IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Печурки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Печурки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:16
ПОЛНЕТИ ПОХОВАНИ ПЕЧУРКИ

Потребни состојки:
1 пакување свежи печурки

Фил:
200 гр фета сирење
1 лажиче црвен пипер
сол, бибер
табаско сос (по желба)
1 главица ситно сечкан кромид
1 лажиче лук во прав

Начин на подготовка:
Печурките извадете ги и избришете ги со крпа. Важно е дека не смеете да ги миете со вода, затоа што ќе ја сменат бојата и ќе ја впијат водата. Отстранете им ги дршките, а потоа во внатрешниот дел ќе ги наполните со подготвениот фил, така што ќе ги измешате сите состојки споменати погоре во текстот. Готовите печурки извалкајте ги во брашно, па во изматени јајца и на крајот во лебни трошки. И сè што треба е да ги испржите.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:18
Полнети печурки со зденка


Потребно е:
20тина подлабоки свежи бели шампињони
1 пакување млечна зденка
1 главица кромид
неколку лажици пире од домати
сол, бибер, оригано
малку сланина за вкус
масло

Шампињоните исчистете ги од дршките со внимателно сечење, за да имаат како дупче во кое ќе можете да ги полните. Измијте ги во млаз ладна вода и оставете ги да се сушат на кујнска крпа.
Во сад со малку масло, на тивко пропржете ја главицата кромид ситно сечкан, додајте ги рачките исто така ситно сечкани, сол, бибер и откако кромидот ќе омекне (дршките ќе пуштат малку вода), додајте го пирето од домати, бибер и оригано и оставете да издинста уште неколку минути.

Шампињоните наредете ги во тава за печење намрсена со малку масло и ставете им по едно лажиче од доматното пире со кромид и по малку зденка озгора. За дополнителен шмек ако сакате и месо, можете да ставите и коцкичка сланина.
Се печат додека да убаво се вцрвенат и фати коричка зденката.
Супер се како прилог за печено месо или со ориз.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:19
Буковки со магдонос

Состојки
1 пакување буковки печурки
1 голема главица лук
1 лажица сол
1 китка магдонос
100 гр зејтин
2 литри вода
Подготовка

За подготовка на печурките буковки, земаме длабок сад во кој што ја ставаме водата да врие. Додаваме сол и ги ставаме печурките да зовријат околу 10 минути. Откако ќе зовријат убаво, ја истураме водата и ги оставаме печурките да се оладат.
На страна во дрвен сад ги толчиме магдоносот, солта и лукот. Смесата ја изедначуваме.
Оладените печурки ги сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме да се пржат во врел зејтин. Зачинуваме со сол и црн бибер. Откако се прженки ги вадиме од садот и ги додаваме во саламурата која претходно ја подготвивме. Промешуваме убаво за секоја печурка да добие вкус на лукчето.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:26

ТЕСТЕНИНИ СО ПЕЧУРКИ

Потребни состојки:

  • 10гр сушен вргањ
  • 400гр свежи печурки или шампињони
  • 400гр тестенини
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ лажици рендана кора од лимон
  • магдонос
  • 30гр пармезан

Начин на подготовка:

  1. Омекнете ги печурките во 250 мл топла вода. Свежите печурки исчистете ги и по желба исецкајте. Сварете ги тестенините според упатството на паковањето.
  2. Загрејте го маслото во голема тава и пропржете ги печурките, се додека не испари целата вода. Додадете сол и бибер. Додадете ги и натопените печурки (вргањ) заедно со водата, сварете и крчкајте околу 5 минути.
  3. Додадете кора од лимон, магдонос и пармезан и по потреба уште еднаш зачинете. Исцедете ги тестенините и исплакнете ги под ладна вода, добро исцедете сервирајте со сосот со печурки. Украсете со билки по желба.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:27

ГОВЕДСКО МЕСО СО ПЕЧУРКИ

Потребни состојки:

  • 1кг говедско месо шницли
  • 3 главици кромид
  • 3 лажици путер
  • 3 ловорови листови
  • 300гр печурки
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 100мл бело вино
  • 3 чешниња лук
  • сол

Начин на подготовка:

Испржете ги шницлите на растопен путер, па ставете ги во друг сад и оставете да се оладат. Во меѓувреме ситно исецкајте кромид и со ловорови листови издинстајте во маснотијата во која се печеа шницлите. Наредете ги стековите преку кромидот, посипете со исецкан лук, потоа истурете вода доволно за да се покрие месото. Преклопете и оставете полека да се динста околу еден час. Поремено протресете го садот и ако е потребно, додадете малку вода. Пред крај на готвењето извадете ги шницлите од сад, па додадете шампињони исецкани на листови. Додадете сол и бибер, па кога ќе омекнат, извадете ги и нив. Со мешалка иситнете ја останатата смеса, вратете ги шампињоните, па со целата смеса прелијте ги шницлите. Послужете со ориз.



Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:30

Полнети поховани печурки


Потребни состојки

  • 300 грама Шампињони
  • малку   Сол
  • 80 грама Презла
  • 30 грама Пармезан
  • 2 лажица/ци Масло
  • малку   Магдонос
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 30 грама Брашно
  • малку   Бибер
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток опис

Во 100 грама сирови шампињони има многу малку калории, а од тоа 3,1% се протеини, 0,3% масти и 3,2 % јаглехидрати. Шампињоните од сите видови на печурки, се едни од најбогатите со протеини. Од јаглехидратите кај шампињоните застапени се глукан, инулин и пентински материи а потребно е да се напомене дека не содржат ниту сахароза ниту скроб, па поради тоа се многу погодни и за лица заболени од дијабетес.

Од витамините шампињоните се одличен извор на витаминот Д (38% од препорачаното дневно количество), а од витамините на Б комплексот се одличен извор на рибофлавин (31% од препорачаното дневно количество) и ниацин (22,5% од препорачаното дневно количество).

На шампињоните скинете им ги дршките и ситно исецкајте ги (би било одлично доколку печурките се покрупни или барем со средна големина). 
Подготовка
На малку масло пропржете го сецканиот кромид додека да стане "стаклест", додадете ги исецканите дршки од шампињоните, посолете и побиберете по вкус. 

Сето тоа кратко продинстајте го, додека не испари водата која ќе ја испуштат печурките. 

Тргнете од ринглата, посипете со сецканиот магдонос и ставете 30 гр презла, ренданиот пармезан кој ќе ги поврзе сите состојки кога ќе се стопи. 

Со оваа смеса наполнете ги корпичките шампињони, извалкајте ги во брашно, изматени јајца и 50 гр. презла, па кратко пржете ги во загреано масло додека убаво не поруменат од сите страни. 

Извадете ги на кујнска хартија за малку да се изцедат и веднаш послужете ги.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:31

Гулаш од печурки


Потребни состојки

  • малку Црн пипер
  • 30 грама Целер
  • малку   Сол
  • 600 грама Печурки
  • малку   Нишесте
  • 15 милилитри Оцет
  • 100 грама Моркови
  • 3 лажица/ци Масло
  • малку   Магдонос
  • малку   Мајоран
  • 3 чешниња Лук
  • 1 ливче/чиња Ловоров лист
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 200 грама Компир
  • 1 лажица/ци Дафинка


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

Краток опис

Уште во минатото е забележано поврзаност на човекот со печурките. Печурките имаат важна улога во исхраната на Кинеската цивилизација повеќе од 6500 години. Вргањот и Јајчарката се сметале за деликатеси уште пред 2000 години. Покрај хранливата вредност на печурките и нивните квалитети, тие исто така се употребуваат и во медицината, а од нив се изработуваат повеќе медицински препарати. Како медицински помагала моќта на печурките највеќе се употребува во далечниот исток, затоа што западната медицина сеуште ги тестира печурките кои што сите тестови ги поминуваат одлично.

Подготовка


Морковот исчистете го и исечете на кругови, а кромидот на ситни коцки. 

На загреано масло пропржете го кромидот, а потоа додате ги морковите. 

Потоа додадете ги подготвените печурки, кои стоеле во топла вода. 

Сè убаво пропржете, додајте зачинска сол и динстајте со често доливање вода, по потреба. 

Кога печурките напола ќе омекнат додајте ги зачините и продолжете го динстањето. 

Пред крај на готвењето додајте сол и цн пипер. 

Вмешајте го нишестето кое сте го разматиле во ладна вода, млекото, сецканиот магдонос и малку оцет. 

Додека го подготвувате овој гулаш посбно сварете ги исечените компири, испасирајте ги и додајте во гулашот.

Наместо оцет можете да ставите малку бело вино. 

Густината на гулашот ја одредуваат нишестето и варените и пасирани компири. 

Ова јадење ќе биде повкусно ако како прилог послужите варена палента.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:31
ПАПРИКАШ ОД СВЕЖИ ПЕЧУРКИ(БУКОВКИ) И ШНИЦЛИ ОД ОРИЗ

500 грама буковки
150 грама ориз
3 главици кромид
2 лажици оцет
1 лажица сол
60 -80 мл зејтин
1 лажичка вегета
150 грама брашно
1 лажичка црвен пипер
Во подлабоко тенџере со повеќе вода, се додава малку сол и 2 лажици оцет. За да омекнат добро, ќе ви треба околу половина час да вријат на средна температура. Потоа се цедат и по желба или се сецкаат или можете да ги кинете на тенки парченца по должина.
Го сецкаме кромидот и го пропржуваме додека малку да зарумени и ги додаваме печурките. Додаваме зачини и на потивок оган пак ги пржиме печурките. Буковките се малку потегави од другите видови печурки затоа треба повеќе време за спремање.
Од време на време додадете вода за добро да се издинстаат буковките. Се додава црвениот пипер и две лажици брашно. Додавате и околу 200 мл вода, промешувате. За густината на паприкашот треба да внимавате да не е многу чорбесто може да има малку сок.

За шницлите:
Оризот првин ќе го сварите, ќе почекате да се излади. Додајте полна лажица брашно, црн бибер и сол по вкус. Се прават мали шницли. Секоја се увалува во брашно. Се пржат во врел зејтин.


 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:33

Соте со печурки и ориз



Потребни состојки

  • 100 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 40 грама Сенф
  • 200 грама Печурки
  • 200 грама Ориз
  • 50 милилитри Масло
  • 30 милилитри Доматно пире
  • 1 главица/и Кромид/а
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

Краток текст

Кинезите повеќе од 1000 години го употребуваат оризот како основна храна. Тој се смета како храна со многу хранливи вредности.

Во IX век во Азија се појавила болест како резултат на недоволното внесување на витамини.Таа болест траела 50 години се додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувале оризот ја тргала обвивката на оризот, која била богата со витамини.

Така почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, кој е многу богат со витамини.

Подготовка

Измиените и исчистени печурки исечете ги на тенки листови. 

На масло пропржете го ситно сецканиот кромид, потоа додадете ги исецканите печурки. 

Сипете половина од виното и динстајте на ниска температура. 

Кога печурките ќе бидат омекнати додадете го остатокот вино, сенфот, сосот од домати, зачинете и оставете да се динста до саканата густина. 

Послужете со варен ориз. 


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:34
ШАМПИЊОНИ ВО ТЕСТО

Шампињоните се ставаат во посолена вода да вријат 10 минути. Потоа убаво се цедат од водата.
Во разматените јајца се додава белото вино, 1 лажица зејтин, брашно и сол. Тестото треба да биде нешто погусто отколку за палачинки.
Припреманите шампињони се спуштаат во припременото тесто, се потопуваат и се ставаат да се пржат на поголема количина зејтин, да пливаат.
Откако ќе добијат убава жолто-кафеава боја се вадат на хартиени салфети да се впие вишокот на мрснотија.
Се служи со сос од павлака, рендана свежа краставица, и лук.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:34

Запечени печурки со кашкавал


Потребни состојки

  • 50 грама Шунка
  • 150 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 1   Црвен пипер
  • 40 грама Сланина
  • 50 грама Презла
  • 100 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 30 грама Кромид
  • 70 грама Кисела павлака
  • 100 грама Кашкавал
  • малку   Дафинка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток опис


Печурките веќе долго време се познати како одличен извор на висококвалитетни протеини. Оваа материја протеините, ја прават телесната структура, се наоѓаат во секоја клетка на ткивото. Телото протеините ги користи за раст, изградба и зацелување на коските, сврзувачко ткиво, кожата, внатрешните органи и крвта. Хормони, антитела и ензими кои ги регулираат хемиските реакции исто така се протеини. Ако јаглехидратите или мастите не ја задоволуваат потребата за енергија телото ги користи печурките.

Подготовка

 Кромидот ситно го сечеме и го ставаме во тава со загреано масло да се пржи. 

Шампињоните ги сечеме на половинки и ги додаваме кај кромидот заедно да се пржат. 

Шунката ја сецкаме на коцки. И сланината ја сецкаме на коцки. 

Ги додаваме во тавата заедно да се пржат со шампињоните и со кромидот. 

Промешуваме, кога се убаво ќе се испржи, зачинуваме со зачинска сол, црн пипер исецкан лук, исецкан магдонос и со црвен пипер. 

Промешуваме и ја додаваме павлаката. 

Оставаме малку да проврие. 

Шампињоните ги сервираме во соодветен подлабок сад за печење. 

Одозгора ставаме од изренданиот кашкавал, а врз него ги ставаме лебните трошки. 

Садот го ставаме во загреана рерна на 220 степени да се печат шампињоните 10 минути. 

По 10 минути садот го вадиме од рерна и го сервираме на чинија.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:35

Ролат со печурки

Потребни состојки

  • малку   Сол
  • 30 грама Сенф
  • 30 грама Путер
  • 30 грама Презла
  • 200 милилитри Млеко
  • 2 чешниња Лук
  • 100 грама Кисела павлака
  • малку   Квасец
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 150 грама Брашно
  • 7   Јајца/це
  • 350 грама Шампињони


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

Краток опис

Уште во минатото е забележано поврзаност на човекот со печурките. Печурките имаат важна улога во исхраната на Кинеската цивилизација повеќе од 6500 години. 

Вргањот и Јајчарката се сметале за деликатеси уште пред 2000 години. Покрај хранливата вредност на печурките и нивните квалитети, тие исто така се употребуваат и во медицината, и од нив се изработуваат повеќе медицински препарати. Како медицински помагала моќта на печурките највеќе се употребува во далечниот исток. 

Познато е дека печурките имаат позитивно влијаните на количеството на шеќер во крвта и регулацијата на крвниот притисок. Сепак најголем интерес има за резултатите за тоа дека поедини видови печурки имаат против туморно влијание и ги регулираат сите воспаленија.

Подготовка

 Брашното и околу 100 милилитри млеко убаво измешајте, потоа додадете го квасецот.

Остатокот насолено млеко ставете го да се вари, кога ќе зоврие тргнете го од шпоретот и вмешајте го подготвеното тесто. 

Убаво измешајте и продолжете со варењето на ниска температура додека смесата не се згусне. 

Во оладената смеса додавајте ги една по една жолчките и на крај, со лажица снегот од белките. Еден плех обложете со хартија за печење, намачкајте со масло. па распоредете ја смесата. 

Печете на 200 степени околу 10 до 15 минути. Печеното тесто префрлете го на влажна крпа и завиткајте ролат. 

Фил: Шампињоните исечете ги на ливчиња и пропржете ги на путерот, па додадете зачинска сол. 

Потоа динстајте уште малку, па оставете да се олади. 

Вмешајте сенф, црн пипер, сецкан магдонос, сецкан лук, кисела павлака, лебни трошки и изматени јајца. 

Подготвениот ролат намачкајте го со филот, повторно завиткајте и ставете го во тавата во која предходно се печеше. 

Покријте со алуминиумска фолија и печете уште 20 минути во загреаната рерна.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:37

Печурки со лук


Потребни состојки

  • малку   Сол
  • 600 грама Печурки
  • 150 милилитри Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 4 чешниња Лук
  • 5 лажица/ци Лимонов сок
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток опис

Во доброто има лошо и во лошото има добро, па така е случајот и со печурките. Постојат видови на печурки кои што сè пробуваат само еднаш во животот! Затоа не е препорачливо да ги берете сами, без придружба од лице кое што е веќе упатено во берењето на печурки. Некои видови можат лесно да го отрујат вашиот организам, предизвикувајќи полесни проблеми (пролив, повраќање), или посериозно да го отрујат, предизвикувајќи оштетувања на црниот дроб и нервниот систем.

Подготовка

Шампињоните убаво изијте ги и евентуално исечете на половина. 

Динстајте ги во сосот од лимон околу 20 минути. 

Лукот исчистете го и ситно исецкајте го, па динстајте го на маслото. 

Додадете ги печурките па сè заедно динстајте околу десетина минути. 

Пред да бидат готови пржете ги на силен оган две минути. 

Зачинете со сол и црн пипер. 

Магдоносот измијте го, исецкајте и помешајте со шампињоните.


Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:38
Шницли од печурки


200гр шампињони 
4ј ајца
2 лажици масло, малку млеко, сол, бибер
3 парчинња бајат леб
3 лажици мрвици

Подготовка: Шампињоните измијте ги исушете ги и исечете ги на покрупни парчиња.Во тенџере загрејте го маслото и во него пропржете ги печурките.Во друго тавче испржете кајгана од три јајца.И печурките и кајганата изладете ги, па измешајте ги.Во меѓу време парчињата бајат леб потопоте ги во млеко.Натопениот леб додадете го во смесата со печурките и кајганата.Потоа додадете ги изматеното јајце, солта, биберот, вегета.Од смесата направете шмицли ,ставете ги во мрвиците и пржете ги во врело масло.Се служат топли.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,279 секунди.