IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2016 во 15:32

БРЗО И ЛЕСНО направете модерен фланелски шал со реси

Шалот освен што не грее, претставува и еден од клучните модни додатоци кои вашиот стил ќе го издигнат на повисоко ниво. И оваа година во мода ќе бидат карираните шалови од фланел кои можете да ги комбинирате со било кој стил.

2c4201b6511d09ad8bc0fd1289b9f8041

Ако веќе не сте набавиле еден, можете сами да го направите, а ние ви покажуваме и како.

Потребен материјал

2м фланел во саканата боја

кројачко метро

ножици

распарува

шпенадли

машина за шиење

flannel-and-fringe-chhose-some-fabric1

Фланелот исечете го по должината на половина така што ќе добиете две парчиња материјал со димензии 0,51 на 1,8m. Ќе добиете два широки шалови. Ако сакате потесно, исечете ги овие половини повторно по должината и ќе добиете 4 еднакви делови.

flannel-and-fringe-cut1

Со распарувачот извлечете еден конец од краткиот раб, така што ќе добиете реси со должина од 2cm.

flannel-and-fringe-pull-thread-with-seam-ripper1

flannel-and-fringe-scarf-get-comfortable1

Долгите страни свиткајте ги и закачете ги со шпенадли, а потоа користејќи машина за шиење зашијте ги рабовите и на тој начин порабете го шалот.

flannel-and-fringe-scarf-pin-edge1

И тоа е тоа! Ако ви остана вишок материјал направете повеќе шалови и подарете им ги на вашите најблиски.

flannel-and-fringe-scarf-after-31

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 22:07
upcycled-sweater-slipper-boots-collage

glove-tuorial-5
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 22:10

Направи сам: Слатка ташничка


Доколку ви треба ташничка за некоја пригода, а не можете да најдете, тогаш зошто и да не си направите сами?

Се што ви треба за да си направите сами ташничка е материјал во боја, тањир, дупчалка, марама, ножици и рачка.

Постеле го материјалот, со тањирот обележете круг, исечете го, дупнете му дупчиња во кои ќе ја протнете марамата, заврзете ја, ставете ја рачката и ташната е готова.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2016 во 16:31

Направете сами: Уникатно ланче со бисери

Уникатниот накит не секогаш мора да го купите. Може да го направите сами, особено ако е едноставно за правење, како нашиот денешен предлог. Ланче со бисери во рок стил. Да, бисерите воопшто не асоцираат на рок стилот, но во ваква комбинација прекрасно се вклопуваат.

Потребно ви е:

– 2 синџири (еден пократок, еден подолг синџир)

– бисери

– големи шпенадли

Инструкции:

Закачете го помалиот синџир на поголемиот.

Вметнете ги шпенадлите во бисерите, свиткајте ги, прикачете ги на ланчето и убаво прицврсетете ги.

lance-so-biseri3

Ставајте ги бисерите и на двата делови од синџирот без притоа подготвена шема и на различна оддалеченост.

На ланчето може да додадете и друг метален приврзок, срце, клуч и слично.

lance-so-biseri4

lance-so-biseri1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2016 во 15:45

Направете сами: Балетанки на врзување

Се повеќе можеме да го почувствуваме крајот на зимата, и надоаѓањето на првите топли пролетни денови. Можеби е време да започнете да размислувате за времето кога ќе ги соблечете чизмите, и ќе ги ослободите вашите стапала во лесни, елегантни балетанки. Доколку се сметате себеси за девојка која не се плаши да експериментира со своите обувки, тогаш можеби оваа идеја за освежување на минатогодишните обувки е токму за вас.

Погледнете како брзо и лесно да создадете сопствен редизајн на вашите чевли.

Потребни материјали:

– обични (по можност еднобојни) балетанки
– кожни врвки
– направа за бушење дупки на кожа
– маркер

download (1)(2)

Подготовка:

1. На самата средина на балетанките пробушете дупка.

IMG_9559-1024x683

2. Низ неа провлечете ја кожната врвка. Потребно е краевите да ви останат еднакви на двете страни. Нив ќе ги провлечете низ нови две дупки кои ќе ги направите од двете страни на балетанките (како на фотографијата).

IMG_9561-1024x683

3. За уште подобар ефект, направете уште две дупки, вкрстете ги врвките, и продолжете нагоре кон глуждовите.

IMG_9610-1024x683

На овој начин ќе го добиете овој ефект на необични, кул балетанки, за кои со гордост ќе можете да кажете дека самите сте си ги направиле.

IMG_9570-1080x747

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2016 во 08:38

Претворете го стариот џемпер во модерно здолниште

Сигурни сме дека некаде во ормарот имате стара блуза или џемпер кој во изминатите две (илиповеќе години воопшто го немате облечено. Реалноста е дека нема ниту да го облечете. Наместо да ви зафаќа залудно простор, или едноставно да го фрлите, пробајте да му најдете поинаква намена. Денеска ви покажуваме како во некоку чекори можете да ја претворите старата блуза (џемпер) во здолниште.

Чекор 1:

Исечете ги ракавите и пределот околу вратот. Можете да се послужите со некое друго здолниште за да ги имате точните мерки.

Чекор 2:

Секако, потребни ви се две парчиња како би имале предна и задна страна. Потребни ви се и две парчиња памучен материјал за постава на здолништето.

Чекор 3:

Соединете ги горните рабови од џемперот и материјалот предвиден за постава и сошиете ги. Следете го праведот и надолу се додека не дојдете до долните рабови. На овој начин ќе го формирате здолништето.

Чекор 4:

Следниот чекор е посветен на ластикот кој има клучна улога во крајниот резултат. Потребно е да го задржи здолништето на вашиот струк или колкови, па така потрудете се да ја најдете правилната мерка за вас, и споете ги неговите краеви.

Чекор 5:

Потоа наместете го ластикот на внатрешната страна и сошијте го заедно со џемперот и поставата, така што сите три слоја се соединети.

Испеглајте ја и уживајте во вашето ново парче облека!

Изгледа фантастично, нели?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2016 во 08:09

Сошијте модерно здолниште во А крој


Здолништата се дефинитивно незаменливи и речиси и да нема припадничка на понежниот пол која не се чувствува женствено во нив. Постојат разни модели и кроеви така што може да најдете модел кој вам ви одговара.

Ако не, секогаш се тука вредните раце и малку волја потребни за самите да си го сошиете совршеното здолниште. Денес ви откриваме како да направите едноставно модерно здолниште во А крој од неопрен.

Потребни материјали:

  • 2,5 м. неопрен материјал со дебелина од околу 0,5 cm
  • хартија за кроење
  • молив
  • остри ножици
  • шпенадли
  • машина за шиење
  • игла и конец (во боја на материјалот)

Упатство:

На парче хартија за кроење исцртајте шаблон според дадените мерки. Доколку е потребно да го продолжите или скратите здолништето додадете или одземете неколку сантиметри од дадените 35.

Прецртајте го шаблонот на ткаенината и исечете онолку парчиња колку што ви се потребни. Ширината на потесниот дел кај половината е 10 cm. Измерете го обемот на половината и ќе го добиете потребниот број на парчиња ткаенина. Сепак, не заборавајте дека секое парче во процесот на спојување ќе изгуби по неколку сантиметри од двете страни, па и тоа пресметајте го во вашите мерки.

Откако ќе ги исечете парчињата ткаенина, спојте ги со шпенадли, а потоа зашијте ги со помош на машина за шиење или игла и конец.

Неопренот е растеглив па нема да ви бидат потребни копчиња или патент – лесно ќе го облечете здолништето и без раскопчување.



Изменето од Valerija - 15.Март.2016 во 08:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 16:28

Домашен дезодоранс од природни состојки

Разните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди.

Иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.

За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести.

Затоа, најдобро е сами да си направите домашен дезодоранс со одбрани состојки:

  • ½ шолја сода бикарбона
  • ½ шолја пченкарен скроб
  • ½ шолја кокосово масло
  • 20 капки етерично масло по избор
  • Тегличка за смесата, која е стерилизирана и сува.

Подготовка:

Помешајте ја сода бикарбоната и пченкарниот скроб во мал сад. Полека додавајте го стопеното кокосово масло, мешајќи додека смесата не стане погуста од паста, слична како лепило.

Додајте етерично масло по желба и добро промешајте. Ставете ја смесата во стерилизираната тегличка и оставете ја во фрижидер околу 1 час додека не се стврдне. Чувајте го домашниот дезодоранс на студено и суво место и нанесувајте секојдневно по малку под пазувите.



Изменето од Valerija - 22.Март.2016 во 16:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2016 во 18:58

Направи сам – чевли со чипка

Еден мал додаток на вашите чевли може многу да го промени нивниот изглед. Во случајов, чипка.

Овој период чипката е многу популарна и се додека е умерено застапена и со вкус во вашата гардероба, таа изгледа супер.

Еве што ви е потребно за да ги направите овие чевли:

– високи потпетици

– две исти парчиња чипка

– лепак за ткаенина

Единствено што треба да направите е да ја залепите чипката на чевлите и да почекате да се исуши.

Нели сега вашите потпетици изгледаат многу поубаво?

cipkani-cevli1

cipkani-cevli

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 13:51

Направи сам: Ланче од вратоврска


Како можете да ги искористите старите вратоврски и да направите прекрасно елегантно ланче кое можете да го носите во секоја пригода.


Што ви е потребно:

  • една вратоврска
  • шпенагли
  • игла и конец за шиење
  • пегла за алишта
  • бисери, копчиња

Инструкции:

Чекор 1: Плисирајте ја вратоврската и прицврстете ја со шпенагли за да го постигнете саканиот дизајн

Започнувате да ја пласирате вратоврската од покрупниот дел нагоре во зависност од тоа дали сакате редовите да бидат погусти или поретки и по секое превиткување зацврстувате со шпенагла. Процедурата се повторува додека да дојдете до средина на тенкиот дел на машната.

Чекор 2: Прилагодете ја големината

Овој чекор е многу важен бидејќи треба да знаете до каде да ја пласирате машната. Слободно ставете го ланчето околку врат да видите како ви стои. Не треба да ви биде премногу близу до вратот, туку дозволете да ви виси како ланче, на тој начин можете да го комбинирате со различни видови на маици и кошули.

Чекор 3: Шиење, пеглање и повторно шиење

Веќе сте подготвени да започнете да ја шиете вратоврската.

Слика 1 – Обидете се да најдете конец кој ќе одговара на бојата или шарата на вратоврската. Потребен ви е подебел конец од оние кои вообичаено ги користите бидејќи по пласирањето, машната станува доста дебела;

Слика 2 – Започнете со шиење на вашата машина за шиење со подебела игла (големина 18 која обично се користи за шиење на фармерки). Шиете на десната страна од машната која е во форма на полукруг;

Слика 3 – Одкако ќе завршите со шиењето со ножички пресечете го конецот и доколку има одстранете ги останатите кончиња;

Слика 4 – Свртете ја машната на задната страна и добро испеглате ја за да се прилепи и се задржи формата после шиењето. Пред да започнете со пеглање ставете чист бел материјал врз машната за ланчето да остане чисто во случај пеглата да остава некакви дамки;

Слика 5 – Доаѓа најинтересниот дел каде треба да ја вклучите вашата креативност во декоририрање на новото ланче. Можете да искористите бисери, копчиња, цвеќе, брошеви… На наредните неколку слики ви даваме повеќе идеи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 15:32

Од стара маичка до ново фустанче

Сте се запрашале ли некогаш што да правите со старите широки маички кои веќе подолго време не ги носите а не сакате да ги фрлите? Ви се допаѓа дезенот и материјалот и поради тоа сакате со нив нешто да направите а не знаете што.
На вистинското место сте бидејќи имаме одличен предлог за вас.
Секоја стара или пак нова маичка можете да ја претворите во летно фустанче. Како? Погледнете и прочитајте во продолжение и самите станете моден креатор.
Потребни ви се маичка и ножици.

На фотографијата се прикажани сите чекори кои треба да ги направите за да добиете фустанче.

Од стара маичка до ново фустанче, Od stara maicka do novo fustance, zivoten stil, napravi sam, maicka, fustance, stara maicka, novo fustance, животен стил, направи сам, маичка, фустанче, стара маичка, ново фустанче

Прво облечете ја маичката и обележете го местото каде маичката треба да се исечи (помеѓу градите и папокот) и исто ако ракавите се премногу долги и широки и нив можете да ги исечите, со што ќе добиете фустанче со прерамки.
Потоа слечете ја маичката, сечете ја на обележаните места и на горниот дел (слика под број 3) со ножиците направете не многу голем отвор.
На долниот дел од маичката на средината исечете линија со должина од 10 см. како што е прикажано на сликата под број 4.
Повторно облечете ја маичката која сега е во два дела и исечените делови од долниот дел протнете ги во отворот во горниот дел и убаво врзете ги.
За само неколку минути вашето фустанче ќе биде готово.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 18:47

Направете сами: Слатка и тренди чанта со крзно



Во последните неколку сезони плик чантите станаа голем тренд, а како што гледаме, долго време нема да ја напуштат модната сцена. Па, за да заштедите време и пари за нова тренди чанта, одлучивме да ви помогнеме да ја претворите старата чанта во нова слатка, оригинална и шик чанта со крзно, која ќе биде идеална за зимските денови што следуваат.

Во претходните неколку месеци, дизајнерите ни претставија нови колекции на аксесоари во кои доминираат различни модели на плик чанти, изработени од кожа, плиш и крзно. Кога станува збор за актуелната сезона, според нас најдобри се плик чантите со крзно, бидејќи тие одлично се вклопуваат со зимските модни комбинации. За да бидете оригинални и да се издвојувате од останатите, ви препорачуваме да ја освежите старата чанта со додавање на еден необичен детаљ – крзно!

Потребни материјали:
  • Стара плик чанта
  • Вештачко крзно (во зависност од димензиите на чантата)
  • Ножици
  • Маркер
  • Лепак за ткаенина
  • Дебела книга
Изработка:

Чекор 1: Ставете го крзното на тој начин што „лицето“ да биде свртено надолу.

Чекор 2: Ставете ја чантата (отворена) врз крзното и со помош на маркерот внимателно исцртајте го нејзиниот облик.

Чекор 3: Оставете ја чантата настрана и следејќи ја линијата на маркерот исечете го вишокот материјал. Откако ќе го исечете материјалот, проверете дали рабовите останале мазни.

Чекор 4: Прво аплицирајте лепак на работ од чантата, а потоа преминете на средишниот дел.

Чекор 5: Внимателно ставете ја чантата на крзното.

Чекор 6: Ставете подебела книга врз чантата и почекајте сè додека лепакот не се исуши.



Изменето од Valerija - 06.Април.2016 во 18:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 15:43
Направете мала ташничка по Ваш  вкус

Колку пати досега сте се нашле во ситуација кога за комбинација по Ваш вкус, Ви фали соодветна мала чантичка ?

Проблемот ќе го решите најлесно доколку работата ја земете во свои раце и сами изработите мала чантичка за Вашите излегувања или свечени прилики…

* За да започнете со изработка, потребна Ви е стара тоалетна чанта, која сигурно ја имате сместено во групата „ подзаборавени“ во Вашиот ормар.

* Од свила или вискоза, изработете брановидни парчиња и прицврстете ги на парче цврсто платно. Внимателно при изборот, потребно Ви е соодветно платно кое ќе одговара на чантичката која сте ја одбрале.

* Доколку Ви недостига, а имате одлична идеја како да ја украсите Вашата мала чантичка, побарајте некоја поевтина варијанта на мала чанта.

* Откако ќе ги прицврстите брановидните парчиња, како што е прикажано на фотографијава, за крај, прицврстете го и финалниот „ touch “ – бисерен брош.

* Боите и материјалот се Ваша одлука, во зависност дали сакате диско или рокерска варијанта.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2016 во 15:35

Направете природен дезодоранс без штетни хемикалии

Купечките дезодоранси можат да бидат агресивни за чувствителната кожа и да предизвикаат црвенило и иритација.Освен тоа, голем број дезодоранси содржат алкохол кој ги уништува бактериите и спречува нивно размножување, а со тоа ја неутрализира миризбата, но алкохолот исто така ја уништува кожата!

Природата ни нуди намирници со антибактериски својства кои ја извршуваат истата функција како алкохолот, а притоа не ја оштетуваат здравата кожа!

Погледнете како да го замените купечкиот дезодоранс со природен, кој не содржи штетни агенси.

Лиметата и лимонот имаат антибактериски својства. Притоа, нивниот мирис долго останува на кожата и дава чувство на свежина. Исечте го лимонот или лиметата на половина и протријте го пределот на пазувите.

Рузмаринот е уште еден природен производ кој може да ни помогне во елиминацијата на непријатната миризба.

Измешајте една лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб (густин), неколку капки маслиново масло и неколку капки есенцијално масло од рузмарин и ќе добиете природен дезодоранс.

Кокосовото масло претставува вистински дар од природата. Од него може да направите многу ефикасен и здрав дезодоранс.

Состојки:

3 лажици кокосово масло

3 лажици сода бикарбона

2 лажици шеа путер

Есенцијално масло по избор

Упатство:

Растопете ги шеа путерот и кокосовото масло на пареа. Потоа, додадете сода бикарбона. Кога течноста ќе се олади додадете есенцијално масло, ставете ја мешавината во истрошена кутија од дезодоранс во стик и оставете целосно да се олади и да се зацврсти. Втријте од дезодорансот пред да излезете од дома. Во допир со кожата структурата ќе се стопи како крема која лесно ќе ја нанесете на пазувите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.