IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:21
Слатко од боровинки

Слатко од боровинки


Состојки

1 кг боровинки
600 гр шеќер
1 лимон

Боровинките ги миеме и ги цедиме. Ставаме ред шеќер, ред боровинки и може да ги оставите неколку часа во фрижидер да пуштат сок.
Јас сум постојано во недостаток на време, па оваа тура воопшто не ја оставив да пушти сок, едноставно веднаш ги ставив да вријат на оган.
Потребно е да се варат 20 минути, при што на почетокот на варење им ставив сок од 1 лимон, а по 20 те минути им ставив 2-3 кришки лимон и ги варев уште 5 минути.
Жешко се става во тегла. Полесно здравје и лаик може да си направи вакво слатко.

Можете и повеќе шеќер да ставите, ако сакате поблаго да ви биде слаткото.
Излегува една тегла од 750 гр.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 16:59
Слатко од јаболка (за 10 минути)

Слатко од јаболка (за 10 минути)


Состојки
1 кг зелени јаболка
900 гр шеќер
200 мл вода
1 пакетче ванила
1/3 лажиче лимонтус
100 гр ореви

Пак јас со прилепски рецепт, овојпат од Марга. Го пробав кај неа и верувајте, никако не можев да погодам од што е слаткото. Не сум некој голем љубител на слатка, ама на ова не можев да му одолеам, а и голема причина е што се прави за само 10 минути. Јаболката одберете ги да бидат од потврдите, да не се ајдаред или делишес, тие побрзо ќе се распаднат.
Ставете го шеќерот и водата да зоврие.
За тоа време јаболката излупете ги, исечете ги на четвртини, па на ленти дебели отприлика 4-5 милиметри.
Ставете ги во шербетот кој веќе почнал да врие, заедно со оревите и варете ги десет минути. Марга рече дека треба точно 15 минути да се варат, ама мене ми се виде готово порано и не погрешив, зависи од сортата на јаболкото. При крајот ставете ја и ванилата и лимонтусот.
Тенџерете покријте го со крпа и оставете го така десетина часа. Соберете го во теглите.
Слаткото има многу убав изглед, личи на оние грчките слатка, парчињата светат и има некој кристален сјај.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 17:01
Слатко од круши за 5 минути - Пјатиминутка

Слатко од круши за 5 минути - Пјатиминутка

Состојки
  1.  1 кг исчистени крушки
700 гр шеќер
 1 лажичка цимет

Овој вид на слатко од круши се вика Пјатиминутка, оти се вари само 5 минути, вкусот е неодолив, а што арома има во кујната, тоа е посебна приказна... доколку имате многу круши слободно да спремете слаткото за зимоска, нема да згрешите.

1. Крушите се мијат, се чистат од семките и дршките, потоа се рендаат.
2. Изренданите круши се промешуваат заедно со шеќерот и се оставаат на еден час да пушти сокот.
3. Потоа се додава циметот, се мешаат и се ставаат на умерен оган да се зовријат. Отколку слаткото ќе зоврие се вари 5 минути и се трга на страна.

Доколку сакате да спремете за зимоска - слаткото треба да се собира жешка во стерилизирани тегли.
Од оваа количина ми излегоа една и пол тегла.





Изменето од Valerija - 30.Декември.2017 во 17:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2018 во 17:10

Џем од киви – слатко кисело есенско задоволство


Доаѓа омилениот период од годината за подготовка на зимници.

Dzem-od-kivi-slatko-esensko-zadovolstvo-01.jpg

Трудот кој се вложува сепак се исплатува на крајот, кога ќе си намачкате топло ајварче на свежо лепче.

Овојпат е време за нешто слатко – џем од киви, кој се подготвува лесно и едноставно, погоден за правење дури и во вашиот дом.

Состојки:

  • 1 kg киви
  • 600 g шеќер
  • малку лимонов сок и рендана кора од лимон
  • 1 кесичка желатин или џем фикс

Dzem-od-kivi-slatko-esensko-zadovolstvo-02.jpg

Начин на подготовка:

Излупете го кивито и добро измијте го.

Исечкајте го на ситни коцки и истурете го шеќерот, во кој сте го додале желатинот, малку сок од лимон и рендана кора од лимон (по желба).

Варете во поголем сад, на средна топлина, мешајќи нежно, додека не се појави сок и не се раствори целосно шеќерот.

Особено е важно да го варите џемот на пониска температура. Овошјето треба да стане стаклесто и да ја задржи специфичната зелена боја. Белата пена која ја испушта за време на варењето внимателно собирајте ја со лажица и исфрлете ја од садот.

Доколку сакате во џемот да се чувствуваат покрупни парчиња овошје, ова е крајот на рецептот.

Во спротивно, ако преферирате мазна структура на џемот, со помош на рачен блендер, блендирајте ја смесата додека не стане кашеста и мазна.

Префрелете го џемот во топли стерилизирани тегли и наместете ги обратно, со капачето надолу. Оставете ги добро да се оладат на овој начин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2018 во 17:13
ДОМАШЕН ЏЕМ ОД НАНЕ

Со атрактивен изглед и неодолива арома овој домашен џем од нане бргу може да стане вашиот омилен сладок намаз. 

post cover photo

Во овој основен рецепт со нане можете по желба да додадете и зелени јаболка, рузмарин, лимонов сок... Со овој рецепт ќе добиете 6 шолји или помали теглички. 

Состојки 

  • 60 г свежи листови нане

  • 1 л вода 

  • 1 кг шеќер

  • 1 кесичка желатин во прав 

  • една или две капки зелена прехрамбена боја (по желба)

Начин на подготовка 

Измијте и исечкајте ги листовите нане. Ставете ги сад за готвење и прелијте ги со вода. Оставете ја водата да проврие, тргнете ја од оганот и оставете го садот покриен 10 минути. Потоа процедете ја водата низ трислојна газа. Оставете да се цеди, а потоа притиснете ја газата за да го исцедите и остатокот од сокот (чајот). 

Во добиениот сок додадете ја прехрамбената боја (ако ја користите) и измешајте го желатинот. Ставете го сокот да проврие на посилна температура, мешајќи повремено. Кога ќе проврие додадете го и шеќерот и оставете го да се вари само една минута, притоа мешајќи. Тргнете го садот од оган и тргнете ја пената од врвот (ако се појави). Добиениот џем веднаш префрлете го во топли тегли, кои нема да ги полните до врвот туку ќе оставите 1 центиметар празен простор од врвот. Теглите убаво затворете ги, стерилизирајте ги и оставете ги да се оладат. Чувајте ги на суво, проветрено и студено место. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 09:41
Џем од банана

Џем од банани

Состојки

5 банани
 120 грама шеќер
3 лажици сок од лимон
 1 пакетче ванилин шеќер

Еве еден интересен и несекојдневен џем од банани.
Одличен е како додаток за колачи.
Бананите ги блендираме заедно со сокот од лимон за да не потемнат. Ги вариме на тивко додавајќи го шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога џемот ќе ја добие потребната густина и ќе ја смени бојата, некаде околу 30 минути е доволно, го тргаме на страна и го полниме во стерилизирана тегличка.
Мене од оваа количина ми излезе една мала тегличка од 300гр.
Пробајте,вкусот изненадува!!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 13:17
Слатко од дуњи со ореви - РЕЦЕПТ

&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#180;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; - &amp;#208;&nbsp;&amp;#208;&amp;#149;&amp;#208;¦&amp;#208;&amp;#149;&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#162;


Потребни состојки:

 

700-800 г рендани дуњи

1 кг шеќер

300 мл вода

1 лимон

100 г сечкани ореви

 

Постапка:

 

Во шерпа ставете шеќер, додадете вода и згответе густ сируп, па тргнете од оган.

 

Дуњите излупете ги и изрендајте ги, па веднаш ставете ги во шерпата со сирупот, за да не потемнат. Варете го слаткото додека да згусне, па пред крај додадете сечкани ореви и тркалца од лимон.

 

 

Кога ќе биде сварено ставете во тегли и добро затворете. Теглите можете да ги свртите со капакот надолу и така да ги оставите до следниот ден.

 

Слаткото е преубаво!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 13:29

Најдобро против настинки - џем од ѓумбир!

Најдобро против настинки - џем од ѓумбир!




Овој период од годината, кога луѓето се најподложни на настинки и други вирусни инфекции, неопходно е да се води сметка за своето здравје. Затоа, од особена важност е да се зајакне имунитетот.

 

Рецептот што ќе го прочитате подолу е вистинска витаминска бомба – џем од ѓумбир со лимон и мед. Оваа вкусна слатка ќе ви помогне да го зајакнете вашето здрвје, но и на вашите најблиски.

 

Потребни состојки:

 

– 1 корен од ѓумбир со средна величина

– 3 лимони

– 0,5 l мед



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 13:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2018 во 13:10

Рецепт: Мармалад од праски со рузмарин


Рецепт: Мармалад од праски со рузмарин

Летото е период кога пазарите и продавниците изобилуваат со секакво овошје и зеленчук, а голем број од нас го користат ово период за да направат мармалад, слатко, компот или конзервирано овошје.

Еве еден рецепт како да подготвите несекојдневен мармалад од праски со рузмарин.

Состојки:

  • 1,5 кг праски
  • 500 гр шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 4 млади гранчиња рузмарин со должина од околу 10 сантиметри

Подготовка:

  1. Измијте ги праските, излупете ги и исчистете ги семките. Исечете ги на резенки и врз нив ставете шеќер и сок од лимон, додадете рузмарин и оставете ги во затворен сад да отстојат околу 4 часа. Повремено промешајте.
  2. Варете во длабоко тенџере со повремено мешање, а по десетина минути извадете го рузмаринот. Варете додека не добиете густа смеса, како сируп.
  3. Пред крај на варењето извадете ја пената, а на самиот крај притиснете ги покрупните парчиња ораски со лажица за пасирање или на крај промешајте ги со миксер.
  4. Ставете го врелиот мармалад во стерилизирани тегли и оставете ги завиткани додека целосно не се оладат.


Изменето од Valerija - 06.Мај.2018 во 13:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2018 во 13:13
Веќе е сезона на јагодите, а уште малку нивната цена ќе се снижи и тоа е погоден момент за вас да направите слатко или мармалад од нив, и да продолжите да уживате во нивниот вкус и за време на зимската сезона. Како да приготвите слатко или мармалад прочитајте подолу.

Слатко од јагоди

slatko-jagoda-slika-70610

Потребни состојки

1кг јагоди

1кг шеќер

1 лимонтус

1 лимон

Подготовка

Јагодите се мијат и се чистат од рачките. Во сад со 150мл. вода се раствара лимонтусот, земаме дел од јагодите и ги ставаме во течноста да постојат 10сек. и ги вадиме. Истото го повторуваме со сите јагоди. Добро исцедените јагоди ги полеваме со сок од еден лимон. Потоа во тенџере ставаме ред јагоди ред шеќер, се додека ги потрошиме. Го оставаме тенџерето да отстои преку ноќ. До сабајлето јагодите си пуштат сок и ги ставаме да се варат на јак оган. Ова слатко не се промешува, па затоа треба тенџерето да е доволно големо за да не може да претече. Откако ќе се свари (од 15 до 20 мин.) го тргаме слаткото од оган му ја тргаме пената, го покриваме со влажна крпа и го оставаме да стои 15мин. За тоа време јагодите пуштат вода и затоа после 15мин. го враќаме слаткото уште 5 мин. на јак оган. Го тргаме од оган му ја отстрануваме пената и го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади, па потоа го собираме во тегли. Вака подготвеното слатко нема да се расипе.

Мармалад од јагоди

dzem-od-jagodi

Потребни состојки

3кг јагоди

1 кило и 200 грама шеќер

1 лимон

Подготовка

Јагодите се чистат од петелките и се мијат. Потоа се ставаат во поголемо тенџере ред јагоди, ред шеќер, да се заврши со шеќер. Пред да се стави последниот ред шеќер, се` се прелива со сокот од лимон. Тенџерето се покрива со капак и се остава во фрижидер 24 часа. За тоа време јагодите ќе пуштат сок, а шеќерот ќе биде делумно стопен.

Следниот ден се вари мармаладот. Ако сакате во мармаладот да има парчиња јагоди треба да го мешате дури се вари. Јас повеќе сакам кога е компактен, па затоа кога ќе се стопи шеќерот јагодите ги пасирам со рачен блендер. Ако не мешате или блендирате, ќе добиете слатко.

Мармаладот се вари околу 2 часа на среден оган. Јас вадам на чинивче и кога ќе се олади гледам дали е доволно густо. Внимавајте да не го преварите, но не чини и да е недоволно сварено.

На крај извадете ја пената и сипете го мармаладот во топли тегли. Наполнетите тегли завиткајте ги во ќебе и оставете ги така додека не се оладат.

Следниот ден теглите може да ги складирате на местото наменето за чување зимница.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2018 во 13:48
&amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184;


Домашно слатко од вишни марелици


Состојки

1 кг вишни -марелици

900 -1000 грама шеќер

Многу едноставно за спремање, а вкусно, миризливо домашно слатко.

Прво вишните се мијат, па им се отстрануваат семките.
Се ставаат во тенџере во кое ќе се вари слаткото.
Преку вишните се става шеќерот, кој може да варира со 100 гр, се во зависност од тоа колку се благи вишните. Се става и прстофат лимонтус, за да не се распаѓаат при варењето.
Се остава во фрижидер преку ноќ, вишните да го пуштат својот сок.
Другиот ден, утрото се ставаат на шпорет и се вари слаткото.
Тенџерето благо се протресува со рацете, лево, десно, не се меша, со цел вишните да останат цели.
Во текот на варењето, се отпенува слаткото, со помош на чиста лажица.
Се вари од 25-30 минути.
Готовото слатко се трга од шпорет и се покрива со чиста наводенета кујнска крпа.
Нека стои така се додека потоплно не се олади.
Потоа се збира во чисти тегли и правец на рафт со зимница.

Одлично одговара со сладолед, палачинки, пржени лепчиња

Забелешка-Марелиците се хибрид меѓу цреша и вишна. По надворешниот изглед на стеблото марелиците личат на цреши, а по плодот на вишна. Постои мал број сорти марелици, а кај нас најпозната е автохтоната сорта по потекло од Битола, позната како Битолска марелица.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2018 во 14:15
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°


Слатко од тиква

Состојки
1кгр исчистена тиква
1кгр шеќер
200мл вода
1-2 кесички ванилин шеќер
1 лимон
50гр исчистени и на крупно сецкани ореви
уште ладна вода и МРАЗ

Исчистете ја тиквата и насечетеја на коцки. Ставете ја во ладната вода со мразот да одстои 1-2 часа /ова е наместо да стои неколку часа во варова вода/.
Тиквата треба да е зрела, од оние за манџа-долга со лимон жолта боја.

Од шеќерот и 200мл вода сварете густ шербет, па додајтеја исцедената тиква.
Овој начин на подготовка на слаткото од тиква НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША за време на варењето, туку само се протресува тенџерето и одвреме на време. Се потисниваат коцките тиква со решетка-лажица за да се препријат од шербетот. Се вари се додека коцките не добијат стаклесто золта боја/околу 1 час во време траење/ или кога шербетот ќе ја достигне саканата густина како за слатко.
15-сетина минути пред карај, ставете ги оревчињата и сечениот лимон на тркалца, доварете го слаткото.
Готовото слатко тргнете го од огнот, прекријте го со влажна платнена крпа и оставете да се излади. Изладено собете го во теглиња.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2018 во 19:58
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;


Слатко од домати

Состојки
1 кг мали домати во облик на крушка
1 кг шеќер
1 лимон
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 чаша вода

За подготовка на ова слатко ви требаат мали плодови на крушковиден домат. Најдобро е плодовите да бидат полузрели и со приближно иста големина. Моите, за жал, не беа такви. Беа позрели од што требаше да бидат, па добив сосема поинаков краен производ. Мислам дека подобар од тоа што требаше да биде „“)

Подготовка
1. Доматите измијте ги и добро исушете ги на хартија.
2. Шеќерот ставете го во поголемо тенџере, ставете ја водата и сварете сируп кој ќе биде погуст од тој што го спремате вообичаено. Потоа додадете ги доматите. Варете го додека две капки од шербетот ќе капнат една по друга.
3. Додадете ја ванилата и лимонот исечен на тенки кругови и варете уште 2-3 минути. Тргнете го од огнот, распенете го и покријте го со мокра крпа.
4. Утредента соберете го слаткото во тегла.

Ова е идеалната ситуација. Кажав дека доматите што јас ги имав беа позрели од тоа што требаше, па се случи нешто што не го очекував. Кога ги ставив во сирупот, по 5 минути варење лушпата на доматите почна да пука. Потоа со помош на лажица и лажичка внимателно ги одвоив лушпите од доматите, па добив слатко од лупени домати.
Слаткото има многу интересен вкус. Ќе видите на сликите дека доматите беа со различна боја, а од тоа зависи и нивниот вкус. На жолтите многу малку се чувствува вкусот на домати, а на црвените најмногу.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2018 во 20:08
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;·&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#184;

Слатко од рибизли


Состојки

250 мл шеќер

1кг исчистени рибизли
 
1 кг вода
Припрема

1. Рибизлите се чистат од стебленцата со помош на вилушка. Се става вилушката на врвот на стебленцето и нежно се влече надоле. Потоа зрнцата се мијат под млаз на студена вода.
2. Во тенџере се ставаат шеќерот и водата. Се промешуваат и се варат на појак оган додека не провријат, а потоа се намалува температурата и се варат додека не станат како сируп (на чинивче се вади малку од течноста, треба да личи на сируп кога ќе се излади).
3. Се додаваат рибизлите и нежно се промешуваат повремено. Се варат околу 10 минути. Внимателно треба да се отстранува пената која се создава на површината.
4. Се трга тенџерето од оган, се покрива со влажна крпа и се остава да се излади.
5. Изладеното слатко се става во тегли и се складира на темно и суво место.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.