IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од јајца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од јајца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 16:20
Видео рецепт: Омлет Боли Глава

Омлет Боли глава


Состојки
  1. 6 јајца
  2. Страк млад кромид или власец
  3. сол и бибер
  4. Маслиново масло и путер за подмачкување

Разликата меѓу Француски и Македонски омлет е мала, а со мала промена на подготовката ќе добиете различна текстура и различен вкус, и со сигурност ќе имате вкусен појадок. Погледнете го видеото, Фичо ќе ви покаже како!


Внимавајте со печењето на омлетот, може многу лесно да изгори – значи, концентрација во тавчето! Добар омлет е наука и се учи во школо, сериозно!

Подготовка

Омлет 1: Матите три јајца, додавате сол и бибер (во смесата). Подмачкајте ја тавата со маслиново масло, додајте лажица путер и ставете ја на среден оган. Ја истурате смесата во претходно загреаната тава и постојано правите иксови врз омлетот, се додека не се испржи. Потоа сервирате по желба.

Омлет 2: Матите три јајца, додавате сол и бибер (во смесата), додавате ситно сечкан млад кромид или власец, промешувате. Подмачкајте ја тавата со путер, додајте малку маслиново масло и ставете ја на среден оган. Ја истурате смесата во претходно загреаната тава и постојано мешате во сите правци, најизменично.

Сервирајте додека е уште врело, и уживајте!




Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 13:13

Шкотски јајца со сос од тревки

Шкотските јајца најчесто се служат како мезе (снек), а исто така погодни се за на излет бидејќи може да се служат и ладни. Јас овојпат ги спремив за ручек, во комбинација со варени компири и сос од тревки.

Меленото месо ставете го во еден подлабок сад. Кромидот изрендајте го и заедно со јајцето и презлата додадето го во месото. Посолете, побиберете и измешајте убаво. Оставете го во фрижидер околу 10-тина минути.
За тоа време измијте ги компирите и ставете ги да се варат. Останатите (6) јајца ставете ги исто така да се варат. Кога ќе бидат готови излупете ги и оставете да се оладат.
Месото поделете го на шест еднакви дела. Секој дел расплескајте го на раката, ставете го свареното јаце во средина и обвиткајте го со меленото месо. Со дланките формирајте топки. Секоја од нив најпрво извалкајте ја во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во врело масло и при пржењето со помош на лажица тркалајте ги за да се задржи формата. Ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на маснотија.
За сосот, брашното испржете го на малку масло. Додадете го постепено млекото и мешајте со жица за матење. Откако ќе се згусни, ставете ја инстант супата и тревките. Убаво промешајте и додадете го лимоновиот сок (околу половина лажиче).
Сварените компири излупете ги и посолете ги.

Послужете топло со чаша ладно пиво.
Добар апетит!




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:06

Предлог појадок: омлет Капрезе



Брзо, лесно и вкусно! Омлет инспириран од познатата Капрезе салата. За да го подготвите овој омлет ќе ви бидат потребни:

 

 Состојки

(за 2 порции)

1 топка свежa моцарела

2 средни домати

4 големи јајца

1/4 чаша млеко

Сол и црн бибер, по вкус

Малку свеж босилек

2 лажици масло

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата,  додадете го млекото, посолете по вкус. Исечкајте ги на парчиња моцарелата и доматите. Убаво загрејте го тавчето со маслото. Истурете ја мешавина од јајцата и одозгора додадете ги доматите и моцарелата. Пржете неколку минути, и потоа  за омлетот да биде зготвен од сите страни, ставете ја тавата во загреана рерна и потпечете 10-12 минути, додека не зарумени. Се служи веднаш со свеж босилек и парчиња пршута.




Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:11

Јајца во тост леб

Со чаша извадете ја срединката од тост лебчињата. Во нелепливо тавче на средна температура загрејте малку маслиново масло. На загреаното масло пропржете ги кратко лепчињата од двете страни. Јајцата претходно скршете ги во мала чаша и така, ставете ги во вдлабнатината на лебот. Јајцето зачинете го со сол и бибер, по вкус. По неколку минути, кога белката малку ќе се стегне, превртете го лебчето (ако сакате убаво испржена жолчка, ако сакате ровка не го вртете лепчето). Сервирајте за појадок.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:33
                                                                                      Јајца со печурки и сирење
                                                                                                                                                  







За јајцата знаеме дека се најдобар појадок, па еве еден нов рецепт како да ги подготвите.
Потребно:
200 г.шампињони
1 лажица путер
сол
магдонос
1 шоља сирење фета
1 шоља млеко
1 лажица густин
3 јајца


Подготовка:
Печурките исчистете ги, исечете ги на листови и запржете ги на 1 лажица путер додека течноста да испари. Потоа посолете ги, додајте малку исецкан магдонос, па смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад.

Половина шоља фета сирење издробете врз печурките.Во длабока чинија ставете ја чашата млеко во која сте го разматиле густинот, додајте малку сол и три изматени јајца со миксер. Сето заедно промешајте, па добиената смеса прелијте ја преку шампињоните и сирењето, и печете околу 5 минути на 200 степени, додека да порумени.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2014 во 08:10

ЈАЈЦА ВО СОС ОД ДОМАТИ

Потребно:

н 4 главици кромид
н 1 кг домати
н 300 г моркови
н 2 чешниња лук
н неколку ливчиња од жалфија
н малку рузмарин
н 4 лажици слатка павлака
н 1/2 китка магдонос
н масло
н 8 тврдо варени јајца
н сол
н бибер

Приготвување: ситно исечканиот кромид пржете го во врело масло со додека не стане стаклест, па во него додадете ги морковите исечени на коцкички. Откако ќе добијат боја, во нив додадете ги ситно исечените домати.

Смесата динстајте ја додека малку не се згусне. Излупете го лукот и ситно исечкајте го со зачинските билки, па додадете ги во сосот. Сето тоа варете го уште пет минути, па зачинете го со сол и бибер. На крај сипајте ја павлаката и подрејте ги во сосот излупените јајца.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:30

Лионски јајца


lionska-jaja

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 лажица павлака
  • 1 лажица мајонез
  • 1/2 лажиче сенф
  • 80 гр сув врат
  • 20 гр пармезан
  • 30 гр путер
  • 100 гр кашкавал
  • 2 лажици брашно

Приготвување:

1. Јајцата се варат па се лупат.
2. Изладените јајца се сечат попреку на половина и се вадат жолчките.
3. Сувиот врат се сечка ситно.
4. Се соединуваат жолчките, павлаката, мајонезот, пармезанот, сувиот врат и зачини по вкус.
5. Со приготвената смеса се полнат белките и се ставаат во фрижидер.
6. Во помало тенџерче се топи путерот, а потоа се додава брашното и кратко се пропржува. Со постојано мешање постепено се додава млекото, а кога ќе се згусне се додава и рендан кашкавал и зачини по вкус и се промешува.
7. Јајцата се вадат од фрижидер кога ќе се зацврсти филот и секое се прелива со полна лажица бешамел сос и се декорира со мелен пипер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:31

Полнети јајца

СОСТОЈКИ:

  • 4 јајца
  • 1 паштета од зеленчук
  • 1 мала главица кромид
  • мешавина зачини по вкус
  • сол и црн пипер по вкус

За декорација:

  • павлака по потреба
  • магдонос по потреба

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Јајцата тврдо се варат. Кога ќе се изладат, се лупат и се сечат на половина. Жолчките се вадат и добро се гмечат.
  2. Во изгмечените жолчки се додаваат ситно сечканиот кромид и паштетата од зеленчук, се зачинува по вкус и се посолува. Сè добро се соединува да се добие хомогена смеса.
  3. Со добиената смеса се филуваат белките.
  4. Се декорира со павлака, сечкан магдонос и со ситно сечкана пиперка.


Изменето од Valerija - 31.Мај.2020 во 11:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 16:30

Поширано јајце на македонски начин – Чалбур

Во подлабок сад се става парче сирење (или урда) со дебелина од 1см. Врз него се дотура вода колку да му се покрие површината, се покрива со капак и се остава на тивок оган да се зоврие околу 4 до 5 минути. Се кршат јајцата, секое посебно (пр.секое јајце во шољичка од кафе) и се додаваат полека врз веке омекнатото сирење. Се покрива повторно тенџерето и се вари се додека јајцата не се обвиткаат со бела покривка, т.е. не коагулираат, околу 3 минути. Ако сакате повеќе варена жолчка продолжете да го варите но, со исклучен оган!
Го загревате маслото и го запржувате црвениот пипер (според вкус може да се додаде и буковец или сува искршена лута пиперка, со внимавање да не се изгори (за да не стане горчлива). Во чинија за послужување со помош на лажица со дупки извадете го внимателно вареното јајце заедно со стопеното сирење и полејте го со запршката. Сол може да се посоли само ако сирењето или урдата не се доволно солени.
Сервирај те го со печено лепче намачкано со чешне лук. Како прилог од зеленчук послужете младо кромитче или младо лукче или некаква салата, туршија итн. во зависност од сезоната! Добар апетит и на здравје!
п.с. За жал, во намерата да покажеме дека сме современи и модерни ги заборавивме нашите стари, вкусни и за око убави македонски рецепти.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 15:54
ЈАЈЦА СО ПЕЧУРКИ И СИРЕЊЕ

За јајцата знаеме дека се најдобар појадок, па еве еден нов рецепт како да ги подготвите.

Потребно: 
● 200 г.шампињони
● 1 лажица путер
● сол
● магдонос
● 1 шоља сирење фета
● 1 шоља млеко
● 1 лажица густин
● 3 јајца


Подготовка: 
● Печурките исчистете ги, исечете ги на листови и запржете ги на 1 лажица путер додека течноста да испари. Потоа посолете ги, додајте малку исецкан магдонос, па смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад.

● Половина шоља фета сирење издробете врз печурките.Во длабока чинија ставете ја чашата млеко во која сте го разматиле густинот, додајте малку сол и три изматени јајца со миксер. Сето заедно промешајте, па добиената смеса прелијте ја преку шампињоните и сирењето, и печете околу 5 минути на 200 степени, додека да порумени.




Изменето од Valerija - 01.Мај.2014 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2014 во 13:56

Варени јајца во сос под капак

1. Исчистен и ситно насецкан кромидот ставете го да се пржи, кога е на половина испржен додајте го излупениот исто така ситно исецкан патлиџан. Се пржи додека не се згусти сосот. Зачинете.
2. Сварете ги јајцата, излупете и исечете на четири дела по должина.
3. Направете го бешамел сосот така што на загреаниот путер или маргарин запечете го брашното внимавајки притоа да не ви потемне - да остане светло брашното, додадете го млекото, оставете кратко да проврие. Тргнете настрана.

ПОСТАПКА
- Со зејтин премачкајте го садот или гувечињата доколку ги имате, па прво ставете го сосот од патлиџанот, врз него наредете ги јајцата па залејте ги со бешамел сосот. Одозгора посипете со рендан кашкавал или пушено сирење, ставете во предходно загреана рерна на кратко да се само продинста... а за тоа време и кашкавалот ке се стопи.
Забелешка:
Од оваа количина јас спремив две порции од гувечињата. Во сосот од патлиџан си додадов и малку лук во прав, бел и црн бибер. Кој сака можете во бешамел сосот да ставите и морско оревче. Пазете да не го пресолите јадењето доколку кашкавалот или сирењето се солени, па да не ви се пресоли јадењето. На очиглед можеби ова ви стои некако баш она ... во стилот - па какво ли е ова јадење... ама верувајте - предобро е. Тоа не е нов рецепт и бабите со варени јајца ни правеле вакво нешто, само што ние си приизимислеме и го модернизираме додавајки му бешамел сос и посолување со кашкавал. Порано беше кашичка со јајца - нели знаете.. се направи сос (кашичка) кога проврие се скрши јајце живо, па додека се забуле...се трга.... а правам јас и такво, мене ми се вкусни овие бабините рецепти.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 19:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 08:19

ИДЕАЛЕН, ВКУСЕН И БРЗ ЗИМСКИ РУЧЕК: ШКОТСКИ ЈАЈЦА

Идеален, вкусен и брз зимски ручек: Шкотски јајца

Неколку варени јајца, мелено месо, зачини, малку трошки и масло за пржење – тоа е се` што ќе ви затреба за подготовка на шкотските јајца.

Можете да ги јадете топли или ладни, можете да ги понесете како ужина, или да ги сервирате во комбинација со некоја добра салата.

Шкотските јајца се вистинска ризница на протеини, па затоа им се препорачуваат на спортисти и деца.

Не заборавајте да после кратко пржење во врело масло, шкотските јајца накратко ги допечете во печка, на температура од 200 степени!



Изменето од Valerija - 22.Јануари.2016 во 08:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.