![]() |
|
DIY-Mодни декорации и козметички средства |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 13> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направи сам: Ланче со бисериАксесоарите кои ги носиме не мора секогаш да се купени од продавница. Некогаш можете да експериментирате и да направите сами нешто ново и уникатно. За да го направите ова ланче потребно е:
Измерете колку материјал ви треба, со тоа што треба да планирате дел и за позадината од која ќе врзете машничка. Вденете ја иглата и еден по еден нижете ги бисерите помеѓу кои ќе стои материјалот. Зашијте на крајот и имате ново ланче Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направи сам: ракавици скроени по ваш терк
Чувството да имаш себе креација што сам си ја создал, е неповторливо. Така ќе бидете единствени и ќе уживате во многу комплименти за уникатното дело. Дури и да не сте вешти со ножиците и иглата, денес ќе ви објасниме како сами да ги трансформирате старите ракавици во нови или на обичните нови ракавици да им дадете сопствен печат. Потребни состојки: Еднобојни ракавици, ножици, игла, конец и декоративни елементи, украси, панделки, копчиња, бисери или монистра, во зависност од вашите потреби, замисли и желби.
Прво исечете ги прстите на ракавиците, а потоа, горниот дел од исечените прстите свијте ги навнатре и зашијте го за да создадете раб, како ракавиците во иднина не би се разресиле, ако добро маневрирате со машина за шиење, изработката ќе виде пофина. Ако пак, немате добри шивачки вештини, тогаш можете да купите ракавици на кои прстите им се веќе исечени.
Следува последната фаза, онаа најкреативната, декорирањето на ракавиците. Во продолжение еве неколку начини и идеи како можете да ги украсите вашите ракавици. Следете го вашиот стил, внимавајте декорацијата да ви биде во согласност со бојата на вашата гардероба, фантазирајте, отворете неколку интернет страни видете ги предлозите таму и одлучете која варијанта е најсоодветна за вас. Среќно!
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направете сами: торба за на плажа која не собира песокЛетото е период од годината, во кој сите мечтаеме да ни исчезнат обврските, за да можеме да отидеме на плажа и да уживаме додека сонцето нè разгалува и топли, а водата нè освежува. Единствена мана, е тоа што кога сонцето ќе зајде и ќе се упатиме кон сместувањето, целиот песок од торбата за на плажа, го пренесуваме внатре. Блогот „Between the Lines“
нуди решение на тој проблем, со мрежестата торба за на плажа, која
многу лесно можете да ја сошиете сами, ќе ви трае речиси засекогаш и
драстично ќе го намали количеството песок кое ќе го донесете дома од
плажата. Едноставно само протресете ја кога ќе си заминувате од плажа.
Плус, поради циркулацијата на воздухот, ќе ви се сушат и мокрите пешкири
во неа. Генијална е! Потребни материјали:
Составување на џепчето1. Од мушамата исечете:
2. Најпрво на двата краеви од патентот зашијте мали парчиња памучен материјал за декорација. 3. Потоа
превиткајте го големото парче одоздола, за да се соединат рабовите на
малото и големото парче. Со конец затворете ги двете странични рабови на
0,5 сантиметри од крајот на мушамата и врз нив сошијте украсна трака.
Врвот на џепчето нема потреба да го шиете, бидејќи тој ќе биде зашиен за
внатрешниот раб на чантата. Составување на торбата4. Главни рабови –
На пократката страна од комарникот, подвиткајте 3 см од работ, а потоа
превиткајте уште еднаш во дупло. За да не ви бега мрежата, придржете ја
со спојувалки и притиснете го работ убаво, со некој потежок предмет.
Сошијте го работ и повторете ја постапката кај другиот пократок раб, но
не заборавајте убаво да го центрирате џепчето, пред да го зашиете за
работ. 7. Изработка на стабилизаторот за дното – За
да го изработите дното, исечете две еднакви парчиња од мушама, еден
сантиметар пошироки во сите страни од парчето картон, тенката пластика
или дрвото што го имате најдено. Сошијте три страни, оставајќи ја едната
куса страна несошиена и потоа превртете ја мушамата од лице и вметнете
го внатре дното кое сте го обезбедиле. Потсечете ги малку четирите агли
од правоаголникот, за да може убаво да легне дното во торбата. Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 18:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денес ќе ви покажеме како сами да направите уникатна цветна нараквица, која може да ja носат невести, деверуши, матурантки и сите оние девојки кои сакаат цвеќе. Она што ви е потребно за да ја направите оваа нараквица е цвеќе, гранчиња, жица, украсна лента, лепило и две парчиња картон исечени кружно со дијаметар од 2 см. На парче картон нанесете лепило и залепете го гранчето и цветот. Оставете да се исуши. Украсната лента намотајте ја околу жицата и залепете ги краевите за жицата. Со другото парче картон прицврстете го и букетчето за да не падне под тежината. Подолу ви нудиме пример на нараквица со ружа, а можете да употребите и било каков друг цвет. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направете сами сандали според моделот на Џузепе Заноти Доколку немате доволно финансии за да си дозволите модел чевли од Џузепе Заноти, сепак не треба да се разочарувате. Постои идеално решение за овој проблем! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Откако ќе се исушат спрејот и лепакот, ќе имате нов пар сандали кои одлично ќе се вклопат во аутфитите за претстојната пролетна сезона. ![]() ![]() ![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направете сами: едноставни домашни маски против акниЛицата кои имаат проблематична кожа заради акните се во постојана потрага по производи кои можат да ги ублажат нивните симптоми или да ги прекријат непријатните црвени дамки. Освен што постојат многу козметички препарати, на располагање ви се неколку намирници кои ве чекаат дома, во фрижидерот или на некоја од полиците во кујната. Маска од овесОвесните снегулки се користат за ублажување на црвенилото предизвикано од акни и за смирување на кожата. Се мешаат две супени лажици овес со неколку лажици вода додека не се добие кашеста смеса. Пробајте да ја додавате водата постебено за да не стане премногу ретка. Лицето темелно исчистете го, нанесете ја овесната каша и оставете да делува 25 минути. Измијте го лицето со млака вода и избришете го полека со нежно тапкање на пешкирот. Маска со доматиБлагодарение на доматите (кој е вистински „рудник“ на антиоксиданси), ќе имате тен кој зрачи од топлина, а истовремено ќе се ослободите и од масните наслаги на површината на кожата. Излупете ја кората од доматите , изгмечете ги и додадете една супена лажица лимонов сок. Добро промешајте ја смесата и нанесете ја на лицето. Оставете да дејствува додека не се исуши. Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 14:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Домашен пилинг од цитрон за кожа без брчки![]() Потребни состојки: 1 чашка шеќер 1/4 шолја маслиново масло 2 лажици сок од цитрон Подготовка: Измешајте ги состојките, натопете ги прстите со вода и потоа нанесете ја смесата на лицето со масирање и тријте две минути. После тоа, исплакнете со топла вода. Забелешка: Доколку имате чуствителна кожа или исекотини на вашето лице, не би требало да го испробате овој пилинг, бидејќи е можно да дојде до иритација. Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 14:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Постојат неограничен број на маски кои ги чуваат нашите мобилни телефони во секој момент кога постои голема опасност од оштетување. Но, зошто маската да не биде ваша уникатна декорација и препознатлив белег? Постојат голем број на идеи и начини едноставната маска да ја претворите во уметничко ремек - дело. Користете многу материјали и бои на кои не можете да им најдете друга намена и започнете ја оваа креативна авантура. Ова се најдобрите идеи кои може да ги направите за само неколку минути... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Усните се доста
чувствителен дел од лицето во екстремни временски услови како многу
ниски или пак, многу високи температури. Заради тоа, тие треба
одвреме-навреме да бидат негувани со посебни третмани и пилинзи за да се
излупи застарената кожа и тие повторно да бидат меки и нежни.
Усните се доста чувствителен дел од лицето во екстремни временски услови како многу ниски или пак, многу високи температури. Заради тоа, тие треба одвреме-навреме да бидат негувани со посебни третмани и пилинзи за да се излупи застарената кожа и тие повторно да бидат меки и нежни. Ние ќе ви покажеме едноставен начин како да направите ваш, органски пилинг за усни со помош на неколку состојки кои воопшто не се тешки за набавување. Она што ќе ви треба е :
1. Осигурајте се дека густината на кокосовото масло е доволно дебела за да се нанесе на кожа, но и доволно мека за да може да се земе со лажица. Доколку маслото е премногу мрсно, ставете го 10-20 минути во фрижидер, а доколку е поцврсто, сместете го во топла вода 5-10 минути додека да подомекне. Искомбинирајте една полна супена лажица кокосово масло со една супена
лажица мед во чинијата. Покрај тоа што мириса извонредно, кокосовото
масло е многу корисна природна состојка за производи за тело и кожа. Тоа
содржи масни киселини и антиоксиданси кои ја навлажнуваат и негуваат
кожата, а додека медот содржи состојки кои чистат и регенерираат. 2. Измешајте ги двете заедно додека не добиете една и единствена густа смеса без грутки. Ова ќе служи како основа за пилингот. 3. Додадете две полни кафени лажички кафеав шеќер во основата и мешајте. Шеќерот не само што има фантастичен вкус, туку е одличен природен пилинг бидејќи не е многу груб и ја остава кожата мека на допир. 4. Додајте уште една кафена лажичка од кокосовото масло во смесата за да се омекне и да се навлажни уште повеќе. Префлете го пилингот во тегличка или мало кутивче.5. Пилингот кој може и да се јаде ќе трае до две недели доколку седи во фрижидер. Пред употреба, пилингот нека отстои околу 10 минути на собна температура за малку да омекне. Нанесете ја смесата со мали, кружни движења и правете го тоа 1-2 минути и избришете се со мека крпа.Сега имате сопствен пилинг за усни кои можете да го направите во секое време. Едноставно, нели? Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направете сами: Природна крема против брчкиЗа
жал, појавата на брчки е неминовна кај секој човек, а ова особено ги
погодува жените. Кога ќе се соочиме со нив, почнуваме да даваме силен
отпор користејќи различни креми, методи и козметички третмани. Но, дури и
најскапите креми не ни гарантираат забавување на овие козметички
несовршености, особено затоа што кожата брзо се навикнува на кремите и
не ги дава секогаш соодветните резултати.
Подготовка:
Изменето од Valerija - 07.Март.2014 во 10:36 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шест супер додатоци што можат да се направат од машка вратоврскаВратоврската која не ја носи вашиот сакан може да биде вашиот „Направи сам“ проект кој ќе го обожавате. Во продолжение погледнете шест врзи начини на кои што можете да ја претворите машката мода, во женско симпатично парче. Алка Чанта Крагња Брош Коктел фустан
Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 14:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |