IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Печурки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Печурки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:39

Поховани печурки со сусам


Потребни состојки

  • 500 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 50 грама Сусам
  • малку   Сол
  • 100 милилитри Млеко
  • 50 милилитри Масло
  • 100 грама Мајонез
  • 100 грама Брашно
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток опис

Печурките имаат позитивно влијаните на количеството на шеќер во крвта и регулацијата на крвниот притисок. Сепак најголем интерес привлекуваат некои научни резултати. Според научни истражувања е докажано дека поедини видови печурки имаат против туморно влијание и ги регулираат сите воспаленија.

Подготовка

Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата. 

Ги посолуваме и ги матиме со жица за матење. 

Ги додаваме млекото и брашното. 

Во добиената смеса ги валкаме шампињоните. 

Ги вадиме шампињоните од садот и ги валкаме во сусам.

Вака подготвените шампињони ги пржиме во тава со загреано масло. 

За време на пржењето ги превртуваме шампињоните. 

Испржените шампињони ги ставаме на чинија обложена со хартија, за да ја впие непотребното масло. 

 


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:40

Плескавици од ориз и печурки


Потребни состојки

  • 200 грама Тиквичка
  • Сол
  • 50 грама Путер
  • 100 грама Печурки
  • 650 грама Ориз
  • 200 грама Модар Домат
  • 50 милилитри Масло
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 200 грама Зелка
  • 1   Жолчка/ки
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

Краток опис

Плескавици од ориз и печурки

Подготовка

Измијте го модриот домат, исечете го на половина и исчистете го, па исечете го на тенки кругчиња, без да го лупите. 

Измијте ја тиквичката, излупете ја и исечете ја на тенки ленти. 

Потоа сите состојки ставете ги врз една чинија, полијте ги со малку масло и оставете ги да се маринираат. Измијте ги и избришете ги листовите од зелката, па исечете ги на тенки резанки. Додадете ги на другиот зеленчук. 

Исчистете ги печурките со влажна крпа и исечете ги на коцкички. 

Во една тава загрејте малку масло и на него пржете ги печурките додека не заруменат. 

Загрејте една електрична скара и на неа печете ги сите состојки.

Посолете ги и попиперете ги, а кога ќе заруменат извадете ги врз чинија. Ставете вода во еден поголем сад и во неа сварете го оризот. 

Потоа добро исцедете го и измешајте го со жолчката. Од смесата со ориз направете 12 плескавици и пржете ги во тава на загреан путер. 

Кога ќе заруменат, извадете ги, оставете ги да се оладат па наредете ги врз зеленчукот.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:44

Мусака од печурки


Потребни состојки

  • малку  Црн пипер
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • малку   Оригано
  • 3 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 6   Кришка/ки леб
  • 1   Китка магдонос
  • 200 грама Кисела павлака
  • 3   Јајца/це
  • 500 грама Шампињони


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток опис

Мусака од печурки


На путерот динстајте го ситно сечканиот кромид. Додајте ги на ливчиња исечените шампињони, динстајте. Додајте сол, црн пипер, оригано, сечкан магдонос и залитјте со павлака за готвење. Варете да се згусти смесата и печурките да омекнат. 


Огноотпорен сад намачкајте со маргарин. Со кришки леб покријте го дното. Истурете половина од смесата со печурки. Повторно ставете кришки леб и истурете ја смесата од печурки. 

Изматете ги јајцата со киселата павлака, зачинете со сол и црн пипер, додајте сечкан магдонос и полијте врз печурките. 

Рерната загрејте ја на 200 степени и запечете ја мусаката.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:46

Телешка чорба со печурки

Потребни состојки

  • 80 грама Шунка
  • 100 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 1 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Врзалка зеленчук за супа
  • 30 грама Брашно
  • 500 грама Јунешко


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток опис

Телешка чорба со печурки

Подготовка

Месото се вари со исчистениот зеленчук за супа во посолена вода, се додека не почне да се одделува од коските. Шунката се сече на резанки и се пропржува  во масло, се додава брашното и се пржи уште малку, па се налева со процедената супа. Потоа се вари уште 250 минути, се додава сок од лимон, сол и црн пипер, потоа исечканото месо, шампињоните сечени на половина, па се вари супата уште 5 минути на тивок оган.



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 04:58

Шунка со печурки

Овој рецепте од “Кувар за свако домачинство„ од 1981 година од Драгиша Миловановиќ.

Ако се свежи печурките најпрвин треба да се измијат и да се исечат 3/4 ситно, а останатите на листови. Да провријат во посолена вода и да се исцедат. Јас користев шампињони од саламура. Правиме бешамел сос со брашното и 50 грама маргарин. Малку го запржуваме брашното и го додаваме млекото да се вари на многу тивок огаан и да врие 10 минути. Ги додаваме печурките и вариме уште десетина минути. Шунката ја сечеме на 16 кругчиња и редиме во огноотпорен сад. Одоздола ставаме 6 парчиња. Врз неа го полеваме бешамелот и останатите парчиња шунка. Можете и малку да посолите и зачините со вегета и црниот бибер по желба. Павлаката малку ја загреваме, внимавајки да не почне да врие. Полеваме одозгора,го додаваме остатокот од маргаринот и ставаме да се пече во добро загреана рерна на 250 степени да се подпече. Се служи топло




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 05:00

Лазањи со шампињони и домати

Доматите ги ги рендаме, ги посолуваме, наросуваме магдонос и го сецкаме лукот во нив. Кромидот сечкан го пржиме додека не порумени и во него ги ставаме сечканите свежи шампињони. Пропржуваме и ја тргаме тавата на страна. Кашкавалот го рендаме. Во правоаголен плех ставаме масло и малку од сосот од домати, врз тоа ставаме лазањи кои претходно нема потреба да се обаруваат. Врз првиот ред лазањи ставаме хопла, шампињони и наросуваме оригано. Потоа ставаме друг ред лазањи врз нив ставаме од сосот од домати, печурките и хоплата. Ставаме трет ред лазањи, врз нив ставаме хопла, шампињони и кашкавал.
Потоа се става уште еден ред лазањи се поливаат со сосот од домати, хоплата и остатокот од печурките, се става рендан кашкавал и се наросува со оригано. На крај последниот ред лазањи го поливаме со остатокот од хоплата и малку вода, ставаме рендан кашкавал и ги ставаме да се печат во загреана рерна околу 20 минути. Се служат топли. Добар апетит.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 05:05

Шампињони и пилешки стек во сос од павлака

Кромидот се сецка ситно и се пржи на зејтин. Одкако убаво ќе се испржи се додава стекот исецкан на покрупни парчиња и се динста некое време. Се додава и ловорот а потоа и печурките. Ако печурките се свежи се сечат на ленти, а ако се маринирани се сечат само на пола. Целата смеса се динста околу 10 минути со постојано мешање, а потоа се додава една лажица брашно. Се пржи и брашното, па се налева павлаката. Убаво се меша и му се додава зачинот, сенфот и се остава да врие околу 5 минути. На крај се става ситно сецкан рузмарин и магдонос по вкус.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:37

Пикантни печурки

Подготовка

    малку мала лажица црвен пипер
  • 150 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 400 грама Печурки
  • 100 милилитри Масло
  • 2 чешниња Лук
  • 1 ливче/чиња Ловоров лист
  • 1 лажица/ци Лимонов сок


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток опис

Печурките се многу ценети намирници. Со својот вкус и мирис се главна состојка во скоро секоја кујна. Историјата кажува дека шампињоните се замена за печурките воопшто. Буковките како сорта на печурки кои не се толку стари но се најчесто употребувана сорта на печурки.

Не заборавајте дека печурките треба убаво да се сварат или испечат бидејќи во свежа или полусвежа состојба се несварливи.

Подготовка

Миени и добро исчистени печурки се сечат на ливчиња.
На загреано масло се пржат печурките со ситно сечканиот лук, се додава ловоровиот лист и црниот пипер. 
Уште малку се пропржуваар, се посолуваат и се залеваат со вино.

Потоа се додаваат варените јајца и сок од лимон и се варат 10-15 минути, додека печурките не омекнат. 
Се вадат од садот и се ладат.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:28

Печурка буковка со ориз


Потребни состојки

  • малку   Сол
  • 30 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • 100 грама Интегрален ориз
  • 200 грама Буковка печурки
  • малку   Чубрика


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток опис

Буковка (Pleurotus ostreatus)
Буковката е многу барана печурка на пазарот на прехрана и поради тоа се почесто се одгледуваат на нашите простори.

Представува многу хранлива, богата со Б витамините. Некои луѓе ја користат за лечење на некои болести. Постарите буковки се пожилави.

Подготовка

Печурките измијте ги и искинете ги на парчиња. Ставете ги
во тавче на тивок оган без да додадете вода. 

Со постепено загревање тие ќе
испуштаат течност во која ќе се варат. 
Додадете го оризот, маслото и солта.
Налејте со 3 дела вода во однос на оризот. 
Варете додека да омекне оризот. 

На крај додадете измиен и ситно исецкан
магдонос и чубрика.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:30

Печурка буковка со тиквичка


Потребни состојки

  • 1   Тиквичка
  • малку   Сол
  • 50 милилитри Масло
  • малку   Копар
  • 200 грама Буковка печурки


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

Краток опис

Печурка буковка со тиквичка

Подготовка

 Печурките измијте ги и искинете ги на парчиња. Ставете ги во тавче на тивок оган без да додадете вода. Со постепено загревање тие ќе испуштаат течност во која ќе се варат. 

Тиквичката убаво измијте ја и без да ја лупите и без да го вадите семето исецкајте ја на коцки.  Додадете ја во печурките и ставете масло и сол. Динстајте уште 10 минути да омекне тиквичката, но не и да се превари. На крај додадете измиен и ситно исецкан копар. 


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:30

ЗАПЕЧЕНИ ШАМПИЊОНИ СО ТРИ ВИДА СИРЕЊЕ

Потребни состојки:

500 гр. цели шампињони

100 гр. горгонзола

100 гр. младо сирење

50 гр. пармезан

Маслиново масло

Соја сос

Сол и црн пипер

Припрема:

Исчистете ги шампињоните и остранете ги дршките.

Дршките од печурките ситно исецкајте ги и испржете ги во тава со маслиново масло. Откако ќе се испржат, додајте ја горгонзолата, младото сирење и ренданиот пармезан и зачинете со сол и црн пипер. Гответе се додека сирењето не се растопи.

Во меѓувреме, испечете ги шампињоните на скара, па потоа наполнете ги со филот од сирење. Ставете ги печурките во намрсена тава за печење и печете на температура од 220 степени околу 15 минути. Откако ќе се испечат прелијте ги печурките со соја сос. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 21:24
Clipboard167

Шампињони во доматен сос

___

Состојки:

400 грам шампињони

- 200 мл доматен сок

- 1 главица кромид

- 2 моркова

- лист од першун

- сол

- бибер

- мешавина од зачини

Припрема:

1. Исецкајте го кромидота, а морковот изрендајте го.

2. На малку масло, запржете го кромидот, а потоа додадете го морковот и малку лист од першун.

3. По десетина минути, додадете ги шампињоните, и зачинете ги.

4. Гответе ги десетина минути, а потоа додадете го сокот од домат. Потоа гответе уште 2-3 минути.



Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 21:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 21:31

Полнети шампињони

Состојки:

700 г шампињони
200 г шунка
100 г кашкавал
100 г панцета
јогурт или павлака за готвење
1 помала главица кромид
2 чешни лук
малку магдонос, сол, вегета, бибер, оригано

зејтин

пармезан или кашкавал во листови

Приготвување:

1.) Исчистете ги печурките и одвојте ги рачките, па иситнете ги.
2.) Кромидот и лукот се динстаат на зејтин, и им додаваме шунка сечена на коцкички, панцета и рачките од печурките.
3.) Динстаме 10 минути, додаваме малку вегета, магдонос, сол, бибер и оригано и ја оставаме смесата малку да се олади. Во оладената смеса додаваме кашкавал (пармезан или кашкавал во листови), јогурт или павлака за готвење. Се добро соединуваме и ги полниме шампињоните.
4.) Ставаме одозгора малку кашкавал и ги ставаме да се печат во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12849
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2014 во 22:26


..ovie se jadat li,ii otrovni se?.збунетост
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.