IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92255
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2018 во 21:56
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#184;

Слатко од портокали
Состојки

1 кг портокали
1 1/2 кг шеќер
500 мл вода
1/2 лимон само сок

Сега е вистинска сезона за ова слатко. Ако ви се допага вкусот на портокалот или ако сакате да имате зашеќерена кора од портокали за празничните колачи, направете си.
Навистина за да се направи треба неколку дена, ама за кој мој рецепт не треба....
Изберете зрели, здрави и еднакви поголемина портокали. Добро измијте ги со четка за храна и ставете ги во поголемо тенџере. Прелијте ги со ладна вода да ги покрие и варете ги на среден оган додека не омекнат, некаде околу 1/2 час. Внимавајте да не ви испукаат.
Префрлете ги во друг голем сад, прелијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат на собна температура 48 часа. За тоа време менувајте ја водата десетина пати, ставајки секогаш ладна. Така ќе се изгуби горчината на кората.
На денот кога ќе го варите слаткото, во едно поголемо тенџере ставете го шекерот со водата да зоврие. Нека вари на средно тивок оган 5 мин.
Портокалите исечете ги на 6 или 8 кришки зависно од големината и спуштете ги во сирупот. Откако слаткото повторно ќе зоврие варете го 5 мин. на средно тивок оган.
Тргнете го од ринглата, покријте со капак и оставете го да стои на собна температура 24 часа.
Другиот ден повторно ставете го да зоврие додајте го сокот од 1/2 лимон и варете на средно тивок оган додека сирупот не стане густ, а кришките портокал проѕирни како стакло. Распенете го слаткото, иако не прави многу пена.
Покријте го со влажна крпа и оставете го до другиот ден. Соберете го во чисти тегли, затворете ги и чувајте го со останатата зимница.







Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,078 секунди.