IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:41

Компири во плекче на селски начин

Компири во плекче на селски начин

Состојки

  • 9средни компири
  • 1,5-2кг. вода
  • 1 кромид
  • 100гр. ориз
  • 100мл. масло за јадење
  • 2л сол
  • 1л. зачин
  • 100гр. домашен сос
  • 200гр. макарони
  • 1л. оригано

Подготовка

Најпрвин ги лупиме компирите ги сецкаме како за пржење само малку подебели. Го лупиме и кромидот. Во плекче број 34 го ставаме маслото на оган да се загрее во него го сецкаме кромидот и го пропржуваме додека да зарумене. Го додаваме потоа оризот и него го попржуваме. Ги додаваме и компирите ги посолуваме и им го додаваме зачинот, ориганото, биберот промешуваме го додаваме домашниот сос и ги прелеваме компирите со вода. Ги ставаме одозгора и макароните и ги потопуваме со лажица и нив да ги прелиее водата ако е малку досипуваме уште вода.

По желба во нив ако не постите може да си стаавите варено свинско месо или обарени пилешки копани и тие во релната ке се запечат.Ги ставаме во релна претходно загреана на 200степени и ги оставаме да се варат.
Во текот на варњето можно е водата да изврие, а компирите да останат тврди(неварени)додаваме уште малку топла вода за да се сварат. Кога водата ќе изврие и компирите ќе бидат меки се вадат од релната. Се сервираат топли, убави се кога се јадат со сирење и домашно месено лепче.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:43

Видео рецепт: Бомбај компири

Видео рецепт: Бомбај компири

Бомбај компирите се многу популарен гарнир во индиските ресторани насекаде низ светот. Полу-сварени компири, потоа пропржени во врело масло и зачини кои ви нудат варијации од богати вкусови и мириси.

Состојки
  • 4 супени лажици масло
  • 1 мала лажичка семки од коријандер
  • 1 мала лажичка чили во прав
  • 1 мала лажичка куркума во прав
  • 4 големи компири

Ќе ви треба и:

  • Сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола и Вок Тава.

Подготовка

Чекор 1: Излупете ги компирите. За подготовка на овој рецепт можете да ги употребите речиси сите видови на компир. Потоа исечкајте ги на средни парчиња и ставете ги да се варат во зовриена солена вода.

Чекор 2: Варете ги најмногу 10 минути додека да омекнат, но внимавајте да не ги преварите бидејќи е важно да ја задржат формата кога ќе ги пржиме подоцна.

Чекор 3: Во загреаната Вок тава додаваме една лажица масло и неколку зрнца коријандер. Кога ќе почнат да пукаат зрнцата, маслото е доволно загреано за да го пржите компирот. Исто така, додадете го и остатокот од семките (доколку сакате коријандерот, можете да го замените со семки од синап). Додадете ги чилито и куркумата за маслото да добие боја, како и солта и биберот. Ставете ги компирите и пржете ги 1 до 2 минути додека да станат малку крцкави. Додека ги пржите компирите убаво мешајте ги за подеднакво да се распределат вкусовите.

Чекор 4: Подготвените компири послужете ги во длабока чинија како гарнир. Ние ќе додадеме и исечкан власец и малку јогурт.

СОВЕТ: Компирите можете да ги варите и подолг период, но тие ќе се распаднат и ќе ја изгубат формата. Можеби вкусот ќе биде побогат, но изгледот на јадењето нема да биде привлечен. Обидете се да ја затворите Вок тавата со капак и да ја тргнете од рингла оставајќи го компирот да се довари со помош на пареата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:58

Запечен компир со павлака

Запечен компир со павлака

Состојки

  • 5-6 компири
  • 200- 250 гр кашкавал
  • 250 мл неутрална павлака (хопла)
  • малку зејтин
  • вегета и бибер по вкус

Подготовка

1. Состојките се за плех од шпорет. Ако правите во помало тавче намалете ги.
Се лупат компирите и се сечат на кругови колку што може потенко. Се редат на намастен плех скалесто додека да се исполни целиот плех. Зачинете одозгора.
2. Врз компирита се ренда кашкавалот да се покријат компирите и потоа рамномерно насекаде се сипува од павлаката.
3. Се пече во загреана релна на 180 степени околу 40-45 мин. Додека компирот да се испече и одозгора да добие убава румена боја.
4. Убава варијанта на компир,пробајте нема да зажалите
Добар апетит



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:59

Запечен варен компир со презла

Запечен варен компир со презла

Состојки

  • 1 кг компири
  • 200 мл масло, или може растопен путер
  • 100 гр презла

Подготовка

Ги вариме компирите со лушпа, па кога ке се оладат ги лупиме  и ги прпелкаме во маслото па во презлата. Ги потпекуваме во загреана рерна неколку минути. Кога ќе бидат готови ги сечеме накрсно и ги декорираме и јадеме по желба .



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2013 во 21:28

Пататас Бравас


  • малку   Црн бибер
  • малку   Црвен пипер
  • 1500 милилитри Топла Вода
  • 3 лажица/ци Сол
  • 700 милилитри Масло
  • 3 чешниња Лук
  • 2 ливче/чиња Ловоров лист
  • 2000 грама Компир
  • 3 мала лажица Ким во прав
  • 2 лажица/ци Чили во прав



КРАТОК ТЕКСТ:

Пататас бравас е Шпански рецепт за зачинети и лутникави пржени компири. Одличен вкус.

ПОДГОТОВКА:

  Во сад со вода на јака температура ставете да зовријат водата со сол, црвен пипер, мелен ким и лорворов лист. Оставете ги да провријат убаво 10тина минути за сите состојки да пуштат ароми и вкусови. 
Во меѓувреме излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. 
Потоа ставете ги компирите во водата која што врие и почекајте некој 3, 4 минути да се врати водата во фаза на вриење и варате ги компирите се додека не се 90 % сварени, тоа значи да не бидат комплетно сварени како кога би правеле пире.
Извадете ги компирите и оставете ги да се исушат целосно и комплетно да се оладат. Многу важен дел е да бидат компирите целосно оладени и суви. Значи, без разлика колку и да сте гладни оставете ги, бидејќи доколку не ги оставите рецептот нема да биде успешен. 
Додека се сушат компирите може да го направите сосот кој се служи во прилог со компирите.
Во аван ставете 3 чешниња лук, малку сол, црвен пипер и чили. Сето тоа истолчете го убаво. Потоа додадете 3-4 лажици мајонез и промешајте ја целата смеса убаво. Додадете малку оцет или сок од лимон и малку доматно пире или кечап. Убаво промешајте го и по желба додадете од зачините.
Уште еден мал додаток додека се сушат компирите. 
Во мал сад ставете две лажици сол,  малку мелен црн бибер, црвен пипер и малку чили во прав. Сето тоа убаво промешајте го. Ова ќе служи за да се зачинуваат испржените компири. 
Загрејте масло за пржење компир на јака температура. Откако маслото ќе е доволно загреано ставете ги компирите и пржете 6-7 минути или додека не се златно кафени и екстремно крцкави. Испжете ги и зачинете ги со миксот и озгора прелијте ги со намазот од лук. Уживајте!


Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2013 во 19:56
Еве од мене придонес.

Да не должам многу, на кратко.

Пире

Варени компири
Зачини по желба
Млеко
Неутрална хопла (ако немате хопла може павлака ама да не е од оние многу кисели)
Лажица до две путер

Јас мерки немам, правам се од око. Пред многу години ме учеа дека добра домаќинка е онаа што знае да погоди се од око и пак да е вкусно (сите стари женички тоа го викаа порано, сега и тие со вагите почнааголема насмевка). 
Го пасираш компирот, додаваш лажица-две путер, додаваш зачини по желба и малку млеко. По потреба се додава и хоплата. И по желба се регулира густината, некои колешки мои ги слушам сакаат многу ретко пире, некои контра. Јас сакам нормално пире!
Хопла додавам затоа што ми дава некој добар вкус и кремасто и вкусно ми излегува пирето.

Рецептава е од Лаура Витали само малку ја адаптирав на балканскава кујна.црвенеење


Изменето од evangeline - 29.Ноември.2013 во 19:56
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2013 во 15:14

10 тајни за совшено кремасто пире од компири

Ретко кој не сака компир пире, но кој знае да го подготви така што тоа да биде меко, без грутки, со совршена конзистентност и сооднос?

Доколку пирето ви се претвора во леплива маса без вкус, тогаш време е да ги дознаете десетте најголеми грешки и притоа да знаете да ги избегнете при подготовката.

Грешка: Користите погрешен вид на компир

Со оглед на видот, компирите по варењето можеме да ги поделиме на три видови: тврди кои не се раскашуваат и добро се сечат, средно цврсти, кои се релативно тврди и можете да ги сечете и меки кои се раскашуваат и распаѓаат. Најдобар избор за пире се оние средните, а потоа меките, кои имаат повеќе скроб па пирето ќе биде кремасто, пишува Huffington Post.


Грешка:
Компирот го сечете на различни парчиња

Доколку го сечете компирот на нееднакви делови, тогаш тие нема рамномерно да се сварат, со што поголемите парчиња ќе бидат недоволно сварени, а малите ќе бидат преварени. На тој начин никогаш нема да направите совршено кремасто пире. Поради тоа подеднакво ситно исечканиот компир ставете го во ладна вода, нека зоврие водата и потоа варете додека парчињата не бидат подеднакво варени.

Грешка: Преварен или недоволно варен компир

Преварениот компир е блед и поприлично е невкусен. Недоволно варените компири пак не се премногу зрнести и од нив тешко дека ќе добиете кремасто пире. Дека компирот е совршено сварен ќе знаете кога со остар нож без проблеми ќе поминете низ него.

Грешка: Користите миксер, блендер или рачна мешалка

Важно е да знаете дека компирот е преполн со скроб, а тоа значи дека не треба премногу да се миска или гмечи. Доколку користите мискер или блендер, скробот ќе се згусне и ќе се претвори во леплива маса, поради тоа најдобро е да користите вилушка или пак железно помагало кое е специјално за гмечење на компири.

Грешка: Премногу ги гмечите компирите

Дури и ако се користите мискер или рачна мешалка, можно е премногу да го изгмечите компирот. Поради тоа внимавајте на претходното правило. Кога ќе додадете млеко, павлака или путер, нежно мешајте додека состојките не се поврзат. Нема потреба претерано да гмечите, инаку ќе добиете смеса налик лепило.

Грешка: Користете ладен путер, млеко или павлака

Ако ги оставите на собна температура тие подобро ќе се поврзат со компирите, а воедно и вас ќе ви помогнат и нема да треба да го гмечите толку многу пирето.

Грешка: Додавање на премногу течност

Можете да додадете малку млеко или вода во која се вареле компирите, но мора да внимавате за количината, бидејќи сигурно не сакате да  добиете супа наместо пире од компири.

Грешка: Не сте додале доволно путер

Познатиот рецепт за пире од компири на Џоел Робукхон вели дека компирите треба убаво да се измешаат со путер. Пробувајте додека ставате, не ставајте ни малку ниту пак премногу. Ако не сте задоволни со вкусот на пирето додадете путер.

Грешка: Не сте додале доволно сол

И најдобро изгмечениот компир со совршен сооднос на путер и млеко, и понатаму ќе биде блунтава смеса доколку не сте додале доволно сол. Посолете го пирето, лесно измешајте и пробајте.

Грешка: Послужувате ладно пире или исушено

Препорачливо е да знаете дека однапред не треба да го правите пирето. Најдобро е тоа да се послужува и да се јаде топло. Но доколку веќе пирето се изладило, внимавајте како го подгревате, бидејќи може да се исуши. Постојат два начина за тоа: Тенџерето со пире ставете го врз сад со вода па загрејте на пара или пак само додадете загреано млеко.

Пријатен апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 08:30

Рецепт за вкусни поинакви пржени компири

Компирите важат за една од највкусната храна во светот. Тие исто така според многу познати готвачи се прогласени за идеален гарнир на скоро секое јадење. Има различни начини за подготвување на компирите, а најпознатиот е нивно пржење.

Скоро и да не постои човек кој не сака да грицне по некое пржено компирче, па поради тоа ние овој пат се одлучивме да ви претставиме рецепт за малку поинакви пржени компири. Сепак, мораме да ве предупредиме да не претерувате многу со пржениот компир, бидејќи оваа храна и не е многу здрава за нас. Поради тоа дозволете си барем неколку пати во месецот да се почестите со вакво нешто, но тоа да не биде секој втор ден бидејќи и тоа како се вкусни.

Потребни состојки:

750 гр. компири

40 гр. маргарин или путер

1 китка свежа жалфија

Подготовка:

Компирите се лупат, мијат и сушат со крпа. Исечете ги на тенки парчиња. Доколку сакате да добиете австралиски компир, тогаш исечете ги на подебело. Пржете ги во загреан маргарин или путер на тивко околу 20 минути и наросете со исечкана жалфија. Се служат топли.

Пријатен апетит!



Изменето од Valerija - 13.Декември.2013 во 08:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2014 во 11:02

Ако и вие сте љубител на компирите на 101 начин, овој дефинитивно ќе ви биде еден од омилените.

brz-rucek-pecen-kompir-polnet-so-kaskaval-i-slanina-01

Кога немате голема желба за гответе, а сакате да уживате во неколку вкусни залчиња, ви предлагаме да го испробате овој сочен рецепт.

Покрај тоа, можете да го послужите на сите кои ги сметате за вистински гурмани. За момент ќе го освоите нивното срце.

Време за подготовка: 15 минути

Време за печење: Околу 1 час


Потребно ви е:

  • 1-2 голем компир по лице
  • Кашкавал, сирење, сланина
  • Сол
  • Маслиново масло или путер
  • Кари, презла, пармезан, зачини по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите, измијте ги и со остар нож исечкајте ги на ситни парчиња, но не до крај.

Посолете и резовите пополнете ги со кашкавал, сирење и сланина. Така подготвен компирот распоредете го на мрсна тава за печење.

Печете половина час, а потоа извадете го компирот и посипете го со зачините, пармезанот или презлата.

Вратете ги да се допечат уште половина час.

По желба прелијте ги со сос од слатка павлака и печурки, 5 минути пред да ги послужите.

brz-rucek-pecen-kompir-polnet-so-kaskaval-i-slanina-02

brz-rucek-pecen-kompir-polnet-so-kaskaval-i-slanina-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:23

Полнети запечени компири

2

Состојки:
2 големи печени компири
1 супена лажица путер
2 јајца
2 парчиња сланина, запржени и исецкани на коцки
2 супени лажици рендано сирење
1 супена лажица магдонос исецкан
Сол и свежо мелен бибер
Подготовка:
Свртете го печениот компир странично и внимателно со остар нож исечете ја горната третина. Со лажичка извадете ја внатрешноста, за да направите од компирот сад за полнење.
Ставете по 1/2 супена лажица путер во средината на секој сад. После тоа внимателно скршете по едно јајце во секој отвор, и гледајте жолчката да остане цела. Покријте со сланина, сирење, магдонос, и на крај зачинете со сол и бибер.
Се пече во претходно загреана рерна на висока температура околу 20 минути или додека не забележите дека белката од јајцето е готова. Се сервира веднаш.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:23

Диетален и вкусен оброк: Запечени полнети компири во рерна

27

Состојки:

6 компири

125 гр крем сирење

4 супени лажици павлака

1 јајце

2 супени лажици исецкан магдонос

4 супени лажици ситно исецкан кромид

3 супени лажици исецкани црни маслинки

2 кафени лажички песто Џеновезе

1 толчено чешне лук

Сол и бибер по вкус

20 гр путер

Рендан кашкавал за на крај

Компирите се сечат на две половини и се печат во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат со лажица се прави вдлабнатина. Извадениот дел се меша со крем сирењето, павлаката, јајцето, зачините, маслинките, пестото и лукот. Со оваа смеса се полнат компирите. Од горе се става по едно мало парченце путер и рендан кашкавал. Компирите се печат се додека не добијат златно-кафена боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:28

Запечени компири со топено сирење

27

Состојки:

3 супени лажици вода

3 супени лажици соја сос

3 кафени лажички чубрица

4 супени лажици масло

2-3 кафени лажички сол

3 кафени лажички црвен пипер

200 гр топено сирење

180 гр кашкавал

1 кг компири

Подготовка:

Компирите се мијат, се лупат и се сечат на кругови.

Се додаваат во голем сад и се мешаат со црвениот пипер, солта и маслото.

Потоа топеното сирење се мати со водата и соја сосот.

Смесата се додава во садот со компирите и се меша.

Ги додаваме сето тоа во претходно подмачкана тава, без да се додава вода.

Се пече во претходно загреана рерна додека не омекнат компирите.

Потоа се вадат и се додава рендан кашкавал и чубрица.

Се пече повторно се додека не добијат златно-кафена боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:29

Двојно печени компири со сирење


  • 4 – средни компири за печење
  • 1 лажица путер или маргарин
  • ¼ шољичка млеко
  • ½ лажичка лук во прав
  • ¼ лажичка пипер
  • Сол
  • Нарендан кашкавал

Начин на подготовка:

Измијте го компирот од нечистотија. Замотајте го во фолија и ставете го во рерна. Печете на200ц. околу 1 час. Ако забодете чепкалка и помине преку цел компир, тогаш е печен.

Кога се изпечени, ги вадите компирите од рерната и од фолијата, па ги сечете на пола. Со лажица, издлабете ја средината од компирот и ставете ги на здела.

Раздробете го компирот и измешајте го со маргарин, да настане мека смеса. Додадете млеко и мешајте. Додадете ги останатите состојки од кашкавал и промешајте.

Со лажица ставете ја смесата од компирот во кругчињата со лушпа. Ставете ли на тава за печење и посипете ги со кашкавал. Ставете ги во рерна и печете ги на 175ц., околу 20-30 мин.

Пријатен апетит….



Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:31

Полнети компири



8 компири

1 лажица павлака

100 гр. маргарин

100 гр. брокула

50 гр. сланина

100 гр. кашкавал

2 јајца

Зелена пиперка

Припрема:

Компирите убаво измијте ги и исечете и на половинки. Во добро намачкано тавче ставете ги да се печат во рерна. По 15тина минути, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се оладат.

Направете хомогена смеса од павлаката, маргаринот, кашкавалот и јајцата.  Издлабете ги компирите, па наполнете ги најпрво со сецкани брокули, па со приготвената смеса. Оставете да се печат во рерна уште 20тина минути. Потоа извадете го тавчето од рерна и врз секој компир додадете малку сецкана сланина и вратете го тавчето да се допечат компирите, уште 10тина минути.

Ставете ги полнетите компири на чинија за сервирање и врз секој компир додадете малку ситно сецкана зелена пиперка. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.