IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Компир на 101 начин
    Испратена: 04.Ноември.2009 во 10:53
Кари-компир
Потребно:
800 г компир
6 лажици масло
2 лажици кари во прав
2 жолти пиперки
2 зелени пиперки
2 главици кромид
сол и бибер
2 лажици сечкан лупен бадем
малку вода
250 мл јогурт
2 лажици сечкан магдонос


Подготовка:
Измијте го компирот па варете го во солена вода околу 15 - 20 минути, па потоа излупете го. Кромидот исечкајте го на тенки листови, а пиперката на помали коцки.
Загрејте 3 лажици масло во поголема тава па пропржете го компирот. Додадете кари и сол, па кратко продинстајте се заедно. Извадете го компирот, а тавата избришете ја.
Загрејте го преостанато масло и продинстајте ги коцките пиперка. Додадете го кромидот и динстајте се заедно. Потоа додадете ги бадемите и биберот, налијте со вода и динстајте уште 10 - 15 минути.Додадете го јогуртот и компирот во мешавината од пиперки и загрејте го. Посипете го кари-компирот со сечкан магдонос и послужете.

пробајте ....
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 19:22

Полнети компири

Полнети%20компири
 

Потребни состојки:

  • 20 грама Путер
  • 600 грама Компир
  • 50 грама Кашкавал
  • 1 мала лажица Бибер
  • 1   Јајце
  • малку   Сол 

Подготвување:

Преполовете ги варените копири  и извадете ја внатрешноста, оставајќи ѕидови дебели 1,5 сантиметри.

Изрендајте го кашкавалот и изматете го јајцето.

Извадената срцевина од варениот компир измешајте ја со кашкавалот, додадете го јајцето, путерот, зачините и малку млеко, ако сметате дека е потребно.

Наполнете ги компирите, преклопете ги двете половинки, со четкичка намачкајте ги со путер и печете ги во рерна 10 до 15 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 19:33

СОЛЕНА ТОРТА ОД КОМПИР

            Потребно: 1,2 кг. компир, 100 гр. путер, 100 гр. шунка, сол и црн пипер

            Излупете го компирот и исечете го на тенки тркалца. Со путер добро намачкајте ја тавата, наредете ги тркалцата компири на дното од тавата, потоа преку првиот ред наредете го вториот, но компирот ставајте го во спротивен правец. Кога дното сте го покриле со компири, посолете, ставете парченца путер и шунка насечена на коцки. Потоа наредете друг ред компири и така продолжете додека не го потрошите материјалот, но да завршите со парченца путер.

            Покријте ја тавата со алуминиумска фолија, ставете ја во рерна загреана на 180 степени да се пече околу 40 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 15:11

Компири во лушпа со туна

 
Состојки:

4 големи компири
2 конзерви туна
300 грама сирење
20 грама кромид
магдонос

1. Измијте ги компирите, завиткајте ги во алиминиумска фолија и печете ги еден час во рерна на 220 степени.

2. Туната исцедете ја од маслото, помешајте ја со сирењето, ситно исечканиот кромид и магдоносот.

3. Кога ќе се испече компирот, отворете ја фолијата, исечете го компирот на четири дела и делумно отворете го. Во засечканиот дел ставете ја смесата од сирење и туна.
/
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:59
Kомпири со џигер

250 телешки или јунешки дроб,
главица кромид,
црн пипер,
едно јајце,
млеко, маст, сол.

Излупете ги компирите, измијте ги, обарете ги и внимавајте да не се преварат. Извадете ги, исечете ги на половина и со лажичка издлабете ги. Извадената средина изгмечете ја со вилушка или пропасирајте ја. Дробот измијте го и сомлете го на машина за месо. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, додајте го мелениот дроб и иситнетиот компир пропржете го малку а потоа ставете црн пипер, сол и ставете го јајцето. Се убаво измешајте и полнете ги вдлабнатините на компирите, наредете ги во подмачкана тава, налејте го со млеко и така компирите ќе бидат облеани и попрскајте ги со растопена маст. Печете ги во рерна се додека да се вцрват.




Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 16:13

Компири во капут

Потребно:

* 1 кг компири
* 100 г маргарин
* 1 китка магдонос
* босилек
* нане
* оригано
* бибер
* сол

Приготвување: компирите доброи измијте ги, засечете ги во облик на крст, завиткајте ги (посебно) во алуминиумска фолија, наредете ги во тавче и печете ги во рерна загреана на 250 степени. Изматете го маргаринот, додадете ги ситно сечканите магдонос, босилек, нане, потоа ориганото, биберот и солта. Смесата добро измешајте ја. На печените компири одвиткајте го горниот дел од фолијата, со нож раширете го засечениот дел, па отворите полнете ги со смесата од маргарин и з

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 14:41
Компир-хармоника

Потребно:

* 4 компири, приближно со иста големина
* 50 г сланина
* масло
* зачинал

Приготвување: сварете ги компирите во солена вода (не сосема) и оставете ги да се изладат. Излупете ги и засечете ги на тркалца, но не докрај. Во секој засек ставете малку зачинал и мало парче сланина. Така подготвени, ставете ги компирите во намастено тавче еден до друг за да не се расцветаат, па печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не се вцрват.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2011 во 05:34

Вест рецепт - Компири со кашкавал

Потребно:

1 кг компири
1 лажица масло
20 г путер
100 мл бело вино
300 г кашкавал, тенко исечен
сол
бибер
ситно сечкан магдонос
ким

Приготвување: варете ги компирите во лушпа 15 минути, но внимавајте, тие треба да бидат варени, а не да бидат преварени. Излупете ги, па исечете ги на тркалца. Пржете ги околу 5 минути во загреаните масло, путер и ким. Потоа, зачинете ги со сол и бибер. Наредете ги во огноотпорен сад, додадете го виното, врз нив распоредете го кашкавалот и печете ги околу 10 минути во рерна загреана на 220 степени, т.е. додека не се стопи кашкавалот. Посипете ги со магдоносот и послужете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (3) Благодарам(3)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2012 во 16:38

Полнети компири со кашкавал и печурки


СОСТОЈКИ
• 8 компири со иста голе­мина
• 200 гр шампи­њони или вргањ
• 100 гр кашка­вал (еда­мер или друг пого­ден за топење)
• 1 гла­вица кро­мид
• маг­до­нос, лук, сол, бибер
• беша­мел сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излу­пете ги компи­рите и ста­вете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омек­нати (дово­лно за да можете да ги издла­бите), исе­чете ги на поло­ви­нина и на сре­дина издла­бете ги со лажица.

Во меѓу­време, исец­кајте и издин­стајте го кро­ми­дот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, дода­дете ги исец­ка­ните печурки.

Посебно напра­вете беша­мел сос со мар­га­рин, бра­шно и млеко, или можете да ста­вите само хопла за готвење. Дури е уште топол беша­ме­лот, дода­дете ги сите состојки. Со сме­сата напо­лнете ги компи­рите, зачи­нете по ваш вкус и ста­вете ги да се печат во огно­от­по­рен сад.

Печете 20 минути, дури не доби­јат зла­те­ста боја.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 04:18
Печен компир според Џејми Оливер

Млади, поголеми компири се лупат и се варат во солена вода 7-8 минути. Потоа се цедат и се сечат на кругови дебели околу еден сантиметар.
Се редат на тава обложена со хартија за печење. Потоа се полеваат со масло, сол и гранчиња сушен рузмарин.
Се печат во горниот дел од загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (но бидејќи рерните печат различно, гледајте кога ќе почнат да заруменуваат). 
Многу се вкусни и декоративни, а ако сакате да бидат покрцкави можете да ги сечете на потенко. 
Еве како треба да изгледаат.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 04:18
Печени компири со зачини

Порции

4 лица

Состојки

800 гр. компири
2 лажици маслиново масло
5 лажици сецкан свеж магдонос
2 лажици копар, ситно сецкан

Прелив

1 лажица вински оцет
2 лажички мед
2 лажички сенф
50 мл. маслоново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на крупни парчиња. Во еден длабок сад измешајте ги компирите со масло и зачинете со сол и бибер. Префрлете ги во плех и печете ги 35-40 минути додека да добијат светло кафеава боја. Повремено промешајте ги и превртете ги во плехот.

Потоа извадете ги од рерна и оставете ги 20 минути да се изладат. Во меѓувреме подгответе го преливот. 

Во еден сад измешајте оцет, мед, сенф и масло. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте ја смесата. Можете да употребите и блендер. 

Ставете ги компирите во длабок сад и измешајте ги со магдонос и копар. Одозгора додадете го преливот од мед и сенф. Послужете ги веднаш. На здравје!

Слика
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 04:20
Рестован компир

Состојки

  • 1 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 1 рака магдонос
  • 1 1/2 лажице вегета
  • 1/2 лажице црвен пипер
  • малку црн бибер
  • малку вода

Подготовка

1. Најпрвин ги вариме компирите. Потоа се лупат и се пасираат но не многу, да бидат поголеми парчињата.
2. Во караванче го пржиме кромидот, потоа додаваме вегета, црвен пипер и компирите. Убаво мешаме, па го додаваме црниот пипер, магдоносот и малку топла вода. Пржиме уште малку додека да изврие водата, а и компирите за се запржат.
3. Потоа караванчето го ставаме во загреана рерна, да се потпечат компирите 10-15 минути.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 04:28

Печен млад компир


Состојки

  • 1 кг млади компири
  • 50 гр сусам
  • по желба кари или куркума
  • по желба чили
  • ладно цедено сончогледово или сусамово масло
  • малку копар
  • зачин по желба
  • сол по вкус

Подготовка

Убаво измијте ги младите компири не лупете ги, пресечете ги на половина и наредете ги во плех. Залијте ги со малку вода. Врз нив полијте малку од маслото, наросете ги со чили, куркума, копар, сол, зачин и на крај сусам. Ставете ги да се печат во загрена рерна околу еден час. Послужете ги со некаков сос, сирење или како прилог.





Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 06:19
На печениот компир освен зачинал оди и рузмарин и исто така чубрика и рузмарин /свеж/
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.