IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Зимски олимписки игри - Сочи 2014
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зимски олимписки игри - Сочи 2014

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 02:08
И јас чекам боб и ски скоковиљубов
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 13:13
Ме потсетија на филмов .... голема насмевка


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 13:43

Значи девојчево е чудо, алал да и е...да


Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 16:07
Слика има тон немалутина
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 13:36
Дамјановски заврши на 78 место

Дарко Дамјановски денес настапи на Игрите во Сочи во квалификациите во спринт на 1.800 метри во крос-кантри и го зазеде 78. место од 86 натпреварувачи.

Дамјановски стартуваше последен и финишираше со време од 4:08.56 минути, а заостана за 40.21 секунди зад победникот Виген Хатестад од Норвешка.

Нашиот нордиец не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето, со оглед на тоа што во следната фаза се пласираа првите 30 натпреварувачи од денешните квалификации.

Следниот настап на Дамјановски е на 14. февруари, кога ќе учествува во трката на 15 километри, а ќе го гледаме и на 23. февруари во трката на 50 километри слободно.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2014 во 22:04

Нашата нордијка претпоследна од 75 натпреварувачи.
Ако де, важно е да се учествува нели....
Се си мислам дека Кубертен имал некоја македонска жичка.вртење со очи

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2014 во 23:56

Од отварањето голема насмевка


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:47

ЗА СОЧИ 2014 ОДВНАТРЕ - ИНТЕРВЈУ СО САШО ПОПОВСКИ

Зимските олимписки игри во Сочи 2014 се фокус на сите светски медии, многу објективи, интервјуа, медали, изненадувања и натпреаврувачи кои сакаат да се качат на врвот на славата е декорот што го обзема Сочи. За да ѕирнеме малку одвнатре го контактиравме Сашо Поповски нашиот претставник од Македонскиот олимписки комитет кој е водич на нашата делегација, со цел да ни долови слика за тоа што се случува во Сочи со нашите претставници.

Како го оценувате Сочи 2014 и како сте задоволни во однос на целокупната организација и посебно во однос на спортската инфраструктура во која Русија инвестираше околу 55 милијарди долари?

Откако поминаа почетните специфични ситуации кои се речиси нормални за секои Олимписки игри, може да се даде оценка дека организацијата е навистина на високо ниво. Земајќи ги во предвид високите очекувања во однос на сместувањето, исхраната, транспортот, спортската инфраструктура, соработката со волонтерите, но и сигурноста на спортистите сето ова што го гледаме овде е токму она што се очекуваше од домаќинот.

Спортската инфраструктурата е извонредна и на секој чекор се приметува огромната инвестиција во овој регион кој секако повеќе кратно ќе се врати преку оддржливиот и долгорочен развој на спортот, туризмот, спортскиот туризам и економијата. Единствен куриозитет е времето. Немаме впечаток дека станува збор за Зимски Олимписки игри, а фактот дека беа измерени и температури од 18 степени го потврдува погоре кажаното.

Каде поточно се наоѓа нашиот тим, во кој комплекс и какви се дневните обврски на натпреварувачите и логистиката?

Ние сме сместени во две Олимписки села. Олимпиското село "Слобода" се наоѓа на надморска висина од 1500 метри, а олимписките терени са на само 500 метри од селото. Околу 1000 спортисти и членови на делегациите на Националните олимписки комитети кои ќе се натпреваруват во биатлон и нордиско трчање се сместени во ова село. Спортистите кои ќе настапат во алпско скијање и сноуборд се сместени во Планинското село на надморска височина од околу 1250 метри. Во третото село кое се наоѓа во близина на Сочи се сместени спортистите од преостанатите спортови односно хокеј на мраз, лизгање (уметничко и брзо) и карлинг. Во однос на дневните обврски можам да кажам дека по доручекот следат подготовките за тренинг, тренинг и опоравување по тренинг.

Следи ручекот, мала прошетка во селото, гледање на видео снимки од разни спортски настани, по што следи лесен фитнес тренинг и вечера. По вечерата имаме дружење и размена на искуства со другите национални тимови кои се во нашето Олимписко село и негде околу 22:00 часот спортистите се упатуват на спиење. Секако, во деновите кога се натпреварите, агендата пред настапот е целосно изменета. Логистиката е задача на водачот на делегацијата и тоа е лице кое навремено мора да обезбеди транспорт на спортистите до и од спортските арени за тренинг и натпревар, да го организира сместувањето на делегацијата, да поднесува секојдневни извештаи до ИОК, а на состаноците со ИОК кои се одржуват секој ден од 7:30 до 8:30 часот, доколку се јавила некоја нерешлива ситуација истата да ја изнесе во насока на нејзино решавање. Целокупната логистика и организацијата доколку доаѓа претседателот на државата или премиерот, или министерот за спорт на Олимписките игри и во Олимпиското село е исто така обврска на водачот на делегацијата. Транспортот на опремата и спортистите од и до аеродром, здравствените прегледи, пријавување термин за теретана, фитнес и слично се само мал дел од обврските на водачот на делегацијата или како овде тоа се вика Шефот на Мисијата.

Каква е состојбата и мотивацијата со нашите претставници и колку члена брои нашата делегација во полн состав?

Во Сочи се Антонио Ристевски – алпско скијање, Марија Колароска и Дарко Дамјаноски – нордијско трчање заедно со нивните тренери Иван Лесевски и Ѓоко Динески. Д-р Зоран Ханџиски се грижи за нивното здравје, суплементација, опоравување по тренинг, масажи, користење на компекс, нутрицизам и слично. Тука се и претседателот Васил Тупурковски, спортскиот директор Владимир Богоевски и потпретседателот на Скијачката федерација на Македонија, Владо Пановски. Факт е дека не постои поголема мотивација од сознанието дека се бранат боите на својата држава на Олимписките игри. Сметам дека мотивацијата на спортистите е на највисоко ниво и убеден сум дека ќе го дадат најдоброто од себе.

Од кој наш преставник очекувате најдобар резултат?

Секако дека Антонио Ристевски и Дарко Дамјаноски треба да постигнат најдобри резултати, но сепак многу фактори ќе зависат од нивните конечни резултати. Верувам дека нивните тренери ја темпираа формата за ЗОИ СОЧИ 2014 и сметам дека токму најдоброто од нив ќе треба да биде прикажано на Олимписките патеки.

Дали МОК ќе има и други активности во Сочи?

Во Сочи, претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски оствари работна средба со раководните лица на ИОК при што се разговараше за активностите на МОК, но и за унапредувањето и зголемувањето на програмите на МОК за 2014 година. Главна тема на овој разговор беа вторите Младински олимписки игри кои треба да се одржат во Нанџинг, Народна Република Кина (16-28 Август 2014 година).

Најважно е да се истакне дека од страна на МОК, за таа цел се обезбедени дополнителни финансиски средства во износ од 50,000 американски долари, наменски средства за подготовка и обезбедување на норма како и финансиски средства за подготовки на оние млади спортисти кои ќе изборат учество (норма) на вторите Младински Олимписки игри. Овие средства се надополнување на веќе обезбедените 50,000 американски долари така што вкупниот износ кој МОК го обезбеди за развој на нашите потенцијални млади олимпијци сега изнесува 100,000 американски долари. Беа реализирани и официјални состаноци и со Американскиот, Бразилскиот, Италијанскиот, Францускиот, Рускиот и Германскиот олимписки комитет при што беа договорени продолжувања на договорите за соработка и добивање на помош за развој на македонскиот спорт, најмногу во развојот на стручниот тренерски кадар, развојот на спортскиот менаџмент и спортската администрација, спортската медицина и добивање на донации во спортска опрема.

        

Слики од искачувањето на врвот Елбрус каде беше однесен Олимпискиот оган

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 17:44
Ева Самкова со прво злато за Чешка
Ева Самкова во финалето на сноуборд крос, го освои првиот златен медал за Чешка на Олимпијадата во Сочи.

Моментно третопласираната во генералниот пласман за Свесткиот куп во оваа дисциплина триумфираше во финалната трка пред канаѓанката Доминик Молтајс која е водечка во Вкупниот поредок на Светскиот куп и третопласираната Клое Треспеју од Франција.

Бранителката на титулата од Ванкувер, Маел Рикер, падна во четвртфиналната трка, додека сребената од Торино и актуелна второрангирана во Светскиот Куп, Линдзи Џакоубелс мораше да се задоволи со малото финале и вкупно пласман на седмата позиција.

Новата олимписка шампионка и јуниорска светска првенка, 20-ет годишната Ева Самкова беше најбрза во трите трки супериорно го зграпчи златниот медал на дебитантскиот настап на олимпијадите.

Американките и покрај тоа што останаа без подиум, се најуспешни сноубордерки по три дисциплини во Сочи со три медали од кои два златни и еден бронзен.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 18:14
Отекоа со хокејвртење со очи
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 19:44
motika.com.mk

Еве за кој навивалеголема насмевка
motika.com.mk

motika.com.mk

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 14:27
Денеска права зимска идила во Сочи, но силниот снег баш им задаваше проблеми 
на натпреварувачите во Бијатлон.
Секоја чест за Свендсен кој успеа да го освои златниот медалда

Фото финишот за Свендсен

15 пеколни километри, екстремно тешки услови на патеката, 4 комплексни застанувања на стрелиштата, а се се сведе на 10-тина сантиметри, доволни за норвежанецот Емил Хегле Свендсен конечно да биде на пиедесталот во Сочи и тоа на највисокото место. 15 километри масовен старт, трка што ќе се прераскажува. Маглата, снегот ја одложуваа безмалку 3 дена, но вредеше да се чека. Се менуваа водечките од километар во километар, стрелиштата ја донесоа посакуваната драма, ќе беше уште поголема единствениот Бјорндален да не промашеше 4 на последното стрелиште, а по него Свендсен, Фуркад и Моравец  влегоа со подеднакви шанси во последните 3 километри.

Беше јасно дека чехот неможе да се носи со водечката двојка од светскиот куп,повлече Свендсен, се чини ќе беше неправедно ако успееше итроштината на Фуркад на целта. Одлична трка како најава за штафетните натпревари што почнуваат утре.

Прв медал и тоа златен за Свендсен, по двете злата Мартин Фуркад стигна до сребро, а втор медал, денеска бронзен за Ондреј Моравец по среброто на 12,5 километри.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 16:12
Од оваа олимпијада се заљубив во сноубордингљубов
посебно во новава дисциплина слоупстајлда

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.