IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет
    Испратена: 19.Јануари.2015 во 00:28



Дали и колку како родители сме запознаени со проблемите и сите несакани ситуации во кои може да ни западнат децата, користејќи (или злоупотребувајќи) ги современиве технологии и технолошки средства?  Дали сме слушнале и дали знаеме што е Sexting, Grooming, On-line порнографија, Hurried Child Syndrome... и слични термини со кои се наречени овие некои појави или феномени, во тесна корелација со користењето на интернетот?

Децата, посебно во пред-адолесцентна и адолесцентна возраст се соочуваат со најразлични притисоци, кои ги тераат да сакаат СЕ' и ВЕДНАШ. Сакаат да пораснат и созреат премногу рано или предвреме. Заведени од медиумите и динамичниот пазар на нови технологии, се борат на некој начин со сопственото тело (замислувајќи си го поинакво), притив пријатели и блиски (за да се претстават поголеми и подобри во нивните очи), против самите себеси (навлегувајќи во цела спирала од промискуитетни и ризични постапки). Интернет, компјутери, таблети, смартфони... сето тоа само со еден КЛИК им овозможува на децата содржини и искуства, кои често не можат ниту да ги разберат, ниту да се снајдат во нив.

Некои од овие појави и теми се непознати и за самите родители, затоа што не сме растеле со нив, немаме искуство ниту модели како да ги заштитиме децата од нив. Ако не се зборува за овие појави ниту во јавноста, ниту во кругот на семејството, многу лесно може да се случи децата да се стекнат со погрешна претстава и идеја за сексуалноста или уште полошо, да паднат во опасни стапици за нивното физичко и психичко здравје, со долгорочни последици, па дури и со драматични завршници. Ако во тоа огромно интернет-пространство се оставаат неискусни деца да лутаат сами, без никакви ограничувања, правила и совети, тоа е исто како да оставиш 10-годишно дете да лута само навечер по опасните улици на некој огромен град.

Ако денешната реалност е многу поразлична од онаа во која ние сме растеле како родители, дали знаеме да и се прилагодиме, да ја разбереме, за да им помогнеме на сопствените деца кога им е потребен совет и заштита? Дали зборувате со децата за СЕКС, за функциите и реакциите на нивните тела, за задоволствата но и за проблемите кои си ги носи сексуалноста? Дали мајките ПРЕДВРЕМЕ им објаснуваат на своите принцези што е менструација за да бидат спремни... или го чекаат првиот циклус, заедно со стравот, паниката и
вознемиреноста која си ја носи со себе? Дали татковците ги припремаат своите синови на првата ерекција, ејакулација, сексуален однос, заштита од бременост и болести...?

Дали зборувате отворено со своите деца, помагајќи им што побезболно (сексуално) да созреат... Или ги оставате сами да се снаоѓаат, да експериментираат и бараат одговори копајќи по интернет, со изговори: “Не знам со кои зборови да му/и кажам... Срам ми е... Незгодно ми е на тие теми... Не знам како се прави тоа... Па ни мене никој не ми кажал кога бев тинејџер...“?замисленост

Многу е широка темава и за да не ја делам на посебни теми за Сексуална едукација, за прерано созревање на децата, за Sexting, за On-line порнографија, за Grooming итн... поедноставно ми се чини да ги обработиме сите под еден заеднички именител - Сексуална едукација на децата.

Бев неодамна на една конференција-предавање точно на оваа тема и ќе се обидам да пренесам тука она што ми остана во главата. Највпечатливи ми беа зборовите од предавачот - професор на државен универзитет во една западноевропска земја, психијатар со големо искуство, истражувач, со многу научни трудови, државни медали... и татко на 4 децаголема насмевка. Вака некако: “Зборувајте со вашите деца, ОТВОРЕНО и за СЕ. Затоа што за нашите деца, најлоши зборови се НЕИСКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ“.








Изменето од Анастеа - 19.Јануари.2015 во 00:31
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2015 во 01:00

Што е Sexting?

Кованица од зборовите sex и  texting, размена или испраќање на пораки, слики, видеа... сексуално-експлицитни или со сексуална конотација. Се испраќаат на некој во кој детето има доверба, несвесни дека таквиот материјал се смета за педо-порнографски, несвесни дека она што ќе се стави на интернет може да остане и трајно неизбришливо и дека за неколку секунди може преку интернет-мрежите да биде испратено до непознат број луѓе... и ете проблем!
Понекогаш она што се прави поради игра, за привлекување внимание, за предизвикување желба, како некаков доказ за љубов или-не-знам-што, може да заврши со уништена младешка психа, со психијатриски случаи па дури и со самоубиства...




Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2015 во 13:34
Јас оти не сум родител,само ќе посочам во кој е проблемот
по мое согледување...Патем Меси еднаш ме праша па ете му го одговорот дали имам деца.
Колкумина имаат отворено фејсбук профил на своите деца,а тие се под 13 години?
Кога јасно таму стои дека за да се отвори профил потребно е минимум
да има 13 години корисникот.
Или доколку самите деца си го отвориле профилот колкумина знаат
за таа старосна граница,и не паѓаат на онаа финта-овој има оној има?
Во оваа ситуација децата мора да знаат што смеат,а родителите
да знаат кои се и како да се избегнат последиците поточно убаво да
ги читаат оние долги текстови на кои и пред да трпнат кликаат "Accept".
Интернетот си е жива материја и секогаш и од секаде демне некоја опасност.
Ретроспективно и јас самиот созревам секој ден повеќе во однос на
можностите кои ги нуди но и опасностите кои демнат.
На неколку свои грешки сум си поставил принципи што тоа таму е во ред што не.
И таа транзиција низ која ние како личности минуваме во овие години на
интернет експанзија мора да им се пренесе на децата исто како
што им се пренесува дека ринглата не се пипка оти е жешка
и може да се изгорат.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 11:27

Штом некој таму ставил ограничување од 13 години за отварање профил, значи има некоја причина зошто е ставено тоа. И овој има, и оној има... не е причина и моето дете на 9-10 години да има профил на ФБ или било која друга социјална мрежа. Има време за се, зошто да му го кратам детството и што побрзо да го туркам да влезе во светот на возрасните? За побрзо да му здосади? За да кога навистина ќе стане возрасен човек/жена, од досада и апатија да посака еден обратен процес, да се врати во детството или што би се рекло, да збудалува на стари години?

Секој период од животот си има своја функција во развојот на психата и на личноста, а детството е еден од најважните. Родители сами си ги вадат децата од тој безгрижен свет, од светот на игрите и куклите и ги буткаат во светот на возрасните, кој знае да биде многу валкан и неразбирлив за деца на таа возраст. Се товарат децата со грижи или се оставаат сами на себе да копаат по тој виртуелен свет, без упатства и укажување како да се заштитат. Скоро секој ден има примери по медиумите за злоупотребени деца. И скоро секој родител кога ќе слушне или прочита такво нешто, ќе си рече: „Не бе, не е можно на моето дете да му се случи такво нешто. Не, моето дете е паметно и не прави такви работи.“  Сигурни сте? збунетост

За да стекнат некакв виртуелна популарност, да се истакнат, да освојат симпатии, внимание, дечковци.... девојчиња кои уште не добиле или само што ја добиле првата менструација, се натпреваруваат по интернет која поразголена слика ќе стави. Мајки се гордеат дека нивните 3-4 годишни ќерки научиле да се шминкаат како возрасни жени, да балансираат на нивните штикли, да играат и мешаат со газињата како Џеј Ло и да одат на школо како тетки облечени за на свадба. Дали знаеме што им се случи на популарните девојчиња од шоу бизнисот, прерано созреани и изгубени во светот на возрасните? Мајли Сајрус, Линдзи Лохан, Бритни Спиарс... се само некои примери за девојчиња откорнати од детството, а сега веќе длабоко заглавени во проблеми, какви што никој родител не би посакал за своето дете. А сепак нашите деца се поистоветуваат со нив, ги земаат за идоли и ги копираат како модели.

Дали ни е јасно какви пореметени личности може сами да си направиме од своите деца? И дека вакви неубави приказни не им се случуваат само на популарните девојчиња/момчиња од шоу бизнисот, туку се почесто и на нашите деца или на некое од соседството?
Не за џабе психолозите и психијатрите укажуваат и алармираат на тој Hurried Child Syndrome, кој од децата прави минијатурни чичковци и тетки со сеуште несозреани глави во кои збрката станува се поголема...рамнодушност





Изменето од Анастеа - 21.Јануари.2015 во 11:29
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 16:01
памтете, децата се секогаш технолошки понапредни од вас
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2015 во 13:36

Памтиме. А ако не памтиме, си запишуваме. голема насмевка

Нормално е и природно децата да се технолошки понапредни од своите родители. И ние сме биле понапредни од нашите, и децата на нашите деца ќе бидат понапредни од нашите деца... и така си оди тоа. Нема тука ништо спорно или дискутабилно. И не тоа воопшто поентата на темава. Освен дека родителите треба многу повеќе да се едуцираат од своите деца и да бидат пофлексибилни кога е во прашање користењето на современите технологии.

 И не само технолошки, ами и биолошки, секоја нова генерација е понапред во развојот од претходната. Пубертетот кај младите доаѓа се' порано и порано. Според еден медицински податок, на средината на минатиот век, средна возраст на која девојчињата добивале прва менструација, било 16-17 години. Денеска таа средна возраст е 12 ипол години.



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2015 во 16:27
Не би инвестирал многу во тој медицински податок бидејќи со иљадници години се знае дека девојчињата првата менструација ја добивале некаде меѓу 12 и 13 година. Затоа евреите на 12 години слават Бат Мицва, денот од кога девојчињата почнуваат да ги сметаат за самостојни жени одговорни за своите постапки. И токму затоа тие се мажеле почнувајќи од овие години, нешто што во модерниве денешни времиња се карактеризира како педофилија.





Изменето од Messenger - 22.Јануари.2015 во 17:02
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 01:35

Не знам од каде тој податок за илјадници години наназад. Знам дека ова напишаното погоре е дел од некои официјални медицински статистики, базирани на документирани истражувања. Тоа се средни т.е. просечни статистички вредности. Во тој просек влегле и бројките над 16-17 години, како и оние под 12 години. И Евреите се само дел од просекот, а средните вредности се разликуваат и по земји, како и по други критериуми (урбана/рурална средина на пример, начин на исхрана...).


И тоа славење на првата менструација на 12 години, како некоја трансформација на девојчињата во “самостојни жени , одговорни за своите постапки“ ми е многу преурането.не знам
Првата менструација е само фаза од пубертетот, со кој детското тело се развива и доживува физички промени. Тој момент  може да се смета за сексуална, биолошка или полова зрелост, но не и за психолошко-емотивна зрелост. Уште помалку па едно 12-годишни девојче, кое штотуку добило менструација, и сеуште психолошки несозреано па дури и когнитивно-несвесно за некои свои постапки, да се смета за самостојна жена.

Кога сум кај менструацијата, не сум знаела дека постои филмче од Дизни баш на оваа тема. Кој би рекол вакво нешто уште од 1946та година голема насмевка, а на денешно време сеуште има мајки кои се срамуваат да им објаснат на своите ќерки што е менструација.







Изменето од Анастеа - 24.Јануари.2015 во 01:36
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 01:49

Кога да се почне со сексуална едукацција на децата? Што порано, тоа подобро. Секако со термини и на начин прилагоден на неговата возраст.
Да не се чека детето само да праша, затоа што може да се случи тоа никогаш да не го праша родителот. Или кога ќе праша, да биде веќе доцна...

Родителите кои се срамат од вакви муабети со сопствените деца, можат да се послужат и со придобивките од интернетот. На пример, да се изгледа заедно со децата некое вакво видео, притоа објаснувајќи му кое е што и за што служи: голема насмевка







Изменето од Анастеа - 24.Јануари.2015 во 01:50
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 07:31
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Не знам од каде тој податок за илјадници години наназад. 

Е, од каде? Па еврејските социјални традиции и закони на општење датираат уште од Мојсије. Само од Христа до денес има 2015 години. намигнување  Во однос на девојчињата истите важат и кај муслиманите. 

Девојчињата одсeкогаш почувале да се сметаат за жени од моментот кога ќе добиелe менструација. И тоа важело во сите поранешни средини и цивилизации, а во многу краишта на светов важи и денес. 

А за тоа дали некој ментално и психолошки е зрел или не на 12-13 години е сосем друга работа. Не би навлeгувал сега во тоа за да не ја расплиниме темава, но само ќе речам дека многумина не осозреале цел живот. Патем, сексуалната активност воопшто не зависи од менталната и психичката зрелост.

Во рамки на темата би посочил дека сексуалната едукација на децата треба да почне најдоцна од времето кога девојчињата биолошки стануваат жени. Велам најдоцна тогаш бидејќи токму од тогаш можат да станат и мајки, а не дека сексуалноста ја доживуваат од тие години.









Изменето од Messenger - 24.Јануари.2015 во 07:34
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 23:37
Секое дете како индивидуа е психофизички различно од своите
врсници, па и пристапот кон овие теми треба да е различен.
Треба да се следи детето, и да се погоди вистинскит момент за разговор.
Низ книжарниците гледав и некои книги со наслов „Што треба да знае секое момче“
и „Што треба да знае секоја девојка“, сум ги подразгледала и не ми изгледаат лошо,
така да и тоа е некој начин на спознавање доколку детето од било која причина
избегнува конверзација на оваа тема.

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 01:11

Добро Меси, не мислев јас на еврејските традиции, туку дали има некој поглобален податок, не само за евреите. Ама ОК, статистиките и не се толку важни. Мене поважно ми е ова:



Originally posted by Messenger Messenger напиша:


А за тоа дали некој ментално и психолошки е зрел или не на 12-13 години е сосем друга работа. Не би навлeгувал сега во тоа за да не ја расплиниме темава, но само ќе речам дека многумина не осозреале цел живот. Патем, сексуалната активност воопшто не зависи од менталната и психичката зрелост.


Напротив, би сакала да ја прошириме темава малку повеќе. Затоа и напишав во воведот дека ќе соберам повеќе сегменти од неа во еден заеднички именител, а ти со твојот коментар допираш точно еден од нив: кога настапува психолошка/ментална/емотивна зрелост кај децата?

И медицински не е точно дека првата менструација, по дифолт значи психолошка зрелост. Како функционира и како се развива мозокот кај децата? Функционира како и  кај возрасните, само што некои делови сеуште му се во фаза на развој, недоразвиени во периодот на адолесценција.

Најпросто медицински, како на немедицинско лице, вака ми беше објаснето: мозокот е исто како куќа на три спрата. Првиот спрат или подрум е дел кој ги регулира примарните биолошки функции и инстинкти, основните потреби за преживувањеи опстанок. Глад, жед, спиење, репродукција, дишење... сето тоа е сместено во подрумот.
Втор спрат, емотивен мозок, во кој се сместени задоволства, емоции, страст, болка, радост, тага , лутина, страв...
Трет спрат, когнитивен дел, во кој е сместен разумот, како што ние си го викаме т.е. способноста за рационално размислување, за анализа и обработка на информации, за носење одлуки, проценка на ризици и последици...

Човекот, споредено со живеењето во ваква куќа на три спрата, најголем дел од секојдневието го поминува на средниот спрат. А за адолесцентите може да се каже и дека не излегуваат од таму.голема насмевка Тој таванскиот дел кај децата во пубертет штотуку почнува да се оформува комплетно, па затоа тинејџерите/адолесценти често носат избрзани, непромислени, импулсивни, штетни одлуки. Тие се водат од својот емотивен мозок, од моменталните задоволства, импулси, желби, возбуда... Се додека тој когнитивен/рационален фронтален дел (кортекс) од мозокот не созрее целосно, детските мозоци си функционираат во ситуација на хормонско бомбардирање.

Улогата на родителите и воспитните лица е да им помогнат на децата да си изградат еден “лифт“плазење во главата, кој ќе се движи брзо помеѓу вториот и третиот спрат, разменувајќи информации. Т.Е. да се упатат децата на водење внатрешен дијалог помеѓу емотивниот и рационалниот мозок, како некој вид на вежба или игра. На пример:

Емотивниот: Ми се допаѓа тоа, ме возбудува и ќе го направам!
Раицоналниот: Полека, знам дека ти се допаѓа, ама прво размисли што е најдобро за тебе и за другите.
Емотивниот: Што ми е гајле за другите? Ќе го направам и точка!
Рационалниот: Замисли, и на силувачот така не му е гајле за другите. Убаво ќе ти биде да бидеш силуван?.... и такви-ми-ти-прикаски....

Децата вака вежбаат да прават разлика помеѓу ризични и неризични акции и одлуки, да разберат дека секоја одлука и акција носи и последици. Арно ама, како што рече Меси, има и возрасни кои не осозреваат цел живот. Т.е. такви на кои тој третиот спрат, таванот им останува како отворено градилиште низ кое дува промаја. Најлошо е кога ваквите “возрасни“ ќе се спојат некако со хормонизирани адолесценти, тогаш настануваат проблемите. А во денешни времиња, таквите фатални комбинации се уште повозможни и побрзи за остварување. Со само неколку клика...










Изменето од Анастеа - 25.Јануари.2015 во 01:14
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 01:32

Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Секое дете како индивидуа е психофизички различно од своите
врсници, па и пристапот кон овие теми треба да е различен.
Треба да се следи детето, и да се погоди вистинскит момент за разговор.


Ете тоа. Секое дете си е свој универзум.   да

На тоа предавањето на кое бев, еден човек од присутните го прашува тој психотерапевтот: “Докторе, имам син, тинејџер на 16 години. Кога е идеално време да почнам да зборувам со него за секс?“

А овој му вика: “Нема идеално време, немам ни готови шаблони и модели, ниту идеални совети за родителите. Можам да ви раскажам сопствени примери, од пракса со децата, па секој сам за себе да си извлече поука. А тебе можеби веќе и ти е касно да почнеш таков разговор со син ти. Можно е тој тебе да те подучи со нешто ново. голема насмевка Или да му ѕирнеш во компјутерот, кој порно-сајт го посетува најчесто и колку често.“

Ќе напишам некои од примерите, ама доста за вечерва. Ем ми се спие, ем да не претерам со долгите постови, знам дека ве мрзи да ги читате...плазење




Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 03:35
за тоа дека децата се технолошки напредни... повеќе ми беше кажано во контекс на тоа што го зборите за фејсбук профили, секстинг... и кристално чисто да му објасниш се, и да му забраниш се, пак ќе се најде начин ако се сака... уствари имаш право, тука не се работи за технологија, туку за радозналост и способноста да се разбие

и јас како орка, немам деца и не намеравам да им наметнувам свои лични теории на луѓе кои имаат деца... НО, иако звучи егоистичо, секогаш се ставам себе како пример во овие дискусии
Јас никогаш не сум бил целосно отворен со родителите, и таков сум и денес, ама сепак сум испаднал ок
порнографија открив на 12 години, мастурбација кратко потоа, ама сепак испаднав ок
ја кога бев во овие години, немав ни интернет, ни смартфон, а фејсбук не беше уште измислен, ама затоа овие работи беа достапни во разни други форми
не ми требаше некое специјално посебно образование каде ти објаснуваат што е пенис а што вагина, за репродукција и за сексуално преносливи болести учевме по биологија и верувам дека уште се учи истото
...пробуваа и на мојата генерација да и упикуваат некои такви специјални едукации, ама како и секогаш во историјата на сексуалната едукација, се смеевме и си правевме вицови од тоа

тоа што сакав да го кажам, е дека некаде има потреба од специјални разговори, а некаде нема, нема психолошки шаблон со кој што може да се опфатат децата, и со или без надворешни влијанија, домашно воспитување и образование, од дете може да бидне било што
овие работи не се контролираат
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.