IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: DIY-Mодни декорации и козметички средства
    Испратена: 17.Март.2020 во 22:11

НАПРАВЕТЕ САМИ СПРЕЈ ЗА СОВРШЕНИ ЛОКНИ 

    Витканата коса е совршена кога е убаво времето. Делува женствено и во комбинација со некоја летна облека оваа фризура е полн погодок. Веројатно сте забележале дека кога ќе излезете од море косата добива особено убави локни. Токму морската сол е заслужна за овој ефект. Таа ја прави косата цврста и и дава волумен и текстура. Поради неа локните се постојани и цврсти. Овој спреј ќе и го даде токму тој ефект на косата.

195771_shutterstock-786952564_ls

Потребни состојки: 

  • Кокосово масло
  • Гел алое вера
  • Морска сол
  • Зовриена вода

Подготовка:

Подготовката е многу едноставна и брза. Сѐ што треба да направите е да ги додавате во водата состојките една по една, па откако убаво ќе промешате, спрејот е подготвен за употреба.

Нанесете го на косата и потоа изгужвајте ја со рацете, за да го добие посакуваниот облик.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2020 во 22:06


НАПРАВЕТЕ САМИ: ДОМАШНА КРЕМА ПРОТИВ БРЧКИ






  • Се покажа доста корисно, домашното правење на креми против брчки, па затоа денес ќе ви откриеме како самите да влезете во улогата на специјалист и да си подготвите домашна крема против брчки која ќе ви биде од огромна корист. Брчките умеат да бидат доста незгодни па зошто да не ги нападнеме од сите страни?


    Кога е во прашање козметиката, постојат два типа на жени: Оние кои сакаат да екпериментираат и оние кои купуваат само проверени препарати.
    За сите оние кои особено внимаваат кога е во прашање козметиката за лице и сакаат да играат на сигурно и да користат само природни препарати, тогаш ова е токму за вас!

    Како да направите домашна крема против брчки?
    Всушност, воопшто не е тешко. Потребно ви е само малку добра волја и состојки од кујната.
    Помеѓу главните состојки спаѓа – желатинот. Тој исто така се користи и во козметичката индустрија за подготовка на многу видови на креми против брчки.
    Покрај желатинот како клучна состојба потребни ви се:
    – 1 супена лажица природен мед
    – 50 мл глицерин (од аптека)
    – четвртина апирин од 200мг.
    – 50 мл обична вода

    Што треба да направите?
    Состојките се ставаат во сад и се готват на пареа. Не е потребно смесата за зоврие туку само состојките добро да се соединат.
    Не практикувајте директно ставање на шпорет, потребна е ниска температура.
    Откако смесата добро ќе се излади, измешајте со миксер. Потоа ставете ја во мала тегличка или старо кутивче од крем.
    Многу е важно оваа крема да се чува во фрижидер поради тоа што не смее да биде изложена на висока температура со обзир на тоа што нема конзерванси.
    Немојте да ја користите подолго од еден месец.



    Изменето од Valerija - 17.Март.2020 во 22:06
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2018 во 20:44

    Направете сами миризливи потпури: Природен и декоративен освежувач за домот

    Не само што ќе го освежите вашиот дом, туку и визуелно ќе го разубавите

    Направете сами миризливи потпури: Природен и декоративен освежувач за домот

    Потребни состојки:
    • Кора од портокал
    • Кора од лимон
    • Неколку листови од миризливо растение (рузмарин, босилек, темјан…)
    • Етерично масло
    • Цимет
    Начин на подготовка:

    Сè што треба да направите е да ги исушите корите од портокалот и лимонот, па да им додадете неколку миризливи листови од растение по ваш избор и да ставите неколку капки етерично масло, повторно со миризба по ваш избор. Додајте и цимет. Ако сакате можете да додадете и некој друг плод чија миризба ви се допаѓа.

    Оваа комбинација од состојки можете да ја ставите во филтер кесички за чај или декоративни платнени кесички кои потоа можете да ги наредите во шкаф, на полици или под вашата перница за пријатно миризливо изненадување.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2017 во 21:46

    Направи сам: Масивен ѓердан од бисери


    Овој ѓердан е многу лесен за изработка, а притоа е уникатен и лесно може да се трансформира. Се што ви е потребно е: 3 реда бисери во различни нијанси, може и во иста нијаса, сатенска лента, запалка,ножици, брошови и превезоци.

    За почеток, удвојте ги  3-те реда нишки од бисери

    Потоа земете ја сатенската летна и со запалката поминете ги краевите од двете страни, истата постапка повторета ја и до другото сатенско парче

    Од обете страни на бисерите врзете ги сатенските ленти во чвор

    Во следниот чекор,увртете ги бисерите неколку пати

    Веќе сте на крај, а најинтересното е што лесно можете да ја менувате сатенската лента како и брошот. На тој начин секој ат ќе имате нов ѓердан. Пробајте!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2016 во 09:49

    Чекор по чекор: Како да направите топол елек од било какво парче материјал?


    Втора есен по ред, елеците го имаат главниот збор кога се работи за спојување на топлото и модерното.

    cekor-po-cekor-kako-da-napravite-topol-elek-od-bilo-kakvo-parce-materijal-1.jpg

    Ако го обожавате трендот, а не сакате секој ден да носите еден ист елек или да менувате два, можете да си направите колку сакате за само 5 минути.

    Ви треба парче топол материјал, со едно или две лица, и следниов фото - туторијал.

    Должината и ширината зависи од вашите желби.

    cekor-po-cekor-kako-da-napravite-topol-elek-od-bilo-kakvo-parce-materijal-2.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 17:28

    Направете плетен ѓердан


    Време е да се подготвите и да го освежите вашиот изглед со нешто ново.

    Не ги трошете парите – постои лесен начин да направите прекрасен ѓердан со само малку труд.

    Земете парче облека кое не го носите и претворете го во нешто што ќе го употребувате.

    Исечете стара маица (или каква било ткаенина) на неколку траки – колку повеќе траки толку ѓерданот ќе биде подебел и пополн. Убаво истегнете ги, соберете ги краевите од сите траки и сплетете ги во плетенка.

    Соберете ги краевите и спојте ги со дополнително парче ткаенина.

    И тоа е сè – вашиот едноставен ѓердан е готов!

    Можете да додадете и бисерчиња, дополнителни синџирчиња, и да комбинирате повеќе ткаенини во различни бои. Еве неколку идеи:

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 16:56

    kako-da-im-dadete-nov-zivot-na-starite-crni-ocila-za-sonce-4.jpg

    kako-da-im-dadete-nov-zivot-na-starite-crni-ocila-za-sonce-5.jpg

    kako-da-im-dadete-nov-zivot-na-starite-crni-ocila-za-sonce-6.jpg

    kako-da-im-dadete-nov-zivot-na-starite-crni-ocila-za-sonce-7.jpg

    kako-da-im-dadete-nov-zivot-na-starite-crni-ocila-za-sonce-8.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2016 во 21:31

    Направете сами: Пом-пом ланче


    Пом-пом „бушавите“ ланчиња се шарени, модерни и лесни за изработка. Можете да ги направите со вашите деца и да се забавувате заедно, а се одличен додаток и во детските комбинации.

    post cover photo

    За да го направите ова забавно ланче, потребни ви се само неколку работи – волница, ножици, врвка за ланчето и игла.

    Можете да ги направите топчињата во која било големина со виткање на волницата околу било што, а можете да се послужите и со вашата рака. За да направите поголеми топчиња, завиткајте ја волницата околу четири прста, а за да направите помали, завиткајте ја околу два. Запомнете: колку повеќе волница ќе завиткате, толку топчето ќе биде подебело и поисполнето. Откако ќе завршите со виткање, исечете го конецот.

    Извадете го купчето волница од вашата рака. Исечете друго парче волница кое ќе биде доволно големо за да го врзе купчето волница кое претходно го намотавте.

    Врзете го купчето многу цврсто, затоа што ова е тоа што му ја дава формата.

    Потоа, вметнете ги ножиците помеѓу котелците и исечете ги. Сега почнува да заличува на пом-пом топче.

    Скратете го сè додека не изгледа убаво и уредно.

    Направете неколку топчиња, ставете ги на врвката и готови сте! Ова пом-пом ланче одговара на сè!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2016 во 09:17

    Можете да направите слатка маичка од секоја обична

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-9.jpg

    5. Направете слатки балетанки, од старите здодевни

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-10.jpg

     Или обетки со кои ќе бидете подготвени за следната роденденска забава

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-11.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-12.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-13.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-14.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-15.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-16.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-17.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-18.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-19.jpg

    mali-napravi-sam-proekti-koi-kje-vi-go-razubavuvaat-sekoj-den-20.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2016 во 16:30
    Ретро ракавица

    Изработете прекрасна нараквица од секојдневни материјали и разубавете си го секојдневието.

    Што ќе Ви биде потребно:
    1. Кожна лента
    2. Конци во боја
    3. Ножици
    4. Клешти
    5. Дрвени монистри
    6. Сребрено синџирче (од ладало на пример)

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2016 во 15:35

    Направете природен дезодоранс без штетни хемикалии

    Купечките дезодоранси можат да бидат агресивни за чувствителната кожа и да предизвикаат црвенило и иритација.Освен тоа, голем број дезодоранси содржат алкохол кој ги уништува бактериите и спречува нивно размножување, а со тоа ја неутрализира миризбата, но алкохолот исто така ја уништува кожата!

    Природата ни нуди намирници со антибактериски својства кои ја извршуваат истата функција како алкохолот, а притоа не ја оштетуваат здравата кожа!

    Погледнете како да го замените купечкиот дезодоранс со природен, кој не содржи штетни агенси.

    Лиметата и лимонот имаат антибактериски својства. Притоа, нивниот мирис долго останува на кожата и дава чувство на свежина. Исечте го лимонот или лиметата на половина и протријте го пределот на пазувите.

    Рузмаринот е уште еден природен производ кој може да ни помогне во елиминацијата на непријатната миризба.

    Измешајте една лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб (густин), неколку капки маслиново масло и неколку капки есенцијално масло од рузмарин и ќе добиете природен дезодоранс.

    Кокосовото масло претставува вистински дар од природата. Од него може да направите многу ефикасен и здрав дезодоранс.

    Состојки:

    3 лажици кокосово масло

    3 лажици сода бикарбона

    2 лажици шеа путер

    Есенцијално масло по избор

    Упатство:

    Растопете ги шеа путерот и кокосовото масло на пареа. Потоа, додадете сода бикарбона. Кога течноста ќе се олади додадете есенцијално масло, ставете ја мешавината во истрошена кутија од дезодоранс во стик и оставете целосно да се олади и да се зацврсти. Втријте од дезодорансот пред да излезете од дома. Во допир со кожата структурата ќе се стопи како крема која лесно ќе ја нанесете на пазувите.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 15:43
    Направете мала ташничка по Ваш  вкус

    Колку пати досега сте се нашле во ситуација кога за комбинација по Ваш вкус, Ви фали соодветна мала чантичка ?

    Проблемот ќе го решите најлесно доколку работата ја земете во свои раце и сами изработите мала чантичка за Вашите излегувања или свечени прилики…

    * За да започнете со изработка, потребна Ви е стара тоалетна чанта, која сигурно ја имате сместено во групата „ подзаборавени“ во Вашиот ормар.

    * Од свила или вискоза, изработете брановидни парчиња и прицврстете ги на парче цврсто платно. Внимателно при изборот, потребно Ви е соодветно платно кое ќе одговара на чантичката која сте ја одбрале.

    * Доколку Ви недостига, а имате одлична идеја како да ја украсите Вашата мала чантичка, побарајте некоја поевтина варијанта на мала чанта.

    * Откако ќе ги прицврстите брановидните парчиња, како што е прикажано на фотографијава, за крај, прицврстете го и финалниот „ touch “ – бисерен брош.

    * Боите и материјалот се Ваша одлука, во зависност дали сакате диско или рокерска варијанта.


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 18:47

    Направете сами: Слатка и тренди чанта со крзно



    Во последните неколку сезони плик чантите станаа голем тренд, а како што гледаме, долго време нема да ја напуштат модната сцена. Па, за да заштедите време и пари за нова тренди чанта, одлучивме да ви помогнеме да ја претворите старата чанта во нова слатка, оригинална и шик чанта со крзно, која ќе биде идеална за зимските денови што следуваат.

    Во претходните неколку месеци, дизајнерите ни претставија нови колекции на аксесоари во кои доминираат различни модели на плик чанти, изработени од кожа, плиш и крзно. Кога станува збор за актуелната сезона, според нас најдобри се плик чантите со крзно, бидејќи тие одлично се вклопуваат со зимските модни комбинации. За да бидете оригинални и да се издвојувате од останатите, ви препорачуваме да ја освежите старата чанта со додавање на еден необичен детаљ – крзно!

    Потребни материјали:
    • Стара плик чанта
    • Вештачко крзно (во зависност од димензиите на чантата)
    • Ножици
    • Маркер
    • Лепак за ткаенина
    • Дебела книга
    Изработка:

    Чекор 1: Ставете го крзното на тој начин што „лицето“ да биде свртено надолу.

    Чекор 2: Ставете ја чантата (отворена) врз крзното и со помош на маркерот внимателно исцртајте го нејзиниот облик.

    Чекор 3: Оставете ја чантата настрана и следејќи ја линијата на маркерот исечете го вишокот материјал. Откако ќе го исечете материјалот, проверете дали рабовите останале мазни.

    Чекор 4: Прво аплицирајте лепак на работ од чантата, а потоа преминете на средишниот дел.

    Чекор 5: Внимателно ставете ја чантата на крзното.

    Чекор 6: Ставете подебела книга врз чантата и почекајте сè додека лепакот не се исуши.



    Изменето од Valerija - 06.Април.2016 во 18:47
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 15:32

    Од стара маичка до ново фустанче

    Сте се запрашале ли некогаш што да правите со старите широки маички кои веќе подолго време не ги носите а не сакате да ги фрлите? Ви се допаѓа дезенот и материјалот и поради тоа сакате со нив нешто да направите а не знаете што.
    На вистинското место сте бидејќи имаме одличен предлог за вас.
    Секоја стара или пак нова маичка можете да ја претворите во летно фустанче. Како? Погледнете и прочитајте во продолжение и самите станете моден креатор.
    Потребни ви се маичка и ножици.

    На фотографијата се прикажани сите чекори кои треба да ги направите за да добиете фустанче.

    Од стара маичка до ново фустанче, Od stara maicka do novo fustance, zivoten stil, napravi sam, maicka, fustance, stara maicka, novo fustance, животен стил, направи сам, маичка, фустанче, стара маичка, ново фустанче

    Прво облечете ја маичката и обележете го местото каде маичката треба да се исечи (помеѓу градите и папокот) и исто ако ракавите се премногу долги и широки и нив можете да ги исечите, со што ќе добиете фустанче со прерамки.
    Потоа слечете ја маичката, сечете ја на обележаните места и на горниот дел (слика под број 3) со ножиците направете не многу голем отвор.
    На долниот дел од маичката на средината исечете линија со должина од 10 см. како што е прикажано на сликата под број 4.
    Повторно облечете ја маичката која сега е во два дела и исечените делови од долниот дел протнете ги во отворот во горниот дел и убаво врзете ги.
    За само неколку минути вашето фустанче ќе биде готово.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,203 секунди.