Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Renatax
Сениор
Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Магијата на пролетта, инспирација за патување Испратена: 14.Април.2019 во 13:11 |
За мене секое годишно време е инспиративно за патување,само што дестинацијата ја одбирам според моменталното годишно време. Ахх тие патувања,никогаш доста од нив...
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2017 во 15:02 |
Прага
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2016 во 07:56 |
МАГИЈАТА НА ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШОВИ ДРВЈА ВО ПРОЛЕТЕдна од најубавите работи во пролет е цветањето на црешовите дрвја. Има посебна магија која ја носат овие розеви цветчиња, кои не тераат да ја сакаме пролета за степен повеќе. Скопјаните уживаат во црешовите дрвја на улицата Максим Горки, нема човек кој не ја изодува оваа улица намерно во пролет, да впие барем грам од пролетната магија. Црешовите дрвја ги има низ целиот свет, а сите ја препознаваат нивната убавина која трае кратко. Јапонците во нивна чест имаат Sakura Matsuri или Фестивалот на расцветаните црешови дрвја. а ова се најубавите овогодинешни фотографии од расцветани јапонски црешови дрвја. Уживајте.
Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
marchi.be
Нов член
Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2016 во 14:37 |
Магијата на пролетта, инспирација за патување....Велс,Јапонија,Јужноафриканска Република....dajte nesto nase,poblisku poeftino,idea za patuvanje vo nasata drzavicka...
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 17:07 |
Лезбос, ГрцијаБон, ГерманијаТунелот на љубовта, РоманијаТунел Вистерија, ЈапонијаВаленсија, ШпанијаСтокхолм, ШведскаПелопонез, ГрцијаКулинан, Јужноафриканска РепубликаПорто Алегре, БразилТунелот СаК*ра, ЈапонијаТајванГрафтон, АвстралијаПоситано, ИталијаСавана, ЏорџијаКјото, ЈапонијаТунелот на љубовта, УкраинаПреторија, Јужноафриканска РепубликаБамбусова шума, ЈапонијаВелс
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2016 во 08:25 |
1. Меделин, Колумбија
2. Фурано, Јапонија
3. Маркеш, Мароко
4. Кејп Флорал Кингдом, Јужна Африка
5. Пустина Аризона-Сонора, Аризона
6. Кеукенхоф, Холандија
7. Тоскана, Италија
8. Чијанг Мај, Тајланд
9. Крестед Бут, Колорадо
10. Живерни, Франција
11. Кауај, Хаваи
12. Мајнау, Германија
Изменето од Valerija - 07.Март.2016 во 08:27
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Март.2015 во 05:20 |
|
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Март.2015 во 05:00 |
БОН, ГЕРМАНИЈАБон е местото каде Европјаните го имаат својот пандан на азискиот Фестивал на цутење на вишните. Расцветаните дрва формираат неверојатен тунел долж авенијата.
РЕГИОНОТ ПАЛУЗ, ВАШИНГТОН СТЕЈТ, САДНеверојатната глетка е сочинета од пространите полиња со жито и репка. Константните промени на осветлувањето и боите придонесуваат овој регион да биде омилена мета на фотографите на пејзажи. ОКРУГОТ ХВАНСУН, ЈУЖНА КОРЕЈАГлетката на езерото Серјанг Џе во пролет е едноставно магична. Дрвата цветаат во разни бои и се рефлектираат на површината на кристално чистата вода на езерото. Дополнителна доза убавина се и полињата со зелен чај околу езерото, но и низ целата област. ПРОВЕНС, ФРАНЦИЈАЕден од најпопуларните региони во Франција. Во лето е премногу топло и има премногу посетители, па најдобро е да го посетите во пролет. КАСТЕЛУЧИО, УМБРИЈА, ИТАЛИЈАОваа не толку позната, но фасцинантна дестинација се наоѓа во срцето на Италија, на Апенините. Скијачите ја обожуваат за време на зимата, но на пролет областа ја покриваат илјадници и илјадници цвеќиња.
Изменето од evangeline - 31.Март.2015 во 05:19
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Април.2014 во 14:18 |
Central Park е едно од најубавите места кои не смеете да ги одминете или да не ги посетитете некогаш. Тоа е срцето на Њујорк. Таму се сите љубовни воздишки на градот, над 400 снимени филмски сцени, многу насмевки, забави и дишење со полни гради, малку подалеку од метежот и брзото темпо на улиците. Прекрасен е да се посети во секое годишно време. Таму е најубава есента, бидејќи и дождот и паднатите ливчиња поинаку изгледаат и шушкаат. Но, пролетта е посебно доживување. Кога сета природа се буди, се расцветуваат крошните на црешите, се раззеленува тревата, магијата на Central Park целосно ве обзема.
Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Април.2014 во 21:53 |
Цвеќиња во пролет: Опојни мириси низ целиот свет
Изменето од Valerija - 11.Април.2014 во 21:54
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Април.2014 во 08:24 |
Еден искусен фотограф неодамна решил да ја сподели магијата на Јапонија во пролет со целиот свет. Се прашувате зошто токму Јапонија?
Секоја година, почетокот на месец април во Јапонија е поинаков. Да, сончевите зраци се будат како и во остатокот од светот, но она што пролетта ја прави единствена во оваа земја, се светло розовите цветови од црешите. И токму поради нив пролетта во Јапонија е прекрасна, нереална, романтична. Поразлична од било кое место во светот. Градските улици се преплавени со нежно розови цветови, отсјајот во водените површини добива потполно нова димензија, а парковите се претворени во рајски градини.
Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2014 во 21:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 16:55 |
Кои европски метрополи се најубави во пролет? |
Пролетта е најубаво годишно време - се’ е шарено, весело и расцветано. И иако сме сигурни дека секој ужива во својот град во пролет, некои европски метрополи се поубави од другите. Еве кои дестинации се идеални доколку сакате да ги доживеете во најубаво светло за време на пролетта, според весникот Huffington Post. АмстердамХоланѓаните се гордеат со своите полиња со лалиња кои на пролет ја отсликуваат целокупната природа на оваа земја, нудејќи им на туристите преубави пејсажи кои сосема сигурно заслужуваат да се најдат на метата на нивните објективи. ЛисабонГлавниот град на Португалија во пролет сјае со топлата клима и преубавите бои кои ги обојуваат тесните улички. Совршен е за сите оние кои се во потрага по пејсажи како од бајките. БудимпештаБудимпешта е позната како пристапна семејна дестинација. Градот нуди многу термални бањи, интересни пабови и пост-комунистички шмек кој се’ уште привлекува многу туристи. РигаДлабоко врежана во европската историја, Рига е синоним за класична музика, елеганција и историска архитектура. Изгубете се во улиците во текот на пролетното утро и задолжително посетете го средновековниот центар на градот. КопенхагенСо пролетта во Копенхаген почнуваат и разните изложби посветени на дизајнот и архитектурата, кои сигурно ќе ви ја поттикнат фантазијата и ќе ви дадат многу идеи кои можете да ги искористите во сопствениот дом по враќањето. БелградВо Белград зградите од времето на комунизмот стуткано се кријат помеѓу модерните архитектонски зданија. Градот нуди богата дневна програма, но и возбудлив ноќен живот, како во центарот, така и на реките. ДубровникДраматичниот далматински брег има свое крешендо – прекрасниот Дубровник! Наречен „бисер на Јадранот“, градот го опкружува кристално чисто море и планински врвови. Има и богата историја и византиска архитектура. МатераКамените хаотично нафрлани населби го дефинираат овој град, во кој ветерот на мир го дефинира начинот на живот на улиците на Матера. Станува збор за еден од најстарите населени градови во Италија. ВиенаДомот на музиката на Моцарт, Бетовен и Штраус, главниот град на Австрија со причина се фали со својата архитектура и драматичните куполи, но и со богатиот културен живот. МонтреОваа атрактивна швајцарска ривиера својата полна убавина ја доживува токму во пролетта, кога температурите растат и се’ наоколу почнува да цвета. Прекрасната околина на Монтре е составена од Алпите, чистото Женевско езеро и прекрасниот врв покриен со снег, Мон Блан. |
Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:54
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2014 во 17:10 |
Tоронто
Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:53
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|