IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски народни носии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски народни носии

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонски народни носии
    Испратена: 01.Април.2015 во 00:34
МАРИОВО

Мариово претставува изолиран предел со сличности и карактеристики на полските села. Во поново време носијата значајно се изменила и почнале да се носат т.н ФУСТАНИ од волнени ткаенини. Носијата е составена од: кошула, сагија, прегач, грло, појас, чорапи, тулбен, орбус, префрлач, калци, шамија, коцел, нетоп, подкоцелник и накит.
   
Мариовска народна носија                                      Составни делови на носијата


ЖЕЛЕЗНИК И КИЧЕВИЈА СО ДЕБАРЦА

Помеѓу овие региони се согледуваат мали разлики па затоа се обработуваат како едно исто. Носијата е составена од: кошула, клашеник, скутина, грлинка, чорапи, појас, ќурдија, калци сокај, тулбен, урбус, гајтан и накит.
  
Кичевска народна носија                                         Кичевска народна носија

МАЛЕСИЈА

Женската носија од Малесија обилува со бројни облеки, украсени на поинаков начин од соседните предели. Облеките од невестинската носија наречени се големи, како и тие за првиот ден по свадбата кога невестата првпат оди на вода, означени се како помали.Воедно тие се најукрасените и најдекоративните - кошула голема - срамачка, везена на ракавите, елек - антерија, украсен со седефки, клашеник со срмени украси и џубе со гајтани. Сите овие облеки поврзани во една целина ја оформуваат носијата од пределот Малесија со посебни етнички карактеристики и естетски белези.

Посебно обележје на облеката е белото џубе, каде што доминантна е белата боја во клашнениот материјал од кој е направена, а и во гајтаните со кои е украсена. Оваа белина на облеката џубе има намена на траурен белег, а во носијата на изолираниот планински предел Малесија се јавува како остаток од зачувана трага на старословенскиот обичај, кога жалоста се одбележувала со носење на облека во бела боја.

  

носија од с.Локов-Малесија                                      Машка носија од Малесија


ОХРИДСКО-СТРУШКО ПОЛЕ

Носијата е составена од: кошула, клашеник, поманики, појас, скутник, џуница, џубе, кусак, чорапи, сокај, гајтан, марама, сокајници и накит.

  

                                              Охридска народна носија


ПРЕСПА

Носијата е составена од: кошула, грлинка, поманики, џуба, појас, џуница, елек, шегин, скутина, ресачка, кусаче, дулбен, забратки, чорапи, сокај и накит.

  

Народна носија од горна Преспа                              Преспанска народна носија


СТРУШКИ ДРИМКОЛ

Носијата е составена од: кошула, забун, грлка, елек, џубе, појас, чорапи, скутник, сокај, поманики, препашка, гајтан, марама и накит.

Народните носии од Струшки Дримкол биле носени во 16 села од овој регион. Машката носија е составена од бели клашнени облеки, украсени со црни гајтани, (бечви, џамадан), а младоженската носија, наречена зетоска, се дополнува со клашнена бела долама, долга до колена, тесна во горниот дел и широка, со многу набори, во долниот дел. Составен дел на носијата, исто така е богатиот карактеристичен машки накит - ќустек, со саат и старовремски пиштол.

За носијата на жените од Струшки Дримкол се карактеристични повеќе бели клашнени облеки, кои се разликуваат по возраст и намена (клашеник - со украси од чоја за невести, џубе - со црвени и бели оптоки за повозрасни жени, ресачка - со волнени рески од внатрешната страна, за зимскиот период). Овие клашнени облеки се носат преку долгата платнена кошула, украсена со волнен, или постарите со копринен вез, со ситна и префинета релјефна орнаментика, а се опашуваат со многу долг црн плетен волнен појас, а врз него ткаена декоративна препашка, џуница и пругасто шарена скутина бофча, со богати поткити од волнени и чојани реснати украси.

Во носијата на невестите во минатото била карактеристична везената невестинска покривка за глава, наречена сокај, масовно употребувана до крајот на XIX век. Сокајот, како еден од најдекоративните елементи од женската носија, со врвни естетски вредности, изразени преку везената орнаментика, укажува на дамнешни културно - историски врски и може да се поврзе со некои истоветни делови на народите од Поволжјето. По својата форма на високо издигната ќулафка дава можности за претпоставка за врската со далечни траги од некогашните еднороги шапки, кои потсетуваат на старите фригиски капи.Невестинската покривка за глава е марама од бело платно, украсена со разнобојни геометриски мотиви и густи волнени реснати поткити. На нозете се носат волнени плетени, ситно орнаментирани - чорапи и кожни чевли.

Во носијата од Струшки Дримкол е застапен разновиден накит (киска, тантурици,мангура, чапрази), во кои металот е дополнет со корални украси.

Денес женската носија од овој предел сè уште се одржува, но, ограничена е на одредени обредни и свечени функции, со значително изменета и редуцирана содржина - изоставени везбени украси, изменет начин на украсување, и некои клашнени облеки.

                                    

Ракав од невестинска кошула, везен со црвена и црна волна        вез на женска шамија за глава, со темноцрвена и црна свила


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2015 во 00:19
ПРИЛЕПСКО - БИТОЛСКО ПОЛЕ

Некогаш овој етнички предел имал исти карактеристики и се смета дека во цел регион се носела иста носија. Во поново време носијата е поделена на носија од Прилепско и носија од Битолско поле. Носијата е составена од: кошула, шајак, прегач, грло, цепениче, даркма, појас, ракушки, тресалиња, чорапи, калци, прцле, цела, кусале, фермеле, ќурдија, ракавчиња, крпи и шамивчиња, и соодветен накит (игли, чапрази, скопци, јадици). Отстапки меѓу двата региони се прават во однос на терминологијата.
Народната носија во пределот на Прилепско - Битолско поле, голем рамничарски предел во средниот дел на Брсјачката етничка област, е позната по тоа што во минатото била една од најдекоративните, и во исто време и најтешките носии што ги носеле жените во Македонија.

Платнените долги туниковидни кошули се украсени со густо извезени мотиви во разни бои, во кои најмногу доминира црвената во сите нијанси. Богатството и разновидноста на извезените мотиви, нивната складност и прецизност, ги карактеризираат везбените украси како едни од најубавите и најдекоративните во Македонија. Платнената летна саја и зимскиот волнен бел клашеник, украсени со извезени мотиви, срма и монистра, ткаената волнена, ситно орнаментирана скутина - опрегач, усогласени по боја, начин на украсување и орнаментика, чинат една целина со останатите делови на носијата.

Зимската облека е валанка, изработена е од дебела црна клашна, украсена со карактеристични украси од гајтани, ширити и монистра. Волнени, плетени, вкусно шарени чорапи и калци (волнени чорапи без стапало), со опинци, го оформуваат обувањето на нозете. Машката носија во Прилепско - Битолското Поле ја сочинуваат бројни облеки: аба - од бела тенка волнена ткаенина, кошула од платно со везени украси, џамадан од црна клашна, појас ткаен од темно црвена волна, како и ресачка - горна облека од црна клашна, долга до колена. Специфичност на носијата од овој регион е употребата на скутина - унечка, како составен дел на машката носија.

Зимската машка носија е сета од волнена валана ткаенина шаек, порано во бела, потоа во црна, а како моден тренд, особено за помладите, во темноцрвена боја. Бројните облеки што влегуваат во составот на оваа носија - минтан, елек, џамадан, бечви - украсени со црни оптоки, се дополнуваат со разнобојниот пругасто - шарен волнен појас. На нозете се носат волнени, плетени чорапи и кожни чевли, а на главата шубара од јагнешка кожа.

    

ГОРНИ БИТОЛСКИ СЕЛА И ЦАПАРСКО ПОЛЕ 

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век во овој предел почнало нагло видоизменување на народната носија под политичко и економско влијание. Така се изменил визуелниот лик на носијата и таа од црвена се преобразила од т.н АЛСКА во црна. Овој нов тип на „црна“ носија е познат како Буковска мода, кој се раширил и во полските села. Носијата е составена од: кошула, шајак, даркма, грло, појас, фута, чорапи, ракавчиња, кусале и накит.

    


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 16:50

Носија од Миравци
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 16:48

Мариовски народни носии
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 16:47

Народни носии од Јабланица
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 14:22
Јак е појасов, кај кого е клучот

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 14:17
Сега ќе се вклучат Бугарите, ќе велат дека овие се бугарски носии...

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 07:06
Дебарско Поле








Мавровско поле








Изменето од evangeline - 31.Март.2015 во 07:07
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 07:05
Народни носии од Голо Брдо.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 07:04
Составни елементи на Мијачката носија
Главна одлика на Мијачката носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа главно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека и придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Мијачка женска народна носија
  • Минтан - долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со кадифе, згора извезен со срмено "букме" и гајтани. Вез - "лоза" се закопчува со сребрени филигрански петлици.
  • Кошула-"тнока" - од домашно дебело платно и целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата.
  • Елек - од домашно платно, предниците потплатени со "свита" - чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици.
  • "Клашненик гувеалски" - горна облека, од домашна бела клашна. Предниците - "свитките" богато извезени со срмени и "алосани" гајтани, "букме" и позлатени "петлици". Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има "паткавици" - "рокави" (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите).
  • Појас - ткаен четворно од "чиста" црвена волна. По краиштата богато украсен со "киски" - реси.
  • "Препашка" - појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со "китови" - реси и "поплети".
  • "Ризинче" - свилено шамивче, индустриски производ.
  • "Фута стамболска" - скутина, цариградска копринена, украсена со "колца".
  • Шамија - свилена со "киски" - реси, индустриски производ.
  • "Чапрази" - со "трепетушки" - пафти со срмен колан.
  • "Низалка" - накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка.
  • Ѓердан - поткитен со "дубли" - златни пари.
  • Чорапи "гувеалски" - плетени од волна, ишарани со шарбите "петнаесет игли" и "девет игли".
  • "Врзаници" - невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа "сафтијан", ишарани со "з'мба".
  • "Калемќар" - волнена шамија за на глава, индустриски производ.
  • "Игла" од сребро - накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка.
  • Ушници со трепетулки - накит за над уши.
  • "Плетеници" - украс за на коса, направени од волнени "алосани киски" - рески, украсени со плетеници и "жапки".
  • "Сокај" - украс за на глава, направена од алова "свита" - чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки


Мијачка машка народна носија

  • Кошула - од тенко домашно памучно платно.
  • "Жамадан" - минтан од "свита" - чова, со капаци околу рабовите опточени со машински "тегели" од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки "петлици" - копчиња.
  • "Бечви" - од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два "жеба" - џеба, а напред кај "кутелецот" има два цепа за полесно облекување на бечвите.
  • Појас - исткаен од "чиста" - вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки.
  • "Зобанче зетовско" - од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со "ќулавка" - широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси "рокави" - ракави, терзиска изработка.
  • "Кече" - капа од црн сатен, украсено со "машински тегели", занаетчиска изработка.
  • "Чипили" - чевли од црна кожа. Чевларска изработка.
  • Чорапи - "ластиклии", плетени од црна волна.


Мијачка носија од Крушево




Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:59

Мијачката група на носии, Невестинска носија од родното село на Даме Груев.

 


 

 

 

 

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:58

Во речиси еден век старата книга “Луѓе од сите нации” редактирана од Хамертон, со најпофални зборови е опишана раскошноста и разновидноста на македонските народни носии од тоа време:

“...Малубројното македонско население е познато по разновидноста на женската мода и по раскошноста во боите.” 

Но сепак, убавината на овие носии не може да се опише со зборови. Таа треба да се види.

Денес голем дел од овие прекрасни македонски народни носии со непроценлива културна вредност се жртва на забот на времето и не се достапни за поширок круг на луѓе. Но со помош на Интернетот и технологијата тоа може за миг да се смени.

Ексклузивно ви претставуваме шест слики со вкупно дванаесет различни македонски народни носии, насликани од хрватскиот академски сликар Владимир Кирин и објавени во 1955 година.

makedonski-narodni-nosii-1
1 Женски македонски народни носии од Скопска Црна Гора, Блатија, во близина на Скопје
2, 3 Женски македонски народни носии од Куманово и Тетово

makedonski-narodni-nosii-2
4 Машка и женска македонска народна носија од Галичник
5, 6 Женски македонски народни носии од мариовско и од Смилево

makedonski-narodni-nosii-3
7 Машка и женска македонска народна носија од Кочани
8, 9 Женски македонски народни носии од Крушево и Прилеп
 
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:57
Горна Преспа, почеток на 20 век.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 06:54
 Ткаеници

Интегритетот на технолошкото и креативното, основна карактеристика на ракотворната дејност, присутен во сите фази од процесот на обликување на народните носии, е посебно изразен кај орнаментираните ткаенини – скутините. Ткаенини во правоаголна форма, дел од нив обликувани од една дипла или обликувани од две хоризонтални или вертикално соединети дипли, најчесто орнаментирани со вткаена орнаментална декорација уште при самиот процес на ткаењето, сами по себе представуваат посебни декоративни изработки со впречатлива убавина. Како елементарен и задолжителен дел од составот на женските носии,а кај помал дела кај машките носии со својата правоаголна форма и централното место што го имаат во однос на другите облековни делови, на визуелен план имаат важна улога во физиономијата на определена носија. Со евединтна практична и естетска функција, широката намена на разни возрасти и прилики, во составот на македонските народни носии, тие се застапени во бројни варијанти, со најразличен декоративно – орнаменталентретман и ликовно – естетски ефект.Г еометрискиот орнаментален третман условен од ограничените ткајачки техники е присутен кај сите скутини, од оние со најмали, до оние со најголеми димензии, каков што е случајот со рустичната прилично масивна скутина ‘’’чултар’’’ од Прилепско - битолско Поле.
Во зависност од локалната традиција на определена општествена средина, кај некои од овие толку карактеристични ракотворби покрај доминантна вткаена орнаментална декојација, своја улога, во прилог на декоративноста, имаат и други дополнителни украсни елементи:
  • Гајтански апликации
  • Метални украси
  • Монистра
  • Пулејки
  • Рески и сл
На пример, во некои планиско – сточарски предели, во кои овчарството било главна стопанска гранка волната како материјал се покажала како многу податлив материјал за изработка на специјалните вешто усукани волнени рески, не само присутни во декорацијата на облековни делови, туку и во декорацијата на женските скутини. Преку примената на овие рустични украсни елементи како најкарактеристична се издвојува невестинската скутина ‘’’кивчена бовча’’’ составен дел од женската мијачката носија. Покрај вткаената орнаментална декорација, волнените украсни рески и другите понапред спомнати допонителни украсни елементи, кај одделни примероци на скутини, како на пример во Горна Рена и Мавровско Поле, декоративноста е засилена и со везена декорација. Овој начин на украсување е најоргинално применет кај невестинската скутина ‘’’срмена утајка’’’ во Скопска Црна Гора, целата извезена со сребрена и златна срма со релјефно изведени кружни мотиви ‘’’колца’’’. Истиот, покажува посебен ликовен третман и вредност кој на свој начин укажува на неограничените можности во сферата на народното ликовно изразување. Во контекст на ткајачката вештина, од технолошко – естетски аспект, задолжително треба да се спомене и специфичниот начин на ткаење на таканаречените ткаени оранаментални делови – ‘’’берени’’’ или ‘’’пребир’’’ со кои се украсувани одделни текстилни изработки, но и делови од носиите, на пример некои женски кошули и ‘’’саи’’’ од Југоисточна Македонија: 
Радовишко–струмичко Поле, Разлошко, Петричко, Светиврачко, Мелничко, Драмско, Серско, Неврокопско, Његушко и Воденско. Вешто вткаени уште при процесот на ткаење на самото платно, тие оставаат впечаток на везена декорација со посебна ликовно – естетска фактура и вредност. Не случајно ваквиот начин на ткаење е познат и како ‘’’шар на разбој’’’ или ’’’ вез на рзбој’’’. Најрепрезантивен, компониран во поголеми орнаментирани површини, најзастапен е во декорацијата на долниот дел од женските кошули од Воденско. Истиот вид на ткаење е присутен кај невестинските покривала за на глава – ‘’’убрусите’’’ во Прилепско – битолско Поле, во Мариово и кај невестинските марами во Охридско и Струшко Поле.

Китење и накит

Меѓу наједноставните форми на китење, тесно сврзно со телесниот изглед, а во тој контекст и на носиите претставува украсувањето со природни средства од најблиската околина ,како на пример: со босилок, со џунџуле или со друг вид на цеќе, што се носеле заденати зад увото, во косата, на појасот, во рака и слично. Венец од бршлен или китки од цвеќе, носеле невеститена главата, китка цвеќе ( зетовска китка) носел и младоженецот, како и сите учесници на свадбениот церемонијал. Невестинска капа – ‘’’венец’’’ ( Скопска Црна Гора ), украсена со најразлични украси на горниот дел се китела со полски и друг вид на цеќиња. Сличен начин на украсување на главата со цвеќе се практикувал и во многу други средини. Ваквото китење некои го сметаат за остаток од античкиот венец со цвеќиња кој преку Визајтија бил прифатен во скоро сите европски земји, најпрво како украс од цвеќе, а потоа во таква форма почнал да се изработува од благородни метали. Во китењето со природни средства голема примена имале обоените пердуви од рзни птици. Украси од обоени пердувиноселе девојките и невестите. Мариовските невести носеле ‘’’перјаници’’’ една година по венчавањето. Особено биле омилени пауновите перја, со кои е поврзано и верувањето за заштита од лоши очи и уроци. Генетски гледано, китењето на косата и главата спаѓаат во најстарите форми на украсување. Потврда за тоа можат да бидат разните архаични украсни елементи од долги волнени рески кои се носеле прикачени за косата и плетенките во вид на ‘’’коцели’’’ и веќе спомнатите невестински превези со мошне старо потекло ( сокаите и убрусите) , скоро секогаш украсени со везена декорација и дополнителни украсни елементи ( школки, монистра и метални украси). Добар дел од нив, украсени со стари метални пари, може да се смета за појава сврзана со раното продирање на стоковно – паричната размена во македонското село. Ваквото украсување има длабок народен карактер од причина што многу украси од овој вид не се поврзани со занаетчиското производство. Метални монети користени како украс и накит, прикачени за плетенките од косата, или аплицирани на парче ткаенина, редени како рибини лушпи, во вид на масивни украси за градите:

  1. Гердан ( Кумановско, Прилепско – битолско Поле)
  2. Леденик ( Скопска Блатија)
  3. Панѕур ( Горни Полог)
  4. Ржонде (Горна Река)

Се вбројуваат меѓу највпечатливите форми на украсување кај македонските женски народни носии. Непомалку атрактивни се и примероците на метални пари аплицирани на сличен начин како пресходните, како ‘’’пренизите’’’ и ‘’’узуобрските’’’ ( Села под планината Сува Гора), невестинските ‘’’подбрадници’’’ ( Скопска Блатија, Горно Брдо, Солунско Поле и многу други). Со слична намена се користени и златни монети ‘’’алтани’’’ - појава што најдиректно е поврзана со желбата за истакнување на економската моќ и општествената положба на носителите. Развојот на накитот, дело на специјализирани мајстори златари и кујунџии, може да се следи од периодот на сртедновековието и многу порано. Препознатлив каков таков тој егзистира најдоцна до крајот на осумнаесетиот век, кога всушност доаѓа до забележителен прекин на уметничките занаети, онакви какви што до тој период опстојувале. Како резлутат на ваквата состојдба само одделни постари примероци се задржале до крајот на девтнаесетиот век. Во текот на истиот век, како карасктеристичен накит – составен дел од градтските женски носии е ‘’’тепелакот’’’ , коцлест сребрен украс што се носел врз невестинска капа , украсен со дополнителни елементи од сребрени пари прикачен за сребрени синџирчиња. Преку градските центри тој се појавува и во селските средини со поизразена економска моќ. Најкарактеристичен женски накит од составот на македонските натродни носии се ‘’’пафтите’’’ . По форма претежно округли, кубести или листовидни. Како најрепрезентативни, со впечатлива убавина се издвојуваат пафтите застапени во носиите од делово од Западна Македонија: Река – Мијаци, Битолско – прилепско Поле, Голо Брдо, Мариово како и во делови од Југоисточна Македонија: Светиврачко, Петричко, Драмско Поле и Серско Поле. Покрај споменатите пафти, во составот на мијачката носија, свое посебно место има крактеристичната сребрена ‘’’игла’’’, за на глава и специфичниот накит ‘’’низалка’’’, во форма на широка мрежа од сребрени жици, украсен со богат поткит од ситни лиени филигрански плочки и големи сребрени пари. За разлика од женскиот, машкиот накит е поскромен. Најкарактеристичен машки накит е сребрениот ‘’’ќостек’’’ за саат, што се носел прикачен на градите. Овој вид накит, привилегија за граѓанскиот слој во селските средини го носеле глано поимотните селани. Накиотот од занаетчиско производтво се изведувал од разновиден материјал: злато, сребро, месинг и метални легури. Најзастапени техники се:

  • Лиење
  • Чукање
  • Гравир
  • Филигран
  • Гранулација.

Произведуван главно од македонските занаетчии во напознатите којунџиски центри: Струга, Охрид, Битола, Дебар, Крушево, Скопје, Прилеп, Кукуш, Воден, Солун и друго, во голема мера се одликува со голема разновидност и изобилство од украси, со богат поткит од апликации од скапоцени камчиња, емајл , обоено стакло и седеф во разни комбинации. Покрај доминантната застапеност на менталниот накит, во украсувањето на облеката и комплетниот телесен изглед свое место има и монистрениот. Истиот, со голема инвентивност и вештина го обликувале жените од ситни или покрупни монистра, понекогаш во комбинација на пулејки исплетени или извезени во вид на разновидни колани, ѓердани, нараквици, подбрадници, кустеци и др. Како највпечатливи се издвојуваат ‘’’ќостеците’’’ кои подеднаво ги носеле мажите и жените.



Епа народе, повелете...

Коментирајте, споделувајте мислења, ставајте слики и пишувајте задолжително од кој крај е носијата.




Изменето од evangeline - 31.Март.2015 во 06:56
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.