IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите езера во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите езера во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:02
љубов

Мелисани - Кефалонија

Пештерата Мелисани се наоѓа на источниот брег на остовот Кефалонија во Грција. Лоцирана е на 2км од градот Сами и на 10км од градот Аргостоли.

Пештерите се чудесни бидејќи се опкружени со шуми, а и од западната страна има планински венец. Во неа има езеро кое ја надополнува нејзината убавина. Таа е долга околу 100 метри и првпат е откриена во 1951, а отворена за јавноста во 1963.

1

3

Езерската вода е мешавина од слатка и солена, морска вода. Пештерата е на околу 500м од морето и нивото на водата е еден метар повеќе од морското ниво. Мешаната вода извира од пештерски систем длабок 30м на едната страна и тече до другата страна на пештерата. Ова било откриено за време на нуркачки експерименти во 1959-тата.

5

6

Пештерата некогаш имала две големи комори, пред илјадници години. Денес, таа ја има формата на буквата В со два дела во кои има вода и остров на средината. Првиот дел е има голем овален отвор на горната површина низ која продира сонцето. Вториот дел е огромна затворена пештера со сводест покрив и бројни сталактити и сталагмити.

Најубаво време за посетување на пештерата е среде сончев ден. Се организираат тури и туристите се водат на патување низ двете комори со чамци.

8

2

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 08:46

Едноставно познато како Синото езеро, прекрасното вештачко езеро кое се наоѓа во Јапонија, секоја есен ја менува својата боја пред очите на набљудувачите.

vestackoto-ezero-koe-ja-menuva-bojata-od-kristalno-sina-do-smaragdno-zelena-02

Од месец октомври до месец ноември оваа година езерото ја промени својата боја од кристално сина до смарагдно зелена.

vestackoto-ezero-koe-ja-menuva-bojata-od-kristalno-sina-do-smaragdno-zelena-04

Менувањето на чистите и силни бои никогаш целосно не е објаснета, па затоа теориите варираат од онаа дека бојата зависи од состојките во водата, па сè до временските услови.

Во секој случај, глетката е неверојатно прекрасна, па можеби затоа никој не го побарал најлогичното објаснување.

Уживајте во живописната, магична природа:

vestackoto-ezero-koe-ja-menuva-bojata-od-kristalno-sina-do-smaragdno-zelena-01

vestackoto-ezero-koe-ja-menuva-bojata-od-kristalno-sina-do-smaragdno-zelena-03vestackoto-ezero-koe-ja-menuva-bojata-od-kristalno-sina-do-smaragdno-zelena-05

vestackoto-ezero-koe-ja-menuva-bojata-od-kristalno-sina-do-smaragdno-zelena-06



Изменето од Valerija - 28.Јануари.2018 во 12:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 08:47

Покрај тоа што важи за најдлабоко и најстаро во светот, Бајкалското езеро кое се наоѓа во Сибир, во азискиот дел на Русија важи и за едно од најубавите во светот.

najubavoto-ezero-vo-svetot-zaledenoto-bajkalsko-01

Во текот на сите годишни времиња тоа создава прекрасни пејзажи, а посебно во зимските, кога ниските температури создаваат прекрасни ледени форми и облици.



Изменето од Valerija - 28.Јануари.2018 во 12:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 22:22
Манапури во Нов Зеланд 







Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:50
Езерото Титикака 

Се наоѓа на територија на Перу и Боливија




Изменето од evangeline - 18.Февруари.2014 во 10:50
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 20:18
        Езерото Пласид – рај за секој љубител на зимата!

Фасцинацијата е единственото нешто што ќе го почувствувате додека се шетате околу езерото Пласид. Мирното мало гратче, со прекрасната колекција на бутици, ресторани и ски-патеки, ќе ви понуди многу повеќе од прекрасни пејсажи и вечен снег.
Многу луѓе го посетуваат Пласид барем еднаш во сезоната бидејќи е идеално место за оние кои обожаваат зимски спортови и уживање на свежиот воздух, со сонцето и комфорите на вистинско апслко селце. Ова место е дом на две легендарни Зимски олимписки игри, и во него често зимуваат светски познати спортисти.


Секоја зима овде може да проследите и повеќе натпреварувања и првенства во боб-санкање, лизгање на мраз, скијање и слично.

Зошто треба да одите:

1.Највисока надморска височина и најголема вертикала на Северозападот

2.Неверојатно сместување, ресторани и ноќен живот


3.Оценет е како број 1 во Северна Америка за рекреативно скијање

4.Езерото Пласид има многу светски натпревари кои се одржуваат секоја година

5.Децата од 6 години и помалку престојуваат и скијаат бесплатно




                                                                 













Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 21:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 10:03
Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција. На север басенот на езерото е заграден со Беласица и Боска Планина. На запад се планините Дуб и Кара Балија, а на исток Круша. На југ е отворен по долината на реката Ѓолаја кон Солунското Поле.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 23:41

Најубавите езера во светот


taka glasi temata,ne?
 sprema to mislam deka si ja utnala.намигнување

ustvari, moze i da bide ,ama togash nema da ima  ezero na planetava, shto ne e (naj)ubavo.


Изменето од sikter - 22.Февруари.2014 во 23:41
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 18:56
Originally posted by sikter sikter напиша:

Најубавите езера во светот


taka glasi temata,ne?
 sprema to mislam deka si ja utnala.намигнување

ustvari, moze i da bide ,ama togash nema da ima  ezero na planetava, shto ne e (naj)ubavo.


 
Ако е наше не значи дека не е убаво. А да не почнеме да збориме и за лековитоста, не е за на темаванамигнување

Секако, убаво е на изглед, лично на мене не ми е убаво за пливање. Ама затоа што не си бил ни на овие УБАВИТЕ, не можеш да знаеш какви се да

Патем, не заборавај дека убавината е релативна категорија!
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 00:50
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by sikter sikter напиша:

Најубавите езера во светот


taka glasi temata,ne?
 sprema to mislam deka si ja utnala.намигнување

ustvari, moze i da bide ,ama togash nema da ima  ezero na planetava, shto ne e (naj)ubavo.


 
Ако е наше не значи дека не е убаво. А да не почнеме да збориме и за лековитоста, не е за на темаванамигнување

Секако, убаво е на изглед, лично на мене не ми е убаво за пливање. Ама затоа што не си бил ни на овие УБАВИТЕ, не можеш да знаеш какви се да

Патем, не заборавај дека убавината е релативна категорија!
e pa zatoa i e  fotografiranjeto,
 za da vidish i ubavini , ako vekje  ne mozesh  direktno.

koga se bara da se nabrojat  ubavini na neshta,  na javni mesta,
 togash stanuva zbor za apsolutna ubavina , ne relativna.

 a dojran e kako plitka tepsija .......ispolneta so voda.голема насмевка
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 08:25

Природата умее да биде романтична: Езерото Кадо



Езерото Кадо е уникатен природен резерват, кој се наоѓа на границата помеѓу државите Тексас и Луизијана, САД. На неговата територија  растат едни од најголемите кипарисови дрвја на нашата планета. Кадо е единственото езеро во Тексас, создадено по природен пат.

Денес местото е заштитена територија со уникатна природа, која  е отворена за посетители во текот на целата година, но најдобро време  е  крајот на октомври или средината на ноември. Во тоа време чемпресите кои растат таму ја менуваат бојата и шумата изгледа многу живописна.

Денес има над двесте дрвја и грмушки, а некои од нив се стари повеќе од сто години.  




Изменето од Valerija - 28.Јануари.2018 во 12:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 20:04


Таупо,Нов Зеланд


Изменето од Valerija - 24.Септември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:30
          Пукаки, најсиното езеро во светот

Мораме да признаеме дека на прв поглед помисливме дека станува збор за фотографии обработени во фотошоп, каде што акцентот бил ставен на контрастот и зголемување на интензивноста на боите, меѓутоа станува збор за вистинско рајско место на Нов Зеланд.
Имено, ова е глечерското езеро Пукаки, кое што со својата површина од 169 квадратни километри, воедно е и најголемото езеро од трите езера кои што се наоѓаат во близина на планината Кук, во јужниот дел на Нов Зеланд.


Прекрасното езеро е карактеристично по својата светло сина боја, а истото се "храни" од реката Тасман, која што својот тек го започнува од глечерите Тасман и Хукер, па токму и оваа река е "виновникот" за прекрасната боја во езерото Пукаки.


На својот пат кон езерото, од глечерите реката прибира т.н. замрзнато брашно кое што се состои од ситни честички на карпи обвиени во мраз, а затоа што овие честички се толку ситни, истите се топат во водата и токму поради тоа таа изгледа како да е матна или во овој случај, светло сина, а станува збор за појава која е позната и како "глацијално млеко".

Во продолжение уживајте во глетката кон овој, и повеќе од прекрасен пејзаж!



















Изменето од Valerija - 24.Септември.2017 во 13:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:46
Сцена како од бајка: Езерото на лотусите во Тајланд



Со оглед на тоа што најчесто е скриено од очите на јавноста поради високите треви со кои што е покриено во текот на поголемиот дел од годината, ова мочуриште во Тајланд дури неодамна станало светска атракција.
Од декември до февруари, ова плитко езеро се претвора во неверојатен пејзаж кој остава без здив, прекриен со прекрасни розови лотуси. Токму и затоа што целото езеро одеднаш се претвора во розов тепих од цвеќиња, туристите веќе го нарекуваат "Езеро на лотусите".


Локалните рибари и селаните секоја година го чистат патот преку езерото за да можат на туристите да им овозможат авантура која не се заборава, а не е реткост во водите на езерото да се организираат и романтични венчавки.


За локалните жители ова мочуриште е важно од неколку причини. Пред се, лотусот може да се јаде и е одличен десерт, а покрај тоа, во будистичката симболика, овој цвет има огромна улога.

Корените на лотусот се наоѓаат во калта, стеблото расте низ водата, додека пак миризливиот и прекрасен цвет расте над површината на водата. Овој процес на растење во Будизмот се толкува како напредок на душата "од изворниот каллив материјализам, преку морето на искуство до просветлување на сонцето".


Мочуриштето е дом на околу 80 видови птици, вклучувајќи и неколку загрозени видови. За романтичните души, ова езеро е преполно со розови лотуси и е совршена туристичка дестинација затоа што изгледа како сцена од романтичен филм.



































Изменето од Valerija - 24.Септември.2017 во 13:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.