IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2017 во 11:47

Без додатни шеќери и конзерванси: Најлесен рецепт за домашен џем од јагоди

Сезоната на јагоди се уште трае, а освен во свежо издание, овие црвени овошки се неодоливи и во форма на џем.

Денес, Ви претставуваме рецепт за џем од јагоди, кој не содржи шеќер ниту конзерванси, а толку е лесен за припрема што ќе им успее и на почетниците во кујната.

Потребни состојки:

• 1 килограм јагоди

• 60 мл. лимонов сок

• 3 кафени лажички изрендана кора од лимон

• 70 гр. мед

Подготовка:

1. Исчистените јагоди иситнете ги и испасирајте ги, а потоа ставете ги во подлабок сад.

2. Додајте ги и останатите состојки: изренданата кора од лимон, сокот од лимон и медот. Добро помешајте и ставете да се готви на среден до лесен оган со често мешање.

3. Кога смесата ќе биде доволно густа, односно кога ќе почнат да се појавуваат балончиња, по отприлика 45 минути готвење, џемот е готов.Оставете да се излади и џемот од јагоди е спремен за консумација.

Вака подготвениот џем чувајте го во фрижидер, и консумирајте го во рок од 2 недели. Со обѕир на тоа што не содржи додатни шеќери, кои инаку служат како природен конзерванс, тој е склон кон побрзо расипување доколку не се чува на студено место и не се изеде во пократок рок.



Изменето од Valerija - 06.Мај.2018 во 15:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2017 во 08:13

За 20 минути од 4 состојки: Чиа џем


Ако решивте оваа есен да се посветите на домаќинските работи, додадете уште една на списокот – брз, здрав џем со чиа семки.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-01.jpg

Чиа семките станаа чест гостин во нашите чинии и смутија, добро сме запознаени со нивните придобивки, па затоа сега ги вметнуваме и во зимницата.

Суперхраната која е богата со омега-3 масни киселини, протеини и влакна сега може да ја консумирате во супер слатко издание.

Потребни состојки за овој брз џем:

  • 2 шолји исечкано овошје по желба
  • 1-2 лажици сок од лимон
  • 1-2 лажици мед или јаворов сируп
  • 2 лажици чиа семки, или повеќе по желба

Подготовка:

Исчистете го и исечкајте го ситно овошјето кое го одбравте. Варете го во сад додека не добиете кашеста смеса. Додадете го медот и сокот од лимонот.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-04.jpg

На крај додадете ги чиа семките и продолжете да варите уште 5 минути. Почекајте смесата малку да се згусне, па префрлете ја во тегличка.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-02.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-03.jpg

Чиа џемот може да го консумирате на парче леб, со колачиња, во мусли или овесна каша, како и да го додадете во павлака и да направите овошен јогурт.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-05.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-06.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-07.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-08.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-09.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:26

СЛАТКО ОД ГРОЗЈЕ

Пред да започнете со подготовка на ова слатко треба да знаете дека слаткото од грозје не се прави од секоја сорта. Онаа која вам ви е потребна е сортата султанија, која се одликува со мали зрна и тенка кора. Исто така зрелоста на грозјето е многу важен фактор при подготовката на слатко, така што одберете полузрело грозје кое не е оштетено.

Состојките кои ви се потребни се следни:

  • 1 килограм грозје
  • 1 килограм шеќер
  • 1 чаша вода
  • 1 лимон

Подготовката започнува со миење на грозјето, и одвојување на зрната од гроздот. Во сад на оган ставете ги шеќерот и водата да се варат.

Лимонот измијте го и исечете го на кругови. Откако ќе добиете густ сируп од шеќерот и водата, додадете ги круговите лимон и зрната грозје. При варењето на ова слатко се создава пена која треба повремено да ја отстранувате од садот.

Слатка зимница - Рецепти за подготовка на слатко во домашни услови

Слаткото се вари додека не згусне, и потоа се трга садот од оган. Отстранете ја настанатата пена и садот покријте го со чиста влажна платнена крпа, и оставете го да се излади. Оставете го слаткото да стои 12 часа покриено и потоа соберете го во чисти и суви тегли. Теглите затворете ги со капак и чувајте ги на темно и суво место до нивна консумација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:35

 СЛАТКО ОД МАЛИНИ

Зелените пазари и маркетите сеуште изобилуваат со малини. И покрај тоа што малините содржат во себе семки, исто како и капините од нив се подготвува прекрасно слатко кое е вкусно, миризливо и преполно со витамини.

Состојките кои ви се потребни се:

  • 1 килограм малини
  • 1 килограм и 300 грама шеќер
  • 1 чаша вода

При изборот на малини потребно е да одберете крупни и цврсти малини, кои не се многу зрели. Нивното чистење е едноставно, каде што потребно е само да се измијат под млаз вода, или пак да ги оставите да отстојат во сад со вода, при што нечистотиите од нив сами излегуваат.

Откако малините се измиени и исчистени од заостанати петелки, се започнува со редење на малините во сад за готвење. Започнете со поставување на еден ред шеќер, по кој следува еден ред малини и повторете ја истата постапка до трошење на целокупната количина. Покријте го садот и оставате го најмалку 12 часа да стои покриен.

Откако ќе поминат 12 часови, садот се става на оган на висока температура и во него се додава водата. Гответе се додека слаткото не се згусне, односно се додека сокот на слаткото не паѓа од лажицата во тешки капки. Тргнете го садот од оган и покријте го со влажна кујнска крпа. Садот оставете го на страна се додека не се излади.

Слатка зимница - Рецепти за подготовка на слатко во домашни услови

Веќе изладеното слатко се става во суви и чисти тегли кои убаво се затвораат со капак и се оставаат на темно и суво место заедно со останатата зимница.

Одвојте малку време и подгответе го своето омилено слатко по некоја од наведените рецепти, бидејќи домашно подготвеното слатко изобилува со витамини и минерали кои ќе ви бидат одлични придружници во текот на целата зима се додека новото сезонско овошје не пристигне на пазарите и во маркетите.   

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:36

СЛАТКО ОД ТИКВА

Со подготовка на овој прекрасен десерт ќе ги воодушевите сите членови во вашето семејство, а воедно и самите ќе се почестите со овој фантастичен десерт, кој покрај главната состојка тиква содржи и суво грозје кое одлично го надополнува прекрасниот вкус на тиквата.

Состојките кои ви се потребни за подготовка на слаткото од тиква се:

  • 2 килограми тиква
  • 2,5 килограми шеќер
  • 1 лимон
  • 4 литри варова вода
  • 100 грама суво грозје

За ова слатко се препорачува да се користи зелена ребраста тиква, која најпрво се лупи, а потоа се сече на парчиња.

За да ја подготвите варовата вода, потребно е да потопите 500 грама вар во 4 литри вода, и истата да ја оставите за да може варта да се наталожи. Потоа варовата вода се процедува и се става во длабок сад.

Веќе подготвените парчиња тиква се потопуваат во варовата вода и се оставаат да стојат во неа околу 5 часа, со повремено мешање.

По 5 часа водата се истура и парчињата тиква убаво се мијат во неколку води, и се оставаат да се исцедат.

Во меѓувреме додека се цедат парчињата тиква, во длабок сад на оган се става шеќерот и се додаваат 2 литри вода која треба да го покрие шеќерот и да биде над него 2 сантиметри. Шербетот се вари околу 10 минути, и потоа се додава тиквата која се вари во шербетот 2,5 часа на ниска температура.

Слатка зимница - Рецепти за подготовка на слатко во домашни услови

Напомена: При варењето ова слатко не се меша, туку само се потиснуваат горните слоеви на тиква во шербетот.

Пред самиот крај (10 минути пред крајот), се додава сувото грозје и лимонот кој е исечен на кругови.

Свареното слатко се покрива со чиста платнена кујнска крпа и се остава да се излади. Веќе изладеното слатко се собира во чисти и суви тегли.

Доколку сте љубители на ореви, тогаш можете да додадете од нив во слаткото во количина по ваша желба пред самото затворање на теглите. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:50
Неварен мармалад од дренки (Матен мармалад)

Неварен мармалад од дренки (Матен мармалад)


Состојки
  1. 1 кг пасирани дренки
  2. 1 кг шеќер во прав



Овој мармалад царува .... најдобриот мармалад од сите мармалади, но не заради тоа што треба да се оддели посебно ден за неговата припрема, не заради малку покомлексната работа, туку заради неговиот вкус и фактот дека на полиците ќе имате најздрав мармалад.
Постапка
- Дренките оставете ги неколку дена да одстојат за да омекнат.
- Земајте по малку од дренките и низ преса пасирајте ги. Испасираната смеса премерете ја и според неа ќе го ставите и шекерот. На 1 кгр. чиста смеса се става 1 кгр. шеќер во прав. Садот во кој ќе матите треба да е пластичен, а ќе мешате со дрвена лажица. Од почетокот тој е поредок, а со самото мешање се згуснува за да на крај кога е готов сам ќе ви каже - почнуваат да се појавуваат меурчиња, тој е густ и веке потежок за мешање, почнува да остава трага. 
За да го имате ваквиот убав и пред се здрав мармалад потребно да го мешате 2,5 до 3 часа. Соберете го во стерилизирани теглички ... уживајте. Конечниот резултат верувам дека ќе ве направи срекни што успеавте.
Напомена
Мармаладот за да го имате ќе мора да бидете решителни бидејки ако мислите како ќе се испасира, дали ке успеам - ќе ве обесхрабри. Ставајте во пресата по малку од дренките и ќе виде лесно. Јас ја користам пресата која со неа има и ваљак, не дека не е корисен овде во припремата, но полесно некако ми идеше со рака да ги гмечам (нормално дека треба да имате ракавица на раката). Самото матење и не е тешко... ќе си викнете комшивка на кафе - нешто таа ќе помеша, нешто вие... и готово. Можеби ќе се прашате дали пак нема да е полесно да се мати со миксер или пасатор... веднаш ви велам НЕ, да не помислувате. Нема да добиете мармалад, ќе се запенува и понатаму нема да знаете дали да одпенувате или да продолжите - значи процесот на пасирањето кој е малку потежок не е за потценување за да експериментирате, како што напишав погоре - така треба да се работи.
Пријатели мои, нема да зажалите за трудот- ве уверувам. Знаете нели дека најчест благослов сме го слушале Да си жив и здрав како дрен... е тоа е тоа што цело време го пишувам. Имате навистина здрав мармалад, а за самиот дрен верувам дека знаете повеке за него и неговата добробит.




Изменето од Valerija - 25.Декември.2017 во 14:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 18:02
Црвено - бело слатко од лубеници

Црвено - бело слатко од лубеници


Состојки
1  кг кора од лубеница
1200 гр шеќер
2 лимона 
1 лажица вински оцет

1. Избере лубеница која е боја баш црвена-црвена, а кората да е во дебелина од 1,5 до 2 см. и исечете на кришки, подсечете ја, но притоа да оставите од црвениот дел околу 1,5 см.
2. Во тенџере ставете ладна вода, додајте го оцетот, кришките од лубеницата и варете се додека не забележите дека зелениот дел од кората станал прозирен.
3.  Извадете и исцедете ја кората од водата, во ладна вода измјите ја уште еднаш-два пати. Повторно исцедете и дури сега исечете ги корите на парчиња во која форма вие саката. Јас ги сечам со ребрест нож.
4. Во тенџере ставете го шеќерот, ставете вода колку да се облие шеќерот. Го варите во не многу густ шербет, па додајте ги веќе спремените кори. Ставете и исечениот лимон. Варете го.
5. Слаткото е готово кога ќе видите дека корите се прозирни - скоро стаклени.

СОВЕТ
Ова слатко наместо да го сечете можете и да ги изрендате кришките, исто така се добива интересен изглед.
Можете да ставете и ванила, но јас не користам.
Пазете да не го преварите слаткото бидејки шербетот добива друга боја, па така и слаткото.
Сега е рано за варење на ова слатко.... но забележав дека има само од кори, па да се надополнам и јас колку да знаете дека и вакво слатко постои.
Ви посакувам успех!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 19:29

Слатко од мандарини

Слатко од мандарини
Состојки
1 кг Мандарини, одберете најситни, по можност без коски
1,5 кг шекер
500 мл вода
1/2 лимон само сок


1. Избере лубеница која е боја баш црвена-црвена, а кората да е во дебелина од 1,5 до 2 см. и исечете на кришки, подсечете ја, но притоа да оставите од црвениот дел околу 1,5 см.
2. Во тенџере ставете ладна вода, додајте го оцетот, кришките од лубеницата и варете се додека не забележите дека зелениот дел од кората станал прозирен.
3.  Извадете и исцедете ја кората од водата, во ладна вода измјите ја уште еднаш-два пати. Повторно исцедете и дури сега исечете ги корите на парчиња во која форма вие саката. Јас ги сечам со ребрест нож.
4. Во тенџере ставете го шеќерот, ставете вода колку да се облие шеќерот. Го варите во не многу густ шербет, па додајте ги веќе спремените кори. Ставете и исечениот лимон. Варете го.
5. Слаткото е готово кога ќе видите дека корите се прозирни - скоро стаклени.

СОВЕТ
Ова слатко наместо да го сечете можете и да ги изрендате кришките, исто така се добива интересен изглед.
Можете да ставете и ванила, но јас не користам.
Пазете да не го преварите слаткото бидејки шербетот добива друга боја, па така и слаткото.
Сега е рано за варење на ова слатко.... но забележав дека има само од кори, па да се надополнам и јас колку да знаете дека и вакво слатко постои.
Ви посакувам успех!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 19:37
Слатко од цреши

Слатко од цреши


Состојки
Слатко
1 кг. цреши
пола филџан (од кафе) вода
пола пакетче лимонтос
1 пакетче ванила
Шербет
1 кг. шеќер
1 чаша од 200 гр. вода

1. Најпрво треба да ги извадите семките од црешите. Потоа во тенџере на оган треба да ги ставите состојките кои се потребни за шербетот, во шербетот ќе ги додадете црешите и истите ќе ги варите 30 - 40 минути. 15 минути пред да се тргнат црешите и шербетот се додаваат состојките за слаткото и стојат на оган колку малце да провријат сите состојки.
2. Кога се тоа ќе биде готово тенџерето се трга на страна и се протресува, а потоа се вади пената која се насобрала на горниот дел и се покрива со намокрена крпа со вода која што треба да стои до другиот ден.
3. И на крај слаткото се собира во тегли.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 19:43
Слатко од јагоди


Слатко од јагоди

Состојки

1 кг јагоди

1кг шеќер

1 лимонтос

1 лимон

Јагодите се мијат и се чистат од рачките. Во сад со 150мл. вода се раствара лимонтусот, земаме дел од јагодите и ги ставаме во течноста да постојат 10сек. и ги вадиме. Истото го повторуваме со сите јагоди. Добро исцедените јагоди ги полеваме со сок од еден лимон. Потоа во тенџере ставаме ред јагоди ред шеќер, се додека ги потрошиме. Го оставаме тенџерето да отстои преку ноќ. До сабајлето јагодите си пуштат сок и ги ставаме да се варат на јак оган. Ова слатко не се промешува, па затоа треба тенџерето да е доволно големо за да не може да претече. Откако ќе се свари (од 15 до 20 мин.) го тргаме слаткото од оган му ја тргаме пената, го покриваме со влажна крпа и го оставаме да стои 15мин. За тоа време јагодите пуштат вода и затоа после 15мин. го враќаме слаткото уште 5 мин. на јак оган. Го тргаме од оган му ја отстрануваме пената и го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади, па потоа го собираме во тегли. Вака подготвеното слатко нема да се расипе.
А ЗА ВКУСОТ НЕМА ШТО ДА КАЖАМ ТРЕБА ДА СЕ ПРОБА

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2017 во 13:56
Џем од боздел

Џем од бозел

Состојки
  1. 1 кг плод од бозел -бобинките
  2. 6оо грама шеќер
1 лимон
2 ванили
1 паковање желатин

За бозделот, почнувајки од цветот, самата кора на стеблото, па се до плодот, има многу да се пишува, сега пишувам за џемот.

1. Бобинките - плодот од бозделот се берат сега касно во летото, се чистат и мијат.
2. Се стават во тенџере, се додава шеќерот и се варат околу 20 минути.
3. Желинот измешајте го со 2 лажици шеќер и ванилата, доддадете го во џемот. Додадете го и сокот од лимонот. Варете уште неколку минути - тргнете од огнот.
4. Полнете го топол во теглите, затворете и одложете во подрумот.

НАПОММЕНА
Откако ќе го ставите желинот внимавајте да не го преварите бидејки тој бргу желира.
Доколку не сакате да користите желин, тогаш сварете го онака како што го варите најобично слаткото од капини.
Да ви е слатко со овој необичен џем од бозделот за кој сум читала дека е здрав и лековит!





Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2017 во 14:01
Мармалад од праски и ѓумбир


Мармалад од праски и ѓумбир

Состојки

3 кг праски (нектарини или може и обични)

1 кг шеќер

1 корен од ѓумбир

1 сок од лимон

Добро измијте ги праските и одстранете ја семката. Ставете ги во блендер и изблендирајте. Така блендирани префрлете ги во тенџере. Излупете го коренот од ѓумбир и заедно со последната тура од праски заедно изблендирајте го. Сето ставете го на рингла на тивко и оставете да поцне да врие., потоа додадете го и шеќерот и продолжете да варите. После 15 мин додадете го и сокот од лимонот и со постојано мешање варете уште 30 минути. Доколку се насобере пена извадете ја со лажица.
Теглите наредете ги до тенџерето на ринглата да се стоплат. Кога е готово соберете го мармаладот во топлите тегли и добро затворете. Сега превртете ги теглите на капачето да се вакумираат дополнително,така треба да стојат само 5 минути и вратете ги во првобитната положба. Вака вакумирани оставте да се оладат, а следниот ден ставете ги во шпајз за зима.
Одличен мармалад за гости намачкан на палачинки.







Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2017 во 15:56
Мармалад од мушмули

Мармалад од мушмули

Состојки

2 кг мушмули

1 кг шеќер

1 мало лажиче рум или екстракт од вванила

300 мл вода

Мушмулите само ги лупиме, па заедно со шеќерот и водата ги ставаме во тенџере на оган да зовриат. При крајот го додаваме румот или ванилата по желба.
После некоја минутка го тргаме тенџерето од оган, и ги процедуваме низ цедалка.Откако ке ги исцедиме и ке добиеме прекрасна смеса, ја собираме во тегли.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:53
Слатко од костени

Слатко од костени

Состојки

1 кг исчистени костени

1 кг шеќер

1 ванила

2 лимона

Има многу рецепти за ова слатко, но бидејки рецептот на Трендел веќе ми е докажан, оваа година повторно одлучив да го спремам. Јас почесто пати го нарекувам Есен слатко.
И ова слатко спаѓа во групата на нескојдневните.
  
- На костените излупте им ја тврдата лушпа
- Ставете да се вари околу 20-25 мин.
- Исчистете ја сега меката лушпа и веднаш ставете го во ладна вода.
- Шеќерот и ванила облијте ги со вода и ставете да се свари малку поредок шербет, додадете ги костените и варете додека се згусти шербетот - како секое слатко. Пред самиот крај на варењето додадете го лимонот исечен на кругови и уште кратко време нека вари.
- Соберете во тегли или додека е топло или наједноставно прекријте со влажна крпа и оставете до наредниот ден кога и ќе го соберете.
Уживајте.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.