IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Торти и колачи што не се печат
    Испратена: 22.Септември.2013 во 19:41
За оние мрзливитесреќа
Еве некои рецепти:

Бисквит торта

1кг јаболки
1/2кг бисквити
коцка маргарин
250гр шеќер
2 ванилин шеќер
1 голема лажица какао
2 кесички шлаг (или слатка павлака, по избор)

Јаболките се рендаат а бисквитите се мелат, се додава останатото и се заедно се меси со рака и се обликува колачот. На крај само се додава матениот шлаг.

Касато

250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко
250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав
Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот.
250гр сецкани ореви
250гр суво грозје (се полива со малку рум)
250гр сецкано чоколадо
250гр желе бомбони

Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг.


Изменето од Valerija - 22.Септември.2013 во 19:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:42
Кроасан торта

-200 гр шеќер
-150 гр еурокрем
-3 пакетчиња пудинг од ванила
-1 л млеко
-1 пакетче шлаг крем
-250 гр маргарин
-100 гр чоколадо
-200 гр бисквити
-3 пакетчиња мали кроасани

Подготовка
Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:43
Плазма торта со вишни

Потребно:
- 500 гр. слатка павлака
- 300 гр. шлаг пена
- 1 кисела павлака
- 300 гр. плазма кекс
- 300 гр. мелен плазма кекс
- 500 гр. вишни
- 1/2 литар млеко
______________________________________

Ја матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300 гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора филуваме со останатите 100 гр. шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:44
Песок торта

Потребни состојки:
3 пудинга од ванила
1маргарин
10 лажици шеќер
250гр прав шеќер
750гр млеко
250гр мелени бисквити
50гр какао
1 чоколада за готвење
250гр мелени ореви

Во млекото се додаваат 10те лажици шеќер и тоа се става да зоврие.Откако ќе зоврие се додаваат трите пудинга од ванила.Смесата се става да се олади.Во меѓувреме се мати маргаринот со прав шеќерот.Откако смесата со пудинг ќе се олади се додава изматениот маргарин и се мати додека не се соедини.Потоа смесата се дели на три еднакви дела.
Во првиот дел се додаваат 250гр мелени бисквити.тоа се меша и се расплескува во плех бр.28.
Во вториот дел се додава какаото и чоколадото,кое треба да е растопено.Таа смеса се става врз претходната.
Во третиот дел се додаваат мелените ореви.Постапката е иста како претходната.
Откако сето тоа ќе биде направено се става тортата во фрижидер да се зацврсти.Може да се украси по желба.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:45
Капучино колач
Потребно

150 грама Шеќер во прав
30 Пишкоти
650 милилитри Млеко
150 грама Маргарин
2 лажица/ци Крем
1 кесичка/ки Капучино
2 Ванила пудинг/а
100 милилитри Јогурт

Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади.

Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг.

Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино.

Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини.

Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив фил и повторно пишкоти.

На крајот, одозгора ставете шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:46
Милка торта со плазма бисквити

Потребно е: 12 јајца
10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол пакување)
300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г)
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади

Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот.
Посебно се мати маргаринот и и' се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:46
Банана торта

4 пудинга од ванила
1 литар млеко
15 лажици шеќер
Ова се вари, убаво да се згусне и се остава да олади.
Откако ќе се олади се додаваат два изматени маргарина со 250 гр шеќер во прав, 300гр кршени бисквити, 300гр кокос, 1 кг банани сечени на круигови. Сето ова заедно се меша и се става во фрижидер малку да се стегне. Потоа се обликува по желба и одозгора се филува со шлаг крем
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:47
Ролат

500гр бисквити
1 маргарин
3 јајца
3 лажици какао
7 лажици шекер
5-6 крем банани
Ставете го маргаринот да се растопи, додека сеуште е на оган додајте го шекерот и какаото. Оставете да се олади малку па ставете ги јајцата,  потоа додајте ги бисквитите (кои претходно сте ги скршиле на ситни парченца) и промешајте.
На тавчето ставете фолија и половината од смесата (во правоаголна форма) и врз неа ставете ги крем бананите (може и банана), потоа и другата половина. Со помош на фолијата обликувајте го ролатот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:49
Летна торта

2 пакетчиња плазма
4 кисели павлаки
1 кг банани(може и киви)
2 лажички шеќер
2 шлага пена

Се сецкаат бананите на парченца се додаваат павлаките и се промешува потоа се додаваат и 2 лажички шеќер.Плазмата еден ред се реди на плех се филува со смесава од павлаки потоа се повторува постапката и на крај шлагот ..се остава во фрижидер да отстои неколку часа.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:50
Ровка Торта
1,5 литри млеко

5 пудинга од ванила

2 маргарина кристал

300 грама прав шеќер

2 пакетчиња ванили

300 грама плазма бисквити

малку сок од портокал ( или лимон)

300 грама кокос

300 грама мелени ореви



Начин на подготовка



Во тенџере го ставаме млекото од млекото вадиме мала количина во друг подлабок сад за да може да ги раствориме пудинзите. Потоа го ставаме млекото на рингла и го вариме. Пудинзите убаво ги раствараме во млекото мешајки ги со лажица маталка. Кога млекото ке почне да врие ќе ги ставиме и пудинзите и мешаме се додека не добиеме густа смеса. Кога е готов пудингот го тргаме на страна и го оставаме да се излади. Во друг подлабок сад ги матиме двата маргарина со 300 грама правшекер. Кога е пудингот изладен ги додаваме и изматените маргарини. убаво мешаме и ги додаваме двете ванили. Смесата ја делиме на 3 дела во првиот дел ставаме 300 грама плазма бисквити (мелени) и малку сок од портокал. Во вториот дел ставаме 300 грама кокос ( тоа ќе ни биде средниот дел). Во третиот дел ставаме 300 грама ореви ( мелени). Кога ни е се спремно ги мачкаме деловите ги редиме едно врз друго.Најодозгора ја мачкаме со шлаг. Готовата торта ја оставаме малку да одстои а потоа ја служиме.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:51
Јупи фанта торта

300 грами плазма мелена
300 грами ореви мелени
путер 250 грами
250 грами шеќер во прав или може мед 2 лажици ако немате
250 милилитри фанта
2 лажици какaо

Ова се замесува и си правиш форма по твоја желба, како ролат например. Ќе ја оставиш малку да отстои во фрижидер и после ќе ја филуваш. За да прелиеш одозгора ти треба 2 шлаг пена изматени со една шоља млеко. Многу е вкусна, посебно за обожавателките на фанта. Пријатен апетит.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:52
Чоколадна уживанција

Потребни состојки:
500 гр бисквити (за обложување на садот)
10 јајца
100 гр шеќер во прав
250 гр црна чоколада за готвење
250 гр бела чоколада за готвење
(јас ставив по 300гр и црна и бела чоколада, нели по 3 чоколада од секое)
500 мл млеко
1 маргарин
500 гр мелени бисквити
200 мл слатка павлака (за декорација - јас декорирав со шлаг, повкусно ми е така)
50 мл вода и 100 гр шеќер - за шербет.

Постапка:
Јајцата се кршат и се делат белките од жолчките. Во садот со жолчките се додава шеќерот во прав и се мати. Во тенџере на оган се става половина од млекото (250мл), се додаваат изматените жолчки и се меша со лажица - да се добие крем. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, се трга од оган. :!: Притоа, внимавајте да не го преварите!
Кремот треба убаво да се излади, а потоа во него се додаваат мелените бисквити и се мати со миксер за смесата убаво да се соедини. (Јас додадов и една ќесичка ванилин шеќер)
Во друг сад се мати маргаринот - убаво да се избие. Во маргаринот се додава кремот со бисквитите и повторно се мати со миксер.

Во две тенџериња на оган се растопуваат чоколадите, посебно белата, посебно црната. Во трето тенџере се става водата и шеќерот за да се направи шербетот.
Белките кои претходно ги одделивме, се матат и во многу тенок млаз, внимателно, се додава врелиот шербет и се мати. Во овој сад со белките и шербетот се додава смесата од садот со маргаринот, кремот и бисквитите. Се мати додека смесата не се соедини. Добиената смеса се дели на половина, во едната половина се става растопената бела чоколада, во другата, растопената црна чоколада и се мати.

Калапот (може да биде во различна форма, во рецептот беше во форма на срце, но може да се направи во било која форма. Јас ја направив тортата во калап во форма на квадар) се обложува со најлонска фолија за да може без проблем да ја префрлите во сад за торта.
Бисквитите се макаат во преостанатото млеко и се редат во калапот - и долниот дел од калапот и по страните. Во калапот се става прво темната смеса (препорачливо е неколку минути да постои во фрижидер за да се стегни), а потоа и белата смеса. Откако ќе ги ставите смесите, и горниот дел го редите со бисквити.

Тортата се става во замрзнувач за да се стегни убаво. Потоа може да ја декорирате по желба со слатка павлака или со шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:53
Лешник торта

6-јајца
350гр-шекер,
250гр-маргарин,
2-3лажици големи врело млеко,
350гр-лешници,
350гр-бисквити

Јајцата и шекерот се матат заедно,а маргаринот со млекото оделно.Кога добро се изработи маргаринот се става заедно со јајцата.Лешниците се потпечуваат во шпоретот 10мин на 100с,а потоа половината од лешниците се сечкат ,а останите се мелат.Бисквитите се мелат а не смета да се стави и повеке од 350гр бисквити.Се заедно се меша и се дели на 2 дела.Во 1-дел се става стопено 100гр чоколадо,може и 5лажици какао.Се оформува и прво се става кафениот дел,потоа белиот,пак кафениот,белоит.Одозгора глазура,100гр чоколадо,3-4лажици млеко 50гр маргарин.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 19:54
Торта „САН СНОВА“

Слика

Прв слој:
-Пишкотите се натопуваат во Фанта и се редат на послужавник

Втор слој:
-Се меле плазма-кекс (може и обични бисквити) и се потопуваат со Фанта сок за да се добие еднолична смеса. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав, а потоа се соединува со мелената плазма.

Трет слој:
-Чоколадни бананки се сечат по должина и се редат врз филот од мелената плазма.

Четврти слој:
-Се варат 4 пудинга од ванила во 1 кг. млеко. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав и потоа се соединува со веќе оладениот пудинг.Филот се дели на два дела и едниот дел се става врз чоколадните бананки.

Петти слој:
- се реди уште еден слој пишкоти натопени во млеко врз филот од пудинг

Шести слој:
- се премачкува останатиот дел од пудингот

Седми слој:
- свежи банани се сечат на кругови и се редат врз филот од пудинг

Осми слој:
-Шлаг (се мати и се премачкува целата торта)

Изменето од Valerija - 22.Септември.2013 во 19:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.