IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Филигранство и изработка на филиграни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филигранство и изработка на филиграни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:53


Изменето од Valerija - 05.Март.2015 во 09:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:12

Во последно време во Скопје се појавија неколку само-организирани уметнички души, кои својот повик го најдоа во изработка на необични форми на филигрански накит.

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-01

Филигранот во Македонија има историска традиција и бил многу ценет во минатото, но како што гледаме и денес.

Филигранската уметност е една од најстарите и најубавите уметнички форми создадени од страна на човека. Нејзините величествено обработени и фино испреплетени жицисвојата шема на замрсената сложеност повеќе ја наоѓаат меѓу природниот свет на виновата лоза, отколку во онаа на накит изработен од човек.

Комплексноста на пресвртот и на мајсторството на ткаењето на сиот тој нежен метал, го воведува елементот на простор во она што всушност би било цврст предмет. Овој уникатен аспект е, всушност онаа суштинска нишка, која го одвојува филигранството од сите други видови накит.

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-02

Уметноста на создавање филигрански накит, која се состои од цврсто свиткување на фино сребро за да се создадат прекрасни складни облици, бара часови концентрација, но и особен истанчен вкус, чувство за необични креации и најважно, љубов кон оваа стара уметност.

Дијана Тодоровски со својата умешност предизвикува восхит на Фејсбук со својата страница Добро ми Стои.

Накитот го изработува во работилница во старата чаршија кај мајстор Андан Рамдани, а уште како курсист бележи значителни пофалби од колегите и посетителите на нејзината Фејсбук страна.

Во продолжение погледнете ги прекрасните изработки на оваа талентирана и млада артистка:

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-03

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-04

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-05

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-06

moden-predlog-nakit-vo-koj-se-spojuva-tradicijata-i-modernata-umetnost-07

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 22:59
 

Изменето од bijonse1 - 16.Декември.2013 во 23:03
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:54
Кујунџиство/филигранство
Кујунџиството, односно филигранството се наоѓа во криза – изумирање. Накитот е културно наследство, подвижно богатство и сигурност, поточно – дава слика за историско-културното минато.

Кујунџиството е уметнички занает. Всушност, кујунџиството е група занаети, бидејќи него го сочинуваат следните четири гранки: кујунџии со лиење и исчукување предмети, филиграни, златари и џеварџии.

Кујунџиите со лиење и исчукување изработуваат предмети за сакралните објекти (цркви, манастири, параклиси), за стопанството и за домашна употреба.

Џеварџиите, кои уште се викаат јувелири, изработуваат предмети и украси исклучиво со скапоцени камења. Најприсутни се филиграните и златарите, кои изработуваат метален накит од сребро, злато и алпак (никел, легура) со различни техники. Накит изработуваат и кујунџиите со лиење.

За филигран е потребно најчисто сребро од илјада карати. Тоа се добива со рафинирање (калење) на сребро од послаб квалитет. Среброто од 1000 карати се вика ќулче.

При изработувањето на накитот се применуваат бројни операции, меѓу кои: белење (процес при кој сребрениот накит се чисти, светнува), вурцисување (чистење, гланцање), златење (процес при позлатувањето), калапење (процесот за правење калапи за лиење), калење (пречистување на среброто за од повеќе карати да се добие одреден карат), м`скалисување (гланцање), поткојување (процес при кој на разни монети им се става алка за да можат да се носат како накит), стружење лем (претворање на лемот во прав), сучење тељ (процес при кој две жици се спојуваат во една) и др.

- Најраспространета техника на украсување е со плиток рез и гравирање;
- Техниката гранулација била позната уште во третиот милениум п.н.е., а своето совршенство го достигнала кај Етрурците меѓу VII и VIII век п.н.е.;
- Емајлот е стаклена прашина и се става над среброто и се пече, а потоа се рамни;
- Ниело е вид на паста што се добива од мешавината на бакар и сребрени сулфати и со печењето добива интензивна црвена боја. Пастата се нанесува на изрежаната површина и се пече, по кое се бруси и се полира предметот;
- Саватот се употребува како ниелот, но тој е смеса од органски материи;
- Декоративни орнаменти со помош на киселина се прават на тој начин што преку намачканиот предмет со отпорен лак или со восок се изрежува цртежот и над него се нанесува киселина. Нагризувањето со киселина се вика ецување;
- Неплеменити метали често се украсуваат со сребрена и златна жица на тој начин што предметот со соодветната жица се загрева, а потоа се полира. На ваков начин се украсува оружје, сабји, ножеви и сл. Оваа техника се вика тауширање или дамаскирање;
- Техниката на ставање/лепење на скапоцени камења на површината од племенити метали се вика инкрустација;
- Апликација е техника со која од тенко сребрено/златно платно се изрежува сакан орнамент, а потоа се аплицира/лепи на одредената плоча. Има и други техники, но најмногу употребуваните се наведениве, а најважната е филигранот.

Китењето е старо колку што е старо и човештвото. Меѓутоа, накитот како професионална дејност е од подоцнежниот период на човечкиот развој. Изработувачите на накитот, кујунџиите, не се случајни, туку талентирани, инвентивни луѓе и тоа не од поново време, туку од памтивек.

Во минатото, патот до мајстор кујунџија бил долг. Занаетот се учел од 8 до 15 години. Морало да се мине најмалку 4 години во статусот чирак, исто толку и калфа (помошник на мајсторот), па да се стане мајстор.
Најчесто кујунџиството минувало во наследство, се пренесувало од поколение на поколение.
”Виновникот” за пренесувањето на кујунџиството од поколение на поколение е феудализмот. Имено, феудалецот на својот посед имал и кујунџија кој морал едно од своите машки деца да оспособи за својот занает. Феудалецот имал и златари робови, па кога го продавал имотот на друг феудалец или на манастирите, го продавал заедно со целиот персонал. На овој начин од колено на колено се пренесувале и сите алати, начинот на работењето, разните техники и тајните во изработката на предметите до кои се дошло. Тајните единствено се пренесувале на свој човек, а не и на било кој друг кандидат што го учи занаетот. Туѓиот човек морал да ”краде” од занаетот на мајсторот, во што успевале оние кои биле најинтелигентните, најснаодливите.

Не е едноставна работата на кујунџијата, туку тешка и креативна. Потребна е голема умешност и трпеливост при изработка на накитот и другите изработки. Посебна одлика на врвното филигранство/златарство е во тоа да не се познава лепењето на елементите кај соодветниот предмет, без разлика колку од нив ги има. На еден предмет се работело долго, дури со години, но тоа се ценело и скапо се плаќало.

Најголем процут кујунџиството во Македонија има во средниот век, достигнувајќи кулминација во XVIII век и во првата половина на XIX век.

Занаетчиите, посебно кујунџиите, имаат голем придонес во економскиот развој на Македонија. Меѓутоа, со навлегувањето на машино-фабричките готови производи, нагло опаѓа кујунџиството. Сериските производи се поевтини отколку што чини само материјалот за нивно изработување од кујунџиите. Опадна и економската моќ на населението. Веќе стана луксуз носење накит од кујунџиска изработка. Наоѓајќи се во таква незавидна положба од втората половина на XIX век до 1944 година, повеќето кујунџии ставија катинари на своите дуќани, преориентирајќи се на други дејности или заминаа на печалба во туѓина. По 1944 година пак, се доупропасти кујунџиството. На својот занает, односно на занаетот на своите претци останаа само најтврдоглавите, па затоа денеска има само по еден (во најсреќен случај неколкумина) или ниеден кујунџија по градовите. И тие што останаа повеќе се крпачи, отколку кујунџии. Всушност, денеска има прилично фирми на филиграни и златари, но во својата суштина тие се трговски, а не творечки дуќани.

Денеска, во преориентацијата на општественото уредување, се зборува за оживување на кујунџиството, како и на другите занаети, но за тоа е многу доцна. Нема подмладок. Кај ниеден мајстор нема ученик, а своите деца ги отстранија од тој занает за да не го доживеат тоа што го доживеаја тие во првата деценија по 1944 година. Врвните мајстори што останаа, главно, се занимаваат со филигранство, бидејќи златари не можеа да бидат сите. Меѓутоа, последен момент е да се стори нешто за возобновување, односно наново заживување на македонското кујунџиство со соодветни општествени олеснувања и стимулативни мерки, а посебно со начинот на образование на стручни кадри.






Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 00:45






Изменето од evangeline - 11.Март.2014 во 10:52
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 20:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 11:27



Изменето од Valerija - 11.Март.2014 во 11:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 15:02


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 15:04


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 15:14

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 15:17


Изменето од Valerija - 05.Март.2015 во 09:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 15:21






Изменето од Valerija - 07.Ноември.2014 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 15:24


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2014 во 08:33

Добро Ми Стои: Деликатен филигран за уникатна модна приказна


Дамите се ненаситни на тема накит. Едноставно никогаш не е доволно, особено кога погледот е фиксиран на неповторливи парчиња кои го кријат во себе духот на традицијата, но истовремено пленат со модерни форми.

Филигранот, како комплексна и префинета техника за изработка на накит, непрекинато восхитува. Во минатото со рачно изработениот накит се украсувале македонските домаќинки, но исто така и градските госпоѓи од поблиското и подалечно опкружување низ целиот Медитеран. Филигранот бил многу ценет и популарен во прочуените центри како Цариград, Дубровник, Венеција и Фиренца.

Дијана Тодоровски е дел од новиот бран на креативци чија пасија е филигранството. Работејќи во неколку маркетинг агенции и шетајќи низ половина Европа, па сè до Австралија, таа го најде внатрешниот повик во рачна изработка на сребрен филигран инспириран од италијанската мода. Со имплементирањето на нови техники и инкорпорирањето на полускапоцени камења, Дијана успева да ја привлече македонската жена која се стреми кон уникатност и негува почит кон традицијата. На Фејсбук страницата на „Добро Ми Стои“бројни обожавателки на неповторливиот накит ги искажуваат своите комплименти за сложените дела на Дијана.

ФилигранФилигранФилигран

Како и во повеќето уметнички дисциплини, така и кај филигранот, можеме да видиме спојување на источните мелодични форми со прозападниот сјај што произведува прекрасни композиции. Идејата на Дијана е да ги изрази и задоволи сите аспекти на женската континуирана потрага по истакнување на својот сензибилитет и индивидуалноста.

ФилигранФилигранФилигранФилигранФилигран



Изменето од Valerija - 07.Ноември.2014 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.