IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2015 во 22:09

ДОМАШЕН ЏЕМ ОД ЈАГОДИ

Домашен џем од јагоди

Состојки:

● 500гр исчистени јагоди
● 1½ шолја шеќер
● сок од еден лимон
● 1 чиста тегла

Подготовка:

Јагодите најпрво исчистете ги и добро измијте ги. Исецкајте ги на парчиња и ставете ги во поголем огноотпорен сад, а потоа додадете го шеќерот и сокот од лимон. Добро промешајте го овошјето, ставете го садот во микробранова печка, изберете ја највисоката температура и вклучете ја микробрановата печка на четири минути.

После тоа, извадете го садот, промешајте ја смесата, а потоа вратете ја на уште 15 минути. За тоа време земете една празна чинија и ставете ја да остсои во замрзнувач. Кога ќе забележите дека џемот врие, исклучете ја микробрановата печка, промешајте ја смесата и оставете ја да се “смири”, а потоа повторно вратете ја и продолжете со готвење.

После 15 минути џемот ќе биде сè уште релативно редок, а ќе проверите дали е готов така што ќе ја извадите чинијата од замрзнувачот и ќе сипете една лажица џем на неа, а потоа ќе ја вратите заедно со џемот во замрзнувач на две до три минути.

Ако џемот е доволно густ, тоа значи дека е готов. Ако ви се чини пак дека е сè уште релативно редок, тогаш вратете го во микробранова печка и гответе уште неколку минути, а потоа повторете го тестот.

На крај, сипете го џемот во чисти и суви тегли и уживајте во вкусот!



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:53

ЏЕМ ОД ТИКВИЧКИ СО ЛИМОН


Кој вели дека тиквичките се идеални само за солени колачи?!

Состојки:

*2 кг тиквички

*1,5 кг шеќер

*200 гр шеќер во прав

*2 лимона

*конзерванс

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, измешајте ги со шеќер и гответе ги на тивок оган половина час.

Потоа додадете лимон исечен на парчиња и гответе го уште дваесет минути.

Отстранете ја тавата од шпоретот, измешајте го конзервансот, па топлиот џем ставете го во загреана тегла и врзете го со целофан.

Време на подготовка: 45 минути



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:49

СЛАТКО ОД КОРА ОД ПОРТОКАЛ


   

Слатко од кора од портокал

И да не сте голем љубител на слатко, Валентина ова топло ви го препорачува, бидејќи секогаш може да ви биде при рака во случај да ви притреба кандирана кора од портокал.



  1. 1.Напомена: се добива поубав резултат ако портокалите се поситни и имаат мазна кора.
  2. 2.На грубиот дел од сунѓер за миење садови ставете сода бикарбона и истријте ги портокалите (со оваа постапка го отсранувате делот од кората кој горчи).
  3. 3.Одстранете круг од кората на местото каде била прицврсетна на дрвото.
  4. 4.Исечете ленти од кората широки максимум 1 см.
  5. 5.Лентите замотајте ги секоја посебно во мала спираличка, па со иглата нанижете ги на конецот.
  6. 6.Подготвениот шеќер прелијте го со студена вода па ставете го да зоврие. Во ова додајте го ланчето со корички и варете отприлика 20 минути од моментот кога заедно со коричките шербетот повторно зоврел (вриењето за кратко престанува кога сте ги додале корите во шербетот).
  7. 7.Додајте го сокот од лимон (служи за да спречи кристализација на слаткото), па оставете да врие уште десетина минути.
  8. 8.Внимателно одстранете го конецот од коричките и врелото слатко префрлете го во теглички, кои треба да ги затворите со метални капаци и да ги стерилизирате во рерна на 75 степени околу 30 минути.
  9. 9.Исклучете ја рерната, но тегличките нека останат во неа се додека не се оладат така затворени.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2015 во 16:24

Вкусот на детството: Џем од сливи


За сите оние кои уживаат во најубавиот, киселкаст вкус од детството, овој рецепт ќе биде дел од омилената зимница.

vkusot-na-detstvoto-dzem-od-slivi-01.jpg

Потребни состојки:

  • 1kg сливи
  • 2 кисели јаболка
  • 1kg шеќер
  • 1 лажица цимет
  • Цимет арома по желба
  • 2 лажици сок од лимон
  • 5 чаши вода

Подготовка:

Ставете ги водата и шеќерот да се варат додека не добиете шербет, а во меѓувреме исчистете ги сливите од семките. Излупете ги и јаболката и изрендајте ги.

Кога сирупот ќе се свари, додајте го овошјето и мешајте постојано.

За да проверите дали џемот е готов, ставете малку на чинија, па повлечете линија низ него. ако се познава трага - готов е. Ако не, се уште е редок и треба да продолжите да варите.

2 минути пред крај додадете го сокот од лимон, циметот и ванилата. Може да додадете и лажичка-две рум

Тргнете од оган, на полнете во жешки тегли, цврсто затворете и оставете ги наопаку да отстојат додека не се оладат.

vkusot-na-detstvoto-dzem-od-slivi-02.jpg

vkusot-na-detstvoto-dzem-od-slivi-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 23:00

СЛАТКО ОД ЦРЕШИ ИЛИ ВИШНИ

Потребни намирници:

1 кг цреши

1 кг шеќер

750 гр вода

1 лажица лимонтус

Црешите се мијат и се чистат од семките. Се исипува шеќерот во водата и сирупот се вари додека згусне. Се трга садот од оган и се додаваат вишните. Слаткото се остава да врие додека сирупот не се згусне. Пет минути пред да се тргне од оган се додава лимонтусот.

Совет за слаткото од вишни: За да се добие сируп од вишни се додава повеќе шеќер и кон крајот на варењето дел од сирупот се вади и слаткото продолжува да се вари до постигнување на потребната густина. Се додава ½ лажица лимонус на 1 кг вишни, бидејќи тие сами по себе се кисели.

 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2015 во 18:27

Прсти да излижеш: Бабин рецепт за слатко од смокви


Слаткиот домашен десерт ќе ве освои со својот вкус и ќе ве натера да ја изедете целата тегла.


Потребни состојки:

  • 1,25 кг. смокви
  • 3 кг. шеќер
  • кора и сок од еден лимон

Подготовка:

1. Смоквите добро измијте ги и со остар нож исечете ги двата краја, па потоа добро тенко излупете ги. Секоја смоква со врвот на иглата прободете ја низ две места, а потоа смоквите варете ги во 6-8 води, додека водата не зоврие, па таа вода истурете ја и сипете нова и повторно варете. 

2. Во последната вода ставете една цела кора од лимон. Варените смокви внимателно исцедете ги и оставете ги да се исушат. Во сад ставете го подготвениот шеќер, ставете вода и оставете да зоврие. Кога шеќерот ќе се соедини со водата, ставете ги во него смоквите. Варете на силен оган додека не биде доволно густ.

3. На 5 минути пред крај додадете го сокот од лимонот и малку ванила. Свареното слатко тргне го од огнот, прекријте го со влажна крпа и оставете го да се олади десетина минути. Тогаш тргнете ја крпата од садот и вратете го слаткото на рингла, нека повторно зоврие. Ова се препорачува кај подготовката на кое било слатко, бидејќи овошјето под влажна крпа ќе пушти уште сок.

4. Кога слаткото уште еднаш ќе проврие, повторно тргне те го од оган и покријте со влажна крпа. Нека така преноќи. Ладното слатко утредента сипете го во тегли.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2015 во 12:20

3 нови идеи за вкусни мармалади и слатки


Кога ќе ви досадат стандардните вкусови на мармалади и џемови, време е малку да се испробате во кујна.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-01.JPG

Израдувајте ги најмилите и „вооружајте“ се со тегли слатко уживање.

Слатко од бело грозје и ореви

Потребни состојки:

  • 1kg исчистено бело грозје (без семки)
  • 1kg шеќер
  • 150ml вода
  • 3-4 парчиња лимон
  • 150g ореви

Подготовка:

Грозјето измијте го и исушете го. Исчистете ги семките и отстранете ги скапаните зрна доколку ги има.

Во големо тенџере ставете го шеќерот и водата. На тивок оган растопете го шеќерот, па дури потоа додадете го грозјето. Распоредете го така што целото да биде потопено во сирупот.

Варете на тивок оган додека не згусне, а по потреба додавајте неколку капки вода. Ако се појави пена при варењето, отстранете ја со лажица.

Пред самиот крај додајте ги парчињата лимон и оревите.

Слаткото ставете го во претходно загреани тегли.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-02.jpg


Слатко од смокви и ѓумбир

Потребни состојки:

  • 950g зелени смокви
  • Корен свеж ѓумбир (околу 3cm)
  • 100ml сок од лимон
  • 500g шеќер за желатирање (џемфикс)

Подготовка:

Смоквите измијте ги, оставете ги да се цедат, исчистете ги и сечкајте на поголеми парчиња. Ѓумбирот исто така измијте го и исечете го на ситни коцки.

Помешајте ги смоквите со ѓумбирот и сокот од лимон, па потоа додадете го џемфиксот. Оставете ги нека отстојат 1 час.

Тенџерето со смесата ставете го да се вари и постојано мешајте. Слаткото ставете го во тегли и веднаш затворете. На кратко превртете ги теглите наопаку, па потоа оставете ги нормално да се оладат.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-03.jpg


Желе од јаболка

Потребни состојки:

  • 1l сок од јаболка
  • 3 лажици сок од портокал
  • 1 кесичка џемфикс
  • 2 гранчиња свежо нане
  • 400g шеќер
  • Зачин по желба - цимет, каранфилче, ванила...

Подготовка:

Сокот од јаболка, шеќерот, слатките зачини и џемфиксот ставете ги во длабоко тенџере. Варете околу 5 минути со постојано мешање.

Кога се ќе биде готово додајте го ситно сечканото нане, но претходно добро измијте го. Ставете го и сокот од портокал и повторно промешајте.

Смесата прелијте ја во стаклени тегли. Откако ќе ги наполните 5 минути нека отстојат превртени обратно. Кога ќе се оладат, ставете во фрижидер.

3-novi-idei-za-vkusni-marmaladi-i-slatki-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2016 во 10:10

ПЕЛТЕ ОД ДУЊИ


  

Пелте - желе од дуњи
 Пелте - желе од дуњи

Нашите баби многу вешто користеа се што дава природата за приготвување на многу различни типови на слатка, сокови, желеа. Ова пелте од дуња е нешто што многу ме потсетува на едно од највкусните работи кои мојата баба ги спремаше, па во нејзина чест решив и јас да го приготвам.

Потребен материјал

  • 2-3 кг дуњи
  • 1 кг кисели јаболка
  • шеќер
  • лимонска киселина (лимонтуз)

Начин на работа

Дуњите добро се мијат, се сечат на средни парчиња и се ставаат во поголем сад. Во садот се додаваат и измиените и исечени парчиња јаболка. И на јаболката и на дуњите не треба да им се отстрануваат ниту семките ниту лушпите.

Во тенџерето се додава вода толку колку да го покрие целото овошје. Се става на оган и се вари додека дуњите омекнат. Во зависност од сортата на дуњите, тоа може да трае околу половина час, помалку или повеќе.

За добивање на пелтето потребна е течноста. Течноста од дуњите и јаболката се цеди преку цедалка, а со лажица внимателно да се притискаат за да излезе целата течност. Овошјето се трга настрана (тоа веќе не е потребно) а течноста повторно се цеди но овој пат преку газа или некоја памучна ткаенина за да се отстранат и најситните парченца што евентуално се нашле во течноста. Се добива ретка и прозрачна жолто – црвеникава течност.

Течноста треба да се измери. Ова е важно затоа што во неа се додава шеќер и лимонтуз во зависност од тоа колку течност е добиена. На 1 литар течност се додава 750 г шеќер и  ½ лажичка лимонтуз.

Садот со течноста и шеќерот, се става на огнот и се варат, првин на силен оган, а потоа на слаб се дотогаш додека се добие потребната густина. Лимонтузот се става пред самиот крај.

Најтешка задача е да се утврди колку време треба да се вари течноста за да се добие потребната густина. За таа цел треба да се направат неколку проби. Кога течноста ќе почне да се згуснува, а врие така што се јавуваат тешки клобурци, тоа е знак дека треба да се почне со пробите. Еве една мој совет. Сместете 2-3  бели порцелански чиничиња во ладилник за да се оладат, па кога ќе црпнете од течноста и ја ставите на вака оладено чиниче, тоа веднаш ќе се олади и нема потреба да се чека. Ако се добие капка која се разлева, значи дека течноста се уште е ретка и се продолжува со варење.

Се смета дека пелтето е готово кога капнато на ладното чиниче не се разлева и останува како полутопка. Во тој случај, тенџерето се трга настрана и пелтето се собира во тегли.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2016 во 10:12

СЛАТКО ОД ДУЊИ




 




  1. 1.Во сад, на оган, ставете го шеќерот и 2-3 чаши вода. Oставете да зоврие.
  2. 2.Во меѓувреме дуњите убаво измијте ги и ако е потребно со четка отстранете ја мовта. Извадете им ги семките и тврдиот дел околу семките. На блендер се ситнат (наместо да се рендаат) и се ставаат во шербетот што врие.
  3. 3.Додадете 1 лимон или портокал исечен на тркалца и сето тоа варете го околу 25 – 30 минути или се додека слаткото не ја добие потребната густина.
  4. 4.Пред крај се додава 1 пакетче лимонтус. Слатко соберете го врело во тегли, затворете го и складирајте гo.


Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2016 во 10:22

Слатко од кора од портокали


Сите кои сакаат да направат, пробаат и послужат нешто ново, сега е идеално време да го пробате овој рецепт за слатко од кора од портокали.

slatko-od-kora-od-portokali-1.jpg

Вкусот е освежителен, а мирисот додека го подготвувате буквално ќе биде ароматерапија за сите околу тенџерето.

Потребни состојки:

  • 4-5 портокали
  • На 100g кори оди 150g шеќер
  • Вода
  • 1-2 лимони

Подготовка:

Убаво измијте ги портокалите и излупете ја кората на 4 крупни парчиња.

Секое парче исечете го на тенки ленти од 1 до 5 сантиметри, по желба.

Секое парче потоа свиткајте го како полжавче и нанижете на конец.

slatko-od-kora-od-portokali-4.jpg

Измерете ја тежината на кората.

Ставете ги полжавчињата од портокали во лонец и прелијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат 24 часа. Добро би било да ја промените водата 3-4 пати во текот на тие 24 часа.

Исцедете и во лонецот ставете вода колку да ги прекриете корите, па ставете на шпорет да зоврие. Во зовриена вода ставете ја кората и варете 5 минути. Исцедете и повторете 5-6 пати.

slatko-od-kora-od-portokali-3.jpg

Ставете колку што сте измериле (150g на 100g портокали) и додадете вода додека не добиете густ сируп, односно шербет. Додајте ги полжавчињата од портокал.

Варете на тивок оган додека сирупот не се згусне, а кората не стане проѕирна.

slatko-od-kora-od-portokali-2.jpg

Кога варењето е при крај, додадете лимон исечен на кругови и доварете уште 10-15 минути.

Готовото слатко покријте го со влажна крпа, а кога ќе се олади тогаш претурете го во тегли.

slatko-od-kora-od-portokali-5.jpg

Напомена: Од 2 портокали се вадат околу 100 до 150g кори.

Послужување: Слаткото може да се користи за торти и колачи или да се јаде чисто. Сирупот може да се раствори со вода и да се добие сладок сок.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2016 во 09:24

Џем од тиква со вкус на карамела


Тиквата е еден од есенските производи  кој содржи голем број на важни витамини и минерали што ја прави одлична состојка во сечија исхрана.

dzem-od-tikva-so-vkus-na-karamela-1.jpg

Можете да ја консумирате исечена на парченца, во разни колачи или печива, но и во форма на џем.

Ако до сега никогаш не сте се обиделе да направите вкусен џем од тиква следниот рецепт ќе ви каже како да го направите тоа.

Потребни состојки:

  • 1 kg пире од печена тиква
  • 300 g шеќер
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица ванила или екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Измијте ја и исечете ја тиквата и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 45 – 60 минути, односно додека целосно не омекне.

Извадете ја тиквата и оставете ја да се излади. Откако ќе се излади извадете го месото и ставете го во блендер. Мешајте додека не добиете убава кашеста смеса.

Добиената смеса ставете ја во поголемо тенџере, додадете го сокот од лимон и ванилата и ставете ја на тивок оган да се крчка.

Во друго тенџере ставете го шеќерот и оставете да се стопи на средна температура така што ќе добиете карамелизирана смеса со ќелибарна боја (внимавајте на јачината на огнот за да не ви изгори шеќерот).

Кога шеќерот ќе се стопи и зарумени и додадете го  пирето од тиква во тенџерето со карамел (бидете особено внимателни при оваа постапка бидејќи стоениот карамел ќе прска а препорачливо е да користите лажица со долга рачка или ракавици на рацете).

Кога ќе завршите со додавање на пирето, вратете го тенџерето назад  на оган и варете уште 1-2 минути со постојано мешање.

Соберете го во чисти врели тегли, убаво затворете ги, замотајте ги во некоја ткаенина и оставете да се изладат.

dzem-od-tikva-so-vkus-na-karamela-2.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2017 во 12:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2017 во 10:54

Dave’s Kitchen: Џем од кајсии поздрав и од купечкиот


Лесен за подготовка и како совршен за вкусни појадоци со семејството.

Потребни состојки:

  • 6кгр. кајсии
  • Измиени и отстранети од семките
  • Вода колку да ги покрие кајсиите
  • 2-3 пакетчиња лимонтус
  • 2 кгр. шеќер
  • 250мл. вода

Начин на подготовка:

Откако ќе ги отстраните семките од кајсиите, половините ставете ги во вода каде што ќе разредите две или три пакетчиња лимонтус. Оваа постапка е за да не ја изгубат бојата и да не потемнат при понатамошна обработка. 

Потоа во длабок сад ставете 250мл. вода и шеќер за да се растопат заедно. Кајсиите процедете ги од вишокот вода и изблендирајте ги во блендер за да добиете густо пире. 

Пирето од кајсии додадете го во садот каде што се растопиле шеќерот и водата. Варете со постојано промешување околу 1 час до 1 час и 15-тина минути или до посакуваната густина. 

Соберете го мармаладот во стерилизирани тегли и затворете додека е жешко. 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2017 во 15:03

Dave’s Kitchen: Домашно слатко од бели цреши



Ова слатко е одлично за декорирање на подготвените десерти, но и за консумирање со утринското кафе.

Потребни состојки:

Начин на подготовка: 

Во длабок сад ставете еден ред од црешите, еден ред шеќер и се така додека не ги потрошите црешите и шеќерот. Потребно е да отстојат покриени со шеќер за да пуштат вода.

После неколку часа зовријте ги црешите за да испари водата, додадете го лимонтусот на половина варење и исечканиот лимон. Додадете го и слаткарчето. Кога црешите ќе бидат кристални и кога шербетот ќе стане густ покријте со влажна газа и оставете го слаткото да се излади комплетно. Потоа соберете го во тегли и затворете цврсто. 

Добар апетит и забавно готвење! 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.