IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Од темната уметност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Од темната уметност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:32
Сон

Сонив сон,
самовили играа,
за рака ме фатија
глуво оро игравме.
Нозе копита,
од раце им крв тече,
коси им змии
сакаа да ме отрујат.
Ветрот силно задува
самовилите ги однесе,
пред мене чистина,светлина во очи,
темнината исчезна.
Од далечина гледам мајка
го дои своето чедо,
од пупки и крв тече
на чело крст врежан.
Тажен поглед зборува се,
изгубена надеж
син и да воскресне
надеж да даде.
Сонив сон,
самовили глуво оро играа
во раце им јаболко
семе на злото го посадија.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:33
Бесмртност

Небесна далечино!
Во себе го криеш синилото
твојата душа,
прими ме кај тебе.
Јас немам свој гроб
место да стивнам!
Прегрни го чедото свое,
да се извишам,
да ги досегнам ѕвездите.
Сонце!
Ти што го будиш денот нов,
ново утро раѓаш,
прими ме кај тебе.
Јас немам свој гроб
место да се исплачам.
Осветли го патот до тебе
со твоите зраци да подарам
ново бесмртно утро,
нов живот,нови искушенија.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:35
Разбуден

Исчезна,го нема светот на фантазии,
дали се разбуди од долгиот сон,
дали морници те лазат исплашен
штом разбуден гледаш,не сонуваш.
Таму се е чисто,гола вистина,
те јадат изумрени црви,
смртта поинаква ќе ти се чини,
ќе посакаш да те успие.
Нема борба,се предаваш,
лажното јас маски симнува
те предаде,те отфрли,
сам си со своја беда.
Плачи,исплачи се,
сам си на овој свет
свет кој лажно го претставија,
живот кој со лаги се накитија.
Тие се уште спијат,не се будат,
маските не ги вадат,добро им стојат,
многу ликови во животен театар изиграа,
се уште се главни со лажни ликови.
Ќе посакаат да се разбудат и тие
но ,за нив веќе ќе е доцна,
нив ниту мртвите црви ќе ги јадат,
нивното јас ќе ги проголта.

Даница Петровска
“Готска жена„
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:36
Џелат

Се насити ли...
од раце крв ти тече
ситост немаш,го пиеш со сласт
но, во твои вени крв немаш.
Го распара ли срцето...
таму лежи чиста крв
локаш како разјарен волк
но ,во твоето срце крв немаш.
Осамен,изгубен џелат...
те проголта твојата алчност,
мајки родилки добар плен ти се,
го цицаш плодот нероден.
Незаситен од туѓа болка...
демони срцето ти го распараа,
од него не потече крв
потече темнина и омраза.
Сега си црн јавач на Апокалипсата
крената рака со крвав меч
обезглавен јавач на смртта,
покорен слуга на злото.
Заминувам со извадено срце
ти го подарувам на дар,
во него има уште некоја капка
допиј ја крвта,насити се.
Кога сонцето изгрева скриј се,
пепел ќе се сториш,
крв немаш во твоите вени,срце ,
крстот непријател е твој.
Кога изгориш од болка
лелек ќе слушне една душа,
ќе лелека и таа од болка,
се дели Џелат од мајка.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:38

Кој зборува

Кој зборува од твојата уста,
каква темнина лежи во очите,
бесот што душа ја труе и распарува
разголен пред вистината врескаш.
На едната рака те врзала вистината,
на втората рака те врзала реалноста,
телото го зграпчило болката,
само душата окована од омраза.
Ти не жалиш,прочка не бараш,
нека ти се простум гревовите,
само чиста душа може прочка да бара,
само чиста душа може гревови да прости.
Мојата крв тече во твоите вени,
те пече чиста не загадена крв,
како осветена вода е,демони брка
зло од душа да изгони уста зла да сотре.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:39
М А С К А

Во просторот и времето
лета сина пеперутка,
фантазија во илузија
илузија во фантазија.
Проклети маски,
недопирливи,безбојни,
црни дупки,празна насмевка
бели погледи, скриена тага.
Сон сонува,
душа сина пеперутка,
крик во времето и просторот
о,па тоа сум само јас маската.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:40
Покана

Грмлив глас на тишина ,
се разбуди заспаната мисла,
одекнува плач од ехо
јас не го слушам.
Ехото остана само да плаче,
космос во градите,
треперат солзи,во нив ѕвезди се огледуваат
оваа ѕвезда ноќва затрепери.
Тага во ноќта заскитана
дојде по мене со тапани,
да те слушнам штом ме каниш
штом моите мисли ги повикуваш...

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:41
Јас маската

Денес треба да сум среќна
на себе ја носам тагата,
изгубена маска во многу маски,
животна драма,претстава на маски.
Јас маската
се истрошив,избледев со години
шминка застарена ги открива лажните црти ,
недостасува насмевка во тага.
Утре треба да сум цврста,
денот што ли ми носи,
лошо сценарио,лоша маска,
се гасат светлата,маската исчезна.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:42

Ѓаволештини

Се запали шума,
вили,самовили свират,игри играат,песни пеат,
гозба богата има
ѓаволски син им е гостин.
Ѓаволештини шумата ја спопаднаа,
разгорен огин голта млади стебла,
разгорен камен пука,
вили,самовили свират,играат,песна пеат.
Пламен црвен јазик,
земјата ја разголија,ранета моли
за плач небесен да разлади
ѓаволештини да стивнат.
Вили,самовили свират,песна пеат
ѓаволска игра играат,
небесен дожд солзи зарони,
ѓаволски песни и игри стивнаа.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:43
Сто

Од еден до сто бројам,
заспивам,лебдеам,
сто сништа сонувам
само еден ме мачи.
Потта тече од моето тело,
од сон се будам
срце возбудено чука,
се будам,повторно бројам.
Сто камења фрлам,
сто камења се враќаат,
ме удираат
болка во душа ми носат.
Во сон огледало,
ликот мој блед,
влегувам во него,
се отвори огнено небо.
Го гледам мојот живот,
тоа не сум јас,
тоа се сто животи,
тоа се сто ликови.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:44
Внимавај

Внимавај што зборуваш,
зборовите се живи ѓаволи,
несреќа ќе ти нанесат
со трозабец ќе те прободат.
Внимавај што мислиш,
твоите мечти нека се чисти,
убави мисли нека течат,
лошата мисла душата ја трујат.
Внимавај каде чекориш,
не талкај горе долу ,
од патоказ ќе скршнеш
во амбис ќе паднеш.
Внимавај,повторно внимавај,
среќен си што си човек без грешка,
и повторно грешиш ,мислиш Господ си ,
биди скромен во зборовите,мислите,чекорите.
Остани тоа што си ЧОВЕК...

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:46
Лажна вистина

И кренав плач
затаен во грлото,
скаменет во душата,
замрзнат во срцето.
Долги години одминаа,
косата обелее,рацете се збрчкаа.
телото свиткано дрво
се лелее над бурите.
Но, се уште стои, пркоси на животот
бујни реки го носеа,
ветришта го разнесоа,
од камен до камен го удираа.
Сега тоа стои рането
солени солзи истура
камена душа пуста е
срцето препукна.
Веќе не се слуша плач
сега уривам,газам
сега пркосам на ветрот
сега ја кажувам лажната вистина

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:46

Не прекинат круг

Изгубени во просторот и времето,
дојдени новородени,чисти,
изумрени во поранешен свет
душата патува низ времето.

Планета земја?
Какво чудо во вселената?

Отварат очи,шаренило,
чудесни гласови,нови искушенија,
радост во срце,солзи во очи,
јас сум плод на креаторот.

Болка и радост доаѓа,
живот се живее,изминаа години,
и повторно болка,заминуваат од овој свет,
свет на соништа,илузии ги напуштат.

Радост доаѓа, се раѓа нов живот,
доаѓа во друго време
непрекинат круг на болка и радост,
нови искушенија,страдања го чекаат.

Даница Петровска.
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:52
Вечерна молитва

Тишина,мисловна композиција,
раскината белина,сенки во мои сништа
полека надоаѓа плач,солзи исушени,
ораница по душа длабоки траги остава.
Немилосрден јавачу во времето
остави ја мојата душа проколната,
што уште сакаш од оваа чедо напатено ,
што уште сакаш од оваа копиле оставено.
Пепел од мојата душа на душман ќе ја дадам,
на прастара мајка што змија околу врат и спие,
на прастар татко што гревови вековни носи,
на прастара земја што со рај и пекол ја проколна.
Чедото твое сирак,живот пустина каде сонце не изгрева,
каде темнина пајажина плете околу душата,
студ клет во темните ѕидови на искрвавено срце,
глас на немиот врисок расплакан во тишина.
Ти,што книга вековна напиша покај се,
помоли се на светлоста на мртви души,
од ропство ослободи ги грешните жртви,
ослободи ја светлината заробена од твојата капела.
Возвишена милост не барај,милоста остана натажена,
заборавена во темните одаи на твојата светлост,
заробена,закована со синџири на лицемерие,
растргната помеѓу два света на светлина и темнина.
Вечерва молитвата како молња одекнува
воздушен простор пробива,раскинува бескраен круг,
раскинат леб состава, гласот нем одекнува,
вечерна молитва на спокојна душа и олеснува.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,233 секунди.