IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - Како да направиш сапун
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како да направиш сапун

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како да направиш сапун
    Испратена: 11.Март.2014 во 00:21
Значи во неколку постови во оваа тема ќе објаснам колку што можам најпросто како може да направите Сапун во Домашни Услови,макар да поставката изгледа доста лесно но во основа сака познавање на процесот и барем малку искуство во гледање кога некој правел сапун.

Сапуните во основа преставуваат соли на масни киселини со:
- Натриум хидроксид(NaOH) при што се добива тврд сапун и 
- Калиум Хидроксид (КOH) при што се добива течен сапун

За да направите сапун потребно ви е прво Маснотија,каде под маснотија се подразбира маст животинска или пример некои видови на растително масло како,сончогледово,кокосово,маслиново и т.н.
Втора работа која е потребана е база или во народот познато како Жива или Каустична Сода а тоа е Натриум Хидроксид,ова се користи за тврди сапуни,додека за течни сапуни е потребен Калиум Хидроксид.

Трета работа е Вода,и најдобро е да користите дестилирана вода.

Потребен ви е и еден метален сад по можност од челик што не рѓосува со поширок дијаметар,затоа што процесот зависи од допирната површина на сите реагенси(маснотија или масло,лужина(NaOH,KOH),вода) кои се користат во процесот

И нешто за мешање,најдобро некоја дрвена лажица или од пластика.
Исто така потребни ви се и едни гумени ракавици,затоа што Натриум Хидроксидот е опасна хемикалија, и има силни нагризувачки својства.Исто така и препорачливо е да имате и некоја престилка.
За секој случај при рака имајте алкохолен оцет во близина,доколку некои делови од кожата дојдат во допир со Натриум Хидрооксидот за да го неутрализирате,или најпросто кажано да го измиете од кожата.
Доколку имате мали деца,најдобро е да ги тргнете или пак испратете ги кај баба им  и дедо имсреќа

Потребни ви се исто така и калапи во кои ќе го излиете добиениот сапун,може да послужат калапи со било каков облик,од дрво или пластика,или најпросто кажано како што се прават домашни колачиња во тие пластичните калапи,и тие може да се искористат во случајов.

Сите состојки за процесот Сапунификација(Добивање на Сапуни) ви се познати и знаете како изгледаат,освем Натриум Хидроксидот кој преставува бела лушпеста супстанција или пак во гранули а Калиум Хидроксидот е исто така со бела боја во вид на лушпи или гранули(малечки топчиња).

За изработка на сапуни постојат неколку постапки:Ладна постапка,Топла постапка,Крем сапун,Течен сапун и Глицерински сапун.
Сите ови погоре напишаните ќе се потрудам да ги објаснам во наредните постови.
За денеска толку.

Темата ќе биде затворена додека не ззавршам,за било кое прашање пишете ми по лична поракасреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 00:07
ЛАДНА ПОСТАПКА ЗА ПРАВЕЊЕ НА САПУН

Во овај пост ќе напишам како се прави сапун со ладна постапка на сапонификација.Сигурно погодувате дека помеѓу ладна и топла постапка разликата е во температурата и во времетраењето на процесот,додека состојките остануваат исти.

Кај Ладната постапка,температурата на состојките варира помеѓу 30-50 степени по целзиус,но самиот просец на сапонификација може да трае 3-6 недели.

Значи пред почеток спремете ги сите состојки со кои ќе правите сапун.
Значи Натриум Хидроксид,маснотии-во случајов за полесно ќе опишам процес со масла(Кокосово,Маслиново и Палмино),дестилирана вода,ракавици гумени,еден сад и ќе мешаме со Миксер(со тој дома што се мешаат теста за колачи и слично,заборавив во првиот пост да напишам),вага со која ќе ги измерите точните состојки и калап за излевање.

Прво го земате садот и ги одмерувате количините на масла што ќе бидат наведени на крајот од постот.Садот се загрева додека не се растопат заситените масла(Кокосовото и Палминото) и се добие температура од 30 до 50 степени по целзиус.
Во стаклен сад измерете го количеството вода и во посебен сад количеството на Натрумхидроксид.Потоа ставете го Натриумхидроксидот во водата,не обратно.

Маслата ги земате и полека во нив турете го водениот раствор на Натриумхидроксид,и содржината малку ќе се замати.Земете го миксерот и мешајте ја содржината 1-2 минути.
Содржината ќе стане матна и со кафеава боја поради почетокот на реакцијата на сапунификација,а исто така и миризбата ќе биде поинаква,нема да мириса на маслоата.
Продолжете со мешање уште 1-2 минути и смесата ќе стане како редок пудинг.
Во тој момент може да ставите додатоци како што се разни етерични масла за мирис или мелени билки за боја.
Содржината миксајте ја се додека не добиете вискозност како за пудинг и излијте ја во калапот.
Калапот покријте го со некоја полимерна фолија(најлон пример), и завиткајте го во крпа(за да не му студиголема насмевка Шала мала).
Во идните 24 часа ќе се изврши најголемиот дел од сапонификацијата,масата ќе се загрее,ќе стане како проѕирна,бојата ќе се интензивира и после падот на температурата ќе се врати во нормала.
После најмалку 24 часа може да го извадите сапунот од калапот.межутоа внимавајте,се уште постои опасност од Хатриумхидроксид па работете со ракавици.
После вадењето од калапот можете да го исечето сапунот во каков што сакате облик.
На крајот ставете со на собна температура во сува и темна просторија и повремено превртувајте ги облиците кои сте ги исекле.
Сапунот треба да зрее од 3-6 недели и постоа може да го употребувате.

Состојки кои ќе ви се потребни

Маслиново масло       360 грама
Палмино масло           270 грама
Кокосово масло          270 грама
Дестилирана вода     326,06 грама
Натриум хидроксид   125,62 грама




Изменето од fiks - 13.Март.2014 во 00:10
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 00:12
Може да пишувате коментари,али ве молам сериозни бидете
Благодарамсреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 00:52

Е како да бидам сериозна?
Јас да го правам ова дома, може да излезе нуклеарна бомба, наместо сапун голема насмевка

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 00:58
и откако ќе го направите сапунот
за што го користите највеќе...
за миење на раце... лице ....коса..перење ...?
и каков мирис има овој сапун ?
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 00:59
Не бе зошто бомба,ептен е едноставно,ова овде е како еден патоказ и целта му е да го поттикне некого да проба да направи сапун дома.

Ако некој се заинтересира може на интернет да најде еден куп материјали за ова,дури и видеа на ју туб има среќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 01:01
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

и откако ќе го направите сапунот
за што го користите највеќе...
за миење на раце... лице ....коса..перење ...?
и каков мирис има овој сапун ?
 

Значи Сапун како тие купечките е,немаш никаква штета од него освем што може како и секој друг кожата малку да ја суши и ништо повече.

За мирис сама ќе си одредиш,какво етерично масло ќе му ставиш така ќе си мирисасреќа

За све можеш да го користиш,за миење раце,коса и перењеда
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:38
Постапка за правење на сапун со лимон

Во рачно изработените сапуни нема алкохол, адитиви и конзерванси.

Во светот на козметиката, сапуните од полиците во продавниците ги избуткаа речиси сите купки и гелови за бањање. Сепак, квалитетот на домашните, рачно изработени сапуни, секогаш доаѓа до израз, бидејќи во нив нема алкохол, адитиви, конзерванси, па шансите да предизвикаат алергии или лупење на кожата се минимални…Покрај тоа, имаат “шарм”, мирисаат убаво и од нив се чувствувате добро.

Направете го својот сапун со лимон, а тоа воедно може да биде и одличен подарок за вашите пријатели.

Како база потребни ви се само сапун од козјо млеко, етерично масло од лимон, како и изрендана кора од четири лимони.

Исечете ги на коцки сапунот од козјо млеко, загрејте во микробранова на 30 секунди или во метален сад на шпорет, додека сапунот не се растопи, односно да премине во течна форма. Потоа, додадете етерично масло и кора од лимон и добро помешајте.

Смесата ставете ја во саканите калапи и оставете да се зацврсти (најмалку 60 минути).



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:55

Направете сами ароматичен сапун од маслиново масло


Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни.

За да направите ароматичен сапун за раце, потребно ви е само маслиново масло и остаток од вашиот стар сапун. Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни.

Потребни состојки: 1/2 кг остаток од истрошено парче сапун, 2 лажички дестилирана вода, лажичка глицерин, пола лажичка етерично масло од цимет и масло од сладок портокал и маслиново масло.

Подготовка: Иситнете го сапунот, ставете го во голем сад, додадете ја водата, глицеринот, етеричните масла и добро промешајте. Додадете маслиново масло, но не претерувајте со количината за да нема јак мирис. Садот покријте го со чиста кујнска крпаи оставете да отстои десетина минути, додека не омекне за да можете да го обликувате. Колку е сапунот поста, толку побрзо ќе омекне. Потоа смесата обликувајте ја по желба, а најлесно е да правите форми од топчиња. Кога ќе завршите, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат ден или два за целосно да се стврднат.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2014 во 23:02
Originally posted by fiks fiks напиша:

Состојки кои ќе ви се потребни

Маслиново масло       360 грама
Палмино масло           270 грама
Кокосово масло          270 грама
Дестилирана вода     326,06 грама
Натриум хидроксид   125,62 грама



Како што знам во минатото наместо Натриум хидроксид ставале сол.
Ќе го биде ли рецептов со обична сол збунетост
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2014 во 23:22
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:


Originally posted by fiks fiks напиша:


Состојки кои ќе ви се потребни

Маслиново масло       360 грама
Палмино масло           270 грама
Кокосово масло          270 грама
Дестилирана вода     326,06 грама
Натриум хидроксид   125,62 грама




Како што знам во минатото наместо Натриум хидроксид ставале сол.
Ќе го биде ли рецептов со обична сол збунетост


,,,,ni pod razno da ne si ni pomislila da stavaš sol kako zamena za odredeni sostojki vo recepturata,,,od p,rvut ne ke možeš da se oslobodiš,a zgora na se kožata na skalpot ima da ti bide ko gjon,,,,:),,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2014 во 23:24
па ова е за сапун, не за шампон изненадување
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2014 во 23:29
,,,pa da de za sapun zboruvame,,,ne ke da e lošo malku pepel da staviš,,,,,zaboravi ja solta,,, ,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2014 во 21:40
Ја запоставив темава, ќе треба да допишам тоа што требашеголема насмевка 
Полека Габи, не оди тоа така.

За да се оствари процес на сапунификација потребна ти е база или Натрриум - Калиум хидроксид.
Со сол место база не можам да сконтам што би добиле, ама сигурен сум дека сапун не, може нешто друго, ама колку што знам хемија, не гледам како би реагирала солта ( натриум хлорид  NaCl )  со масна киселина...ќе проверам и ќе ти кажам.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.