IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Осветлување во домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Осветлување во домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: DIY-Осветлување во домот и дворот
    Испратена: 15.Јуни.2014 во 21:50

Направи сам: Романтично осветлување во дворот


Ако веќе ви здодеа од обичните светилки за во двор и сакате нешто уникатно и впечатливо, тогаш подарете му на вашиот двор едно поинакво осветлување.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-1-

Со малку слободно време можете да заштедите на скапите осветлувања и да направите нешто со кое ќе можете да се пофалите, а и да се гордеете на одлично завршената работа.

Инспирирајте се од овие неколку идеи и фатете се за работа:

1. Светилка од хулахоп

Иако изгледа тешко за изработка сепак овој проект е многу лесен и едноставен. Мали се шансите да го згрешите при изработката, а она што добивате е изненадувачки совршено осветлување за дворот. Најдете некој стар хулахоп и обвијте го со фабричка лента, а околу него поставете ги светилките. Додајте синџири, жица или лента на хулахопот за да го прицврстите на плафонот и проектот е готов.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-2

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-3


2. Осветлување во тегла

Додајте доза романтика во дворот со овие едноставни светилки направени од тегли. Направете десетина, поставете ги во тревата или закачете на огразата и ефектот ќе биде одличен. Во теглите ставете камчиња, а одозгора ставете ја свеќата. На капаците од теглите додадете синџирчиња доколку сакате некаде да ги прикачите или можете да ги поставите на земја околу масата во дворот.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-4


3. Конзерви како светилки

Искористете ги старите конзерви за да направите осветлување во вашиот двор. Тие се одлични за да ги поставите на вашата маса и да уживате во летната ноќ гледајќи во ѕвездите. На старите конзерви направете ситни дупчиња, а во нив ставете мали свеќички. Низ малите дупчиња ќе излегува нежна и романтична светлина.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-5


4. Свеќи во трупци од дрво

За рустикален изглед во вашиот двор земете неколку трупци од дрво. Исечете ја во круг средината на дрвото, но не премногу длабоко, а потоа додајте вода. Со помош на водата свеќичките ќе пловат слободно и ќе дадат еден поинаков светлосен ефект. За уште поинтересен изглед додајте неколку листови од дрвја до свеќите.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-7


5. Дрвја завиткани во светилки

Наместо да ја отстранувате гранката во дворот која ви пречи, зачувајте ја и искористете ја за нешто уште подобро.  Потребни ви се обични дворски светилки кои ќе ви завиткате околу растенијата во дворот и добивате уникатно решение за вашето дворско осветлување.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-8

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-9


6. Камчиња кои светат

Ова е уште една невообичаена, уникатна и евтина идеја за додавање светлина во дворот. Обојте ги ситните каменчиња или било што ќе ви падне на ум со флуоресцентна течност или боја. Расфрлете ги низ дворот или наредете ги по патеката, а во текот на ноќта тие ќе го осветлуваат вашиот простор.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-10


7. Висечки светилки

Оваа идеја можете да ја искористите за некоја посебна пригода во вашиот двор. Набавете си многу мали светилки и поврзете ги со жица или лента. Потоа обесете ги низ вашата градина во различна висина и на различни места. Ќе добиете одличен романтичен изглед во текот на целата ноќ.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-007

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2014 во 22:16
2. Осветлување во тегла

Додајте доза романтика во дворот со овие едноставни светилки направени од тегли. Направете десетина, поставете ги во тревата или закачете на огразата и ефектот ќе биде одличен. Во теглите ставете камчиња, а одозгора ставете ја свеќата. На капаците од теглите додадете синџирчиња доколку сакате некаде да ги прикачите или можете да ги поставите на земја околу масата во дворот


И не заборавајте да избушите дупки на капаците, бидејќи порано или подоцна кислородот во теглата ќе се потроши и свеќите ќе згаснат...и такој....идеја

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2014 во 09:35

Направи сам: Интересни и креативни ламби


Со искорисување на секојдневните предмети, малку вештина и трпение за кратко време во вашиот дом ќе добиете одлични ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-1

За одреден дел од овие ламби ќе ви бидат потребни рециклирачки материјали, така не само што вашиот дом ќе добие нов изглед туку и ќе бидете задоволни кога знаете дека сте допринеле за зачувување на природата.

Проектите „Направи сам” се интересни и предизвикувачки, па наместо да потрошите илјадници на нова ламба заштедете и направете си сами, брзо и едноставно.

1. Ламба од пластични лажици

За оваа ламба потребно ви е големо пластично шише и многу пластични лажички. Исечете ги дршките од лажичката и со лепило зацврстете ги за шишето. Дното од шишето исечете го бидејќи низ тој дел ќе ја внесете сијалицата. Добивате интересна и впечатлива ламба.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-3



2. Закачалки за модерна и забавна соба

Не постои некој кој веднаш не би ја забележал токму оваа ламба од закачалки. Земете бандаж од некој стар велосипед и на него прикачете закачалки кои може да бидат дрвени или пластични.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-3-



2. Претворете ја собата во шума

Доколку сакате нешто сосема поинакво што би го истакнало вашиот авантуристички дух, тогаш оваа ламба е создадена за вас. Направете топка од жици кои меѓусебно ќе бидат преплетени, а потоа набавете гранчиња чија намена е за украсување на домoт. Употребете спреј во бела боја и офарбајте ги парчињата со кои работите. Овие два дела спојте ги и не заборавајте да оставите простор за сијалицата. Не ви треба премногу јака сијалица, колку послаба толку поголем ќе биде ефектот на шума во собата.  

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-4



3. За боемите

Една од највпечатливите во оваа листа е токму оваа ламба која е направена од шешири. Овој тип ламби би изгледале одлично во просторија со полица за книги. Доколку домот ви е во боемски стил ова е нешто што мора да го имате. Исечете го горниот дел од шеширот, онолку колку што ви е потребно за да помине кабелот во кој ќе ја приклучите сијалицата. Внимавајте на пропорциите бидејќи сијалицата ќе ги држи шеширите. Поставете повеќе од една ваква ламба за повеќе светлина во просторијата.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-6



4. Поинакво кујнско светло

Време е за промена во кујната, а за да постигнете промена направете ги овие едноставни ламби од неколку рендиња. Оваа ламба е многу интересен додаток за кујнската просторија. Направете дупки во рендињата каде што би поминувале каблите од сијалиците, а од нивната долна отворена страна спојте ги со мала светилка.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-5



4. Во облаци

Заспивајте под облаците. Ова е уште една интересна ламба која може, но и не мора да биде само за во детската соба. Лесна е за правење, а со сигурност ќе направи еден посебен осветлувачки ефект. Главниот облак зад кој ќе стои сијалицата е направен од дрво и зад него можете да го поставите главниот притискач за оваа ламба.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-6.-jpg



5. Лименки

Отворачите на лименката се поврзуваат една со друга на веќе однапред направена форма од жица каде ќе биде сијалицата и кога целата основа ќе ја потполните со овие желевца, на тој начин добивате мала ламба за на работна маса..

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-10

Можеби вашата нова купена ламба никој нема да ја забележи, но овие рачни изработки нема да останат незабележани. Со малку труд ќе го добиете посакуваниот резултат.

Која од овие ламби ја посакувате во вашиот дом?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2015 во 08:33

Направи сам: Висечка ламба од една сијалица во 5 чекори


Ако ви недостасува светлина во домот, тогаш направете си ја оваа интересна и несекојдневна ламба која нема да ви зафати воопшто простор, а е одличен декоративен детаљ кој се вклопува совршено во секој ентериер.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-1

За изработката на оваа ламба не ви е потребен алат, туку само малку труд и многу фантазија:

Потребен материјал:

  • Шраф
  • Навртка која одговара на шрафот
  • Маркер
  • Скалпел
  • Самолеплива лента
  • Флексибилен и тешко запалив материјал (посебна хартија, кожа, платно или жица)
  • Кабел за грлото на светилката

Начин на изработка:

1. Исечете го материјалот за абажур. Стандардната величина за изработка е 22 x 28cm, но вие можете да експериментирате и со други димензии.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-2


2. 
Свиткајте го материјалот на тој начин што со него ќе направите капа, а потоа со маркер обележете го местото на кое ќе го поставите шрафот. Конусот прицврстете го со самолепливата лента и исправете го доколку е потребно, односно за да не погрешите при дупчењето на дупка за шрафот.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-3


3. 
Одвиткајте го материјалот и ставете го на рамна површина и тогаш продупчете ја дупката за шрафот. Потоа, повторно свиткајте го во капа, но сега тоа нека биде околу кабелот.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-4


4. 
Вметнете го шрафот на обежеленото место, зацврстете го материјалот сè додека не го добиете посакуваниот облик, а потоа ставете ја навртката на штрафот за да го зацврстите дизајнот. Поставете ја светилката на грлото и задолжително проверете дали го допира абажурот.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-6

5. Кабелот закачете го на посакуваното место и вашата нова висечка ламба е подготвена за употреба.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-7

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2015 во 08:11

Направи сам: Обичната ламба претворете ја во фантастична

Во секој дом е убаво да се има барем еден креативен детаљ, а тоа може да биде и вашата здодевна, обична ламба...

napravete-sami-obicnata-lamba-pretvorete-ja-vo-fantasticna-1-

Со помош на неколку хартиени чинии, вашата ламба ќе доживее целосна модерна трансформација и ќе ви стане омилен предмет во домот.

Потребен материјал:

  • Рамен оквир на ламба
  • 50 Хартиени чинии за пикник во било која боја
  • Линијар
  • Молив
  • Ножици
  • Лепило

1. Чекор

napravete-sami-obicnata-lamba-pretvorete-ja-vo-fantasticna-2

Половина од чиниите (25) превиткајте ги на половина и на работ повлечете паралелни линии кои ќе бидат оддалечени 0,5cm од средината.


2. Чекор

napravete-sami-obicnata-lamba-pretvorete-ja-vo-fantasticna-3

Со ножици исечете ги чиниите по повлечената линија за да добиете два еднакви полукруга.


3. Чекор

napravete-sami-obicnata-lamba-pretvorete-ja-vo-fantasticna-4

Другата половина од чиниите (25), свиткајте ги како на сликата. Така добиените чинии премачкајте ги со лепило и залепете ги за капата на ламбата. Чиниите лепете ги една до друга, додека не ја залепите целата ламба и потоа оставете ги да се исушат.


4. Чекор

napravete-sami-obicnata-lamba-pretvorete-ja-vo-fantasticna-5

Откако лепилото ќе се исуши, подготвените полукругови треба да ги залепите на чиниите кои веќе се наоѓаат на оквирот и тоа од двете страни, по самиот раб, така што средината ќе остане празна.


Истакнете ја вашата ламба на некое видливо место во домот и уживајте во фантастичниот модерен детаљ!

napravete-sami-obicnata-lamba-pretvorete-ja-vo-fantasticna-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:21

Направи сам: Ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност


Со искорисување на секојдневните предмети, малку вештина и трпение, за кратко време во вашиот дом ќе добиете одлични ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност.

creative-diy-lamps-chandeliers-13-1

За одреден дел од овие ламби ќе ви бидат потребни рециклирачки материјали, така не само што вашиот дом ќе добие нов изглед, туку и ќе бидете задоволни кога знаете дека сте допринеле за зачувување на природата.

Проектите „Направи сам” се интересни и предизвикувачки, па наместо да потрошите неколку илјади на нова ламба, заштедете и направете си сами, брзо и едноставно.


1. Закачалки за модерна и забавна соба

Не постои некој кој веднаш не би ја забележал токму оваа ламба од закачалки. Изгледа впечатливо и забавно, а сијалицата можете често да ја менувате во различни бои. Начинот на изработка е лесен и едноставен.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-2


2. Претворете ја собата во шума

Доколку сакате нешто сосема поинакво што би го истакнало вашиот авантуристички дух, тогаш оваа ламба е создадена за вас. Иако изгледа комплицирано, со уште еден пар раце од вашите пријатели со сигурност ќе успеете да создадете сопствена шума во домот.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-3


3. Забава на отворено

Ви здодеа старата „диско топка” од забавите на отворено? Направете ја следната забава во вашиот или дворот на некој од вашите пријатели, со нешто ново кое сите ќе ги воодушеви. Оваа ламба е направена од делови од велосипед и дава спектакуларен светлосен ефект.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-5


4. За боемите

Една од највпечатливите во оваа листа е токму оваа ламба која е направена од шешири. Овој тип на ламби би изгледале одлично во просторија со полица книги. Доколку домот ви е во боемски стил ова е нешто што мора да го имате.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-6


5. Поинакво кујнско светло

Време е за промена во кујната, а за да постигнете промена направете ги овие едноставни ламби од неколку рендиња. Оваа ламба е многу интересен додаток за кујнската просторија.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kretivnost-7


6. Искористете ги миленцата

Направете нешто добро со старите миленца од вашите баби и поставете ги да го осветлуваат вашиот дом. Оваа ламба би била одлична за детската соба.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kretivnost-8


7. Во облаци

Заспивајте под облаците. Ова е уште една интересна ламба која може, но и не мора да биде само за во детската соба. Лесна е за правење, а со сигурност ќе направи еден посебен светлосен ефект.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kretivnost-9jpg


8. Лименки

Не ги фрлајте празните лимени, наместо тоа, од нив изработете ламба за вашата работна маса. Оваа ламба се изработува од самиот отварач на лименката, а вие ќе имате уникатно осветлување.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-10

Можеби вашата нова купена ламба никој нема да ја забележи, но овие рачни изработки нема да останат незабележани. Со малку труд ќе го добиете посакуваниот резултат.

Која од овие ламби ја посакувате во вашиот дом?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:22
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:24

4. Декорација за романтична атмосвера

f3fdbb57f16590d12ed1ec3606c03320


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:40

КРЕАТИВНОСТ И ЕЛЕГАНТНОСТ ВО ЕДНА РОМАНТИЧНА АТМОСФЕРА

Овие декоративни свеќи се направени специјално за романтични парови, за ноќите кои секој пар ги доживува различно.

Една капка креативност, еден сон, една идеа и свеќите се "облечени" во облека дизајнирана од хартија и превез,залепени со специјално лепило кое кога ќе се исуши станува проѕирно.За нивна декорација не е потребно многу време, но со финалниот резултат ќе ја имресионирате секоја романтична душа и секој мечтател.

Можете да користите светли бои (портокалова, црвена и жолта, но и комбинации меѓу овие бои) - бои на сончевата светлина, но и ладни бои (плава, зелена и светло виолетова) - бои на небото и водата. Но исто така можете да ги измешате ладните со топлите бои, или да направите светлите бои да бидат доминантни, а ладните бои да ви послужат за детали.

P2

P3


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2015 во 08:20

Направете сами: Елегантен лустер од стари сијалици


Понекогаш не е неопходно да вложите многу пари за да постигнете луксузен ефект. Истото можете да го постигнете и доколку искористите некои стари елементи и малку повеќе вештина..

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-01

За да направите луксузен лустер од стари сијалици потребни ви се неколку работи и да ја следите постапката чекор по чекор.

Потребни материјали:

  • Автолак во боја по избор
  • Индустриско лепило
  • Метална алка со пречник од 5 cm
  • Метална алка со пречник 1,5 cm
  • Жица
  • Сијалици
  • Украсни куки
  • Скалпел
  • Заштитни ракавици
  • Клешти за накит
  • Заштитни очила
  • Кабел со фасонка за лустер

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-1.jpg

Начин на изработка:

Внимание: Стаклото од сијалицата е лесно кршливо, така што се препорачува за време на работата да носите очила и ракавици.

1. Внимателно отстранете го металниот дел од долната страна на сијалицата со помош на скалпелот и клештите.

Добро е тоа да го направите над кантата за отпадоци или некоја подлога за во случај да ја скршите сијалицата, парчињата стакло да паднат на едно место. Нежно повлечете со скалпелот додека не слушнете како се крши стаклото, Отстранете ги скршените делови со клешти, а потоа истресете ја сијалицата во случај да има заостанати парчиња.

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-2.jpg


2. 
Со автолак обојте ги сијалиците. Во овој туторијал е користена златна боја, но вие може да си одберете боја по желба. Важно е само бојата да ја прилагодите на остатокот од елементите во собата.

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-3.jpg


3. 
Нанесете лепило околу внатрешните рабови на грлото на сијалицата. Потоа поставете ја златната кука, закачете ја веднаш под работ на сијалицата и дополнително додадете лепило. Оставете да се исуши барем 12 часа.

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-4.jpg


4. 
Горниот дел од куката свиткајте го со клештите, а вишокот отстранете го.

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-5.jpg


5. 
Заврзете 6 жици со должина од 10-15 cm за помалата алка. Останатите жици отстранете ги со запалка, а нивните долни краеви врзете ги за поголемата алка.

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici-6.jpg


6.
 На крај провлечете го кабелот низ алките грлото на сијалиците да бидат надолу, а потоа прикачете ги сијалиците кои претходно сте ги обоиле. Поголемите и поиздолжените сијалици поврзете ги  со жици кои се приврзани околу помалите, централни висечки алки. Помеѓу нив поставете ги помалите сијалици и заврзете ги околу поголемите алки.

napravete-sami-eleganten-luster-od-stari-sijalici7.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99878
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 20:50

НАПРАВЕТЕ САМИ: РОМАНТИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ОД ГРАНЧИЊА


Потребно ви е:

  • балон и ќеса
  • гранчиња ( со големина како на сликата)
  • лепило
  • спреј или боја за фарбање

Постапката е следна:

Надувајте го балонот и ставете ја ќесата врз него, за полесно да го отстраните кога се ќе се заврши. Полека започнете со лепењето на гранчињата во форма како што е прикажано подолу. Оставете да се исуши убаво, ако е потребно и 24 часа, а потоа дупнете го балонот и отстранете го. Најлесно ќе поминете доколку го исфарбате овој украс со спреј, но може да пробате и со боја. Оставете добро да се исуши, а потоа уживајте во прекрасното осветлување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.