IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Торти и колачи што не се печат
    Испратена: 09.Април.2020 во 20:42

Јафа колачот е апсолутен хит на интернет: Брзо се припрема, а состојките ги имате дома


Аматерската готвачка Ванеса Касиди споделила рецепт за голем Јафа кекс на социјалните мрежи, кој брзо стана хит.

Ванеса, својот рецепт го споделила во Фејсбук групата “Rate My Plate”, а многумина се јавиле и напишале дека тој има одличен вкус и брзо се припрема.

Сè што ви треба за овој колач е по 100 грама путер, шеќер и брашно, две јајца, една лажица прашок за пециво, желе од портокал и една чоколада за готвење или темна чоколада.

Ако сакате сами да направите желе од портокал ќе ви треба 5 грама желатин во листови, два портокали, лажица шеќер и лажица цимет.

Најпрвин изматете ги јајцата, путерот, шеќерот, брашното и прашокот за пециво, а добиеното тесто ставете го во кружен калап и печете на 180 Целзиусови степени од 7 до 9 минути, односно додека не добие златножолта боја и не биде меко на допир. Извадете го од рерна и оставете да се излади.

Желето од портокал можете да го направите сами така што во сад со ладна вода ќе го потопите желатинот. Во меѓувреме, во процедениот сок од два портокали додајте лажица шеќер и цимет и ставете на тивок оган да зоврие. Гответе 5 минути. Откако ќе го тргнете од оган, во садот додадете ги листовите желатин, добро промешајте и оставете да се излади.

На средина од тестото ставете го желето, а рабовите нека останат празни.

Стопете ја чоколадата за готвење и со неа прелијте ја целата торта. Оставете да се

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:10

Чоколадно чудо без печење, готово за 5 минути, а се состои од само 3 состојки

Десертот готов за 5 минути, не е потребно да се пече, а истиот може уште веднаш да го приготвите, бидејќи ќе ви бидат потребни само 3 состојки, а ќе можете да уживате во оригинален чоколаден вкус!

Чоколадно чудо без печење

Потребни состојки

  • 400 гр темна чоколада
  • 400 мл кондензирано млеко
  • 50 гр путер

Начин на подготовка

Стопете ја чоколадата заедно со путерот. Мешајте ги состојките, додека не добиете мазна текстура т.е смеса.

Следно, додадете го кондензираното млеко и отстранете го садот од оганот. Добиената смеса се поставува во силиконски калапи за наменети токму за вакви десерти и се калапите заедно со чоколадната смеса се поставуваат во ладилникот да отстојат неколку часа.

При консумирањето, по желба, декорирајте го десертот со овошје.

Кондензирано млеко

Доколку немате слатко кондензирано млеко, истото може да го приготвите на следниот начин:

Поставете 1 литар кравјо млеко во тенџере и ставете го истото да се вари на средна температура, додека неговото количество не се намали двојно. Потребно е постојано да мешате, за да не дојде до загорување на млекото.

Потоа додадете 1 ванила и 150 гр шеќер и мешајте уште неколку дополнителни минути.

Отстранете го тенџерето од оганот и веќе ќе го имате готовото потребно 400 мл млеко. Пред да го употребите во подготовка на десертот, истото треба да биде ладно.



Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2019 во 10:02

Бразилски десерт без печење: Чоколадна торта со редени бисквити

Pavê е бразилски десерт кој најчесто претставува слоеви од фил и бисквити, а оваа чоколадна торта е токму таква.

lesen-brazilski-desert-chokoladna-torta-so-redeni-biskviti-bez-pechenje-01.jpg

Оваа чоколадна торта редена со бисквити ќе ви стане омилен десерт за сезоната пролет-лето. 

Се подготвува лесно, не треба да се пече и се служи ладна - идеална за овој период. 

Неодоливо вкусна и се топи во уста!

Потребни состојки:

  • 2 лименки кондензирано млеко
  • 2 лажици какао
  • 30g путер
  • 200g сечкано темно чоколадо
  • 400g слатка павлака
  • 480g чоколадни бисквити по желба
  • ½ шолја чоколадни трошки

Начин на подготовка:

Измешајте ги кондензираното млеко со какаото и ставете ги на среден оган. Додадете го путерот и темното чоколадо и мешајте додека смесата не почне да се одлепува од тавчето.

Додадете ја слатката павлака и мешајте додека смесата не се соедини. Оставете малку да се олади.

Во сад, ставајте наизменично слој фил па слој чоколадни бисквити.

Одозгора наросете со чоколадни трошки и оставете во фрижидер најмалку 3 часа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2019 во 21:30

Dave’s Kitchen: Превкусна торта без печење



Ова е рецепт за превкусна торта со ресана без печење, готова за само 10 минути. Се што е потребно се неколку состојки и супер друштво со кое што ќе ја споделите.

Потребни состојки:

  • 750. ресана со вкус на вишна (или обични)
  • 200 гр. плазма бисквити
  • 200 гр. млако млеко
  • 200 гр. исечкани ореви или лешници
  • 250 гр. путер растопен
  • 2-3 лажици рум
  • 300 гр. слатка павлака
  • Шарени мрвици за декорација

Начин на подготовка: 

Исечкајте ги ресаните на четири дела и искршете ги бисквитите, па попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум. 

Добиената смеса се обликува во форма на векна. Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака. По желба декорирајте ја со шарени мрвици.

Добар апетит и забавно готвење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 08:29

Dave's Kitchen: Супер вкусна и брза торта без печење



За сите оние мигови кога немате време за приготвување комплицирани рецепти, а сакате нешто благо, Dave’s Kitchen ви препорачува да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:

Начин на подготовка: 

Во тенџере на оган ставете половина од млекото да се згрее. Во другата половина промешајте ги пудинзите, салепот и шеќерот. Претурете ја смесата во топлото млеко и сварете го пудингот. Кога ќе се згусне тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора. Кога комплетно ќе се излади додадете го путерот и шеќерот во прав и матете со миксер додека не се изедначи целата смеса. 

Обложете со хартија за свежа храна, округло тавче на механизам и земете бисквита по бисквита потопете ја во млеко и нанесете од филот. Наредете ги бисквитите исправени една до друга пополнувајќи го целото тавче. Оставете да се стегне и премачкајте ја целата торта со изматениот шлаг. Декорирајте со мелени бисквити или ореви.

Добар апетит и забавно готвење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2018 во 21:58
Крем колач со јагоди (без печење)


Крем колач со јагоди (без печење)


Состојки
3 пакувања пишкоти (3х21 парче) ~ 300 гр
малку млеко (за пишкотите)
Фил од јагоди
500 гр јагоди
6 лажици шеќер
500 мл млеко
5 лажици густин
2 пакетчиња ванилин шеќер
200 мл слатка павлака
За одозгора
200 мл слатка павлака
Користени Делимано произ

Прво подгответе го филот.
Јагодите испасирајте ги и ставете ги со 3 лажици шеќер да провријат. Не им треба долго, мах 5 минути на јак оган да бидат.
Густинот растворете го малку млеко, а остатокот млеко со 3 лажици шеќер и ванилиниот шеќер ставете ги да зовријат. Сварете крем со густинот и покријте го со пластична фолија за да не фати коричка.
Оставете ги да се оладат и кремот и јагодите.

Изладената слатка павлака изматете ја, па додавајте постепено од кремот со густин, постојано мешајќи со миксер. На крај додадете ги и јагодите и убаво измешајте.

Пишкотите потопувајте ги млеко (набрзина, да не впијат премногу млеко) и наредете ги 7х3 во еден ред. Премачкајте со 1/2 од филот. Наредете уште еден ред пишкоти, па втората половина од филот.

Изматете ја и останатата слатка павлака и премачкајте го целиот колач.

Пријатен апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2018 во 21:43
Страчатела чискејк (без печење)


Страчатела чискејк (без печење)

Состојки
Подлога
250 гр. мелени бисквити
130 гр. стопен маргарин
75 гр. шеќер во прав
100 мл. (+- по потреба) газирана вода
Крем
250 мл. слатка павлака
200 гр. крем сирење
175 гр. шеќер во прав
100 гр. чоколадо за готвење

Брз, лесен и многу вкусен страчатела чискејк без печење.
1. Соединете ги сите состојки за подлога. Газираната вода додавајте ја по потреба, додека смесата убаво да се хомогенизира. Може да ја замените со еден цеден портокал, некој друг сок или млеко.
2. Соединетата смеса натапкајте ја рамномерно во калап за печење или во друг соодветен сад (кој вам ви одговара). Калапот ставете го во фрижидер додека да го подготвите кремот.
3. Крем сирењето се мати до соединување со шеќерот во прав.
4. Слатката павлака се мати во друг сад на страна, сосема цврсто.
5. Се соединуваат состојките од двата сада, се ренда чоколадото и се додава, па се меша убаво се.
6. За да го изрендате убаво целото чоколадо, а да не ви остануваат ќошиња кои е речиси невозможно да се дорендаат, користете ноже за лупење компири. Ако сакате целата количина чоколадо изрендајте ја во кремот или пак оставете дел за декорирање.
7. Кремот се нанесува врз смесата од бисквити, се израмнува убаво и така подготвениот десерт се остава во фрижидер барем еден час да се стегне убаво.
8. Се сече на парчиња по желба и се послужува.





Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2018 во 21:28
Бисквит колач со лешници


Бисквит колач со лешници


Состојки
800 гр. какао бисквити
300 мл. млеко
2 ванили
Фил
180 гр. путер
250 гр. шеќер
2 пудинга од ванила
2 лажици густин
4 жолчки
500 мл. млеко
200 гр. лешници
100 гр. чоколада
Прелив
4 белки
3 лажици шеќер
1 шлаг крем од ванила

Најпрво се подготвува филот. Во посебен сад се матат жолчките, се додава 1/3 од млекото за филот и се додава пудингот и густинот, убаво се промешува да се растопи. Шеќерот се става во сад на тивок оган (постојано се меша) да се карамелизира. Откако ќе се добие светло кафена боја се истура остатокот од млекото за филот. Откако ќе се растопи карамелот во млекото и млекото ќе зоврие се истура предходно растопениот пудинг со жолчките и густинот.Се вари со постојано мешање, додека убаво да се густи и се добива густ крем. Се трга на страна, се меша одвреме наврем  и се додава чоколада за готвење да се растопи додека е топол кремот. Јас ставив пола бела, пола црна чоколада. Кога ќе се олади кремот, се мати и путерот и се додава во кремот, на крај се додаваат и мелените печени лешници. Со тоа филот е готов.
За кора на колачот користев црни бисквити со какао. Во 300мл. млеко се додаваат 2 ванили, се промешува да се растопи. И во млекото се натопуваат бисквитите една по една и се редат во првоаголен плех. За првата кора употребив 25 бисквити. Откако се наредат првиот ред бисквити се премачкуваат со пола од филот, па се редат и втор ред бисквити потопени кратко во млеко како и првиот ред и се става и другата половина фил. Најгоре се става и трет ред бисквите.
За прелив на колачот се матат белките со шеќерот и се додава и шлаг крема од ванила за да биде постегнат преливот. Се декорира по желба. Се остава на ладно да се стегне. Откако ќе се стегне можат да се сечат парчиња.
Овој колач е лесен за правење, нема печење на кори, а излегуваат многу парчиња.
На секого му го препорачувам!!!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2018 во 12:01
Potrebni se 5 min


Banani,melen keks,prax seker i mrvici vo boja sareni.
So bananite ,keksot i sekerot se pravi smesa,se formiraat bombici se se dekoriraat so sareni mrvici.
Po zelba i meleni orasi
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2017 во 08:46

Највкусниот чоколаден чизкејк: Фантастичен колач без печење, готов за само 20 минути!


Потребни состојки:

Состојки за подлогата: 150 грама бисквити, 100 грама путер и 2 лажици какао .

Состојки за кремот: 300 грама чоколадо за готвење, 500 грама крем сирење или маскарпоне, 200 грама шеќер во прав и 250 милилитри слатка хопла.

Подготовка:

Иситнете ги бисквитите и измешајте ги со претходно стопениот путер и какаото. Зависно од калапот што го поседувате, ако тоа е потребно обложете го со хартија за печење, па врз хартијата нанесете ја смесата за подлога од путер, бисквити и какао. Бисквитите може да ги иситните и во блендер, мелница за кафе и ореви, или едноставно да ги ставите во кеса и потоа да ги “исчукате” со сукало, се додека не добиете смеса налик на прав.

Со миксер сматете ја слатката хопла, додадете го крем сирењето или маскарпонето, шеќерот во прав и растопеното млако чоколадо (внимавајте чоколадото никако да не биде премногу жешко). Добро измешајте ја смесата додека да добиете хомохена текстура, па потоа истата прелијте ја врз подлогата од бисквити.

Оставете ја вака подготвената торта во ладилник, и тоа најмалку 6 часа додека убаво да се стврдне.

Совет плус: Од чоколадо може да направите и глазура, па потоа со неа да ја прелиете тортата, а парчињата од тортата би било одлично ако ги послужите со парче од омиленото овошје, или пак парчиња ореви, лешници или бадеми.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2017 во 15:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2017 во 11:49

Десерт без печење: Торта од Орео колачиња и шлаг



Тортите се нешто без кои ретко кој може да живее. Независно дали е лето или зима, тие се секогаш еден од омилените десерти на децата.

И додека сите сакаме да ги јадеме, ретко кој сака да остане заробен со часови во кујната и да ги подготвува.

Токму затоа, следниот рецепт ќе ви покаже како да направите торта од Орео колачи, која не се пече и е готова за 20 минути.

Потребни состојки:

Подготовка:

1. Во голем сад ставете ја павлаката, па додадете ги шеќерот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Потоа додадете го путерот од кикирики. Мешајте додека не добиете цврста смеса.

2. Потоа започнете со обликување на тортата, така што најпрво ќе ставите слој од шлагот, па ќе наредите од колачињата. Повторете ја постапката додека имате шлаг и колачиња.

3. На крај декорирајте со искршени колачиња.

4. Откако ќе биде готова ставете ја тортата во фрижидер во текот на ноќта.

5. Пред да ја послужите, можете дополнително да ја декорирате со стопен путер од кикирики.




Изменето од Valerija - 17.Февруари.2017 во 11:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2017 во 21:23

Dave’s Kitchen: Торта со ресана без печење


Добро познатата торта со ресана која се подготвува многу брзо и што е најважно, е без печење!

Вклучете го целото семејство оваа недела во подготовката, најмногу на тоа ќе се израдуваат најмладите.

Потребни состојки:

  • 1 кг. ресана
  • 200 гр. млеко
  • 200 гр. исечкани ореви
  • 250 гр. путер
  • 2-3 лажици рум
  • 300 гр. слатка павлака
Начин на подготовка:

Исечкајте ги ресаните на четири дела и попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум.

Добиената смеса се обликува во вашата омилена форма. Давор о
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2016 во 14:53
БРЗА НО НЕОДОЛИВО ВКУСНА КЕКС ТОРТА

Станува збор за многу едноставна и вкусна торта која се подготвува за брзо ... но и уште побрзо се јаде.

Состојки:

500 грама плазма или обични бисквити
4 жолчки од јајце
6 лажици шеќер
4 лажици брашно
0,5 литри млеко + млеко за потопување на бисквитите
1 ванилин шеќер
лажица путер

Подготовка:

1. Половината литар млеко, четирите лажици шеќер и путерот ставете ги да се варат. Жолчките од јајце измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко (колку да се направи смеса која ќе може да се прелива). Во згреано млеко полека прелијте ја смесата со жолчките мешајќи постојано. Оставете да се излади.

2. Натопете ги бисквитите во топло млеко и наредете ги на послужавник. Истурете го оладениот фил врз редот бисквити и од горе наредете уште еден слој бисквити. По желба можете да ја декорирате со шлаг направен од преостанатите белки. 



Изменето од Valerija - 04.Јуни.2018 во 10:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.