IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од јајца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од јајца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:35

Омлет од зеленчук

Омлет од зеленчук

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 главица кромид
  • 150гр. свежи шампињони
  • 100гр, брокула
  • 100гр, тиквичка
  • 4 компира
  • 100мл. неутрална павлака
  • 50гр. кашкавал
  • по потреба масло, сол, црн бибер

Подготовка

Компирите исечете ги на тенки кругови и ставете ги во тава со масло да се пржат.
Тиквичките исечете ги на тенки стапчиња, печурките на листови, а кромидот на тенки кругови и додајте ги во тавата откако компирите ќе бидат скоро испржени.
Брокулата исечете ја на помали цветови и ставте ја во зовриена вода да се обари 5 минути.
Во подлабок сад изматете ги јајцата, а потоа додајте го ренданиот кашкавал и неутралната павлака.
Посолете, наросете црн бибер и додајте го испржениот зеленчук и обарената брокула.
Полека промешајте ја смесата и вратете ја во тавата.
Откако ќе се испржи од едната страна поклопете ја тавата со поголема чинија и превртете го омлетот за да се испржи и од другата страна.
Откако ќе биде испржен од двете страни превртете го уште еднаш.

Послужете го топол со младо козјо сирење.





Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:36

Омлет палачинка

Омлет палачинка

Состојки

  • за палачинката
  • 2 јајца
  • по вкус сол
  • по потреба масло
  • за полнење
  • малку/20-50гр/ сувомеснато-пршута,сланина, саламче, кулен, чајна или она што најмногу јадете
  • неколку парчиња/околу 30-50гр/ лесно растоплив кашкавал
  • по вкус било кој зачин/оригано,букова сол ,кечап или нешто друго/

Подготовка

Во длабок сад, може и шоља за ча, се матат јајцата со малку сол, се додава и неколку капки масло.
Сувомеснатото се сецка на мали коцки, а кашкавалот се сече на ливчиња.
Тавчето за палачинки се загрева, па му се тура неколку капки масло кои што се размачкуваат низ целата површина.
Кога убаво ќе се загрее се тура разматеното јајце и се пече како палачинка. Кога ќе се испече од едната страна /да фати коричка/ со долг и широк нож/може и лопатка/ и со припомош на уште една лопатка, се превртува на другата страна да се запече. Веднаш по превртувањето да се пече од другата страна, на половина од палачинката се редат неколку парчиња-ливчиња кашкавал, а од горе се става коцките сувомеснато, се зачинува по желба, па се покрива со уште неколку парчиња кашкавал.
Се преклопува на половина, да се прекрие полнењето со половина од омлет-палачинката.
 Се пече уште по малку од двете страни.
Готовата полнета омлет палачинка можете да ја приготвите за доручек со павлака или со зеленчук, а може да послужи и како ладно предјадење или мезе за со убаво и весело друштвенце...





Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:37

Омлет со компири ( шпански омлет)

Омлет со компири ( шпански омлет)

Состојки

  • 400-500гр. компири
  • 2 главици кромид
  • 5 јајца
  • малку луто пиперче во прав

Подготовка

Исечете ги компирите на тенки кругови(или на коцки) и ставете ги да се пржат.
При крај на пржењето додајете го исецканиот кромид и пропржете.
На крај додајте ги изматените јајца со лутото пиперче.
Откако ќе се испржи омлетот од едната страна превртете го за да се испржи и другата страна.
Превртете уште еднаш и послужете со свежа салата.




Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:39

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 зелена пиперка
  • 1 поголема тиквичка
  • 1 компир
  • 1 кромид
  • 50 гр сирење

Подготовка

Пиперката и компирот ги сечкаме на коцки, а тиквичката и кромидот на тенки тркалца. Зеленчукот го динстаме во тава на умерен оган околу 15 минути. Посолуваме по вкус. Во чинија ги матиме јајцата со малку сол, рендано сирење и оригано. Ја ставаме смесата од јајца врз зеленчукот и го пржиме омлетот 10 минути.





Изменето од Valerija - 11.Октомври.2013 во 16:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:52

Полнети јајца

Полнети јајца

Состојки

  • 6 јајца
  • 1-3 лажици мајонез
  • 2 лажици кисела павлака
  • неколку капки Ворчестер сос
  • 50 гр. сирење
  • 50 гр. шунка на коцки

Подготовка

Јајцата ставете ги во сад поголем колку да ги собере. Налејте вода да ги покрие над 2-3 см,. Ставете 1/2 лажиче сол и ставете ги да се варата. Варете 10-15 мин. откако ќе зовријат. Откако се сварени прелејте ги со ладна вода за да остинат. Излупете ги (одлично се лупат заради солта при варењето.).
Пресечете ги на половина внимателно со остар нож. Може да ги пресечете само горниот дел. Внимателно извдете ги жолчките, ставајте ги во сад настрана. Жолчките изгмечете ги со вилушка, додајте го сирењето и заедно уште еднаш изгмечете. Додајте го мајонезот, ворчестер сосот (не мора,ако имате ставете.), малку оцет и сол по вкус. Додајте ја и киселата павлака. Мешајте со лажица да се спои.
Ако сакате да ви биде по ретка смесата ставете повеќе мајонез, јас не сакам повеќе да биде така погуста, сува, ама по желба.
Ставате ја смесата во шприц за шлаг. Полнете ги јајцината во средината. Може да ги декорирате по желба со мали парчиња маслинки, магданос, шунка....
Служете ги по желба. Може да ги оставите во фрижидер, па да ги служите.....

Дополнителни фотографии


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:54

Полнети јајца со спанаќ

Полнети јајца со спанаќ

Состојки

  • 6 варени јајца
  • 300 гр спанаќ
  • 4-5 лаж мајонез
  • 1 лаж сенф
  • 1 чешне лук
  • по потреба сол

Подготовка

 Јајцата ги пресекуваме на половина, можете по желба да ги исечете на цик, цак. Ја вадиме жолчката од јајцата ставаме во длабок саб и ја изгмечуваме со вилушка. Спанаќот го ставаме во вода што врие додека да омекне,  Потоа го цедиме од водата, сечкаме и го блендираме. Го додаваме кај жолчките , додаваме и сенф згмечен лук, сол и мајонез. Мешаме да се изедначи смесата. Ги земаме белките на дното ги засекуваме малку, да может стабилно да стојат во чинијата и ги редиме на чинијата. Земаме од филот и полниме готварски шприц и ја полниме белката. Доколку сакате можете и со лажица да си ги наполните.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:55

Полнети јајца

Полнети јајца

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 конзерва туна
  • 2 лаж мајонез
  • 1лаж зачинска сол

Подготовка

Јајцата ги вариме и лупиме, потоа ги сечиме на половинки. Ги вадиме жолчките и ги пасираме. Туната ја цедиме од зејтинот и ја одаваме во жолчките. Се додава зачинската сол и 2 лаж.мајонез. Сето тоа заедно го мешаме. Ги полниме испразнетите половинки од јајцата со смесата, ги превртуваме и ги декорираме по желба.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:56

Полнети поховани јајца

Полнети поховани јајца

Состојки

  • 6 варени јајца
  • 1 лажица мајонез
  • 1 мала лажичка сенф
  • 2 помали кисели краставички
  • 50 гр фета сирење
  • за поховање
  • јајца по потреба (јас потрошив две)
  • брашно по потреба
  • презла по потреба

Подготовка

Еве уште една идеа како да се искористат останатите јајца од велигден.

Пресечете ги јајцата на половина, извадете ги жолчките внимателно. Ги пасираме жолчките и во нив ги додаваме мајонезот, сенфот, ги рендаме краставичките и со вилушка го гмечиме сирењето. Се убаво промешуваме и со оваа смеса се полнат убаво јајцата и се спојуваат, да се добие пак цело јајце.
Вака подготвените јајца ги поховаме. Прво ги валкаме во брашно, па во јајца (изматени со вилушка), па во презла, повторно во јајце и на крај во презла.
Се пржат во добро загреан зејтин додека да поруменат.
Спржените поховани јајца ги вадиме на чинија со салфетка за да се упие вишокот маснотија.
Јас вака денеска ги искористив останатите велигденски јајца, пробајте нема да зажалите.
Добар апетит



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2013 во 21:25

Гордон Ремзи: Највкусната кајгана готова за 4 минути

Јајцето е намирница која можеме да ја приготвиме на илјада начини и да ја додадеме во разни јадења, а една од наједноставните, а според многумина и највкусните верзии е кајганата.

Но и кајганата може да биде и тоа како интересна и вкусна, особено ако ја зачините со 3 едноставни, но многу вкусни додатоци. Испробајте го најфиното мени во кое владее кајганата.

Состојки за кајганата на Гордон Ремзи:

  • 3 јајца
  • 2 големи печурки
  • 2 парчиња селски леб
  • неколку (6 до 8) шери домати
  • маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица кисела павлака
  • Сол и бибер

Подготовка:

1. Во тава загрејте го малку маслиново масло и ставете ги печурките.

2. Посипете малку сол врз печурките, покрај нив додадете ги чери доматите и оставете сето тоа заедно да се пржи на тивок оган.

3. Во друга, подлабока тава или лонец ставете малку маслиново масло и додадете ги трите јајца.

4. Во јајцата додадете путер и мешајте додека тавата не се загрее и јајцата започнат да се пржат. По кратко време тргнете ги јајцата од оган, измешајте ги и повторно вратете ги на ринглата. Повторете го ова неколку пати.

5. Јајцата тргнете ги од оган и во нив додадете ја павлаката, солта и биберот.

6. Лебот ставете го малку во тостер.

7. Послужете ги јајцата на голема чинија врз кришките тост, а покрај нив ставете ги печурките и доматите.

Совет:

Во јајцата можете да додадете малку димен лосос или пак ситни парчиња сланина

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2013 во 21:31


карамба

Емилио, дали го знаш овоj фамозен номер
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2013 во 21:35
karamba

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2013 во 09:28

Како па не се скапа ниедна жолчказбунетост
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2013 во 09:30
карамба

физика бе
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:03

Зачинети јајца


ЗАЧИНЕТИ ЈАЈЦА


  • Време на подготовка :
    10 min
  • Време на готвење :
    10 min
  • Вкупно време :
    20 min

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 6 јајца тврдо варени
  • 50 гр. мајонез
  • 1/2 лажичка буковец лут
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1/4 лажичка кумин
  • прстофат сол и бибер
  • коријандер свеж

Упатство

Сварете ги јајцата во тенџере со вода и малку сол. Излупете ги и пресечете ги на половинки. Внимателно одстранете ја жолчката од јајцата, а белките поставете ги во чинија со отворите нагоре.
Во длабок сад додадете ги жолчките со мајонез, буковец, лук, кумин, сол и бибер. Добро измешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Ако ви изгледа сува можете да додадете мајонез.
Со лажичка наполнете ги белките со смесата. Декорирајте ги со свеж коријандер.
Ставете ги јајцата во фрижидер додека да ги сервирате.
Пријатен апетит!



Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,108 секунди.