските кошули и саи важно место има вткаената орнаментална декорација ткаена во техника пребир – шар на разбој или вез на разбој; украсувањето со вез по карактер и везачки техники значително отстапува од геометрискиот дух карактеристичен за везената декорација кај облеките од западномакедонскиот тип; на места отсуството на везена дкеорација е заменето со украсување од рачно плетени полихромни тантели во турско – ориентален дух
  • Женските скутини, за разлика од западномакедонскиот тип се со поскромна вткаена декорација; во некои пределски целини се застапени скутини со вткаени каро комбинации; застапеност на машките скутини (во делови од Средновардарската подгрупа на носии)
  • Во голем број случаи машките чорапи се карактеризираат со вплетена орнаментална декорација со карактеристични геометриски мотиви
  • Во китењето и украсувањето доминантно место има монистрениот накит; кај одделни носии тој е придружен и со маркантен накит како што се на пример пафтите.


Изменето од evangeline - 31.Март.2015 во 06:47
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:45

Народните носии во Македонија имаат многувековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на сиот македонски народ, тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот. На најстариот културен слој - старобалканскиот, како и на традициите на цивилизациите на стара Грција, се надоврзува културата на облекувањето на старите Словени, кои во силните налети од V до VII век го населуваат овој дел на Балканскиот Полуостров. Во понатамошните културни текови се надоврзува влијанието на византиската цивилизација, како и силниот уплив на турско - ориенталните елементи, па сè до најновите струења од запад.

Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија учествува сиот македонски народ - творец и создавач на народните носии. Во нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со творештвото на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на живот, развиени и усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале народните носии во Македонија како израз на народните колективни, естетски и психички диспозиции.

Освен културно-историските прилики и творечкиот дух на народот, во оформувањето и обликувањето на народните носии во Македонија од значење се и географско-природните услови. Високите планински масиви, ритчестите падини и питомите котлини, со кои се одликува релјефот на Македонија, давале одредени услови за стопанисување, кое од своја страна нашло одраз во животот и културата на населението. Со посебни специфични форми, како во материјалната, така и во духовната култура, се издвојува културата на планинците, кои, главно, се занимаваат со сточарство, од културата на рамничарите, кои главно се ориентирани кон земјоделството. Во многу предели овие две култури се преплетуваат, создавајќи на тој начин поинакви форми на сложената култура на облекувањето, како и во целокупниот народен живот воопшто.

Сите овие чинители, кои учествувале во оформувањето на народните носии во Македонија и во создавањето на традиционалните форми на народното облекување, биле важни фактори за дефинитивното обликување на разновидните и типски различни форми на народните облеки и на народното облекување воопшто. Во оформувањето на нивните типски и декоративни обележја нашле одраз дамнешните епохи, како и времето во кое се создавани. Со сето свое богатство, изразено со бројноста и разновидноста на облеките, начинот на нивното украсување, во орнаменталните композиции и во колоритот, народните носии доаѓаат до нас преку сè уште зачуваните примероци употребувани во XIX и првите децении на XX век.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.