IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:43

ПРЖЕН КОМПИР СО СУСАМ

2

Најчестиот „гостин“ на сите трпези- компирот, овој пат во комбинација со сос од соја и сусам, претставува одлична шанса за деликатесен ручек, заслужен после напорниот работен ден…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама компир

2 чешниња лук

1 главица кромид

50 грама Сусам

Сос од соја

Маслиново масло

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Поголема тава, подмачкајте ја со маслиновото масло и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, сечете го компирот. На загреаното масло, пржете го компирот 6-7 минути, намалете ја температурата и додадете ги ситно сечканите лук и кромид, со кои ќе продолжите да го пржите компирот, уште 5 минути. Ја тргнувате тавата на страна,компирот го преливате со сос од соја, наросувате малку бибер и повторно го пржите компирот, на тивок оган, уште 2 минути. За крај, пропржете малку сусам, наросете го врз компирот…и јадењето е готово…

Уживајте во прекрасниот и едноставен ручек …

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2015 во 09:16

СЕЛСКИ КОМПИР ВО РЕРНА

12

Компирот печен во рерна е највкусен, а сосот од павлака и лимон доаѓа како „шлаг на торта“.

Состојки:

1 кг. компири

3 лажици маслиново масло

сол

бибер

1/2 лимон

200 г. кисела павлака

1 лажичка мед

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тепсијата со хартија. Компирот измијте го и исушете. Ставете го во рерна и печете го околу 50 минути.

2. За шмек исцедете го прво лимонот и измешајте го со кисела павлака, мед, сол и бибер по вкус.

3. Кога ќе се олади, излупете ја кората само на врвот и внимателно со лажица направете дупка. Сипете сос во дупката и украсете со свеж магоднос. Сервирајте го топол.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 09:10

ШНИЦЛИ ОД КОМПИРИ

20

Потребни состојки:

  • 1 kg компири
  • 1 ½ шолја брашно
  • 1 јајце
  • ¼ шолја млеко
  • Сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во вода со малку сол. Испасирајте ги и додајте им го млекото и изматеното јајце. На таа смеса додајте ѝ малку брашно за да се зацврсти и обликувајте шницли.

Во тавче ставете повеќе масло и наредете ги. Пржете кратко, додека не заруменат. Готовите шницли од компири може да ги послужите со сос по ваш избор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:22

Компири, кашкавал и сланина: Доволно за совршен ручек

Вкусните крокети од компир со сланина изгледаат фантастично, а нивниот вкус ќе ве остави без коментар.


Овој специјалитет всушност не е тешко да се направи, а секако доколку ги подготвите кога дома чекате гости, тогаш ќе оставите одличен впечаток. За овој необичен вкусен ручек ви се потребни следните состојки:

  • Компир
  • Кашкавал
  • Путер
  • 1 шолја презли
  • Масло
  • Сол
  • Бибер
  • Павлака

Во поголем лонец сварете го компирот кој претходно добро сте го измиле. Кога ќе се свари, исцедете го, излупете го и додадете коцка путер, посолете и забиберете, испасирајте така што да добиете тесто.

Подгответе го кашкавалот кој сте го исецкале на коцки. Земете парче сирење и ставете го во тестото, а потоа обликувајте топчиња.

На секое топче ставете по две парчиња сланина и прицврстете ги со стапчиња за ражнич. Топчињата од компир извалкајте ги во презла, па потоа пржете ги во подлабок сад со масло.

Крокетите служете ги со сос од павлака и оригано. Тука можете да додадете малку мајонез, кари или пак сенф.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2015 во 08:42

ЗАПЕЧЕН КОМПИР СО ПРЕЗЛА

4

Ароматичниот прилог го збогатува ова вкусно главно јадење.

Состојки

1 кг. компири, исчистени, излупени и исецкани на четвртини

путер, за пржење

чешне лук

140 мл. млеко

25 г. презла

25 г. рендано сирење, или кашкавал по вкус

2 гранчиња мајчина душичка

Подготовка:

1. Варете го компирот во сад полн со вода околу 15 минути, додека не омекне. Добро исцедете го.

2. Малку путер загрејте во истиот сад и пржете го исецканиот лук околу минута, додека не омекне. Потоа, сипете во тава млеко и загрејте го додека не стане млако. Вратете го варениот компир во тенџерето, тргнете го од оган и иситнете го компирот додека не добиете хомогена смеса.

3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавче или огноотпорен сад со големина од 20×30 цм. ставете пире. Посипете презла, сирење и мајчина душица. Печете околу 15 минути, додека не се стопи сирењето и презлата не зарумени и стане крцкава.

Напомена: По желба можете да го варите компирот во посолена вода.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2015 во 18:37

Вкусен пролетен ручек: Медитерански млади компири


Медитеранската верзија на овој вкусен зеленчук е одличен лесен ручек и прилог на секое јадење.

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • Малку путер за пржење
  • 200 гр. млади компири преполовени по должина
  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • 2 чешчиња лук
  • 1 исцеден лимон
  • Сол, бибер

Подготовка:

1. Во длабок сад загрејте масло и додадете го путерот да се стопи. Потоа ставете го компирот и пржете го отприлика 5,6 минути.

2. Во садот додадете го рузмаринот и лукот. Сите состојки добро пропржете ги и мешајте повремено, со цел да не загори. (околу 5 минути на средна температура).

3. Преку младите компири исцедете лимон, додадете сол и свежо мелен бибер.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2015 во 15:14

ЗАПЕЧЕН КОМПИР СО ПАВЛАКА

13

Ова е одличен прилог со јадења со месо, а може да се послужи и како самостоен оброк.
Состојки:

1 кг компири

чешне лук

300 г. обична павлака

250 мл. млеко

100 г. рендан тврдо сирење

лажица кисела павлака

сол, бибер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Тепсијата истријте ја со излупен и пресечен лук. Компирот иситнете го на тенки кругчиња, па организирајте ги во тепсијата како плочки.

2. Помешајте ги павлаката, млекото, сирењето и киселата павлака, посолете ги и побиберете, па со тоа рамномерно прелејте го компирот, така што целосно ќе биде прекриен. По потреба додадете малку од обичната павлака.

3. Компирот печете го во рерна околу 45 минути, додека не зарумени. Пред крајот испробајте дали е јадењето готово, тоа ќе го проверите така што ќе го прободете компирот. Ако е мек можете да уживате во вкусниот оброк.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2015 во 14:22

ПЕЧЕНИ КОМПИРИ НА ИТАЛИЈАНСКИ НАЧИН

6

Постојат илјадници начини за да се приготват компирите, и признаваме дека сме обожаватели на сите нив. Денес, ви прикажуваме еден поинаков рецепт за вашиот омилен зеленчук. Станува збор за печени компири приготвени на начин кој ќе направи оваа вкусна закуска да се топи во вашата уста.

Состојки:

– 8 компири со средна големина, измиени и исечени во коцки
– 120 г. пармезан
– 60 г. лебни трошки
– ¼ чаша маслиново масло
– 2 лажици кари сос (или некој друг ваш омилен зачин)

Подготовка

1. Загрејте ја рерната на 425 степени F.
2. Измијте и исечете ги компирите на коцки. Во тенџере со средна големина ставете вода, додадете ги компирите, и гответе ги околу 10 минути само додека малку не омекнат.
3. Во сад, измешајте го пармезанот со лебните трошки и кари зачинот.
4. Веќе исушените компири компири прелиете ги со маслиново масло.
5. Посипете ги со мешавината од пармезан и лебни трошки, се додека не забележите дека сите коцки се добро посипани со смесата.
6. Печете ги 30 минути во рерна или се додека компирите не добијат златно-црвена боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:10

КРАЛСКИ КОМПИРЧИЊА

5
На многу едноставен начин може да направите нешто многу привлечно…

Потребни состојки:

–      1 кг компири

–      3 жолчки

–      100 гр путер

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во вода со сол. Во меѓувреме спремете го плехот за печење. Сварениот компир испасирајте го, направете пире. Додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте за да се соедини смесата. Смесата ставете ја во шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути, или додека да поруменат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2015 во 14:40

КРЦКАВИ КОМПИРИ СО ПАЛЕНТА

13

Состојки:

  • 1,5 кг. компири
  • 3 лажици маслиново масло
  • 100 гр. палента

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите исечете ги на крупни парчиња и варете ги во зовриена посолена вода додека не омекнат. Процедете ги и оставете ги да се исушат.
Во тава за печење додадете го маслиновото масло, компирите, палентата и сол и убаво промешајте. Распоредете ги во еден слој и печете околу 30тина минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2015 во 15:19

ДВОЈНО ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО СИРЕЊЕ

2

Потребни состојки:

  • 4 – средни компири за печење
  • 1 лажица путер или маргарин
  • ¼ шољичка млеко
  • ½ лажичка лук во прав
  • ¼ лажичка пипер
  • Сол
  • Нарендан кашкавал

Начин на подготовка:

Измијте го компирот од нечистотија. Замотајте го во фолија и ставете го во рерна. Печете на200ц. околу 1 час. Ако забодете чепкалка и помине преку цел компир, тогаш е печен.

Кога се изпечени, ги вадите компирите од рерната и од фолијата, па ги сечете на пола. Со лажица, издлабете ја средината од компирот и ставете ги на здела.

Раздробете го компирот и измешајте го со маргарин, да настане мека смеса. Додадете млеко и мешајте. Додадете ги останатите состојки од кашкавал и промешајте.

Со лажица ставете ја смесата од компирот во кругчињата со лушпа. Ставете ли на тава за печење и посипете ги со кашкавал. Ставете ги во рерна и печете ги на 175ц., околу 20-30 мин.

Пријатен апетит….

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2015 во 08:19

ПРЖЕН КОМПИР СО КРОМИД И РУЗМАРИН

18

Овој рецепт некогаш нашите баби го подготвувале како прилог со свечен ручек. 

Состојки: 1 кг. компири, 2 млади кромидчиња, 300 г. црвен кромид, две гранчиња рузмарин, 4 лажици масло, сол, бибер.

Подготовка: Излупете ги компирите и секој од нив пресечете го на половина. Младиот кромид пресечете го на кругчиња, а црвениот во должина. Рузмаринот измијте го и исчистите, извадете ги игличките и ситно исецкајте го.

Загрејте масло во поголемо тавче. Пропржете ги црвениот кромид и компир околу десетина минути со постојано мешање. Додадете го младиот кромид и пржете уште десет минути. Посипете и рузмарин, а потоа сипете малку вода и оставете да се динста уште десетина минути.



Изменето од Valerija - 05.Ноември.2015 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 22:21

КОМПИР НА ШВЕДСКИ НАЧИН

Компир на шведски начин

Ако ви здодеало да пржите помфрит или да правите пире, еве еден нов едноставен рецепт за подготовка на компир.

Состојки

4 компири од средна големина

главица лук

маслиново масло

парче путер

гранче рузмарин

сол

бибер

зачини

Подготовка:

Компирот исечете го на ливчиња, како што е прикажано на видеото во прилог.

Во тавче пропржете ги на маслиново масло лукот и рузмаринот. Со истото масло добро натопете ги компирите.

Наредете ги компирите на хартија за печење и посолете ги и побиберите, ставете ги во загрена рерна и печете ги на 180 степени околу 60 минути.

Во тавчето во кое го греевте маслиновото масло, додадете парче путер и растопете (со рузмаринот и лукот). Со растопениот путер премачкајте ги добро печените компири, посипете зачин и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 18:15
Полнети пиперки со компир

Потребно

l 4 компири

l 1 главица кромид

l 4 пиперки

l масло

l сол

l црн пипер


Начин на подготовка

Измијте ги пиперките и отстранете им ги дршката и семето. Ситно исечкајте го кромидот. Излупете го компирот и изрендајте го на крупно ренде. Во чинијата со компири додадете го исечканиот кромид. По вкус, додадете сол и црн пипер. Ставете две лажици масло и добро измешајте го сето тоа.


Наполнете ги пиперките со добиената смеса. Наредете ги во подмачкано плехче, премачкајте ги со масло и печете околу 45 минути во рерна загреана на 220 Ц степени.

Изменето од Valerija - 21.Ноември.2015 во 18:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.