IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:23

Двојно печени компири


  • 1   Жолчка/ки
  • 200 грама Кашкавал
  • 4 парче/чиња Компир/и
  • 1 парче/чиња Младо кромитче
  • 100 грама Путер
  • малку   Сол
  • 50 грама Хопла (без шеќер)
  • малку   Црвен пипер
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 90 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Двојно печени компири

ПОДГОТОВКА:

 Измијте четири поголеми компири (колку една тупаница) и исушете ги. Премачкајте ги со малку масло и ставете ги во тава со алуминиумска фолија да се печат еден час или додека не омекнат на предходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Откако ќе ги извадите од рерна пресечете две третини од широката страна на компирот. Со помош на лажица од компирот извадете колку што можете повеќе од испечениот компир. Внатрешноста од компирот не ја фрлајте туку ставете ја во сад во коишто подоцна ќе додадеме состојки со кои ќе ги полниме компирите. 
Во садот ставете го путерот и ситно сецканиот кромид. Промешајте со вилушка и додадете малку бибер, сол и црвен пипер. Додадете кашкавал, жолчка од јајце и хопла. Промешајте убаво и вкусете и по потреба додадете зачини. 
Земете ги компирите и капакот кој што го пресековте ставете го внатре во компирот на дното. Земете го составот и наполнете ги сите компири еднакво. Пемачкајте ги со малку стопен путер и додадете по малку црвен пипер и вратете ги уште 20тина минути во рерна. 
Пробајте и уживајте!


Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:23

Компири со колбаси


       200 грама тиквички
  • малку   Сол
  • малку   Рузмарин
  • 2   Пиперка/ки
  • малку   Мајчина душица
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1000 грама Компир
  • 50 грама Домат
  • 200 грама Колбас
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Се смета дека првите колбаси датираат уште од 3000 години пред н.е. а биле направени од Сумерите кои живееле на територијата на денешен Ирак. За Китејските традиционални колбаси "Лачанг", кои биле подготвувани од козјо и јагнешко месо, се спомнува околу 589 година пред н.е.

Денес се консумираат во целиот свет. исто така, денес постојат и најразлични начини на припремање на најразлични видови на колбаси.

Само во Германија постојат повеќе од 1000 видови колбаси.

ПОДГОТОВКА:

 Измијте ги компирите и варете ги околу 20 минути.

Потоа измијте ги под млаз ладна вода и излупете ги.

Исчистете го мешаниот зеленчук.

Пиперките исечете ги на прчиња, а тиквичките на тенки кругови.

Исчистете ги кромидот и лукот, па исецкајте ги.

Во тенџере загрејте ја чорбата од зеленчук.

Додајте ги компирите, кромидот, лукот и сè заедно нека крчка 5 минути.

Додајте го зеленчукот и со повремено мешање варете уште 5 минути.

Измијте ги и исцедете ги зачинските тревки, па измешајте ги со колбасите и додајте сол и црн пипер.


Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:24

Полнети компири



  • 20 грама Путер
  • 600 грама Компир
  • 50 грама Кашкавал
  • 1 мала лажица Бибер
  • 1   Јајца/це
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ова е вкусен брз рецепт кој е едноставен за подготовка

ПОДГОТОВКА:

Преполовете ги компирите и извадете ја внатрешноста, оставајќи ѕидови дебели 1,5 сантиметри.

Изрендајте го кашкавалот и изматете го јајцето.

Извадената срцевина од варениот компир измешајте ја со кашкавалот, додадете го јајцето, путерот, зачините и малку млеко, ако сметате дека е потребно.

Наполнете ги компирите, преклопете ги двете половинки, со четкичка намачкајте ги со путер и печете ги во рерна 10 до 15 минути.

Полнетите компири послужете ги со зеленчук.



Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:25

Компири со сусам и соја сос


  • 50 грама Сусам
  • 50 милилитри Сос од соја
  • 1 лажица/ци Сол
  • 1 лажица/ци Маслиново масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 500 грама Компир
  • 2   Главица лук


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Се смета дека компирот за прв пат започнал да се одгледува во Јужна Америка пред 3000 години, иако некои научници тврдат дека компирот растел диво пред повеќе од 10000 години. Според Др. Хектор Флорес најверојатното место на потекло на компирот се наоѓа помеѓу јужниот дел на Перу и североисточниот дел на Боливија.

ПОДГОТОВКА:

 Излупете, измијте и исечкајте ги компирите. Во поголема тава на оган налејте го маслиновото масло. На загреаното масло пржете ги исечканите компири 7-8 минути. Намалете ја температурата, додадете го ситно исечканиот кромид и лук и пржете уште 5-6 минути. Потоа прелијте со соја сосот, посолете, наросете мелен црн пипер и оставете да се пржи на ниска температура уште 2-3 минути. Сусамот малку пропржете го, наросете го врз содржината во тавата и сервирајте.

Совет: Јадењата во кои се додава соја сос не и требало дополнително да се солат и да им се додаваат многу зачини. Овој прелив е ароматичен и на секое јадење му дава посебен вкус.


Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:26

Пире од компири со печурки


  • 100 милилитри Супа од зеленчук
  • 100 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 900 грама Печурки
  • малку   Морско оревче
  • 250 милилитри Млеко
  • малку   Мајоран
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1000 грама Компир
  • 1   Китка магдонос
  • 100 грама Кисела павлака
  • 100 грама Кашкавал
  • 2   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пире од компири со печурки

ПОДГОТОВКА:

 Измијте ги печурките и исечете ги на листови. Кромидот ситно исечкајте го и со магдоносот кусо пржете на путерот. Додајте ги печурките, мајоранот и пресуваниот лук, измешајте и пржете 2 - 3 минути. Налијте вино и супа од зеленчук, додајте мајоран, црн пипер и динстајте додека не испари сета течност.

Варените компири излупете ги пресувајте. Во уште врелите компири додајте ги изматените жолчки, морското оревче, сол, црн пипер, павлака, млеко и убаво изматените белки. Се убаво измешајте изедначете го состојките и половина истурете во садот за печење кој претходно сте го намачкале со убав слој путер. Израмнете ја површината и нанесете го филот од печурки. Повторно израмнете и нанесете го останатиот дел со компири. Израмнете ја површината, наросете со рендан кашкавал и ставете тенки ливчиња ладен путер. Така подготвеното пире ставете го во рерна загреана на 220 степени и печете околу 20 минути.

Предјадењето служете го топло.

Но, ова специфично пире можете да го послужите и како додаток со разни меса.


Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 02:47
Originally posted by емил емил напиша:

Полнети компири со кашкавал и печурки


СОСТОЈКИ
• 8 компири со иста голе­мина
• 200 гр шампи­њони или вргањ
• 100 гр кашка­вал (еда­мер или друг пого­ден за топење)
• 1 гла­вица кро­мид
• маг­до­нос, лук, сол, бибер
• беша­мел сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излу­пете ги компи­рите и ста­вете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омек­нати (дово­лно за да можете да ги издла­бите), исе­чете ги на поло­ви­нина и на сре­дина издла­бете ги со лажица.

Во меѓу­време, исец­кајте и издин­стајте го кро­ми­дот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, дода­дете ги исец­ка­ните печурки.

Посебно напра­вете беша­мел сос со мар­га­рин, бра­шно и млеко, или можете да ста­вите само хопла за готвење. Дури е уште топол беша­ме­лот, дода­дете ги сите состојки. Со сме­сата напо­лнете ги компи­рите, зачи­нете по ваш вкус и ста­вете ги да се печат во огно­от­по­рен сад.

Печете 20 минути, дури не доби­јат зла­те­ста боја.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 02:51
Originally posted by емил емил напиша:

Пржени компири со 3 соса
За 2 лица:
300-500гр.смрзнат компир за помфрит
кечап,
меко сирење,
мајонез,
кисела павлака,
кромид и лук,
авокадо,
свежа краставица,
магдонос,
сок од лимон, 
маслиново масло.

Компирите за помфрит се пржат според упатството на пакувањето, па се служат со сосовите сместени во 3 различни чинии.
Црвен сос: се матат 3 лажици меко сирење, 4-5 лажици кечап, 3 лажици мајонез, 1 стругана главица кромид, 2-3 чешниња изгмечен лук, по желба малку сечкан магдонос.
Сос од сирење: се матат 3-4 лажици сремско сирење, 3 лажици кисела павлака, 3 лажици мајонез, 1 стругана главица кромид, малку сечкан магдонос.
Сос од авокадо: авокадото се лупи и се чисти од коцкичките, па добро се гмечи со вилушка. Се додава мала рендана краставичка, 3 ситно сечкани чешниња лук –ако е стар или 3 зелени страка млад лук, 1 лажица маслиново масло, сок од лимон по вкус, па сето тоа добри се мати. 
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 02:52
Originally posted by емил емил напиша:

Кралски компирчиња

На многу едноставен начин може да направите нешто многу привлечно…

Потребни состојки:

-      1 кг компири

-      3 жолчки

-      100 гр путер

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во вода со сол. Во меѓувреме спремете го плехот за печење. Сварениот компир испасирајте го, направете пире. Додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте за да се соедини смесата. Смесата ставете ја во шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути, или додека да поруменат.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 02:59
Originally posted by емил емил напиша:

Рестован компир

Потребно:

* 1 кг компири
* 50 мл масло
* 70 г кромид
* сол
* бибер
* малку мелен црвен пипер

Приготвување: изберете компири со приближно иста големина, измијте ги и ставете ги во тенџере со вода. Варете ги околу 45 минути. Варени, исцедете ги, изладете ги под млаз студена вода и излупете ги. Во тавче на загреано масло пропржете го ситно сечканиот кромид, па додајте ги компирите исечени на тенки тркалца. По желба, може да додадете сол, бибер и малку мелен црвен пипер. Измешајте го сето тоа и уште кратко пропржете го. Послужете го рестованиот компир како прилог со печена риба.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 17:33
Запечени компири со сланина и кашкавал

Потребно:
  • 1 кг. компир
  • 300 гр. сланина
  • 200 гр. кашкавал
  • Вегета, сол и црн пипер
  • Масло за јадење
Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода, па исечете ги на ленти.
Исецкајте ја сланината на парчиња.
Тавата за печење полејте ја со масло за јадење, па ставете ја мешавината од варен компир и сецкана сланина. Одозгора наредете рендан кашкавал.

Печете на температура од 200 степени околу 20 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 17:37
Компири со сусам

Потребни состојки:
- компири (што помали тоа подобри)
- сусам
- малку путер
- сол

Компирите се ставаат во подлабок сад за да се сварат (се варат околу 10-тина минути). Се лупи од лушпата, се ставаат во огнооптпорна тава,се посолуваат, се посипува со сусам и се ставаат парчиња путер одозгора.
Се печат на 250 степени, додека да заруменат.

компири.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 21:12
Компири со фета сирење

Потребни состојки:
- 8 компири
- 100гр. чаден свински врат
- 150 гр. фета сирење
- 3 гранчиња босилек
- 200 гр. кашкавал
- 50 гр. путер
- 1 главица кромид
- масло за јадење
- сол

Подготовка:
Компирите излупете ги и издлабете ги за да може да ги полните. Во тава со загреан зејтин додадете го ситно сецканиот чаден свински врат и главицата кромид. Откако ќе се запржат остатоците од компирите изрендајте ги и додајте ги во тавата. Додадете го и путерот и убаво потпржете. Ставете го и фета сирењето, ситно сецканиот босилек и измешајте.
Во тава за печење ставете малку зејтин и наредете ги компирите. Со лажичка полнете ги компирите и врз секој од нив ставете по една лента кашкавал. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна 30 минути на температура од 220 степени.
[IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:31
Кари-компир
Потребно:
800 г компир
6 лажици масло
2 лажици кари во прав
2 жолти пиперки
2 зелени пиперки
2 главици кромид
сол и бибер
2 лажици сечкан лупен бадем
малку вода
250 мл јогурт
2 лажици сечкан магдонос


Подготовка:
Измијте го компирот па варете го во солена вода околу 15 - 20 минути, па потоа излупете го. Кромидот исечкајте го на тенки листови, а пиперката на помали коцки.
Загрејте 3 лажици масло во поголема тава па пропржете го компирот. Додадете кари и сол, па кратко продинстајте се заедно. Извадете го компирот, а тавата избришете ја.
Загрејте го преостанато масло и продинстајте ги коцките пиперка. Додадете го кромидот и динстајте се заедно. Потоа додадете ги бадемите и биберот, налијте со вода и динстајте уште 10 - 15 минути.Додадете го јогуртот и компирот во мешавината од пиперки и загрејте го. Посипете го кари-компирот со сечкан магдонос и послужете.

пробајте ....

(Аndjelina)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91623
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:36

Печен компир со цвекло и кромид

Печен компир со цвекло и кромид

Состојки

  • 1 средно цвекло
  • 1 среден кромид
  • 1 голем компир за печење

Подготовка

1. Измијте го зеленчукот.
2. Печете го компирот во лушпа во претходно загреана рерна на 150 степени, околу 1 час.
3. Исечкајте го кромидот на ситни коцкички.
4. Кромидот треба да се вари на тивок оган во лонче, со малку додадена вода, додека не омекне.
5. Сварете го цвеклото на тивок оган и по можност, на пареа.
6. Откако ќе се свари цвеклото, исечкајте го на коцкички и додадете го лончето каде се вари кромидот уште 10тина минути.
7. Кога компирот добро ќе се испече, исечете го на половина и врз секој ден додадете ја смесата од сварено цвекло и кромид.
8. Одозгора посипете со листови копар, во свежа или сушена варијанта.

Совет – Послужете го ручекот со свежа салата од марула или ендивија.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.