IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од мелено месо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од мелено месо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:39

Пролетни ќофтиња


Пролетни ќофтиња

    INGREDIENTS

    INSTRUCTIONS

    1. Смеса за ќофтињата1.Се матат две јајца,се додаваат кромитчињата, снегулките, зачиналот и ориганото.
    2. Пржење на ќофтињата2.Се обликуваат ќофтиња или хамбургери (рацете навлажнети со вода), се валкаат во лебни трошки и се пржат на средно јак оган.
    3. Испржени ќофтиња3.Смесата е помека од таа за обичните ќофтиња и токму затоа се многу вкусно. А и лебните трошки си го прават своето. Добар апетит...
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2018 во 18:50
    &amp;#208;&nbsp;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;

    Ролат со мелено месо и палачинки

    Состојки
    Смеса за 4 палачинки
    4 јајца
    100 мл млеко, малку магданос и брашно
    Ролат од мелено месо
    1 кг мелено месо
    2 јајца
    150 гр презла
    1 рендан кромид
    1 лажица вода
    1 лажица масло
    1 лајче сол,црн бибер и црвена пипер (по желба)
    Ролат со морков
    3 јајца
    1 филџан масло
    200 мл јогурт
    1 филџан рендан морков
    1 филџан сирење рендано
    1 филџан рендана салама
    1 филџан магданос
    1 пециво
    6лажици брашно

    Овој рецепт ми го кажа пред 20 години мојата драга колешка Весна. Многу е вкусен и декоративен затоа го правам за секоја свечена пригода.
    Најпрво се прават палачинките каде во смесата е ставен исечканиот магдонос. Кога ќе се испечат од едната страна се тргаат и не се печат од горната страна.Така се прават 4 палачинки. Значи се печат само од едната страна.
    Ролат
    Сите состојки убаво се мешаат. Се остава да се одмори 15мин. Смесата од мелено месо се дели на 2 дела. Едниот дел се расукува-плеска со рацете на прозирна фолија и се обликува како правоаголник. Врз него се ставаат двете палачинки легната од печената страна. Значи непечената останува горе. Се витка ролат се премачкува со белка и се става да се пече.170Ц-35мин.
    Во текот на печењето се премачкува уште неколку пати.Исто се прави и со вториот ролат.Кога ке се испечат се ладат ролатите и потоа се сечат.Наздравје!
    
    Ролат со морков
    Се матат јајцата и се додава маслото, јогуртот ренданиот морков, сирењето, саламата, магданосот и пецивото. На крајот се додава брашното. Сето ова се печи во долг плех 180С-25мин.Се лади и се филува со крем сир.


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2018 во 18:55

    &amp;#208;&amp;#156;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;
    Мелено месо во кари

    Состојки
    500гр мелено телешко месо
    2 лажици масло
    40гр кари
    500мл вода
    4 компири
    1 морков
    250гр грашок
    2 главици кромид
    2 чешни лук

    Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се пржат во масло.
    Кога ке омекнат во садот се додава меленото месо.
    Откако ќе се испржи се додава карито, зачин и водата.
    Компирите и морковот се сечат на коцки и се додаваат во садот.
    Се додава и грашокот и се остава да врие.
    Можете да искомбинирате со претходно изготвен ориз или брокули.

    П
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2021 во 11:39
    Превкусни руски Ќофтиња во сос од павлака

    Состојки:

    За ќофте:

    500 грама мелено месо;
    - 1 главица кромид;
    2 лажици путер;
    100 милилитри млеко;
    2 јајца;
    100 грама презла.

    За сос:

    2 лажици путер;
    4 лажици брашно;
    800 милилитри говедска супа;
    200 милилитри павлака за готвење.

    Подготовка:

    Издинстајте го ситно исечканиот кромид со путерот, па потоа смесата ставете ја во поголем сад. Додадете го меленото месо, јајцата, презлата, млекото и солта, па соединете.

    Оставете ја смесата во фрижидер околу еден час, а потоа со рацете формирајте ќофриња, ставете ги во плех кој што претходно сте го обложиле со хартија за печење, па печете 20 минути на температура од 220 степени Целзиусови.

    За сосот потребно е да го растопите путерот, да го додадете брашното, па да мешате пет минути. Потоа истурете ја говедската супа, постојано мешајќи, зголемете ја температурата, па додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие.

    Зачинете со сол и бибер, варете пет-шест минути, додадете ги ќофтињата, па почекајте додека сосот не згусне.

    Послужете со компир.

    Пријатно јадење!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,203 секунди.