IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY - Новогодишни и Божиќни   декорации
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY - Новогодишни и Божиќни декорации

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 08:14

Направете сами: Идеи за поевтино и покреативно новогодишно пакување


Ова е еден од најубавите периоди од годината кога колку и да ви се чини секојдневно, сепак, новогодишната магија успева сите да ги развесели.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-01

Иако можеби сè ви изгледа премногу накитено и светкаво, сепак не можете да одолеете и да ги одминете новогодишните излози и да не помислите на најблиските.

Секој би се израдувал ако добие подарок, особено ако е нешто посебно и оригинално.

Не е толку важно колку е скап подарокот внатре, туку колку внимание и љубов сте посветиле додека го одберете и спакувате.

Зошто да не се релаксирате од работата и да одвоите малку време за да ја покажете својата креативност?

Наместо да купувате украсни кеси или да ви ги спакуваат сите работи еднолично, потрудете се сами да ги спакувате сите подароци на различен начин, според вкусот и стилот на оној на кого му подарувате.

Не само што е уникатно, туку може да ве чини и многу поевтино. Искористете некоја од следниве идеи.

1. Потребна ви е обична еднобојна хартија за пакување, која лесно може да ја виткате и неколку шарени селотејпи. Кутијата завиткајте ја со хартијата вообичаено, а украсете ја со различни исечоци од шарените селотејпи.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-1.jpg



2.
 Стара мапа или весник и светкава трака ви се доволни за да имате едно необично, а украсно пакување. Авантуристите особено би се израдувале ако добијат подарок завиткан во мапа од следната земја која сакаат да ја посетат.  Додека за оние кои се со ретро стил, стариот весник со некој настан кој го паметат, би бил полн погодок.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-2.jpg

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-3.jpg



3. 
Печатите од компири се одлична декорација, која можат и децата да ја направат. Доволно е само да ја издлабите средината на компирот според формата која сакате да ја направите. На страна растворете малку темперна боја во која ќе го натопите и ќе оставате отпечатоци на хартијата со која ќе ги пакувате подароците.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-4.jpg

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-5.jpg



4. 
За романтичните пријателки хартијата со бели точки, машничка и цвет е полн погодок за воодушевување. Не ви треба премногу труд. Само еден молив со гума на едниот крај која ќе ја премачкате со коректор или друга темперна боја и ќе оставате отпечатоци како точки на хартијата. Откако ќе се исуши и ќе го спакувате подарокот, доволно е да ја преврзете кутијата со обична машна на која ќе додадете ситен цвет.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-6.jpg


5. Елегантно и свечено пакување со црни и златни машни може да направите од една растеглива црна лента и една светликава златна лента. Зависно како сакате да ви изгледа подарокот, може на различен начин да ги искористите двете ленти. Може да ги исечете потенко и да ги соберете како пуфка на средина, или да направите машна на која ќе залепите само неколку потенки ленти, изборот е ваш.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-16.jpg



6. 
Ако подарувате нешто поситно за кое не ви е неопходна кутија, од хартија може да направите и плик, кој украсен со црвени ленти, шарени селотејпи, или црвени врвки од плетиво, може да ги направат новогодишни и украсни.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-8.jpg



7.
 Уште едно романтично пакување може да направите доколку подарокот го спакувате во еднобојна хартија и наместо со разнобојни селотејпи, да одберете еден со поинтересен дизајн и да смислите форма во која сакате да го излепите.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-10.jpg



8.
 Сте помислиле ли некогаш дека може да ја искористите и картонската ролна од тоалетната хартија како паковка? Сигурно ви остануваат многу такви кои ги фрлате, но периодов подобро е да ги зачувате и искористите. Многу е едноставно, само навнатре свиткајте ги двата краја на отворите за да добиете мало кутивче во кое ќе ставите некој поситен подарок, а на средина преврзете го, или украсете го некоја црвена или зелена лента.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-11.jpg



9.
 Пакување со снегулки кои ќе можете да ги искористите на различни начини. Може да ги направите од хартија ако ја превиткате и исечете во одредена форма, така што кога ќе ја отворите ќе добиете интересен дизајн. Истата може да ја залепите на хартијата, или само да ја допрете, па ако поминете со боја преку неа шарата ќе остане отпечатена.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-12.jpg

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-13.jpg



10.
 Спакувајте ги подароците во текстилна хартија која ќе му даде сосема поинаков изглед на подарокот. За неа не ви е потребна посебна техника, освен да ја врзете на различни места, зависно од големината на подарокот. Може да додадете и украсни врвки, или украси со кои ќе го надополните изгледот.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-14.jpg

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-15.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2015 во 22:16

Направете сами снежни капки

Разубавете го домот за новогодишните празници.

ideja 2

Искористете една гранка од дрво која претходно добро сте ја измиле и ставете ја во висока вазна која веќе ја имате дома.

На гранката со спреј направете вештачки снежец или пак искористете памук од кој ќе направите импровизација на снежни топчиња.

ideja 3

Доколку имате старо синџирче со кристалчиња или пак старински лустер употребете ги кристалите кои исто така ќе ги попрскате со снежниот спреј.

На гранката може да додадете и два-три сребрени или бели лампиони што ви се наоѓаат при рака, како и класични ситни црвени лампиончиња кои ќе личат како плодови од дрвото. Ефектот е извонреден!

ideja 1

На вашата маса одеднаш  ќе добиете уметничка декорација која ќе ве потсетува на сите радости што ги носи зимата, па дури и ако надвор сеуште не паднал оној вистинскиот снег.



Изменето од Valerija - 18.Декември.2015 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2015 во 15:56
КАКО ДА НАПРАВИТЕ НОВОГОДИШНИ ДЕКОРАЦИИ ОД СТАРИ СИЈАЛИЦИ?

Новогодишните празници не можат да поминат без украсување на домот и китење елка, а оваа година направете уникатни и впечатливи декорации, какви што не сте имале досега. 

post cover photo

Оваа година искористете ги старите догорени сијалици за да направите уникатни лампиони, со што воедно ќе придонесете за доброто на животната средина бидејќи рециклирате. Освен што е добро за средината, рециклирањето е добро и за вашиот џеб. Заштедете пари, изразете ја својата креативност, а можете и да поминете забавно време со вашите најблиски ако оргазинирате креативна семејна активност.  

За да го донесете новогодишниот дух во вашиот дом потребни ви се стари догорени сијалици, темперни бои, лепак, светки и други стари материјали кои ги имате дома. 


 

 

 

 



Изменето од Valerija - 03.Јануари.2018 во 11:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2015 во 16:08

Балон

Лампион, картонска крошна, паричка или тапа за рамнотежа, конец и лепак.

Украс од срца

Божиќна играчка “коњ”

Сладолед од хартија

Лампиони или украси со помош на балон

Креативна вазна

Снегулка Балерина

Лизгалки од гранчиња

Елка од шишарка

Играчки кикирики

Снешко од чорапи

Украси за торти

Божиќна тегла со снег

Божиќни украсни светилки

Лампион со снешковци

Мечка на Божиќната топка

Снегулка “Војна на ѕвездите”

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 09:19

Направете сами: Новогодишни украси за празнична магија во домот


Поканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни украси кои можете да ги изработите сами.

ВЕНЕЦ ОД БАСТУНЧИЊА

Новогодишни украси

СНЕГУЛКИ ОД ДРВЕНИ ШТИПКИ

Донесете снежен изглед во домот, претворајќи ги дрвените штипки за облека во декоративни блескави снегулки.

Новогодишни украсиНовогодишни украси

САНКАТА НА ДЕДО МРАЗ СО БАСТУНЧИЊА

Празничните црвено-бели бастунчиња можат да послужат како основа за санка. Едноставно врз нив залепете големо чоколадо, а врз него наредете неколку помали слатки задоволства завиткани во хартија по избор. Во предниот дел поставете чоколадо во форма на Дедо Мраз.

Новогодишни украси

ПРАЗНИЧЕН ВЕНЕЦ ОД САЛФЕТКИ

Едноставно и евтино, а ефектно. Исечете подлога за венецот од картон. Салфетките исечете ги на мали квадратчиња. Премачкајте мал дел од венецот со лепило. Користете молив со гума за да ги оформите салфетките и да ги поставите на венецот како што е прикажано на фотографиите. Продолжете на друг дел од венецот. Украсете го со црвени топчиња и обесете го со декоративна лента.

Новогодишни украси

АРОМАТИЧНИ УКРАСИ ОД ПОРТОКАЛ

За да направите гирланда, со калапи отсечете мали ѕвездички од кората на портокал. Направете мали дупки пред да ја оставите кората да се суши. Сушењето на ѕвездичките можете да го забрзате ако ги ставите во рерна на ниска температура. Оставете ги во рерната доволно време за да се стврднат, но не дозволувајте да се испечат и значително да си ја променат бојата. Нанижете ги ѕвездичките на конец или волница.

Новогодишни украсиНовогодишни украси

Кората од портокал или мандарина многу лесно можете да ја претворите и во привлечни рози.

Новогодишни украси

Изрезбајте во портокал различни шари и збогатете го изгледот со каранфилчиња.

Новогодишни украси

ЅВЕЗДЕНИ СЛАМКИ

Новогодишни украси

ЕЛКА ОД КОНЕЦ

Врз картонски конус ставете најлонска фолија и премачкајте ја со лепило. (Во зависност од лепилото, можно е да треба да го растворите со малку вода.) Намотајте го конецот (волницата) и повторно нанесете малку лепило. Оставете да се исуши преку ноќ. Извадете ја елката прво со најлонската фолија, а потоа внимателно отстранете ја фолијата. Многу е важно лепилото да биде целосно исушено. Декорирајте ја елката со мали снегулки.

Новогодишни украси

ЕЛКИ СО БЕЛ СИЛИКОН

Врз картонски конус дарежливо нанесете бел силикон. Со помош на пластичен нож размачкајте го рамномерно. Едната шарка можете да ја направите со пластична виљушка, додека другата, со пластична лажица.

Новогодишни украси

ГЕОМЕТРИСКИ СНЕШКО

Направете си снешко од хартија кој можете да го поставите како лампион на вашата елка.

  1. На бела хартија испечатете ги шаблоните за тело, глава, нос и шапка кои се приложени и исечете ги внимателно по надворешните линии (слика 1).
  2. Со помош на игла или друг остар предмет поминете по испрекинатите линии и превиткајте (слики 2 и 3).
  3. Искористете течно лепило за да ги споите (слики 4 и 5).

Шаблон за тело [PDF]
Шаблон за глава [PDF]

Новогодишни украси

ЕЛКА ОД САЛФЕТА

Развеселете ја празничната трпеза со салфети во форма на елка.

Новогодишни украси

ЧАШИ КАКО СВЕЌНИК

Новогодишни украси

ШИШАРКИ КАКО МИНИ ЕЛКИ

Испрскајте ги шишарките со спреј во зелена боја и оставете ги да се исушат. Врвовите обојте ги со бела боја. По желба можете да додадете светки кои ќе потсетуваат на снег. Искористете плутена тапа како држач.

Новогодишни украси

ЗАМРЗНАТИ ШИШАРКИ

Премачкајте ги сувите шишарки со лепило и поросете крупна морска сол за „замрзнат“ изглед.

Новогодишни украси

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 09:22

8 идеи за новогодишно украсување во домот


Пред нас се новогодишните и божиќните празници со кои еуфорично ќе се збогуваме со годината која изминува и ќе ја дочекаме новата. Светот веќе го облече своето празнично руво, а домовите интензивно се разубавуваат со впечатливи украси.

Не е потребно да трошите мало богатство за да ја пренесете празничната магија во вашиот дом. Разбудете ја креативноста, инспирирајќи се од понудените популарни декорации кои брзо и лесно можете да ги направите сами.

БЛЕСКАВИ ТЕСТЕНИНИ

Тестенините во форма на панделки можат да ви послужат за да направите блескаво „синџирче“ на едноставен начин.

Премачкајте ја секоја панделка со лепило и поросете ја со светки. Оставете да се исуши лепилото, а потоа врзете ги панделките на еднакво растојание на долг дебел конец или волница.

Пред да ги обложите со светки, можете да ги обоите тестенините со прехранбена боја или со спреј во боја по избор.

Новогодишни украси

НОВОГОДИШНА САЛФЕТА

Преобразете ја еднобојната салфета во новогодишна елка за да ги одушевите вашите гости.

Новогодишни украси

А еве и како да направите мала панделка за врвот на елката со помош на виљушка.

АРОМАТИЗИРАНИ СВЕЌИ ВО ПОРТОКАЛ

Исполнете го вашиот дом со примамлива арома со помош на свеќи во портокал. За декорирање на портокалот искористете каранфилчиња.

Новогодишни украси

„ЗАМРЗНАТО“ ОВОШЈЕ

Дајте им замрзнат изглед на неколку овошни плодови кои ќе ги користите како централна декорација на масата.

Во мала чинија изматете белка од јајце, но не матете предолго. Со помош на четка премачкајте го овошјето со белката, а потоа испрпелајте го во кристален шеќер или во шеќер во прав. Доколку е неопходно, нанесете неколку слоеви шеќер за да добиете „снежен“ изглед.

За уште поинтересен изглед, пред да го премачкате овошјето со белка, залепете врз него лепенка во форма на ѕвезда. На крајот одлепете ја лепенката.

Новогодишни украси

МАГИЧНИ ЅВЕЗДИ

Направете ѕвезди од хартија и ќе можете да ги користите за да ја украсите елката, за да ги наредите на долг дебел конец, или пак, за да ги поставите врз вашите новогодишни сијалички.

  1. Испечатете некој од шаблоните за ѕвезди кои се приложени, во зависност од тоа која големина сакате да бидат ѕвездите. Користете листови во А4 формат, во боја по желба. Исечете внимателно со ножичка по надворешните линии (слика 1).

    Шаблон за мали ѕвезди [PDF]
    Шаблон за средни ѕвезди [PDF]
    Шаблон за големи ѕвезди [PDF]

  2. Доколку ги поставувате ѕвездите врз новогодишни сијалички, направете мали дупки во средината на секоја од нив (слика 2).
  3. Со шестар, игла или друг остар предмет поминете по секоја линија, нежно притискајќи, за да си го олесните превиткувањето (слика 3).
  4. Превиткајте го листот по секоја линија (слики 4 и 5).
  5. Со помош на лепило спојте ја хартијата во ѕвезда (слики 6 и 7).
Новогодишни украси

СВЕЌИ СО ЦИМЕТ

Со помош на стапчиња цимет можете најобичните свеќи да ги претворите во мало уметничко дело кое примамува погледи. Наредете стапчиња околу свеќата и прицврстете ги со коноп или со новогодишна лента. Освен што ќе добите прекрасен украс, ќе можете да уживате и во неодоливиот мирис на цимет.

Новогодишни украси

ДЕЛИКАТНА СНЕГУЛКА

Започнете со шест листа во форма на квадрат. Следете ги чекорите прикажани на фотографиите. Кога ќе дојдете до спојување на деловите означени со 2 и 4, не заборавајте да ја свртите снегулката и да ги залепите на спротивната страна од деловите 1 и 3. Откако ќе ги направите сите шест одделни елемента, залепете ги еден со друг.

Новогодишни украси

ЛАМПИОН ОД ВОЛНИЦА

Лампионите од волница изгледаат прекрасно, а се прават многу лесно и брзо. За да направите еден лампион, потребен ви е мал балон, волница, лепило, малку вода и светки.

Во мал сад ставете лепило и разредете го со малку вода. Волницата врзете ја за балонот и намотајте ја околу него. Потоа балонот потопете го во лепилото и поросете го со светки. Врзете го да се суши преку ноќ. Откако ќе бидете сигурни дека е потполно сув, внимателно направете мало дупче во балонот (што поблиску до отворот за дување) за да го истушите. Извадете го балонот од лампионот.

Новогодишни украси

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 16:05
DIY-Божиќен венец

За изработка на овој прекрасен додаток за разгорување на празничната атмосфера потребно ќе ви биде:

150 – 180 cm дебел лавров венец

Околу 170 cm пластични водоводни цевки

Бонсек

4 зглобови од 90˚

Тенка жица

Разни божиќни декорации (шишарки, брезови гранчиња, лисја итн.)

Новогодишни светилки

Пресечете ги пластичните цевки на 4 еднакви делови.

Вметнете ги зглобовите во цевките за да добиете квадратна рамка за вашиот венец.

Поставете го зеленилото на пластичната рамка и прицврстете го со тенката жица.

Прикачете ги божиќните декорации по ваша желба и вметнете ги новогодишните светилки.

На крај со метална закачалка (како на сликата) закачете го венецот на вашата врата или порта.



Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 16:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 16:35
Направете сами 
Декорации со сијалички

0-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

1. Пинг-понг топчиња

1-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

2. Ѕвездено небо

2-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

3. Магична ламба

4-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

4. Цветни сијалички

3-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

5. Лустер од хулахоп

5-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

6. Врвца за слики

6-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

7. Уметност на шишиња вино

7-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

8. Рамка во форма на срце

8-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

9. Снежни топки

9-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

10. Светлечки букви

10-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

11. Осветлени скали

11-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

12. Божиќно венче

12-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

13. Божиќна светлечка позадина

13-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

14. Лустер од пластични чаши

14-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

15. Збор напишан со сијалички

15-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

16. Новогодишна елка на ѕид

16-16-interesni-dekoracii-so-sijalichki-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-godina-kafepauza.mk

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 17:03

Неодоливи новогодишни декорации со шишарки


Шишарките може да се најдат во различни облици и големини, а се одлични како предмети за декорација. Тие се интересни и изгледаат прекрасно доколку ги изложите на некоја полица или пак ако се дел од некој занимлив аранжман. Одговараат за обликување, па од нив може да се направат различни украси.

Соберете шишарки и инспирирајте се преку овие неодоливи новогодишни украси. Лесно можете да ги избоите и украсите, само погледнете ги идеите коишто ги нудиме во продолжение.

1. Бели шишарки

Белите шишарки изгледаат прекрасно, дури и ако се само изложени во кошница или во некој стаклен сад. Бидејќи тие се дрвени плодови, може да ги побелите во неколку чекори. Белите шишарки лесно ќе ги вклопите во вашиот дом, каков и да е вашиот амбиент.

2. Шишарки обоени со спреј

Спрејот во боја е идеален за фарбање на нерамни површини, меѓу кои спаѓаат и шишарките. Изберете јаки бои и испрскајте ги. Кога ќе се исушат изложете ги во омилените садови и украсете го вашиот дом.

3. Шишарки во вид на мини елка

Бидејќи премногу наликуваат на елки, шишарките се идеални за аранжман. Избојте ги во зелена боја, поставете ги во саксија и украсете го врвот со ѕвезда или со друга форма по ваш избор.

4. Шишарки обоени со восок

Восокот во боја е уште еден начин да ги обоите шишарките. Изберете интересни бои и поиграјте си со комбинациите.

5. Свеќници од тегли украсени со шишарки

Ако сте сочувале некои поголеми тегли, еве еден прекрасен начин да ги употребите. Свеќниците украсени со малку вештачки снег и пар шишарки врзани со конец, делуваат неодоливо и празнично.

6. Ѕвезди од шишарки

Ако сте љубители на природните материјали за новогодишни украсувања, оваа ѕвезда од шишарки е идеален проект за вас. Дополнително, за да изгледаат свечено, можете да ги обоите во сребрена или златна боја.

7-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

7. Омбре шишарки

Омбре начинот на боење е популарен веќе подолго време. Па, искористете го овој тренд и обојте и украсете ги шишарките на овој начин, како дел од новогодишниот аранжман.

8. Шишарки на прозорецот

Украсете ги вашите прозорци или врати така што ќе ги закачите декорираните шишарки на нив. Изберете во што повеќе уживате – дали природни или обоени, но како и да е, нема да погрешите.

9-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

9. Аранжмани со шишарки на вашиот влез

Не заборавајте да го украсите и влезот од вашата куќа или зграда. Одберете големи шишарки и аранжирајте со некои слични предмети за празнично добредојде.

10. Мини елка од шишарки

Уште една мини елка којашто е прво обоена, а потоа е украсена со машнички, ленти, цветчиња и бисерчиња. Неодолива е било да е сама или како детаљ со други празнични декорации.

11. Венец од шишарки

Ако имате доволно шишарки, од нив можете да направите венец и да го поставите на средината на масата или да го закачите на ѕид. Малку декорирајте го и тоа ќе биде одличен детаљ во вашиот дом.

12. Шарени шишарки

Ако сте вешти во шиењето и имате парчиња шарени материјали, направете ги овие занимливи мини елки од шишарки. Овие шарени шишарки се прават на тој начин што малите топчиња од материјал се ставаат во празниот простор и се залепуваат со малку лепак.

13. Елка направена од деловите на шишарките

Оваа занимлива елка можете да ја направите на тој начин што ќе ги залепете поединечните делови коишто претходно ќе ги исечете од шишарките. На конусна основа залепете ги овие делови и дополнително украсете ги со малку светкави бои, а на крај на долниот дел ставете и машна во боја по ваш избор. Ова е прекрасен детаљ за декорирање на вашиот дом во претстојните денови.

13-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

14. Шишарки кои ги красат свеќите

Класичните дебели свеќи украсете ги со ребраст картон и шишарки, па ќе добиете одличен украс за вашата полица.

Па, време е да ја разбудите креативноста во вас и да го декорирате вашиот дом за новогодишните празници!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2015 во 10:47

Идеи за изработка на лесни новогодишни венчиња за на врата (фото)


Пред да им ја отворите вратата на гостите, дајте им нешто на што може да се воодушевуваат - пример, фантастично венче на влезната врата. И потоа уживајте во комплиментите.

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-01.jpg

Наместо да им одговорите „Го купив“, оваа година изненадете ги со „Бев креативна.“

Купете или соберете гранчиња од зимзелено дрво, пакетчиња лампиони, снабдете се со лепак и жици за зацврстување и може да почнете.

Само следете ги сликите и идеите, ќе се зачудите што сè можат вашите раце:

1. Минималистичко венче

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-1.jpg


2. Венче од хартија во боја

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-2.jpg


3. Венче од обични лампиони

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-3.jpg


4. Венче од машни

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-4.jpg


5. Венче од декорирани стари гранки

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-5.jpg


6. Венче од волнени топчиња

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-6.jpg


7. Венче од шишарки

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-7.jpg


8. Венче од стари тапи од вино

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-8.jpg

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-9.jpg


9. Венче од боени штипки

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-10.jpg

10. Венче од јаткасти плодови

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-11.jpg


11. Класично венче од лампиони и зимзелена гранка

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-12.jpg


12. Венче од парче картон и украсна лента

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-13.jpg


13. Венче од бомбони

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-14.jpg


14. Зимзелен снешко

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-15.jpg


15. Венче од лижавчиња

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-16.jpg


16. Ароматично венче од сушено овошје

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-17.jpg


17. Дедо Мраз од лампиони

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-18.jpg


18. Лампиони во стара рамка наместо венче

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-19.jpg


19. Машна - венче

idei-za-izrabotka-na-lesni-novogodisni-vencinja-za-na-vrata-foto-20.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2015 во 16:42

Сами направете снежна кугла


Ова е одличен полкон за вашите најблиски или украс во вашиот дом.

Снежната кугла е многу едноставна за изработка, а во неа можете да ставите што и да посакате, од новогодишни и божиќни украси па сè до сувенири од ваши патувања, фотографии…

Што ви е потребно?

Сад кој може добро да се затвори (може од стакло или пластика)

Водоотпорно лепило или силикон.

Украс.

Светки

Вода (или подобро проѕирно бебешко масло)

Боја за храна (нијансата одберете ја вие)

Глицерин (може да се набави во аптека)

Најпрво измијте го садот, добро исушете го и избришете го за да нема никакви отпечатоци од внатрешната страна. Со лепилото залепете го украсот на дното од садот или пак на поклопецот, во зависност од тоа како планирате да ја поставите куглата. Кога ќе се исуши лепилото, садот наполнете го со вода, не до врвот бидејќи мора да остане малку воздух.

Во водата по желба можете да ставите глицерин, на пример една голема лажица или дури во размер пола – пола. На тој начин светките пополека ќе паѓаат на дното. Друга опција е наместо вода, во куглата да ставите проѕирно бебешко масло. Во водата по желба, можете да додадете и боја за храна. На крајот додадете ги светките.

Нанесете го лепилото на внатрешниот раб од поклопецот на садот и добро затворете го. Ако садот кој го користите е пластичен, тогаш е подобро да користите силикон, но притоа внимавајте на фактот што на силиконот му требаат околу 24 часа за добро да се  исуши. Поклопецот можете да го обоите во некоја интересна боја или да го облепите со некоја ткаенина.

Ако најдете соодветен сад, снежната кугла може да ја направите и сосема мала и да ја носите како приврзок за клучеви или ланче.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2015 во 16:52

Празнична идеја: Еве како да направите Снешко од пластични чаши


Доколку сакате да го направите слаткиот и декоративен Снешко сами, еве што ви е потребно:

  1. Хефталка и многу иглички за хефталката
  2. Околу 250 чаши
  3. Кругови од црн картон кои ќе послужат како очи и копчиња
  4. Капа и шал

Се започнува со правење круг од околу 25 чаши. Чашите се прикачуваат со хефталката. Потоа се прави уште еден таков круг од 25 чаши и се прикачува на првиот. Во третиот и сите останати кругови се намалува бројот на чаши за да се добие форма на полутопка. Со спојување на две полутопки се добива долниот дел на Снешкото.

Целата постапка се повторува уште еднаш за да се формира втора топка. Бидејќи оваа треба да биде помала од претходната, започнете со околу 15-16 чаши, по ваша желба. Направете ја втората топка од горната страна целосна.

Откако ќе ги споите двете топки, Снешкото се декорира.

Ова е одличен проект доколку имате поголеми деца кои ќе ви помагаат и истовремено ќе се забавуваат.

СнешкоСнешкоСнешкоСнешкоСнешкоСнешко

Друга варијанта е направените полутопки да ги прицврстите на ѕид или на врата.

Снешко

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 14:40

Направи сам: Снегулки од стари пластични шишиња


Прва асоцијација на периодот во кој се наоѓаме, дефинитивно е снегот. Ако сте негов љубител и секоја зима одново барате некоја симболична снежна декорација, за годинава проблемот ви е решен.

napravi-sam-snegulki-od-stari-plasticni-sisinja-01.jpg

Направете снегулки од стари пластичните шишиња кои ви прават ѓубре низ дома.

Соберете неколку со различни големини, земете ножички и скалпел, синџирчиња на кои ќе ги закачите и бои со кои ќе ги нацртате самите снегулки.

Од секое шише искористете го дното, кое е во облик на цвет.

napravi-sam-snegulki-od-stari-plasticni-sisinja-02.jpg

Со помош на скалпел и ножици направете дупче каде ќе протнете синџирче на кое ќе ја закачите снегулката.

napravi-sam-snegulki-od-stari-plasticni-sisinja-03.jpg

На крај, поиграјте си со белата боја и четката.

napravi-sam-snegulki-od-stari-plasticni-sisinja-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101063
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2016 во 09:33

Интересни Божиќни декорации за вашиот дом

Ѕвездата е еден од симболите на Божиќ и е навистина стилски додаток за празничната декорација. Има толку многу идеи како да ги користите ѕвездите за декорација. Освен готови од продавница, можете сами да направите убави ѕвездички. Користете различни орнаменти, од различни материјали – хартија, ткаенина, дрвени елементи. Кон декорацијата можете да додадете копчиња, камбани, гранчиња во облик на ѕвезда. Светлата во облик на ѕвезда се соодветна декорација не само за божиќните празници. Со готовите ѕвезди можете да ги украсите прозорците, ѕидовите, скалите, вратата и се разбира – ставете ја најубавата на врвот на елката! А еве и неколку фотографии кои ќе ве инспирираат!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.