IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Печурки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Печурки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Печурки
    Испратена: 14.Април.2010 во 22:12

Шампињони полнети со горгонзола

500 г шампињони
100 г горгонзола 
100 г меко сирење 
50 г пармезан 
малку маслиново масло 
сол, бибер
магдонос, сечкан

1. Испржете ги насечканите дршки од печурките во маслиново масло. Додајте ги горгонзолата, сирењето и пармезанот, па зачинете со сол, бибер и магдонос. Пржете додека сирењето се стопи. 

2. Во меѓувреме, лесно потпечете ги главиците на шампињоните на скара или во тава, а потоа од долната страна наполнете ги со смесата од сирења. 

Наредете ги во сад за печење и кратко запечете ги во максимално загреана рерна.
 
 
 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 06:05

Полнети печурки

Печурките се чистат со влажна крпа а потоа им се вадат дршките.
Сирењето се сечка на ситни коцки а може и да се згмечи со виљушка а кашкавалот на малку поголеми коцкички.
Пред да почнеме со полнење во секоја од печурките ставаме малку сол.
Во отворот од печурките се ставаат сланината и сирењето и одозгора се става кашкавал.
Се ставаат во плех намачкан со масло и се печат во загреана рерна на 22о степени околу 15 мин.
Дршките од печурките исто така се сечат на ситни коцки и се пржат со остатокот од исечканите сирење и сланина а во текот на пржењето се додава едно лажиче соја сос.
Ова се служи како прилог со печурките.




Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 20:44

Печурките како храна и лек

 
радицијата на употреба на печурките во исхраната и при лечењето на различни видови на заболувања е стара илјадници години. Најстарата позната печурка е Ganoderma Lucidum  која во Јапонија ја нарекуваат и “печурка на бесмртноста“. Во старо време, печурките во Јапонија вределе исто колку и сребро, а во Египет конзумацијата на печурки била исклучива привилегија на благородништвото.

Иако хранливите и лековитите својства на печурките се дел од скоро сите традиционални медицини и кујни, во последно време се повеќе внимание се посветува на печурките и на истражување на нивното значење за здравјето. Од посебно голем интерес се некои скорешни истражувања кои потврдиле дека печурките се многу делотворни во борбата против вируси и други заболувања.

Што содржат печурките

Печурките се богати со многу биолошки активни материи како фитостерол, бетулинска киселина, полисахариди, бета глукен, меланин, сапонин, ланостерол и други. Содржат и нутриенти како магнезиум, хорм, железо и витамини од групата Б. Имаат и големо количество на витамин Д – витамин кој според најновите истражувања игра важна улога во работата на имунолошкиот систем и во заштитата од карциноми.

Бетулинската киселина, на пример, заедно со бета глукенот, се врзува за карцином клетките и му го олеснува на организмот нивното препознавање и уништување. Освен тоа, бетулинската киселина, заедно со ензимот каспаза 3, ги уништуваат протеините во карцином клетките и ја поттикнуваат нивната апоптоза (смрт). Токму поради ова, од лековитите печурки се произведуваат голем број на препарати за борба против злокобните болести како ракот, а од нив се екстрахира и бета глукенот кој претставува активна материја позната по своето делување на инунолошкиот систем.

Лековитите печурки помагаат и во лечењето на кардиоваскуларните болести. На пример, раиши печурката е позната како исклучително добар сојузник во борбата против болестите на срцето, мозочните удари и високиот крвен притисок. Во едно испитување на луѓе кои страдале од висок крвен притисок, а чиј организам не реагирал на стандардната медицинска терапија, се покажало дека со конзумирање на оваа печурка три пати во денот во текот на еден месец, тие успеале значително да го намалат високиот притисок.

Истражувањата покажале и дека одредени видови на печурки силно делуваат и во борбата против грипот и настинките. Позитивно делуваат и во лечењето на херпеси, ХИВ и хепатитис. Лековитите печурки имаат таканаречено имуномодулаторно дејство. Кога е потребно, тие ја зголемуваат силата на имунитетот, а при негова претерана реакција, го намалуваат имунолошкиот одговор.

Автоимуните болести се јавуваат токму при ваква неправилна реакција на имунолошкиот систем. Кај овие болести, имунолошкиот систем ги препознава сопствените клетки како странци и ги уништува. Затоа, лековитите печурки можат ногу да помогнат во лечењето на автоимуните болести како алергии, лупус, дерматитис, псоријаза и артритис.

Важно е да се спомене и дека лековитото дејство на печурките се зголемува во присутност на витаминот Ц, па затоа се препорачува конзумирање на витаминот Ц заедно со печурките.

Лековитото делување на печурките:

  • го зајакнуваат имунитетот
  • се борат против вируси
  • имаат антивоспалително, антиканцерогено и антибактериско делување
  • помагаат во лечењето на автоимуни болести
  • го подобруваат памтењето и концентрацијата
  • го регулираат нивото на шеќери во крвта
  • ја подобруваат регенерацијата на црниот дроб
  • ги спречуваат болестите на срцето и крвните жили
  • ја подобруваат циркулацијата
  • помагаат во лечењето на артритисот и реумата
  • ја подобруваат сексуалната функција
  • ја подобруваат издржливоста и силата на организмот

Сепак, мораме да споменеме дека шампињоните кои најчесто се користат во нашата исхрана, а можат да се набават скоро во секоја продавница, имаат најмалку нутритивни и други активни материи. Затоа, немојте да се ограничувате само на нив, туку конзумирајте и други видови на печурки секогаш кога имате шанса.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 20:50

Печурки на скара


СОСТОЈКИ

свежи шампињони(500 гр за двајца)
2-3лукчиња(по можност млади)
1/4 китка магдонос 
1/2 лажичка вегета
неколку лажици маслиново масло
сол и биер
 

Свежите шампињони се мијат убаво, се цедат и се ставаат во поголем сад. Доколку печурките се поголеми, исечете ги на половинки или третинки. Доколку се помали, се приготвуваат цели.
Лукчето и магдоносот се сецкаат ситно и се додаваат во садот со печурките.
Се додава и зачинот, се посолува и набиберува по желба и во садот се додава маслиновото масло.
Целата смеса убаво се меша и се оставаат печурките да отстојат десетина минути за да впијат од маслото и од зачините.
Печурките се печат на скара додека не добијат убава жолто-кафена боја. Наместо на скара печурките можат да се печат и во грил тава .
Послужете ги како додаток/прилог на омлет, ориз, јадења од месо или да се мезат самостојно, на пример со ракија или мастика.




Изменето од Calipso - 12.Април.2014 во 20:51
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 20:55

Печурки во сос

800 г свежи печурки
200 мл вода
1 лажица путер
1 лажица зачинска сол
3 лажици бело вино
2 лажици сенф
4 лажици кисело млеко, јогурт или павлака
1 лажица брашно
1 ловоров лист
малку црн бибер 
 
  1. Измијте ги печурките и подгответе ги за динстање (ако се премногу крупни-исецкајте ги). Ставете ги да се динстаат на тивко заедно со сите други состојки освен киселото млеко и брашното.

  2. Откако убаво ќе омекнат, во тенок млаз додајте го брашното растворено со киселото млеко, внимавајќи да не се создадат грутчиња. Исклучете ја ринглата и оставете да крчка уште десетина минути.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:00

Предјадење од печурки и пилешко


СОСТОЈКИ

400 г пилешко бело месо
400 г шампињони
200 г праз
1 лимон
150 г мајонез
3 лажици бело вино
1 лажица зачин од зеленчук
малку сол, црн пипер, магдонос
малку масло
 
Белото пилешко месо ситно исецкајте го и испржете го.
Печурките нека бидат исецкани на тенки ливчиња и издинстани.
Во поголема чинија ставете го месото, печурките и празот исечен на тенки крукчиња.
Останатите состојки измешајте ги одвоено и со нив прелијте го месото. Со лажица внимателно измешајте го целото предјадење.
Совет – Ова предјадење се служи со претходно сварени макарони и се сервира ладно.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:00

ПЕЧУРКИ ПОЛНЕТИ СО ДОМАТИ

Потребни состојки:

15 големи печурки,

8 домати,

15 маслинки,

Масло за јадење,

Сок од лимон,

Сол,

Бибер,

Печурките измијте ги и одвојте ги шеширите од дршките. Попрскајте ги со сок од лимон, подредете ги во подмачкан плех, зачинете со бибер, посолете и печете 10 минути во загреана рерна.

Излупете ги доматите, извадете го семето, исецкајте, посолете, додајте бибер, и ставете смесата да се динста на тивок оган. Додадете ги исецканите дршки од печурките. Кога доматите ќе добијат густина, додадете ситно исецкан магдонос и со оваа смеса полнете ги печурките.

Секоја печурка украсете ја со по една маслинка.



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:04

ТЕСТЕНИНИ СО ПЕЧУРКИ

Потребни состојки:

  • 500гр тестенини
  • 400гр шампињони
  • 100гр варен спанаќ
  • 100гр сецкани ореви
  • 150мл слатка павлака за готвење
  • чешне лук
  • магдонос
  • масло
  • сол
  • бел бибер

Начин на подготовка:

Шампињоните исечени на листови динстајте ги на загреано масло. Кога ќе испари течноста која ја пуштиле, додадете сецкан лук и сецкани ореви и кратко пропржете. Додадете слатка павлака, оставете да проврие и тргнете од оган. Помешајте варен спанаќ и сецкан магдонос и додадете сол и бибер. Тестенините сверете ги во посолена вода и исцедете. Послужете ги прелиени со сос од шампињони.



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:05

ПИПЕРКИ СО ПЕЧУРКИ

Потребни состојки:

  • 12 пиперки за полнење
  • 500гр шампињони
  • 3 главици кромид
  • 200гр ориз
  • половина лажица магдонос
  • 4-5 домати
  • 1 дл масло

Начин на подготовка:

Пропржете го ситно исецканиот кромид, а потоа додадете ги печурките. По десетина минути додадете варен ориз, ситно исецкан магдонос, посолете и тргнете од оган да се лади. Измијте ги пиперките, исечете им ги рачките и исфрлете го семето, па полнете ги со оладената смеса. Наредете ги во подмачкана огноотпорна чинија и печете 40 минути на 200 степени.



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:06

БЕЛО МЕСО СО ТЕСТЕНИНИ И СУПА ОД ПЕЧУРКИ

testenini

Потребни состојки:

  • 2 парчиња стек
  • 1 кесичка крем супа
  • 1 кисела павлака
  • 1,5дл млеко
  • 1 пакување тестенини
  • масло

Начин на подготовка:

Белото месо исчистете го и исечете го на ленти. Потопете го местото во крем супата. Премачкајте го садот со масло и во него дададете го месото.

Помешајте ја павлаката со млекото и со смесата прелијте го месото.

Печете во загреана рерна на 180 до 200 степени, околу 20 минути.

Сварените тестенини помашајте ги со испеченото месо и послужете.

 



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:08
.

Изменето од Calipso - 12.Април.2014 во 23:42
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:10
ОРИЗ СО ПЕЧУРКИ
 
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 500 грама Печурки
  • 200 грама Ориз
  • 100 милилитри Масло
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 600 милилитри Вода
  • малку   Вегета
Кромидот исчистете го и исечкајте го на парчиња. Печурките исчистете ги, измијте, исушете и исечете ги на кришки. Загрејте масло па пропржете ги кромидот и печурките, да омекнат и да испари течноста. 
Потоа додајте го измиениот и убаво исцеден ориз, пропржете, залијте со водата и зачинете со сол и црн пипер и малку вегета. 
Потоа убаво измешајте, покријте го садот, намалете ја температурата и оставете да се динста. Од време на време промешувајте го оризот. Внимавајте да не се превари оризот па не ја додавајте сета вода одеднаш.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:14
Крем чорба од печурки
Потребно е:
250 гр.свежи шампињони, 
1 главица кромид, 
1 лажица брашно, 
јајце, 
100 мл кисела павлака,
сол, 
масло, 
магдонос, 
коцкички двопек, 
сув зачин по желба

Печурките се мијат и се сушат, па 2/ 3 од нив се мелат на машина за месо заедно со главицата кромид, а остатокот се сечат на ливчиња. Малку се пропржуваат на масло, па потоа им се додава брашното, се налева литар и пол вода и се остава да се вари. Се посолува и се става сув зачин по вкус, се остава чорбата да врие 15 минути. Се трга од оган и се става ситно сечкан свеж магдонос. Кога чорбата малку ке се олади, се додава јајцето изматено со киселата павлака. При служењето, во секоја чинија се ставаат по неколку коцкички двопек.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44674
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:15
Печурки со сино сирење и рукола.

4 големи печурки по избор (само капите без дршки)
4 китки рукола
500г. чери домати
3 лажички маслиново масло
2 лажички балзамиран оцет
1 чешне лук
100 мл. обезмастено млеко
60 - 70г. сино сирење издробено 
2 лажицки лајкт мајонез (со низок % маснотии)
2 лажици сечкан власец 
масло за ската
сол и црн пипер.
Подоготвка:
Направете смеса од маслиновото масло и оцетот и зачинете ја со сол и црн пипер и со ова премачкајте ги печурките. Наредете ги на подмачкана и загреана скара и нека се печат 15-18 мин. Готовите печурки префрлете ги во сад и оставете ги да се изладат. Во блендер исечкајте го лукот, додајте му ги млекото, сирењето, мајонезот и блендирајте да добиете кремаста смеса. Додајте го сечканиот власец. Измијте ја и поделете ја на чинии руколата. Над неа наредете ги тенко сечканите печурки, домати измиени и исечкани на половина па прелејте со сос.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.