IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 01:37

Темава не е анти-интернет или против користење на технологии, за да бидат ставани децата пред некаков избор: или интернет или не-знам-што! Напротив, сакам да се едуцирам како родител, за да бидам во чекор и со времето и со технологијата.

Забеган, повеќето сме растени во време без интернет, компјутери, смартфони и слично, па и јас. Растени сме во време кога преовладувало конзервативно воспитување, со родители кои никогаш не зборувале со нас за секс, во време кога “порнографија, мастурбација, пенис, вагина, контрацепција...“ биле ѓаволски срамни зборови кои не смееле ни да се споменуваат по дома, оти нели ќе ни ја извалкаат “чистотата“ и морално ќе не расипат вртење со очи. Некои од нас излегле ОК, некои не-баш-толку-ОК, а некои заглавиле во длабоки проблеми.  И да сум сакала да разговараат родителите со мене на тие теми, тие не можеле да си ги победат сопствените срамови, па ми ги наметнале и мене. Да, непријатно е да се разговара со сопственото дете за секс, ама е неповторливо чувство и искуство кое зближува (ова го кажувам од сопствено искуство). Како да си го победам сопствениот срам? Па ако не ми било срам да го направам тоа дете, зошто сега да ми е срам да му објаснам како е зачнато и родено??? Како анегодатата со бабата кога гледала некоја еротска сцена на филм, па се развикала по внукот: “Гаси телевизорот, гаси телевизорот! Безобразни едни, срамота што прават, на ништо не личи ова, резил!“ А па внукот и вратил: “Бабо, а бе имаш 9 деца. Како си ги направила, ако ти е срам да гледаш двајца како се бакнуваат?“ голема насмевка

Е па денешнава реалност не е иста со светот на нашите баби, кога се мажеле и првиот сексуален однос го имале на првета брачн ноќ.  Не е иста ниту со светот од нашите детства. Денешнава реалност е малку ПОИНАКВА и подинамична. И како што рече Орка, тие чичковците што на времето ги прелажувале децата со чоколади, денес веќе не даваат чоколади, туку влегуваат во животите на децата “сетики и нас ќе не прелажат“.  Скоро имаше таков случај во Охрид мислам со некое 13годишно дете, прелажано така  од некој постар батко/ чичко преку социјалните мрежи, секс  за еден ајфон...

Примери вакви за жал ги има. Не значи дека не постојат ако се буткаат под тепих или не се разговара за нив. Тоа и ја прави разликата помеѓу нашите и денешниве времиња . Не велам дека нашите времиња биле подобри од денешниве или дека денешново е лошо општество. Не, општеството е само ПОИНАКВО. Си има свои недостатоци, како и предности. Тие предности ги користам и јас, ги користат и моите деца. Се согласувам дека некои деца се позатворени  и тешко се отвараат пред родителите, исто како и родителите пред нив. И тука не може и не смее да се инсистира на зборување, сигурно не би имало никаков ефект. Има деца кои се поотворени и љубопитни, прашуваат се што сакаат да знаат. Моите деца се од овие вторите. Сега се точно  на возраст  кога ги учат и се интересираат за овие работи. За некои работи веќе сме разговарале, затоа што самите пројавиле интерес да им бидат објаснети. Знаеме веќе како се зачнуваат и раѓаат  децата (нормално, без сите деталиголема насмевка), знаеме како изгледа голо женско, но и машко тело, знаеме како изгледаат и што функција имаат половите органи.... Имаа  среќа од школо, уште во второ одделение да ги носат на едукативни часови за сексуалноста, со визуелизација и објаснувања, па поттикнати од таму, прашуваа и дома и сакаа да им се дообјаснат некои работи.

Сум можела и јас да си останам на својот срам и игнорантски да им речам: “Па ни мене никој не ми објаснил кога бев како вас, снаоѓајте се сами“. И ќе се снајдат, не дека нема да се снајдат. И сигурно и од нив ќе излезат здрави и она што го викаме “нормални“ личности. Ама јас нивните прашања ги доживеав како укажана ПРИВИЛЕГИЈА И ДОВЕРБА! Затоа и одбрав да зборувам со нив, одбрав еден отворен  и пријателски однос, за да им отворам пат кога ќе пораснат да можат и да ми се доверат ако нешто ги мачи, без да се срамат пред сопствената мајка.  ДА научаат да си ја уживаат сопствената сексуалност, да уживаат во сопствените тела и да не прават од сексот табу тема. Не е сум за чување на децата под стаклено ѕвоно, НИКАКО. Еден ден  детето ќе излезе од сигурноста на ѕвоното, како несигурна личност која не ќе може да се снајде во надворешниот свет. Не сум ни за наметнување сопствени теории и ставови, или лечење сопствени комплекси на грбот на децата. Ниту за изведување на децата на  некаков “прав пат“,  ама тој пат што ние ќе им го одбереме, НЕ.  Мојот став не мора да биде императив за нив.  Јас одбирам да им отворам што е можно повеќе ВРАТИ кои водат кон различни патишта, а тие сами нека си одберат кој е најдобриот за нив.

Сексуалната едукација за мене е слично со  учење на детето да вози кола. Секако, јас нема да се ставам во улога на инструктор, за тоа ќе си најде дечко/девојка со кои ќе вежбаат да возат. Како родител можам само да му помогнам со “теоријата“ т.е. да му укажам како да ужива во возењето но и на кои опасности да внимава и да биде претпазливо. Значи јас ја сфаќам сексуалната едукација на децата нешто слично на возење низ светот на сексуалноста, ама со СИГУРНОСЕН ПОЈАС. Тоа се разбира пак не е гаранција дека нема да му се случи некоја сексуална “сообраќајка“, ама барем ризикот е помал кога детето е информирано. 

Се радувам што на темава, освен родители, се вклучија со свои мислења и родители во најава. плазење Тоа што сеуште сте млади и немате деца, не значи дека не треба да имате и сопствен став за прашања поврзани со нив. да


 


Изменето од Анастеа - 27.Јануари.2015 во 01:58
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 02:47
аплауз Ова е текст за врамување и врачување на младите кои влегуваат во брак. аплауз


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 03:21
нејќев тебе да те претставам како драма кралица де, извини мир
само сакав да кажам дека многу родители се однесуваат премногу заштитенички кон децата
ама никој не размислува за својата генерација и како таа била перцепирана од родителите... еве ја се сеќавам дека ради параноични мајки денес келнер не смее да отвори флаша пред да ти ја донесе... исто така дека јуниорските журки беа места каде што обавезно имало секс и дрога... и дека градскиот парк беше место за наркомани и хулигани (не дека не е, ама со тек на време стана култен и можеш да видиш разни класи средношколци во него)... а и некакви сесии на сексуална едукација ни спопикуваа одвреме наврем, како што кажав, со некој југословенски акцент на зборење и теми како физички промени на телото
се сеќавам и дека кога бев мал, по медиуми се правеше галама за сидата, како што во денешно време беше со разни животиски грипови, ебола и не знам уште што
сексуална, технолошка или било каква друга револуција и поместувањето на границите (кои никогаш не ни постоеле) не се започнати од вчера


психологијата е комплексна, ама работите се многу едноставни
ако дете има основна одговорност и осет за последици, тогаш нема проблем, нели? сепак најбитно е детето да биде живо, здраво и да не запаѓа во невољи.... над се друго нема никој контрола
а таа одговорност може да си остане иста и со секс на наводно рана возраст... најголем дел од вас родителите, кога збориме за адолесценција, 12 години ги прават како да се 6 човече...  а нема научен психолошки шаблон за сето тоа
се разбира дека е добро детето да се научи на отворена врска со родителите (ја си имам сериозни проблеми од тоа), ама не треба да се форсира едукација, затоа што некогаш и контра ефекти создава

а ја да ме утепаш, не памтам како и каде сум научил многу од работите кои ги знам денес, ама сум научил да имам уплав од разни ствари

едит: тек сега го прочитав вториот коментар, освен се друго за кое што си во право, ми извади очи една работа, ги учите децата за табу темите од второ одделение, ама ви смета што имаат секс на 12-13 години... е тоа не ми е логично не знам


Изменето од zabegan - 27.Јануари.2015 во 03:38
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44199
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 19:56
Убаво знаат да кажат...Денес децата се раѓаат со диплома.

Изменето од Орка - 27.Јануари.2015 во 19:56
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 20:19
Originally posted by Орка Орка напиша:

Убаво знаат да кажат...Денес децата се раѓаат со диплома.
хаха... цел канал има со вакви видеа... прајслес среќа
едно време бев зависен од "Kids react to..."
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44199
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2015 во 22:30
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 10:07

Токму поради ваквите приказни, мислам дека не смее да се прави табу тема од порнографијата и да се разговара за неа со децата. Затоа што кога-тогаш ќе се сретнат со неа, некои порано, некои подоцна, ама сигурно ќе се сретнат. Тоа е нормално за таа возраст , кога хормоните владеат со нив а желбата за експериментирање и истражување на сексуалноста е огромна. Да се разговара за неа со децата, да им се укаже на негативните последици, оти знаат и да претераат и да се навлечат.

Да се едуцираат за она што се нарекува детска порнографија и порнографска зависност,
затоа што може да има дејство како и зависноста од дрога. Ако се претера со конзумирање, како во случајов (вистински): дечко на 11 години, екстра ученик, малку поразвиен физички за свои години, дете за пример, од функционално семејство без некои посебни проблеми, спортист.... еден ден во школо добива страшна главоболка, до несвестица. Ја викаат веднаш мајката, па на лекар, по сите испитувања - детето здраво право, без никакви причини за појава на главоболка. Совет - да одмара малку, од пубертетот му е и пребрзиот физички развој, нема да се повтори.


Во неделите кои следуваат, мајката ја викаат уште 5 пати во училиште да го земе детето, главоболките стануваат се посилни. Бидејќи нема никаков видлив проблем, го носат детето на психотерапевт. По долги разговори, детето се отвара: другарче од школото пред некое време му покажува на мобилен некое порно видео и му кажува на кој сајт да си гледа такви возбудливи работи. Одтогаш, дечково почнува се почесто да си ги посетува овие сајтови, до тој степен што првото станување насабајле му било да се закачи таму, уште пред одење на училиште. Почнуваат првите ерекции и мастурбации, се навлекува и секој слободен момент го користи за предизвикување возбуда. Почнува да заостанува во школото, почнува да  гледа се повеќе време, секогаш барајќи нешто поново и повозбудливо, дури по неколку часа на ден! Сликите кои ги гледа таму, никако не му излегуваат од глава, постојано му се пред очи: на сон, во школо, кога јаде, кога игра со другарите.... Неколку месеци така додека самиот не почнал да чувствува паничен страв, што е нормално за 11 годишно дете.

Психологот му советува период на детоксификација, со зборовите: “Тоа што ти си го правел, е обид да набуташ слон во фичо. Слонот е огромен, фичото претесно за да го собере. Затоа си имал чувство дека главата ќе ти експлодира“. Еден добар разговор со родителите и заеднички наоѓаат некаков компромис за да некако се надмине оваа привремена зависност. И да не дојде до трагични последици како од приказнава со девојчето во Русија.

Убаво стои таму советот од психологот:   

„Осудувањето на детето поради неговото интересирање за порногарфија е лицемерие. Тоа е природно и нормално во овие години“, рекла Ана Портнова, детски психолог. Таа додала дека родителите треба да бидат толерантни и да не покажуваат негативен став кон ова.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 10:54

Многу добар филм, совршено се вклопува во темата.да
Не само за децата, туку и за нас возрасните. Меѓу другото, пример за секстинг и како од детска играчка може да стане голема плачка.




Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 16:37
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

„Осудувањето на детето поради неговото интересирање за порногарфија е лицемерие. Тоа е природно и нормално во овие години“, рекла Ана Портнова, детски психолог. Таа додала дека родителите треба да бидат толерантни и да не покажуваат негативен став кон ова.



Амин.

Сексуалноста кај децата се јавува веќе некаде од седмата година, а од 14 па натаму природно се целосно сексуално разбудени и физички се подготвени за сексуална активност. Тие не можат да се борат против природниот порив и секое насилно кочење на истиот не може да има позитивни, туку само негативни последици.

Ако децата не добијат информација од нас, ќе добијат од постарите другари, од интернет… од било каде.

Не е проблемот до нив, туку до нас.










Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 20:28
Знам дека на прв поглед постираново е надвор од темава, но неговата содржина сметам дека одговара во поширока смисла - децата растат и се менуваат буквално секој момент и ние како родители треба да сме потполно будни за тоа, подготвувајќи ги за телесните и менталните промени и олеснувајќи им го животот со упатства и разбирање.

Знаењето ослободува, игнорантноста заробува.






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44199
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 23:02
Онаа мислата одеше...
Мудриот учи од туѓите грешки,
паметниот од своите грешки,
а будалиот ги повторува.

Најверојатно примерите се добар патоказ,како да се едуцираат децата.

Е друга е прикаската со сквернавењето на нашиот ни јазик
вметнувајќи термини како споменатиов "секс-торинг".

Дека ова иако е далеку од кај нас,не значи дека го нема...
Оти и редовно ме викаат во МВР
имам неколку пати начекано лица кои бараат каде да се обратат заради вознемирување на фејсбук.

Изменето од Орка - 29.Јануари.2015 во 23:08
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2015 во 23:52
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... децата растат и се менуваат буквално секој момент и ние како родители треба да сме потполно будни за тоа, подготвувајќи ги за телесните и менталните промени и олеснувајќи им го животот со упатства и разбирање.

Знаењето ослободува, игнорантноста заробува.


Меси, како ти знаеш со 2-3 збора да погодиш точно во сржта. да

Проблемот го прават родителите, ако не умеат да им се прилагодат на промените на децата, им набиваат страв дека ако погрешат нешто ќе бидат осудени и казнети, па дури како што рече им го кочат природниот сексуален нагон, набивајќи им комплекси на децата дека ако на пример мастурбираат, тоа е нешто погрешно, ѓаволско или настрано...

Треба да се знае до каде завршува границата на родителот, а од каде почнуваат границите на детето.
Ако се помешаат тие граници и се претера со контролата, може многу лесно да дојде и до трагични последици. Филмот што го препорача Ванѓето, е многу добар за темава. Покрај другите приказни, има и токму една таква мајка, која со претерана контрола над животот на ќерка си, предизвика еден обид за самоубиство... Го препорачувам и јас.


Originally posted by evangeline evangeline напиша:

За муабетов да ви го препорачам филмов, Men, Women & Children , на почеток страшно досаден делува ама е доста поучен. За двете страни, и за децата и за родителите.


Еве, што ќе кажете на пример за постапката на оваа мајка?збунетост

To My 13-Year-Old, An iPhone Contract From Your Mom, With Love








Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2015 во 00:02


Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2015 во 21:41

What Ontario students will learn in new sex-ed classes

The Ontario government has unveiled the first update to the province’s sex education curriculum since 1998.

Premier Kathleen Wynne has vowed that the updated curriculum will be in place in public and Catholic schools this September.



Изменето од Messenger - 24.Февруари.2015 во 21:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.