IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Оскари 2014-та година
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Оскари 2014-та година

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2014 во 11:45

Оскари 2014: Метју Меконахи му го зема оскарот на Леонардо ди Каприо, а најдобар филм е „12 Years a slave“

Оскарите по 86-ти пат ги избраа најдобрите филмски остварувања. Во Лос Анџелес во театарот „Долби“ шоуто го отвори познатата водителкка Елен ДеЏенерис која на уникатен и шармантен начин нè водеше и забавуваше во текот на целата програма. Леонардо ди Каприо и понатаму останува без посакуваниот оскар.

oskari-2014-metju-mekonahi-mu-go-zema-oskarot-na-leonardo-di-kaprio-a-najdobar-film-e-12-years-a-slave-01

Од 10 номинации, апсолутен победник со 6 освоени оскари е филмот „Gravity“, но за најдобар е прогласен „12 Years a slave“. Метју Меконахи има најдобра машка улога, а Кејт Бланшет има најдобра женска улога.

Ова е целосната листа на добитници:

Најдобар филм:

„12 years a slave“

Најдобра режија:

Алфонсо Куарон („Gravity“)

Најдобра машка улога:

Метју Меконахи („Dallas Buyers Club“)

Најдобра женска улога:

Кејт Бланшет („Blue Jasmine“)

Најдобра споредна машка улога:

Џаред Лето („Dallas Buyers Club“)

Најдобра споредна женска улога:

Лупита Нуонго („12 years a slave“)

oskari-2014-metju-mekonahi-mu-go-zema-oskarot-na-leonardo-di-kaprio-a-najdobar-film-e-12-years-a-slave-2

Најдобар анимиран филм:

„Frozen“

Најдобар странски филм:

„The great beauty“ (Италија)

Најдобра костимографија:

„The great Gatsby“

Најдобри визуелни ефекти:

„Gravity“

Најдобар краток анимиран филм:

„Mr. Hublot“

Најдобар краток документарец:

„The lady in number 6“

Најдобар долгометражен документарен филм:

„20 Feet from Stardom“

Најдобар звук:

„Gravity“

oskari-2014-metju-mekonahi-mu-go-zema-oskarot-na-leonardo-di-kaprio-a-najdobar-film-e-12-years-a-slave-3

Најдобро оригинално сценарио:

„Her“

Најдобра шминка и фризура:

„Dallas Buyers Club“

Најдобра кинематографија:

„Gravity“

Најдобра монтажа:

„Gravity“

Најдобра оригинална музика:

„Gravity“

Најдобра филмска оригинална песна:

„Let it go“ („Frozen“)

Најдобро адаптирано сценарио:

„12 Years a slave“

Најдобро оригинално сценарио:

„Her“

oskari-2014-metju-mekonahi-mu-go-zema-oskarot-na-leonardo-di-kaprio-a-najdobar-film-e-12-years-a-slave-1



Изменето од Valerija - 03.Март.2014 во 11:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
panter123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 15783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај panter123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 03:18
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


За вкусовите нели не се расправа.
А мене Оскарите одамна не ми се мерило за квалитетот на еден филм.

Чекам коментар од Пантер, одамна го нема на темава. големо гушкање



Анастеаголемо гушкање

Ќе дадам коментар како автор на темава, редно е да го кажам моето сумарно мислење за најпрестижната манифестација на планетарно ниво во филмската индустрија - оскарот.

Генерално сум задоволен од тоа како поминаа оскарите, со одредени забелешки и мали изнанадувања кои не ги очекував.

И во претходното мое мислење кое го напишав на темава предвидов дека оскарот ќе го добие филмот 12 Години Робство на режисерот Стив Меквин, сосема заслужено. Филмот го има тој стил, приказна која ги има ги поседува сите карактеристики, одлики, кои одат во прилог да го добие најважниот оскар - за најдобар филм. Сметав и бев сигурен дека трката во оваа категорија ќе се води помеѓу него и мојот фаворит Американски измамници, тие два филма беа најсериозни кандидати во трката за оскар во оваа најпрестижна, најзначајна категорија.

Изненадување за мене беше освојувањето на оскарот за најдобар актер од страна на Метју Меконахи, не дека Меконахи не го заслужи, апсолутно го заслужи, тука нема дискусија, позитивно изненади оваа година со улогата и во филмот на Џеф Николс  Mud каде исто така го демонстрираше својот талент на високо ниво, овие неколку години се потврди, се докажа како актер од премиум класата каде дојде до израз неговиот талент, квалитет кој го поседува а кој беше потиснат предходните години со неговите улоги во комедии и романтични драми - комедии. Но сепак морам да нагласам да потенцирам дека мои фаворити беа Бејл, Леонарно и Читал, многу неправеден е односот кој членовите на филмската академија го имаат кон Лео и  после толку номинации, одлично одиграни улоги, сеуште не се одважија да му го доделат толку очекуваниот оскар кој потполно го заслужи. А и тоа што сите почнаа да се мајтапат на негова сметка откако не го доби оскарот за кој беше сигурен и убеден дека ќе му биде доделен од академијата, е многу неправедно. Но тоа е, и со голем број други актери, актерки се случило истото да и покрај огромниот број номинации и феноменално одиграни улоги не ја добијат златната статуетка, огромни неправди се случуваат но тоа е тоа. Лео е одличен актер ова само ќе му биде мотив повеќе во иднина да даде се од себе и конечно да го освои толку посакуваниот заслужен оскар, имам чуство дека оскарот ќе го добие за филм кој ќе биде режиран од Скорсезе, можеби грешам, тоа ќе го потврди или демантира иднината.

Истото како со Леонардо се случи и со Ејми после 5 номинации академијата не и го додели оскарот кој убедливо го заслужи. Ејми е одлична актерка, има врвен талент кој во најскоро време ќе го валоризира со златна статуетка.  Кејт Бланшет заслужено го доби оскарот за исклучителниот перформанс во филмот Тажната Џасмин на феноменалниот Вуди Ален.

Лупита Најонг заслужено го освои оскарот за споредна женска улога за извонредниот перформанс во филмот 12 години робство - има потенцијал кај неа во иднина да добие повеќе номинации и оскари.

Алфонсо Куарон го доби оскарот за најдобра режија - честитки и за него иако сметам дека најмалку од сите останати негови конК*ренти номинирани во оваа категорија го заслужи.

Златната статуетка за најдобар актер во споредна машка улога замина во рацете на Џаред Лето тој беше мој фаворит во оваа категорија и како што  претходно кажав ја предвидов неговата победа. Тој заедно со Меконахи беа дебитанти на оскарите ова им беше прва номинација која и двајцата ја крунисаа со оскар, тоа ми е малку нелогично бидејќи актери кои имаат по 5-6 номинации не добиваат оскар додека некои со 1 номинација се закитуваат со златна статуетка.

Фрозен го освои оскарот за најдобар анимиран филм како што и предвидов

Исто така и мојот фаворит La grande bellezza (2013) го освои оскарот за најдобар странски филм

Гравити се закити со најголем број оскари но во техничките категории за кои и беше супериорен во однос на другите.

Да сублимирам генерално оскарите поминаа во добра атмосвера, водителката беше добра, сум задоволен во глобала, со мали забелешки на кои укажав, честитки за победниците и голем поттик - мотив - стимул за тие кои не добија осакар а го заслужија, уште повеќе да работат и да дадат се од себе во наредниве години да се закитат и да ја крунисаат својата работа - труд  изразена во импресивни перформанси со златната статуетка оскарот.







Изменето од panter123 - 07.Март.2014 во 03:29
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 17:28
Па...
ги изгледав фаворитите за Оскар...
уште пред да се прогласат победниците...

Gravity не би рекол дека е филм кој заслужува толку Оскари...
ништо посебно, можеби само Sound Mixing...

Мартин Скорсезе е дефинитивно неправедно запоставен...
исклучителен режисер со препознатлив стил, одлична режија...
извлечен максимум од актерите...
The Wolf of Wall Street сигурно не е негов најдобар филм...
но во секој случај подобар од Гравити на Алфонсо Куарон...
па и од...
12 Years a Slave...
кој е типична америчка приказна...
не видов во него нешто над просек...
далеку од тоа дека во оваа конК*ренција е најдобар филм...

American Hustle е целосен филм од повеќе аспекти...
Кристијан Бејл е извонреден...
не само во American Hustle...
и претходно има одлични улоги...
исклучителни трансформации...

Dallas Buyers Club е солиден филм...
со исклучителна глума на Меконахју...
америчка класика...
ништо повеќе од тоа...
сепак...
дефинитивно заслужен Оскар за Меконахју за најдобар актер...

За Леонардо Ди Каприо нема што да се каже...
маркантен, исклучителен актер...
но оваа улога не е доволна за Оскар...
мене ми е еден од омилените актери...
но во моменталната конК*ренција...
Бејл и Меконахју се далеку подобри...
имал Лео и далеку подобри изведби, па не добил Оскар...
не ме изненади...
како и да е, Скорсезе секогаш работи со тесен круг на одбрани актери...
они двајца сеуште немаат кажано се'...

Ејми Адамс...
не зборувам за тоа дека е фантастична фигура...
дека ми е фаворит во секој поглед...
субјективно, де...намигнување
ова не е единствен филм каде доаѓа до израз нејзиниопт талент...
но...
Кејт Бланшет и повеќе од заслужено е прогласена за најдобра актерка...
нема збор...

така...
некако мене ми се виде 86th Academy Awards приказната...





Изменето од којсумјас - 07.Март.2014 во 17:31
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 11:22
Оскарите одамна станаа само парада на дизајнерска облека и вештачки насмевки. 
Голема е листата на исклучителни глумци кои уште немаат ниту една статуетка .... 
Не ги гледам и не ги земам како мерило за квалитет ... 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 11:24

Брееее, и тука се сложувамеплазењеголемо гушкање
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 11:27
На крај ќе почнеме само да препишуваме една од друга .... ќе се цитираме де .... да не типкаме по двапати ... газење од смеењеголемо гушкање

Изменето од Blue Scarlet - 08.Март.2014 во 11:34
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.