IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - Сончеви колектори
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сончеви колектори

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
accipiter82 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај accipiter82 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сончеви колектори
    Испратена: 23.Октомври.2014 во 17:22
Еве уште неколку модели за сончеви колектори за топла вода и за топол воздух:

Сончев колектор од лименки
Сончев колектор од лименки 2 дел
Сончев колектор од лименки 3 дел

Соларен колектор за топла вода:
http://energetskaefikasnost.info/tutorijal-solaren-kolektor-za-topla-v/
http://energetskaefikasnost.info/tutorijal-solaren-kolektor-za-topla-v-2/
http://energetskaefikasnost.info/tutorijal-solaren-kolektor-za-topla-voda-3/
http://energetskaefikasnost.info/tutorijal-solaren-kolektor-za-topla-voda-4/
http://energetskaefikasnost.info/tutorijal-solaren-kolektor-za-topla-voda-5/
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2014 во 23:37
..pred seto ovaprvo ,treba da frlis edno 20-30 iljadarki za kukice na koe ke go stavis kolektorot za koe prethodno si kupil bormasina,metro... daska i slicno i posle se..moze da te cini ovoj proekt....1000 den.голема насмевка
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2013 во 12:00
во последно време се поактуелно е монтирањето на сончевите колектори во доамќинството и ииндустријата....освен почетната инвестиција, понатаму заштедите во електрична енергија се огромни, и тоа 8-9 месеци во годината...
не секој може да си дозволи почетна инвестиција од минималните 500-600 евра и покрај лото-субвенциите од државата.
затоа еден совет за вештите и трпеливите......

Како да изработите свој сончев панел за топла вода за помалку од 1000 денари


Како да изработите свој сончев панел за топла вода за помалку од 1000 денари


Со ова упатство ќе дознаете како да направите свој панел за добивање на топла вода за помалку од 1000ден. Тој ќе ви овозможи да ги видите принципите на соларно загревање на водата на дело, и е доста прилагодлив.

Ова е одличен начин да научите за обновливата енергија на сонцето и нејзината практична примена, во случајов за загревање вода. Овие упатства можете да ги искористите за изработка на уред со кој се добива доволно топла вода, при што уредот е најкорисен при кампување или како научен експеримент, a може да ги задоволи и потребите на еден дом, но за тоа ќе бара одредени измени.

Чекор 1 – Материјали

Потребни материјали се:

  • 2 кофи (или резервоар за целосно функционален систем)
  • Ножици
  • Бормашина
  • Бонсек
  • Штици
  • Стакло
  • Решетка од фрижидер
  • 4 метри пластично црево или цевки
  • Материјал за подлога (гума)
  • Самолеплива лента
  • Шрафови
  • Алуминиумска фолија

Чекор 2 – Собирање на материјалите

Со цел поевтина изработка на системот, како резервоар за вода може да се користи стар бојлер (кој веќе е наменет за чување на голема количина топла вода). Како колектор на топлина може да се користи нешто што веќе е изработено за дистрибуција на топлина, и е од метал. Тоа е цевниот систем за разладување од фрижидер (слика). За покривен материјал на рамката подобро е да се кориси стакло а не плексиглас, заради кршливоста на материјалот.

Чекор 3 – Подготовка на колекторот

Вака изгледа откако ќе го извадите од фрижидерот. Забележете ги двете цевки – погрижете се да ги оставите двата оловни доводи на краевите, за да може на нив да се поврзат цевките за довод и одвод на водата.

Чекор 4 – Останати делови

Ако имате некој стар кауч тогаш внатрешните дрвени делови се идеален материјал за рамка. Стакло и гума (може стари патоси за кола или пôд) се одличен избор за материјали кои ќе претставуваат подлога и поклопец на колекторот. Стаклото за прозорец може да биде едниствениот материјал ко ќе мора да го купите ако го немате на располагање. Погрижете се тоа да биде доволно големо да го покрива целиот колектор и да има доволно простор да може да се поврзи на рамката.


Чекор 5 – Изработка на рамката

Кога еднаш ги имате сите материјали на број, време е да се почне со правење на рамката. Бидејќи колекторот (цевките од фрижидер) не може да се менува, најдобро е да се гради рамката околу него, односно да се димензионира според неговата големина. Рамката се прави на тој начин што се прави предна и задна

рамка, а меѓу нив се поставува гумената подлога. Потоа двете рамки се спојуваат со големи шрафови.

Потоа над гумената подлога се поставува фолија од алуминиум. Причина за ова е тоа што не смее да се загрева позадината туку цела топлина треба да биде насочена кон колекторските цевки (ако не се веќе црни, тогаш треба претходно да ги бојадисате, за поголема апсорпција на топлина). Фолијата ќе го одбие секој зрак светлина што не го апсорбирал колекторот при првото поминување и му дава шанса за повторно да го погоди колекторот. Стаклената покривка ја зачувува топлината внатре во панелот за дополнително затоплување.

Светлината лесно поминува низ стакло, но не и топлината, како стаклена градина. Ако одлучите позадината да ја направите од метал наместо гума, тогаш нема да ви треба фолија. Во тој случај, ќе треба колекторот да биде физички прицврстен за подлогата (која е обоена во црно) затоа што металот е добар проводник на топлина и брзо се загрева, па таа топлина подлогата ќе ја пренесува и на колекторот. Во случај да одлучите да користите метална позадина, сепак ќе треба да поставите некаква изолација на задната страна на панелот, со цел да задржите внатре што е можно повеќе топлина.

Чекор 6 – Поврзување на колекторот за рамката

Следно, се прават зарези на рамката, за доводниот и одводниот крај на колекторот. Повторно може да се забележи употребата на самолеплива лента за покривање на процепите.


Чекор 7 – Завршни чекори

Пластичните црева (или цевки, ако правите целосно функционален систем) се поврзуваат на влезот и излезот од колекторот. Потоа колекторот се монтира над подлогата, со помош на самолеплива лента. Може да користите и шрафови или друг вид на стеги доколку сакате; решетката од фрижидерот веќе има вградени држачи.На крајот се поставува стаклото одозгора. Тоа служи за да го зароби инфрацрвеното зрачење од сонцето внатре во панелот каде колекторот ќе го апсорбира. Стаклото може да се зацврсти со самолеплива лента, но по неолку дена изложеност на сонце таа лесно паѓа. Затоа е подобро да користите држачи или шрафови, како и силикон за пополнување на празнините меѓу дрвената рамка и стаклото, со цел што е можно повеќе топлина да остане во панелот.

Поставете го вашиот панел под агол под кој ќе примаат најголемо количество сончеви зраци (за Македонија тоа е околу 45°).

Чекор 8 – За крај

Откако го составивте цел панел, време е да се провери на дело. Ако изработувате панел за експеримент или за кампување, тогаш може да се користат кофи за довод на вода. Ако го поврзувате на вашиот домашен систем, водата се разбира ќе доаѓа од водоводот. Во секој случај, овој панел ќе функционира одлично и брзо. Доколку на водата ѝ се дозволи да остане неподвижна во колекторот само неколку минути, таа може да достигне речиси температура на вриење. Доколку водата сепак се движи низ цевките, на излезот нејзината температура ќе биде околу 45°C при сончев ден и надворешна температура од 25 степени, што е сосем доволно за потребите на едно домаќинство.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.