IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Јадења низ светот што мора да се пробаат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јадења низ светот што мора да се пробаат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2014 во 07:51
Тайская кухня – разнообразие вкусов в одной тарелке (16 фото) 
Том Кха Кај

Слатко-кисела супа со кокосово млеко , габи , домати ,пилешко , џинџифил и лимонена трева 
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 13:28

Улична храна ширум светот која мора да ја вкусите


Во големите светски метрополи луѓето секогаш се во брзање, а недостатокот на време ги тера да подлегнат под влијанието на нездравата, улична храна која е доста популарна веќе неколку децении.

ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite-01

Сепак, доколку сте турист во некоја од овие земји, ова е уличната храна која мора да ја пробате барем еднаш додека престојувате.

Хот-Дог во Њујорк

И покрај тоа што Америка е позната по хамбургерите, пикантно лутиот Хот-Дог е нешто незаменливо. Во највкусните локали е околу 3,5 долари, па затоа не пропуштајте да се почастите со тазе пржена виршла, лут сенф и уште неколку додатоци.

ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite-1


Помфрит во Белгија

Може да ви дојде како изненадување што најдобриот помфрит не се наоѓа во Франција, но сепак вреди да верувате. Во Брисел ќе имате можност да го вкусите најнеодоливиот помфрит подготвен од посебен вид на компири со неколку сосови послужени во посебни садови. Ќе платите од 2 до 8 евра, во зависност од големината на порцијата и сосовите кои ги сакате, но секое евро ќе вреди.

ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite-2


Запиеканка во Варшава

Овој специјалитет е измислен во Полска. Секоја Запиеканка е долга околу 50 сантиметри и е парче печен леб со шунка, печурки, топено сирење и уште неколку зачини, кечап и мајонез. Всушност, Запиеканката содржи потполно иста комбинација како и пицата, но крцкавото лепче е нешто што го дава препознатливиот вкус. Во Варшава речиси на секој чекор се продава овој домашен специјалитет кој ќе ве чини околу 2 долари.

ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite-3


Квас во Москва

Кога ќе ожеднете од солената храна, упатете се во Москва и порачајте си една ледено ладна чаша Квас. Квасот е пијалак кој се подготвува од ферментиран темен леб и е подеднакво популарен како и Кока-Колата и Пепси. Можете да го купите за околу 1 долар и е совршен пијалак кој нема да го пронајдете во ниту еден маркет, туку само на штандот кој се подготвува.

ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite-4


Сладолед во Италија

Италијанците имаат највкусна храна во светот, а нешто што мора да го пробате е италијанскиот сладолед или како што тие го нарекуваат - џелато. Ќе имате можност да го одберете кој вкус и да го посакате, бидејќи навистина постојат безброј вкусови. Не е чудо ако ова слатко задоволство ве чини околу 10 евра, но нема да зажалите за секое дадено евро.

ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite-5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:00

Вкусот на Медитеранот - Подгответе шпански специјалитети по оригинален рецепт

vkusot-na-mediteranot-podgotvete-spanski-specijaliteti-po-originalen-recept-02

Шпанската е една од најинтересните европски кујни која изобилува со маслинова масло, свеж лук, пиперки, домати, јајца, компир и разни зачини.

 Пробајте некој од вкусните рецепти за појадок, ручек или вечера.

Омлет од компири

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-1

Потребно:

  • 4 компири
  • 8 јајца
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги компирите, исечете ги на кругови, а потоа секој круг на четири дела. Пржете ги во врело масло додека не станат крцкави. Посолете, додајте ги во чинијата со изматени јајца со малку сол. Целата мешавина пропржете ја на маслиново масло. Ова е одлично и како топло и како ладно предјадење.


Кралски јајца

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-2

Потребно:

  • 8 јајца
  • 90 гр. путер
  • 30 гр. брашно
  • 0,5 л млеко
  • 1 дл слатка павлака
  • 150 гр ориз
  • 20 гр рендан пармезан
  • 1 лажичка зачин
  • Лимонов сок
  • Сол и бибер

Подготовка:

Јајцата нека бидат тврдо варени и излупени. Одделно подгответе бешамел сос со 50 гр путер и брашно, пржете многу кратко. Додадете ладно млеко и зачин, па варете го сето тоа и постојано мешајте околу 5 минути, додека сосот не се згусне. Додајте малку лимонов сок, бибер и слатка павлака. Во посебен сад на останатиот растопен путер кратко пропржете го оризот. Додадете му околу 3 децилитри вода, малку посолете и оставете го да се зготви. Потоа ставете го во огноотпорен сад, врз него наредете ги тврдо сварените јајца пресечени на пола и сето тоа прелијте го со бешамел сосот.


Паелја

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-3

Потребно:

  • 750 гр ориз
  • 12 парчиња пилешко месо
  • 150 гр бел грав
  • 300 гр грашок
  • 2 домати
  • 12 ракчиња со кора
  • 2 чешниња лук
  • 1 зелена пиперка
  • 1,5 л пилешка супа
  • 2 кесички шафран во прав
  • 12 школки
  • 4 лажички маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Пропржете го пилешкото месо на маслиново масло во голем и длабок сад. Додајте го грашокот и пржете неколку минути. Потоа додајте го лукот, пиперката исечкана на коцки и доматите. Измешајте добро и додајте ја пилешката супа. Оставете го сето тоа да се вари околу 15 минути. Додајте го оризот, сол и бибер и мешајте со дрвена лажица. Додајте ги шафранот, ракчињата, школките и гравот. Мешајте додека не се впие супата. Мора да се вари на слаб оган најмалку 15 минути. Пред сервирање оставете го да отстои неколку минути.


Гаспачо чорба

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-4

Потребно:

  • 2 лажички масло
  • 2 лажички брашно
  • 4 лажички пире од домати
  • 6 дл јогурт
  • 2 главици кромид
  • 3 јајца
  • 3 поголеми домати
  • 3 бабури
  • 150 гр шунка
  • 2 лути пиперчиња
  • 2 парчиња леб
  • 1 л вода

Подготовка:

Од маслото и брашното направете мала запршка. Оставете ја да се излади. Додајте ладна вода, полека мешајте и оставете ја да поврие. Додајте го доматното пире, посолете по вкус. Додајте го јогуртот, добро изладете ја во фрижидер. Во посебни чинии подгответе кромид, тврдо варено јајце, бабура, шунка, краставица, лутите пиперчиња и пржениот леб. Чорбата послужете ја ладна, а секој од гостите според вкусот ќе ја посипе во чиничето што ќе го одбере.


Крем Каталина

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-5

Потребно:

  • 2 лажички густин
  • ½ л млеко
  • 1 стапче ванила
  • 1 стапче цимет
  • 4 жолчки
  • 120 гр шеќер
  • ½ лажица вода

Подготовка:

Густинот помешајте го со малку млеко, остатокот ставете го да се вари, па додајте ги стапчињата ванила и цимет. Жолчките и 60 гр шеќер изматете ги со жица. Од млекото извадете ја ванилата и циметот мешајќи полека додавајте го свареното млеко о изматените жолчки. Садот ставете го на пареа, додадете го разматениот густин и мешајте додека сето тоа не се згусне. Сипете го во мали чинии и оставете ги во фрижидер 3-4 часа. На остатокот од шеќерот додадете пола лажица вода, за да се стопи и да добиете убава карамел боја. Тенок слој од врелата карамела сипете ја преку површината на кремот во чиниите и оставете ги уште половина час да се изладат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2014 во 16:47



Говедско филе во сос од брусница или џем и кнедли од леб





Овој чешки колач внатре се полни со афион, овошни џемови, ореви или слатко сирење.






Овој вкусен сендвич е со колбас, кечап и сенф.





Супа со компири, шумски печурки, павлака, копар, гарнирана со варени јајца.





Во Прага не можете да погрешите во изборот на торта, но оваа е една од најубавите торти со мед и ореви.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 22:16

Што вкусно би јаделе во Полска: Осчипек, кишка зјемњачана и пирог билгорајски 


polskaHrana (3)
Последниве десетина години, особено по приемот на Полска во ЕУ во 2004 година, дојде до преродба на полската традиционална кујна.

polskaHrana (2)

Пред зачленувањето во ЕУ постоеше стравување дека може да дојде до исчезнување на полската кујна, но наместо тоа се случи обратен процес, пред се благодарејќи на заштитата на традиционалните регионални деликатеси со европското законодавство, што доведе до возобновување на традиционалните методи на приготвување на храната.

polskaHrana (4)

Полската кујна изобилува со извонредни јадења и традиционални деликатеси. Веројатно најпознат меѓу нив е чаденото овчо сирење oscypek, но и kiszka ziemniaczana – специјалитет од компири со сланина што наликува на колбас, piróg biłgorajski – погача од компири и гриз со бело солено сирење, żurawinówka – водка од брусница со 32 проценти алкохол, како и извонредниот џем од сливи од реонот на Лублин.

polskaHrana (5)

Неодминлив деликатес од полската кујна се различните видови житарки – kasza, а неизбежна е и медовината, која е еден од најстарите пијалаци во човековата историја. Со климатските промените се повеќе се развиваат услови за одгледување на квалитени сорти на грозје во Подкарпатјето, Јасло и Долна Шлезија, што создава можност за производство на полско вино со повисок квалитет.

polskaHrana (1)

Традиционалната полска кујна содржи различни комбинации како месо со сушено овошје, печурки со житарки, закиселени чорби со лути колбаси или домашен џем со кисели краставички.

Кога сте во Полска избегнувајте пицерии или ресторани од Далечниот Исток, бидејќи локалниот начин на живот најдобро ќе можете да го почувствувате преку храната приготвена на традиционален полски начин.

Related Posts



Изменето од Valerija - 09.Септември.2014 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 22:22

Што да јадете додека патувате по светот? 


119664478

На патувањата секогаш чувствувате притисок што е можно подобро да ги искористите тие денови за стекнување на повеќе искуства.

Важен фактор за впечатокот, што ќе го добиете за земјата домаќин е храната.

Следуваат некои специјалитети, кои треба да ги пробате на дестинациите, кои ги посетувате.

Берлин

Доколку сте голем љубител на месото, можеби ќе помислите дека треба да навалите на германските шницли. Меѓутоа вистински специјалитет на оваа земја е швајнбратен, вид на прасечко печење со кнедли, кои се јадат со голема кригла пиво.

Еден од рестораните, кои служат одличен швајнбратен е Клерхенс Балхаус.

Истанбул

Комбинацијата од бои, глетки и звуци во Истанбул одлично се согласува со експлозијата на вкусови, кои ги носи турската храна.

Имајќи предвид дека Турција имала големо влијание врз кујната на Македонија, тешко е да се оцени кое јадење е најрепрезентативно.

Задолжително пробајте го турскиот локум, кој речиси и нема никаква сличност со оние што можете да го пробате во Македонија и може да се најде во многу различни егзотични вкусови. Сите варијатни на ќебапи, а ги има многу, извонредни се и заслужуваат да ги пробате. На крај испијте и филџан турско кафе.

Сиетл

Сиетл стана гастрономска Мека на САД. Препознатливи за овој град се мошне необичните крофни, а нејнеобични се секако оние со сланина и јаворов сируп.

Најдобрите можете да ги најдете во кафтеријата The Daily Dozen во улицата Пајк, но подобро би било да пораните, бидејќи брзо се трошат.

Дубаи

Дубаи станува се попримамлива гастрономска дестинација, благодарение на мноштвото различни кујни, кои можат да се пронајдат. Задолжително треба да ги пробате либанските, арапските и иранските специјалитети, а на врвот е Гузи, јадење од јагнешко и ориз, сервирано со хумус и зеленчук.

Амстердам

Свежите производи на Холандија, а особено во Амстердам, ви обезбедуваат добар оброк. Патката, тука е навистина спектакуларна и морате да ја пробате во комбинација со свежи салати.

Токио

Во Токио најпрво со брз воз заминете до Јокохама, каде се служи свеж сашимо појадок со штотуку уловени плодови од морето.

Токио стана се поамериканизиран, така што би требало да го прескокнете сушито, доколку сакате да ги пробате вистинските специјалитети. Подобар избор е рамен, а Ен ин Хачиоји го служи веројатно најдобриот.

Ханој

Најдобар оброк, кој можете да го добиете во Виетнам е Пхо (се изговара фу). Тоа е бистра супа со мирисни зачини и тестетина, која се служи со пикатни свински ќофтиња Бун Ча.

Иако фу можете да го најдете на секој ќош, особено добар е оној во Пхо 10, кој се наоѓа аголот на улицата Чан Кам.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 08:06
Пет специјалитети што треба да ги пробате во Рим!!!









Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2015 во 16:16
Што да нарачате: Едно јадење за по една европска држава!

Колку држави досега сте посетиле но сепак не сте сакале да експериментирате со нивната домашна кујна? Во секој случај, ние ви донесуваме по едно јадење од европските земји кои дефинитивно вреди да ги пробате, па останува на вас дали ќе одлучите да јадете домашна храна или ќе им се препуштите на "магиите" на fast food рестораните кои се речиси исти на целата планета!

Австрија


Виенската шницла е популарна секаде, но таа е најпрепознатливо јадење токму во Австрија. Се послужува како главно јадење, а ако ја нарачате некаде во Виена, бидете уверени дека навистина ќе ве остави без зборови. Виенската шницла во Виена ќе ви биде послужена со пржени компирчиња.

Белгија


Moules-frites е назив за најпопуларното белгиско јадење, а верувале или не, тоа се состои од школки и заштитниот знак на белгиската кујна – помфритот. Ова звучи како навистина интересна комбинација, зарем не?

Бугарија


Ова предјадење е популарно и кај нас, но корените ги влече уште од Бугарија. Секако, се работи за популарната шопска салата. Домат, пиперка, краставица, кромид и сирење – се главните состојки на оваа салата.

Кипар


На островот кој е поделен помеѓу Грција и Турција, најпопуларна храна е halloumi со лубеница. Со оглед на фактот дека најверојатно се прашувате што е тоа, всушност halloumi е посебен вид на кипарско сирење. Се служи како меѓуоброк или предјадење, додека го чекате главниот оброк.

Чешка


Тука се добро познати и кнедлите, но најпозната е секако – свичкова. Се работи за говедско месо кое се маринира најмалку 24 часа, а секако се послужува како главно јадење. Ако го нарачате во Прага, тогаш дефинитивно не постои можност за грешка.

Данска


Frikadeller е името на најпознатото данско јадење. Се работи за месни, најчесто свински топчиња кои се сервираат со домати, зелка и ориз.

Естонија


Национално естонско јадење е росолје, а се работи за комбинација во која главни состојки се ротквица и компир. Се служи како прилог бидејќи се работи за еден вид на салата, а во неа уште може да се додадат и јајца или јаболки.

Финска


Финското најпознато јадење е тешко да се напише, а камоли да се изговори. Poronkäristys е всушност сецкани парчиња месо, најчесто говедско, кои се јадат со пире и кромид.

Франција


Мјсторите за готвење во франција особено се гордеат со специјалитетот pot-au-feu. Се служи како главно јадење а наједноставно кажано – се работи за говедско во комбинација со зеленчук.

Германија


Кај Германците се работи за говедско месо маринирано 3 до 4 дена. Со него во комбинација оди зеленчук и различни зачини, а оние кои го пробале се колнат дека им е едно од омилените јадења. Да не заборавиме и на името – Sauerbraten.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2015 во 21:59

Клафути: Едноставноста на француската кујна во вкусен десерт


Што е фантастичното во десертот како Клафути? Сите состојки се подготвуваат во еден сад, брзо се пече и толку е разновиден што можете да го приготвите со било кое овошје (свежо или замрзнато).


Оригиналниот рецепт на Клафути бара да употребите цреши, но ако не можете да ги пронајдете во супер-маркетите или на пазар, слободно употребете во десертот што ќе посакате. Грозје, вишни, малини, сливи....



Едноставно брзо и екстемно вкусно.

Состојки:

  • 1 лажица несолен путер
  • 200 грама цреши (свежи или смрзнати)
  • 2 големи јајца
  • 60 мл. слатка павлака
  • 60 мл. млеко
  • 50 гр.шеќер
  • 30 грама брашно
  • 1 лажичка екстракт од ванила


Подготовка:

За почеток загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. 

Измијте го овошјето и ставете го во намрсено тавче. 

Во сад изматете ги со мискер јајцата, путерот и шеќерот додека не се стопи шеќерот. Потоа додадете ги млекото, павлаката, екстрактот од ванила и брашното. Смесата која ќе ја добиете ќе биде потечна (поради малата количина на брашно), но тоа е соодветната која ја бара самиот рецепт. 

Смесата истурете ја во намрсеното тавче и печете 30-35 минути на 180 степени Целзиусови. При крајот на печењето проверете со чепкалка дали е доволно печен Клатуфи десетот.



Откако ќе почекате да се излади, можете да го посипете со шеќер во прав или да го сервирате без ништо. 

Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:46

ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНДИСКИ ЛЕПЧИЊА

14

Многу вкусни, традиционални лепчиња …

Потребно е:
900 гр брашно
1 лажица шеќер
1 лажица сол
1 квасец
300 мл млеко
80 мл павлака
2 лажици маслиново масло
1 јајце, малку изматено

за премачкување:
100 гр путер
2 чешниња лук
малку сецкан магдонос

Подготовка:
– Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.

– Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути.

– Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на набрашнета работна површина. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.

– Загрејте ја рерната на 250 целзиусови степени.

– Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се печат барем 10-тина минути, додека не заруменат малку, но притоа проверувајте каква е состојбата бидејќи секоја рерна е различна.

– Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „наан“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магданос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:55
16

НАТИАС – ШПАНСКИ МЛЕЧЕН КРЕМ


Состојки:
1л млеко
6 жолчки
5 лажици шеќер
1 лажица брашно
¼ кафена лажичка цимет
1 лажица рендана кора од лимон
Загрејте го млекото, но тргнете го од оган пред да зоврие. Во тоа додадете половина пакетче цимет и кора од лимон. Оставете течноста да се олади.
Изматете ги жолчките со шеќерот додека не добиете бела смеса. Потоа додадете го брашното разредено со малку вода.
Процедете го млекото, зовријте го и исипете го бавно во тенок млаз во смесата со јајца.
Измешајте ја добиената смеса, ставете го садот на слаб оган, но не треба да дозволите да зоврие.
Префрлете го врелиот крем во садови за сервирање и оставете да се олади. Десертот се сервира студен поросен со цимет.



Изменето од Valerija - 12.Август.2015 во 18:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:49

WRAPS- МЕКСИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТ

wraps naslovna

Ова е уште еден од многуте мексикански специјалитети кои напросто ги обожаваме. Станува збор за wraps ролнички, мексикански сендвич направен од тортиљи филувани со свежа салата, сирење, пилешко месо…

Свежото пилешко бело месо исецкајте го на тенки ленти, и маринирајте го во маслиново масло, малку сол и на врвот од лажицата мелено чили. Оставете го во оваа смеса 10-на минути. Потоа пропржете го во тефлонска тава без да додадете масло за јадење , се додека не поруменат.

Еден врзоп ротквици исецкајте ги на коцки и ставете ги кај свежото сирење, посолете, ставете бибер и ставете го лукот ситно искецкан.

Измијте ја марулата, исецкајте ја, црвената пиперка исецкајте ја на долги, тенки ленти.

Тортиљата премачкајте ја со смесата од свежото сирење, потоа ставете го прженото месо, пиперката и на крајот салатата. Замотајте ги во ролни, пресечете и послужете.

wraps1

Потребни состојки:

4 тортиљи

200 гр свежо сирење

1 чешне лук

1 врзоп ротквица

300 гр пилешко бело месо

малку чили

3-4 лажици маслиново масло

листови марула

1 црвена пиперка


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:01

ПЕСТО

Pea Pesto Crostini
Состојки:

1/4 чаша борови јатки (за замена може и некое друго јаткасто овошје, на пр.Ореви)

1 чешне лук

3 чаши свеж босилек

1/4 чаша рендан пармезан

1 лажица сок од лимон

1/4 чаша маслиново масло

Сол и бибер

Подготовка:

Тостирајте ги  боровите јатки на суво во тавче се дур не добијат златно кафеава боја (мешајќи често), за време од 3 минути. Во блендер исецкајте ги јатките и лукот, додадете ги босилекот, пармезан  и сокот од лимон и блендирајте се додека не добиете ситна каша. Пополека додавајте го маслиново масло и продолжете со блендирање се додека не добиете мазна и ситна каша, на крајот додадете сол и бибер по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:02

ШВАЈЦАРСКИ ТАРТ СО ШУНКА И КАШКАВАЛ

solen2

Потребни состојки:

300 гр. брашно

100 гр. путер

150 мл. вода

20 гр. путер

150 гр. шунка

1 главица кромид

200 гр. домати

200 гр. кашкавал

1 јајце

250 мл. млеко

10 гр. брашно

Морско оревче

Копар

Сол и црн пипер

Припрема:

Исецкајте ги кашкавалот и шунката на ситни коцки. Ситно исецкајте го копарот.

Во посебен сад ставете го брашното (300 гр), водата и путерот (100 гр), додадете една лажичка сол  и замесете го тестото. Оставете го да отстои 15 минути прекриено со фолија, а потоа расукајте кора во дебелина од околу 3 мм. Исечете ја кората на кругови кои одговараат на големината на вашите калапи за тарт, кои претходно сте ги намачкале со путер.

Излупете ги доматите и исецкајте ги на коцки. Загрејте го путерот (20 гр) во тавче на оган, па додајте го ситно исецканиот кромид и оставете го да се пропрж со повремено мешање. Потоа тргнете ја тавата од оган и исцедете го вишокот на маснотија.

Во посебен сад додајте ја шунката, кашкавалот, пржениот кромид, доматите и копарот. Наросете сол и црн пипер. Промешајте ја смесата и додадете ја врз тестото во калапите за тарт.

Во посебен сад измешајте ги јајцето, млекото и ренданото морско оревче. Со оваа смеса прелијте ги тартовите и ставете ги во рерна да се печат околу половина час на температура од 220 степени целзиусови.

Откако ќе се испечат, наредете ги во чинија за сервирање и послужете ги со павлака. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.