IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Приготвување на специјалитети од ориз
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приготвување на специјалитети од ориз

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:35

Пикантен ориз со ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Црвен пипер
  • 50 милилитри Супа од зеленчук
  • малку   Сол
  • 300 грама Ракчиња
  • 50 грама Путер
  • 300 грама Ориз
  • 1 чешниња Лук
  • 2 ливче/чиња Ловоров лист
  • 100 грама Леќа


  • Време за подготовка: 25 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пикантен ориз со ракчиња

ПОДГОТОВКА:

 Ставете ја леќата да отстои половина час во вода исцедете ја и варете ја 10 минути во сад со ладна вода заедно со ловоровиот лист. Пред да ја тргнете од огандодајте малку сол и отстранете го ловорот.

Пропржете го лукот во поголема тава на 30 грама путер. Додајте ги оризот и леќата, посолете ги и пржете ги неколку минути.

Додајте ја топлата супа, оставете ја да се вари поклопена 10 минути. Меколку минути пред да ја тргнете тавата од оган додајте ги ракчињата, црвениот пипер и останатиот путер. Јадењето може да го серирате.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 21:50

Ориз со козјо сирење, бабури и вино


Приготвување:

Во тенџере зовријте ја супата. Во голема тава загрејте го маслиновото масло на средна температура. Додајте го кромидот и динстајте додека да стане проѕирен, околу 1-2 минути.

Додајте ги црвените пиперки и динстајте уште 8-10 минути. Додајте го оризот неварен и промешајте минута-две, за да се обложи со другите состојки.

Додајте го виното и динстајте минута-две.

Сега почнете да додавате од супата чаша по чаша, мешајќи по секое додавање за оризот да ја впие течноста. Повторувајте ја постапката 25-30 минути, или додека оризот да омекне (можеби нема да треба да ја искористите целата супа).

На крајот додајте уште малку од супата, промешајте и исклучете ја ринглата. Додајте ја куркумата ако сакате.

Додајте ги ренданото козјо сирење (или крем-сирењето) и пармезанот и промешајте. Послужете веднаш.

Состојки:
8 чаши пилешки бујон

3 лажици маслиново масло

половина кромид, ситно сечкан

2 цели црвени бабури, ситно сечкани

2 чаши ориз

200 мл суво бело вино

сол по вкус

150 г рендано козјо сирење (или како замена крем-сирење)

50 г рендан пармезан

1/2 лажичка куркума (по желба)



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2014 во 14:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:27

Ориз со мелено месо

 Ставете го оризот во ладна солена вода, солта додадетеја по ваш вкус. Износот на водата треба да биде два пати повеке од оризот (на пример една чаша ориза, две чаши вода). Додадете и 40 гр путер, вари на бавна температура со затворен капак промешувајки повремено. 
Откако ќе извари водата целосно оризот е готов. 
Во тава испржи го сецканиот кромид, можете да додадете и сецкана сува пиперка, додадете го и меленото месо и зачинете по вкус, потпржете додека да се испржи меленото месо. 
Јајцата изматете ги со рачна маталка, додадете ја павлаката и заедно соединете и додадете го сварениот и подоладен ориз и повторно измешајте. 
Земете тава на дното премачкајте со масло додадете половина од оризот, одозгора целата количина на меленото месо, па втората половина од оризот. По површината додадете го преостанатиот путер исечкан на парчиња. Печете на 180 додека да додбиете светло кафеава боја.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:22

Рижото со вргањ

Рижото со вргањ
Ако немате многу време за подготвување на денешниот ручек, ви предлагаме брзо и вкусно решение.

Состојки: 350 г. ориз, 0,7 дл. вода, зачин, 50 г. путер, 200 г. вргањ, главица кромид, едно чешне лук, магдонос, 100 мл. маслиново масло, 100 г. пармезан, 200 мл. бело вино.

9986_stock-photo-italian-risotto-with-mushrooms-shutterstock_57083596_iff

Подготовка: На загреано масло испржете ги исечканиот кромид и лук, па додадете ги печурките исечени на листови. Полијте со вино и оставете го да испари. Потоа додадете го оризот, магдоносот, зачинете и полека налевајте топла вода, притоа постојано мешајќи. На тивок оган гответе 20 минути или додека оризот не се свари. Кога ќе го тргнете јадењето од оган стопете ги путерот и пармезанот во него и сервирајте топло.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:40

Ориз со домати во рерна


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 1   Пиперка/ки
  • 400 грама Ориз
  • 100 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • малку   Мајоран
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 200 грама Домат
  • 1   Врзалка зеленчук за супа
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ориз со домати во рерна

ПОДГОТОВКА:

Зеленчукот за супа исчистете го, измијте и ситно исечкајте го. И кромидот ситно исечкајте го. Загрејте масло па пржете ги зеленчукот и кромидот додека не омекнат. 

Потоа додајте ја исчистената и на коцки исечена пиперка. Кога и пиперката ќе омекне залијте ја со 300 мк вода, а откако ќе зоврие вмешајте го оризот. Додајте сол, црн пипер, ситно сечкан магдонос и мајоран. Намалете ја температурата и оставете на тивко да се динста. 

Варете додека оризот не биде скоро сварен, а по потреба долијте вода. Еден домат излупете, исчистете го од семките и исечкајте го на ситни коцки па вмешајте во оризот. Округло длабоко тенџере, намачкајте го од сите страни со маргарин и истурете ја смесата со ориз. 

Израмнете, а потоа додадете го и вториот домат исечкан на ситни парчиња и ловоровиот лист. Запечете 15 - 20 минути во рерна загреана на 180 степени.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 15:52

Зелено рижото

Состојки:

  • 300 гр кафеав ориз
  • 600 гр блитва или спанаќ
  • 2 дл млеко со намалена содржина на лактоза
  • сол
  • магдонос
  • маслиново масло

Подготовка: Оризот сварете го во двојна количина вода. Направете пире од блитвара, така што ќе ја одвоите од стебленцето, ќе ја исечкате и попарите со млако, па добро ќе ја испасирате. Потоа додадете го оризот и зачинете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2014 во 18:31

Ориз со печурки и зеленчук

Состојки:

  • 2 шолји ориз
  • 800g свежи печурки
  • 1 главица кромид
  • 500g спанаќ
  • Зелена пиперка
  • Црвена пиперка
  • Жолта пиперка
  • Масло
  • Суви зачини

Подготовка:

Пропржете ги печурките заедно со кромидот на врело масло, а спанаќот и оризот варете ги во посебен сад.

Кога ќе завршите со нив, подгответе ја тавата за печење. Размачкајте малку масло, па ставајте еден ред ориз, еден ред печурки. Повторете ја постапката неколку пати.

Од горе додајте ги ситно сечканите пиперки, посолете и додадете зачини. Полијте уште малку масло и печете 30тина минути на 180 степени.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2014 во 18:44

Рижото со морски плодови

Состојки:

  • 2 шолји ориз
  • Чаша бело вино
  • Лук или кромид
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1l супа од коцка
  • 200g маринирани печурки
  • 200g морски плодови
  • Зачини по желба

Подготовка:

Кромидот или лукот пропржете го на врело масло неколку минути, а потоа додајте го оризот и пржете неколку минути. Додајте го виното и варете го оризот додека потполно не испари течноста.

Малку по малку, додавајте ја супата со постојано мешање додека не ја впие оризот.

Одвоено сварете ги морските плодови, па кога рижотото ќе биде готово, промешајте ги во него.

Зачинете со бибер, малку сол и пред служење исечкајте малку магданос.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-07



Изменето од Valerija - 05.Мај.2014 во 18:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 15:47

ОРИЗ СО ПЕЧУРКИ И ЗЕЛЕНЧУК

???????????????????????????????

Состојки:

  • 2 шолји ориз
  • 800g свежи печурки
  • 1 главица кромид
  • 500g спанаќ
  • Зелена пиперка
  • Црвена пиперка
  • Жолта пиперка
  • Масло
  • Суви зачини

Подготовка:

Пропржете ги печурките заедно со кромидот на врело масло, а спанаќот и оризот варете ги во посебен сад.

Кога ќе завршите со нив, подгответе ја тавата за печење. Размачкајте малку масло, па ставајте еден ред ориз, еден ред печурки. Повторете ја постапката неколку пати.

Од горе додајте ги ситно сечканите пиперки, посолете и додадете зачини. Полијте уште малку масло и печете 30тина минути на 180 степени.



Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2014 во 17:41

ДИЕТАЛЕН ОРИЗ НА ПАРЕА

Потребни ви се 2 чаши кафеав ориз и 3 чаши студена вода. Измијте го оризот неколку пати со ладна вода и оставете го да се исуши. Потоа префрлете го во метален сад во кој ќе ја додадете водата и ќе оставите да постои околу еден час.Потоа ставете го оризот да се вари на пареа околу 25 минути, а потоа оставете го да стои во покриен сад уште 10 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2015 во 15:18

Вкусно рижото миланезе кое може набрзина да го подготвите


Малку е веројатно дека постои човек кому не му се допаѓа италијанската храна. Паста од секаков вид, шпагети, канелони, рижото, сосови и што ли уште не.

rizoto-milaneze-kral-na-site-rizota-koj-kje-ja-zbogati-vashata-trpezarija-01.jpg

Оваа превкусна кујна можете и дома да ја подготвите се што ви е потребно е малку време и најважната тајна на секој добар готвач: вистинска страст за добра храна.

Овој рецепт традиционално доаѓа од Милано и ќе ве изненади едноставноста на неговата подготовка.

Потребни состојки:

  • 250g ориз
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица шафран
  • 1 шолја бело вино
  • 1 исечкан кромид
  • 1,5l топла вода во која е растопена супена коцка
  • 50g пармезан
  • Маслиново масло

Италијаните рижотото го припремаат во висока тава, но доколку имате доволно квалитетен лонец, тавата можете да ја замените со него. Потребно е да има широко дно за оризот да се распространи во што е можно потенок слој.

rizoto-milaneze-kral-na-site-rizota-koj-kje-ja-zbogati-vashata-trpezarija-1.jpg

Започнете со тоа што во основата со коцка супа ќе го ставите шафранот и ќе ја оставите на страна да се олади.

Загрејте го лонецот, ставете ги 2 лажици путер внатре за да се растопи и ставете доволно маслиново масло за да не изгори путерот.

Во маслото ставете го кромидот и пропржете додека не добие златно шолта боја.

Во смесата додадете го орзот и налејте ја чашата вино. Почекајте виното да испари и започнете со половично додавање на основата.

Откако ќе испари основата додадете го пармезанот и малку маслиново масло. Промешајте и изгасете го огинот.

rizoto-milaneze-kral-na-site-rizota-koj-kje-ja-zbogati-vashata-trpezarija-2.jpg

Имајте на ум дека тајната на добро приготвеното ризото лежи во постојаното мешање.

На здравје!

rizoto-milaneze-kral-na-site-rizota-koj-kje-ja-zbogati-vashata-trpezarija-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:35
Рецепт: Рижото со тиква и шампињони 


Состојки:

15 гр. маргарин
1 лажица маслиново масло
1 главица кромид
2 чешниња лук
6 шампињони
300 гр. ориз
250 гр. исечкана тиква
700 мл. пилешка супа
40 гр. пармезан
сол 
бибер

Подготовка:


Во длабока тава загрејте го маргаринот и маслиновото масло за јадење, па додадете го исечканиот лук и кромид, и пропржете ги додека не заруменат.

Потоа додадете го оризот и издинстајте на послаб оган неколку минути. Во смесата додадете ги сечканите шампињони и коцките тиква, измешајте добро и врз сето тоа прелијте 200 милилитри супа.

Гответе па кога оризот ќе ја впие целата течност додајте уште супа. Продолжете тоа да го правите се додека оризот не омекне во целост, околу 20-тина минути. На крај зачинете по желба и ставете малку пармезан.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.