IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Печурки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Печурки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:33

Брускета со печурки


Брускети со печурки

    INGREDIENTS

    INSTRUCTIONS

    1. Сечкани печурки1.Добро измиените печурки ги сечкаме на мали парченца и ги ставаме во тава за пржење. Додаваме маслиново масло и малку лукче, сол, пипер и црвен пипер и динстаме неколку минути.
    2. Печени лепчиња2.Багетот го сечеме на кришки со средна дебелина и ги потпекуваме во рерна неколку минути додека не станат крцкави.
    3. Лепче со лукче3.Секое лепче потоа од обете страни го триеме со бело лукче и наливаме малку маслиново масло.
    4. Фил од печурки4.На секое лепче ставаме по малку од веќе подготвениот фил со печурки.
    5. Готови брускети со печурки5.Одозгора наросуваме пармезан и декорираме со парченца свеж босилок.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2016 во 13:45

    Поховани печурки поради кои ќе заборавите на месото


    Печурките се одлична замена за месото – без разлика дали сте вегетаријанец или едноставно сакате да одморите од консумација на храна од животинско потекло.

    Поховани, во сос, во салата, печени, па дури и сирови, печурките се многу вкусни, а со следниот рецепт ќе сакате да ги јадете повеќе од еднаш неделно.



    Потреби состојки:

    • 400гр лебни трошки
    • 100гр брашно
    • 150мл млеко
    • 1 лажица лимонов сок
    • 10 поголеми печурки (шампињони)
    • Масло за пржење
    • Сол и бибер по желба
    • 6 лажици исечкан магданос

    Начин на подготовка:

    Во блендер измешајте ги свежиот магданос и лебните трошки додека не се соединат, а потоа додајте сол и бибер. Претходно измијте го магданосот и добро исушете го пред да го измешате со лебните трошки.

    Во млекото ставете го лимоновиот сок и оставете го да отстои 10-на минути.

    Печурките исчистете ги и исечете ги на тенки резанки од околу 1см. На кујнска површина ставете три одделни садови со брашно, млекото со лимон и лебните трошки. Секое парче печурка добро наросете го со брашно, натопете го во млеко и на крај во лебните трошки со магдонос, па ставете го да се пржи во загреаното масло, додека не добие златно-кафена нијанса.

    Откако ќе ги испржите сите печурки, сервирајте ги со сос на база на мајонез, сенф и кисели краставички. Пријатен апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2016 во 14:49
    Паштета од печурки и ореви

    Состојки
    250 гр свежи шампињони
    30 гр ореви
    1 варено јајце
    1/2 мала главица кромид
    2 чешнина лук
    по прстофат мајоран и мајчина душичка
    70 гр путер
    2-3 лажици масло
    1 лажица крем сирење
    по вкус сол и бибер
    За послужување
    по потреба леб
    по потреба младо зелено кромидче

    Печурките исчистете ги, измијте ги и исечете ги на ливчиња.
    Во тава со маслото пропржете го кромидот и лукот ситно исецкани, малку колку да пуштат мирис. Потоа додајте ги печурките, мајоранот, мајчината душичка, солта и биберот. Оставете ги да се пржат 10-на минути на среден оган додека водата испари што е пуштаат печурките. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.
    Откако ќе оладат ставете ги во блендер и додајте ги останатите состојки, оревите,путерот, јајцето, крем сирењето и блендирајте додека се добие изедначена мазна смеса. Пробајте и ако е потребно додајте сол по вкус.
    Добиената паштета ставете ја во соодветен сад и покриена оставете ја во фрижидер најмалку 1 саат да се олади. Потоа послужете ја намачкана на леб и посипана со сецкано младо кромидче.

    Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:18
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2016 во 14:50
    Ќофтиња од печурки со сос (посно)

    За ќофтињата
    500 гр свежи печурки шампињони
    1 главица кромид
    1 лажичка бибер
    1 лажица мешан сув зачин
    6-7 лажици брашно
    6-7 лажици лебни трошки
    2 лажички пециво
    1 лажица сушен магдонос
    За сос
    4-5 кисели краставички
    5 лажици посен мајонез
    1 лажичка сенф
    бибер, копар, сол по вкус
    масло за пржење на ќофтињата

    Ова беше нашиот неделен појадок, вкусен и лесен за подготовка, а воедно и посен.

    Печурките и исчистениот кромид ги сечкаме на ситно во сечко или со нож. Ги додаваме останатите состојки и мешаме додека да добиеме смеса од која ќе формираме ќофтиња. Ги формираме и ги пржиме во загреано масло.

    За сосот, краставичките ги сечкаме на ситно и ги промешуваме со останатите состојки.

    Забелешка
    Кога ќе ја правите смесата за ќофтиња калкулирајте со брашното и лебните трошки за да добиете мека смеса, ама од која може помеѓу дланките да формирате ќофте.
    Можете да користите свеж магдонос, јас немав во моментот па ставив сушен.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2016 во 14:51
    Мусака со шампињони и буковка

    Состојки

    3 средни компири
    1 главица компир
    2-3 чешниња лук
    1 морков
    5-6 шампињони
    5-6 парчиња буковка
    1 шоља бел ориз
    2 јајца
    2 лажици павлака

    Целиот зеленчук сосе печурките ги сецкам ситно и ги ставам во тава за пржење, ги пржам на маслиново и на путер, но на појак оган за да не пуштат печурките вода. Путерот нема да дозволи да изгори кромидот. И да пушти вода, што мене ми се случува понекогаш, пуштете појако и ќе испари. Зеленчукот убаво да се испржи и се додава оризот, цело време се пржи без сол и без зачини, солта ќе ја извади водата и од печурките, но и од другиот зеленчук. Откако ќе се испржи се додаваат зачините, јас додадов сосем малку сол, мешан сув зачин, шарена сол, шарен бибер, коријандер и микс за мелено месо кој го имам купено во Истанбул, ама дава неверојатен мирис на ваквите јадења кои се без месо, а треба да имаат месо. Во тавата се редат компири сечени на кругови и се истура филот, се покрива со уште еден ред компири, исто ко класичната мусака. Се залева со топла вода и се става во рерна додека да испари добар дел од водата. Водата да не изврие цела бидејќи јадењето ќе биде суво, нека има малку течности. Се матат јајцата со павлаката и се полева врз испечената мусака и се враќа да се допече уште сосем малку, да се зацрви јајцето и павлаката.

    Една малку поинаква мусака која се почесто е на нашето мени, долго време не сум направила со месо. Би напоменала, шампињоните не ги мијте, бришете ги со крпа намокрена малку со топла вода, а буковката попарете ја со врела вода или доколку сте скептични само зоврете ја со морска сол.





    Изменето од Valerija - 06.Ноември.2016 во 14:53
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2017 во 22:54
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2017 во 08:42

    Пржени печурки во зачинет крем

    Состојки:

    • 300g шампињони
    • 3 големи лажици крем за готвење
    • 1 мала главица кромид
    • Масло
    • Сол, кари, ким

    Исечкајте го кромидот, пропржете го на масло, а потоа додадете ги сечканите печурки. Пржете 15-20 минути со постојано мешање додека течноста не испари. Додадете ги зачините и кремот. Гответе уште 5 минути.

    3-ruceci-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gotvat-a-sakaat-da-jadat-nesto-vkusno-02.jpeg



    Изменето од Valerija - 27.Мај.2017 во 08:42
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2017 во 18:19

    Редена салата со печурки која може да замени цел ручек


    Елегантно и подеднакво вкусно јадење, оваа салата ќе ги засени сите останати рецепти кои ги имате во тетратката.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek-01.jpg

    Вашите гости и домашни ќе бидат воодушевени од вкусот и изгледот на редената салата со печурки и со сигурност ќе побараат репете.

    Се подготвува лесно и брзо, а се јаде уште побрзо.

    Потребно ви е:

    • 500 g свежи печурки
    • 50 g магдонос
    • 200 g сварено месо (свинско, телешко или пилешко, по желба)
    • 200 g моркови
    • 200 g кашкавал
    • 200 g компири
    • 100 g кисели краставички
    • 200 g мајонез

    Начин на подготовка:

    Потпечете ги печурките на хартија за печење околу 10-тина минути попрскани со малку масло за јадење и сол.

    Во подлабок кружен сад, нареде ги како што е прикажано на сликата (со „капите“ надолу).

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (1).jpg

    Ситно сечкaниот магдонос (или рукола, секако, по желба), посипете го врз печурките.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (2).jpg

    Сварените компири ситно исечкајте (или изрендајте) ги и додадете ги врз магдоносот.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (3).jpg

    Намачкајте дебел спој мајонез врз салата.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (4).jpg

    Исчекајте ги киселите краставички на коцки и додадете ги во салатата, со уште малку мајонез доколку е потребно.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (5).jpg

    Исечкајте го вареното месо на коцкички и додадете го како нареден слој во салатата.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (6).jpg

    Претпоследниот слој се варените моркови (може да ги исечете и нив на коцки или на долги тенки ленти). Додадете мајонез доколку салатата ви е премногу сува.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (8).jpg

    Последниот слој се состои од рендан кашкавал. Додадете го врз салатата и добро измазнете со лажица.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (9).jpg

    Завиткајте ја салатата и ставете ја во фрижидер 2 часа. Откако добро ќе се стегне, превртете ја во поголема чинија, поделете прибор и – уживајте.

    Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (7).jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2017 во 16:05

    ЗАПЕЧЕНИ ШАМПИЊОНИ СО ТРИ ВИДА СИРЕЊЕ



    Потребни состојки:

    500 гр. цели шампињони

    100 гр. горгонзола

    100 гр. младо сирење

    50 гр. пармезан

    Маслиново масло

    Соја сос

    Сол и црн пипер

    Припрема:

    Исчистете ги шампињоните и остранете ги дршките.

    Дршките од печурките ситно исецкајте ги и испржете ги во тава со маслиново масло. Откако ќе се испржат, додајте ја горгонзолата, младото сирење и ренданиот пармезан и зачинете со сол и црн пипер. Гответе се додека сирењето не се растопи.

    Во меѓувреме, испечете ги шампињоните на скара, па потоа наполнете ги со филот од сирење. Ставете ги печурките во намрсена тава за печење и печете на температура од 220 степени околу 15 минути. Откако ќе се испечат прелијте ги печурките со соја сос. Добар апетит!



    Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:18
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2018 во 19:17

    Подгответе посни печени шампињони



    Доколку се прашувате за тоа што вкусно и посно да подготвите за време на Велигденските пости, имаме совршена идеја – печени печурки со зачини.

    Одличен рецепт за кој ви се потребни само 30 минути и неколку состојки.

    Започнете со подготовката уште веднаш.

    Потребни состојки:


    Начин на подготовка:

    Во длабок сад промешајте ги заедно маслото, чешнињата лук ситно исечкани, оцетот балсамико, мешаниот сув зеленчук и сувата мајчина душичка. 

    Добро промешајте ги овие состојки и полејте ги врз шампињоните кои претходно добро ќе ги исчистите. 

    Целата смеса префрлете ја во тава обложена со хартија за печење и печете ги во загреана рерна од 210 степени, околу 20-25 минути.

    Ви посакуваме пријатен апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2018 во 17:36
    ПЕЧУРКИ ПОЛНЕТИ СО СПАНАЌ

    post cover photo

    Состојки:

    • 12 големи шампињони

    • маслиново масло 

    • сол, бибер

    • 2 главици сечкан кромид

    • 2 главици сечкан лук

    • 500 гр. спанаќ

    • 1 шолја пармезан

    Начин на подготовка:

    На ладно маслиново масло, на среден оган ставете го лукот, а потоа пропржете го и кромидот. Потоа додадете го спанаќот и пржете додека не омекне. Тргнете го од оган и измешајте го со пармезанот. 

    Шампињоните наредете ги во тава за печење, извадете ги дршките, а потоа наполнете ги со спанаќ. Ставете ги да се печат во загреана рерна, и печете додека не бидат готови. Служете ги топли.  

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2018 во 17:39
    ПЕЧУРКИ СО ИНДИСКИ ОРЕВЧИЊА

    Sautéing (анг., од францускиот збор sauté, кој во буквален превод значи скока или исфрла, а означува метод на готвење со фрлање), е метод на готвење на храна, во кој се користи мала количина на масло во плитка тава, на релативно висока температура. Токму овој метод се користи во подготовка на овој рецепт. 

    post cover photo

    Состојки

    • 150 грама индиски оревчиња

    • сецкан свеж магдонос

    • 2 чешничиња лук

    • сол и бибер

    • 6 лажици маслиново масло

    • 1кг шампињони

    Начин на подготовка

    Во големо тава, загрејте половина од маслото на висока температура. Додадете го лукот и пропржете додека да испушти мирис. Потоа, додадете ги печурките расечени на половина, ставете им сол и бибер и гответе додека не станат кафени - околу 3 минути.

    Потоа намалете ја температурата додека не испари водата од печурките – околу 8 минути. Додадете ги индиските оревчиња и свежиот магдонос и добро измешајте. Ставете ги во голема чинија и додадете го преостанатото масло, па посолете повторно со сол и бибер.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 14:37

    Пржени печурки со лук

    Приготвување:

    Внимателно измијте ги печурките отстранувајќи ја сета нечистотија. Исушете ги со хартиени крпи. Исечете ги печурките на 2 или на 4 парчиња (во зависност од нивната големина). Загрејте голема тава, ставете маслиново масло и ставете ги печурките. Од нив ќе почне да испарува вода.

    Пржете ги печурките на висока температура додека целата вода да испари и тие да почнат да добиваат кафеава боја. Во меѓувреме исечкајте ги лукот и магдоносот.

    Додајте ги двете лажици оцет, сол и црн пипер по вкус. Продолжете да ги пржите печурките на висока температура додека целосно да потемнат (за да не изгорат, промешувајте ги на секои 30 секунди). Откако сите печурки ќе потемнат, додајте ги лукот и магдоносот и гответе уште 2 минути, постојано мешајќи.

    Уживајте во ова предјадење со топло лепче и црвено вино.



    Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 14:38
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 14:41


    Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 16:06
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,141 секунди.