IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Филигранство и изработка на филиграни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филигранство и изработка на филиграни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2015 во 12:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2015 во 12:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2015 во 20:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:32


Изменето од Valerija - 16.Октомври.2017 во 09:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2015 во 17:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2015 во 09:35

Филигран – уникатна уметност од сребрени нишки тенки како влакно


Меѓу сувенирите за спомен од престојот во главниот град или во некој од туристичките места низ земјава, странците се’ почесто приоритет им даваат на изработките од филигран.

Велат дека е тоа она што најмногу ги асоцира на културното и историското богатство на Македонија и на нашата традиција. И не грешат. Филигранот на нашиве простори се работи и опстојува со векови и слободно може да се каже дека важи за наш бренд, а датира од древни времиња. Според етнолозите, дури од пред 2.500 години пред нашата ера во микенската култура, потоа во етрурската уметност, па во античка Грција. Византискиот период, а особено владеењето на Османлиите, го засилува интензитетот на филигранскиот занает во Европа оти се сметал за омилена ориентална техника.

 
Филигранството е макотрпна работа која, освен дарба, бара трпеливост, многу љубов и креативна вдахновеност. Ова е занает на трудољубивите, упорните, на смирените и не трпи нервоза, не само затоа што бара прецизност и нежност во изработката на накит и други украсни предмети од сребрена жица, ами затоа што е тоа рачна пипава работа во која се вложува особен труд. Само така под прстите се оживува една од најстарите и воедно најубави техники на обработка на металите - филигранот, безвременски занает со богата историја, традиција и сложена техника.
 
Филигранскиот занает опфаќа работа од повеќе фази: подготовка на материјалот, топење на среброто, влечење на сребрената жица на машина, сè до создавање готов производ. Едноставно е вчудоневидувачки што се’ може да се изработи од сребрена жица. Не се тоа само обетки, белезии, прстени, ами и тепелаци, игли за коса, ѓердани, брошеви, бразлетни, пафти, колани, алки, пудриери, шишенца за мирис, кутии за накит, табакери, копчиња за манжетни, рачки за чадори, футроли за часовници, перодршки, сервиси за слатко, послужавници, чинивчиња, пепелници, вази, прибори за пишување, столни ламби, окови за икони, корици за верски книги, крстови, кадилници....  

Изработените модели се сопствена креација. Секогаш оригинална затоа што вдахновеноста на мајсторот филигран секогаш не е иста. Поради тоа се сметаат за уникатни уметнички ремек дела.
 
Вредна рачна изработка

 
Филигранот бил особено раширен во старомакедонското занаетчиство и како таков претставува наше наследство, кое во турско време станува една од најзастапените техники при обработката на накитот од сребро и од злато, или подобро речено во нивната уметничка обработка.
 
Бидејќи не постоеле мостри и шеми за изработка на мотивите, во изработката на филигранот до полн израз доаѓа индивидуалниот народен креативен дух. Секој мајстор ги комбинирал шарите и креациите на примероците онака како што ги замислувал, а добрите мајстори на филигранот биле познати надалеку и одлично платени за трудољубивоста во особената работа со која се занимавале.
 
Во однос на материјалите со кои се работи, има и сребрен и златен филигран. Но, се работи само сребрениот филигран оти е полесен за работа поради мекоста на среброто. Златото е покруто за работа, а со тоа и потешка е изработката на филигран од злато. Ахат, карнеол, оникс, канаташ, корал, бисер, седеф...сето тоа се користело за „украсување на украсот“. Им била припишувана магиска заштитна функција, но биле и симболи на моќ.
 
К*риозитет и убавината на занаетот е и во тоа што се работи речиси со истите алатки со кои работеле и старите мајстори филиграни низ вековите, што кај наследниците на занаетот создава чувство дека се дел од историјата на создавањето и продолжувањето на една културна традиција.
 
Од еден грам сребро, еден километар сребрена жица

 
Името на филигранството, е кованица од латинските зборови: филу (нитка, жица) и гранум (зрно). Мајсторите својот занает описно го претставувале како сребрен вез, односно везење со сребрена жица, во Македонија е вкоренето преку Византија. Меракот по златото и среброто турските големци за време на владеењето на овие наши простори го преименувале од филигранство во телкарство или кувенџиство, така што од 16 век ова име станува општо прифатено за именување на еден општествен слој, занаетчии кои биле и групите на побогатите луѓе на тоа време.
 
Потврда на овој битен социјален факт е и споредбата на градскиот со селскиот накит. Селскиот секогаш бил со послаб квалитет на материјалот – легури на сребра и филигранската обработка не била на естетско ниво на градските мајстори. Врвните кувенџии никогаш не работеле по урнек. Го следеле својот сопствен талент, неговата возвишена музика, а таквата посебност им носела и општествен престиж. Стручните книги за „уметничка обработка на благородните метали “ детално ја опишуваат и вештината на филигранството и воопшто техничкиот дел на „подготовка на материјалот“ врз кој понатаму се вдахнува уметничкото.
 
Имено, за добивање на филигранска жица прво се подготвува среброто, и тоа најчистото кое е воедно и најмеко, познато како ќулче (срма), кое се топи во графитно лонче наречено поте, потоа се разлева во правоаголен оловен калап со плитки вдлабнатини, а за да не се залепи среброто со калапот, калапот се премачкува со восок. Калапот се вика – узленик, јузленик или китар. Вака се добиваат сребрени ленти со дебелина од 8 до 10 милиметри. Кога лентите ќе се изладат, прво се растенчуваат а потоа се провлекуваат низ дупчињата на една правоаголна метална алатка позната под името срмачеш или сирт. На сиртот се наоѓаат дупчиња со различен пречник така што да може да се добие филигранска жица со дебелина од 1 до 0,25 милиметри. На овој начин, од еден грам сребро, може да се извлече жица со должина од еден километар!
 
Следното е што еден дел од жицата се чука со чекан и се добива сплескана жица „чарк“, а другиот дел од жицата се усукува и служи за пополнување на основата, па затоа е позната како полнетица.
 
Кујунџиски центри


 
Во Македонија филигранството својот процут го доживува во 18 и 19 век. За центри на филигранството се сметале Скопје, Дебар, Крушево, Битола, Прилеп, Струга и Охрид. Ѓорѓе Деребан, Поп Јосиф Каваев, Атанас Јанче Коркутовски, Игно Деребан... се само некои од имињата на мајсторите од Струга кои се прочуле и вон границите на нивниот вилает, а работеле се’ до средината на 19 век.
 
Последната филигрантска задруга во Македонија се наоѓала во Скопје. Се викала „Вардар“, и постоела од 1947 до 1958 година. Во неа работеле најдобрите мајстори филигранисти.

Од овој нивен период потекнуваат неколку вистински ремек дела на филигранскиот занает, меѓу кои пеперутката брош изработена од сребро, емајл во техника на филигран, потоа игла за коса во сребро со разнобојни стаклени каменчиња и позлата, брош – игла со сребрени корални зрна во техника на филигран, па тепелак изработен во сребро со корал и турски пари, разни филигрански алки и обетки со техника на патинирање...
 
Филигранот опстојува и во ранохристијанството и во Византија во периодот од 6 до 12 век и се истакнувал со високо квалитетни уметнички творби и обработка на материјалот. Во Европа, во текот на 10 и 11 век, особено се издвојувал ирскиот филигран, а бил карактеристичен со мошне компликуван систем на свиоци и јазли. Нордискиот филигран се одликувал со животинска односно со зооморфна орнаментика. Совршенството на филигранскиот занает е достигнат во Индија и Кина. Во Јемен и Сирија главни мајстори биле Евреи, а кај Турците, Татарите и Русите. Филигранот се работел по модел на византискиот – ќелијаст емајл. Општо земено, најголемиот процут на филигранството е во 12 и 13 век, обновен е околу 1800 година, а во народната уметност кај народите во Европа и во Азија се одржал до денес.
 

Конкретно во Македонија најголема стагнација филигранството како занает бележи од 1990 до 2000 година, под напливот на современото. За среќа, последниве години меѓу младите има заинтересирани за изучување на тајните на изработката на филигранот, техника со која во текот на вековите е изработуван прекрасен уникатен накит и украсни предмети на кои и денес им се восхитуваме. Тоа се пред се’ ентузијасти, почитувачи на традицијата и вљубеници во уметноста, на среброто и на изработките од него.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 12:42
Филигран

Филигран

Филигран

Филигран

Филигран
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2015 во 14:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.