IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 04:45

Паштета од пилешки џигерчина

Џигерчињата се чистат од жиличките.
Во едно помало тавче се загрева 40 гр путер и се пржат џигерчињата од сите страни, но да не се пресушат, да бидат сеуште малку розови во средината. Се вадат на страна. Во тавчето се додаваат двете лажици коњак и се загрева мешајки да се растопи тоа што се залепило за дното. Се истура врз џигерчината, се додава 100 гр омекнат путер и се блендира со рачен блендер да стане мазно. Се додава сол и бибер по вкус, протиснатото чешне лук, жалфијата и павлаката за готвење, па уште кратко се блендира да се измеша добро.
Се распоредува паштетата во мали теглички или во други погодни садови. Одозгора украсно по желба се ставаат по 1 - 2 ливчина ловор. Се топат преостанатите 30 гр путер и се прелева преку паштетата. Се остава во фрижидер да се стврдни.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 18:18

Пилешки стек со компири и топчиња од соја

Најпрвин го сечеме стекот на колку парчиња ни одговара,и ги премачкуваме со сенф од двете страни.Компирите и кромидот ги сецкаме на кругчиња.Топчињата соја ги вариме 15 до 20 минути со сол и вегета додека да омекнат.Ги цедиме во цедилка. Диеталниот сад го загреваме.и го додаваме зејтинот . Спремените намирници ги ставаме во диеталниот сад ,посолуваме, додаваме од зачините.Полеваме со водата.Повремено промешуваме.Ми беа потребни околу 40 минути, на послаба температура уклучен шпоретот и ручекот беше готов. Пријатен ручек.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 08:45

КЕНТАКИ ПИЛЕШКО

b3f7ac7f55442778a60ee98172492634_view_l

Подготовка:

Излупете го компирот, исечете го на коцки и почекајте да се спреми месото.

Во еден сад помешајте ја презлата, изренданиот кашкавал, сусам и една лажичка мешавина од зачини. Маргаринот целосно да се стопи. Парче месо да се натопи во растопениот маргарин, а потоа ставете го во со смесата со презла. Месото го редите во средината на плехот за печење и кога тоа ке го завршите околу него ставете го компирот. Преостанатата смеса со презлата рамномерно истурете ја врз компирот и прелијтеја со маргаринот.

Ставете го плехот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 40-45 минути. Не го вртете месото за време на печењето. Подготовката трае околу 30 минути.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • 1 маргарин
  • 100гр презла
  • Сусам по желба
  • 250гр кашкавал (може и пармезан)
  • 500гр компир
  • Мешавина од зачини


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 15:56
,,,od blago pominaa na soleno,,,смеење
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:33

Варено пилешко во сос од соја и мед




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Ѓумбир во прав
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 чешниња Лук
  • 2 лажица/ци Мед
  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 400 грама Пилешки гради
  • 75 милилитри Сос од соја
  • 200 милилитри Топла Вода
  • малку   Чили во прав


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Варено пилешко во сос од соја и мед

ПОДГОТОВКА:

 Во средно голема тава додадете ги сите состојки освен пилешкото. Почекајте се да почне да врие, па намалете ја температурата. Оставете го да врие 10тина минути. Исклучете го оганот и оставете го пилешкото да поприми од течноста уште 10 минути. 
Извадете го пилешкото и исечете го на еднакви парчиња.  
Сервирајте го со обарен бел ориз.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:39

Пилешки копани со пиво




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 30 милилитри Сос од соја
  • малку   Сол
  • 100 грама Сирење
  • 70 грама Путер
  • 100 милилитри Масло
  • 500 грама Пилешко
  • 300 милилитри Пиво


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки копани со пиво

ПОДГОТОВКА:

На копаните им го отсекуваме долниот дел од коската, ги наросуваме со мелен црн пипер и сол. 

Зачинетите копани ги ставаме во тавата, па ги преливаме со соја сосот. 

Во друг сад го ставаме медот и пиво и промешуваме. Потоа со размешаниот мед ги преливаме копаните во тавата. 

Сирењето го сецкаме на коцки и го додаваме во тавата. Преливајте со преостанатото пиво. 

Путерот го сечкаме на парчиња, кои ги распоредуваме во тавата. 

Тавата ја ставаме во рерна и печеме 30 минути на температура од 200 степени.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:41

Тава со пилешки стек




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Шампињони
  • малку   Сол
  • 500 грама Сланина
  • 1000 грама Пилешко
  • 200 грама Моркови
  • 150 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • 1 чешниња Лук
  • 3 главица/и Кромид/а
  • 150 грама Компир
  • 300 грама Кашкавал
  • малку мала лажица Бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

На пазарот може да се најдат пилиња со тежина од 700 до 1200 г. 

Додека пак кастрираните петли и кокошки кои достигнуваат од 2,5 до 3 кг. тешко може да се најдат, посебно петлите, затоа што во некои земји кастрирањето на животни е забрането со закон.

Кај купувачите не постои поголем интерес за оние пилиња кои се предвидени за супа. Кокошките кога ке престанат со несење јајца се преработуваат во индустриски супи или производи од кокошкино месо.

ПОДГОТОВКА:

Стекот се сече на парчиња и се става во сад со вода да се вари. 

Во тава со масло се пржат парчињата кромид,лук, компири,моркови шампињони, сланина зачинети со сол и црн пипер, потоа се додава магдоносот и сварениот пилешки стек.

Смесата се става во намрсената тава и се полева со 400мл вода.

Се става да се пече во загреана рерна на 220Ц се пече 30 мин. се вади од рерна и се полева со 200мл. кисела павлака измешана со 2 лажици вода и се додава ренданиот кашкавал, се враќа во рерна уште 20 мин.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:42

Пилешко со ѓумбир




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Сусам
  • 50 милилитри Сос од соја
  • 50 грама Сецкан свеж ѓумбир
  • 700 грама Пилешко
  • 1 лажица/ци Мед
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 20 грама Зејтин


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешко со ѓумбир. Сладок моќен вкус со ѓумбир, еден од омилените Јапонски јадења.

ПОДГОТОВКА:

  Исечете го пилешкото на парчиња во големина на залак. Во сад ставете ги соја сосот, мед и ѓумбир и потоа додадете го и пилешкото. 
Оставете го да се маринираaт 30 минути.
Загрејте тава за пржење на средна топлина. 
Треба да пржите на серии.
Ставете масло да се загрее и испржете го пилешкото додека да добие убава кафена кора. 
Бидејќи има шеќер во маринадата ако вашата тава е премногу жешка тој ќе изгори, а доколку е премногу ладна ќе истече водата од пилешкото и нема да има кафена кора. Прилагодувајте ја топлината соодветно.
Кога пилешкото ќе е кафено на едната страна превртете го на другата страна за да ја добиете истата боја и на другата страна. 
Ставете го пилешкото на чинија. Откако ќе го испржите целото пилешко користете хартиени крпи да ги отстраните екстра маснотиите. Остатокот од маринадата плус две лажици вода ставете го во тава и провријте го средна топлина и на тоа додадете го пилешкото. Сетоа тоа заедно провријте го додека не се намали течноста и додека пилешкото не добие сјај од сосот.
Гарнирајте со младо кромидче и сусам и сервирајте го врз ориз.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:43

Полнето пиле со зеленчук




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Пченка
  • 50 грама Праз
  • 1000 грама Пилешко
  • 1   Пикантно пиперче/ња
  • 60 милилитри Млеко
  • малку   Магдонос
  • малку   Мајчина душица
  • 2 чешниња Лук
  • 500 грама Компир
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 1 лажица/ци Кари
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнето пиле со зеленчук

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 220 степени. 

Ставете го млекото во еден сад и сварете го, па со него прелијте ги зрната пченка и оставете ги да ја впијат целата течност. 

Измијте го и исчистете го празот, па исецкајте го на ситни парчиња. 

Во една тава загрејте малку масло, па на него пржете го празот додека не зарумени. Додајте му ги магдоносот и зрната пченка и заедно пржете ги неколку минути. 

Посолете ги, попиперете ги и додадете им една лажичка мајчина душица. Додајте го јајцето, па смесата добро измешајте ја. 

Измијте го и исчистете го пилето, истријте го со сол и црн пипер, наполнете го со подготвената смеса и заврзете го со конец. 

Полијте го со останатиот путер и печете го 20 минути во загреана рерна. Излупете ги и измијте ги компирите, кромидот и лукот и ситно исецкајте ги. 

Свртете го пилето на другата страна, па во тавата додадете го исецканиот зеленчук. 

Зачините ги со сол и црн пипер и печете ги уште 30 минути. 

Посипете го пилето со кари и сервирајте.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:45

Пилешка бонбона


.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 20 грама Путер
  • 60 грама Пршута
  • 1   Пиперка/ки
  • 500 грама Пилешко
  • 1 чешниња Лук
  • 10 грама Жалфија
  • 10 милилитри Балсамико Оцет
  • 10 грама Аспарагус
  • 50 грама Фета сирење


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешка бонбона

ПОДГОТОВКА:

 *Сирењето и пиперките ги сечете на ленти
 
Пилешкото месо ставете го помеѓу две најлонски фолии и исчукајте ги. Доколку можете израмнете ги да бидат иста големина. 
Ставете две парчиња од пршутата едно врз друго со малку поголем преклоп.
Ставете го пилешкото на врвот на пршутата со мазната страна надолу (онаа што се мазнеше во фолијата).
Измешајте го лукот и путерот заедно и поставете го во вид на лента централно на пилешкото.
Зачинете со жалфија и ставете сирење, пиперки и аспарагус.
Завиткајте ги така спремните парчиња во фолија за печење, извртувајќи го секој крај како бонбона. 
Ставете ги во тава и печете на 200 степени целзиусови околу 40 минути.
Одвретете го секое парче и пресечете за да го послужите. Посипете го послуженото месо со сокот каде што се печел и ставете малку од балсамираниот оцет.
Ова ви го препорачуваме да го гарнирате со салата од млади варени компири и кромид.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:46

Пилешки ролат со маслинки


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 2   Јајца/це
  • 1 мала лажица Босилек
  • 300 грама Домат
  • 1   Китка магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 50 грама Маслинки
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • 600 грама Пилешко
  • 80 грама Презла


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки ролат со маслинки

ПОДГОТОВКА:

Пи­ле­шко­то фи­ле ста­ве­те го во ќе­се и по­тоа уба­во ис­чу­кај­те го. До­ма­ти­те исеч­кај­те ги на ма­ли коц­ки, до­дај­те го бо­си­ле­кот, исеч­кај­те ги мас­лин­ки­те, маг­до­но­сот и лук­че­то и це­ла­та сме­са до­бро из­ме­шај­те ја и уба­во рас­по­ре­де­те ја на ис­чу­ка­но­то фи­ле. За­ви­ткај­те во ро­лат и ста­ве­те чеп­кал­ки. По­тоа ро­ла­тот ста­ве­те го во браш­но, во јај­ца и на крај во леб­ни тро­шки. Пр­же­те на за­гре­а­но мас­ло.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:48

Триаголници со пилешко




Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 250 грама Тесто
  • малку   Сол
  • 30 грама Путер
  • 400 грама Пилешки гради
  • 4   Кришка/ки леб
  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 1 главица/и Кромид/а


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток опис

Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, а тоа е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана.

Исто така, денес одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување.

Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влијае врз квалитетот.

Пилешките гради се многу сочно и меко месо.
Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.

Подготовка

Извадете ја коричката од кришките леб, па исечете го на коцки и натопете во супата. 

Кромидот излупете го и исечете го на ситни коцки. 

Истопете го путерот и пржете го кромидот додека не пожолти и замириса. 

Додајте го пилешкото месо исечено на ситни коцки и пржете додека не омекне и не прими мирис. 

Насолете и наросете со црн пипер, по вкус. Исцедете го лебот и додајте го пилешкото. 

Сè заедно измиксајте во блендер. 

Тестото расукајте го дебелина од 5 мм и исечете на осум делови. 

На средина на секој ставете од филот, краевите намачкајте ги со изматено јајце и преклопете да добиете триаголник. 

Потоа секој триаголник премачкајте го со изматено јајце.

Наредете ги во плех покриен со хартија за печење. 

Рерната загрејте ја на 200 степени и триаголниците печете ги околу 30 минути. 

Односно, додека не добијат златно - црвена боја.


Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:49

Пилешки стек со печурки




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Мешан зачин
  • 50 грама Кечап
  • 200 грама Кисела павлака
  • 40 милилитри Суво бело вино
  • 30 грама Сенф
  • 300 грама Пармезан
  • 500 грама Пилешко
  • 300 грама Печурки
  • 2 главица/и Кромид/а


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, и пилешкото месо е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана. Исто така одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување. 

Врз квалитетот од пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. А и обработувањето на месото исто така многу влиае врз квалитетот на пилешкото месо. 

Пилешките гради се многу сочно и меко месо. 
Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња и така да се пржи.

ПОДГОТОВКА:

Стекот се сецка на поситни парчиња, се додава зачинот и се вари околу половина час. 2-те глави кромид се дробат ситно и се пропржуваат во масло за јадење.

Откако ќе се пропржи кромидот се додаваат ситно сецканите печурки и заедно кратко се пропржува. 
Потоа, во истото тавче се додава исцедениот стек, кечапот, сенфот, киселата павлака, белото вино и малку од водата во која се вареше стекот. 

Сето ова заедно добро измешано се става во огноотпорен сад се зачинува по желба, се потпекува околу половина час.

Пред крајот се вади и се наросува со изрендан кашкавал, потоа повторно назад на печење уште 10 минути. 
Можете да го украсите со магданос, а за гарнир се додава лесно вариво или пире.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 15:44

Совршени пржени пилешки крилца на Карипски начин


За денеска решивме да ви споделиме прекрасен рецепт за пржени крилца кои вообиачено се јадат на плажата Maracas на Тринидат и Тобако. Иако не знаеме точно на чија земја припаѓа овој специјалитет, бидејќи скоро цела Средна Америка ужива во него, сепак знаеме дека можете да го подготвите и дома во вашата кујна.

Можеби ќе недостасуваат сончевите и топли Кариби, но уживањето во овие прекрасни крцкави крилца нема да ви биде недостижно. 

Зачинети со зеленчукова мaрината, валкани во брашно и крцкава смеса за пржење, вака подготвените крилца се вистинска конК*ренција на вкусните популарни американски Buffalo крилца. 

Нам пак егзотичните зачини не влечат кон една убава и ароматична вечера, која ќе ја зачиниме со некое шише вино или пак пиво. Единствено, не ли е ова промалку месо за еден просечен граѓанин на Македонија?

Сеедно, пријатен апетит!


Што вам ви е потребно:

  • 4 пилешки крилца
  • 1/2 лажичка сол
  • малку црн пипер
  • 1 лажица кечап
  • 1 лажица Caribbean Green зачин
  • ½ лажица кари во прав
  • 2 јајца
  • ¼ шолја пченкарен скроб
  • 1 чаша брашно
  • масло за пржење
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.