IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:59

Сочен и брз ручек: Пилешко филе ала италијана


Италија и нејзината кујна отсекогаш биле инспирација за многу рецепти кои на некој начин се обидуваат да вметнат дел од класичните италијански тајни.

Pilesko-file-ala-italiana-01

Ова е токму таков рецепт во кој пилешкото филе декорирано со боите на Италија (и секако препознатливите италијански производи) ќе бидат одлична идеја за вашиот ручек.

Одличниот вкус ќе биде главната причина што овој рецепт ќе ви стане омилен, а брзата подготовка и минималниот труд се нешто кое дополнително ќе ве натера да го засакате.

Потребни состојки:

  • Пилешко филе
  • Моцарела
  • Домати
  • Босилек
  • Павлака за готвење
  • Песто сос
  • Сол и црн бибер

Подготовка:

1. Засечете го пилешкото филе на повеќе места.

pilesko-file-ala-italiana-1.jpg

2. Во секој засек ставете парче моцарела, домат и босилек.

pilesko-file-ala-italiana-2.jpg

3. Вака подготвеното филе ставете го во сад за печење и зачинете го со сол и црн бибер.

pilesko-file-ala-italiana-3.jpg

4. Прелејте со павлака за готвење и додадете малку песто.

pilesko-file-ala-italiana-4.jpg

5. Печете 30 минути на температура од 180°C. 

pilesko-file-ala-italiana-5.jpg



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 20:49

Звучи многу вкусно: Пилешки ролни со печурки и сланина


Се мислите што да приготвите за ручек? Ние ви предлагаме одлични вкусни ролни со пилешко месо, печурки и сланина, кои може да ги комбинирате со компир и салата.


Потребни состојки:

  • путер
  • 1 црвен кромид
  • 250гр печурки
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка мелен црн бибер
  • 500гр бело пилешко месо
  • 2 шолји пармезан
  • 24 парчиња тенко сечена сланина
  • 12 парчиња тенко сечена шунка

Начин на подготовка:

- Загрејте ја рерната на 190°С.

- Загрејте го путерот во тава и испржете го ситно исечканиот кромид со печурките. Зачинете со сол и црн бибер и пржете околу 5 минути.

- Исчукајте ги парчињата месо и ставете ја шунката, три лажици од печурките и потоа малку пармезан.

- Завиткајте ги ролните со помош на две парчиња сланина. Зацврстете ги со чачкалици и печете околу 35 минути.

Пријатен апетит!



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2016 во 13:17
Пиле во маринада

Дали постои некој којшто не го сака пилешкото месо? Па уште и кога ќе се подготви на малку поинаков начин?

За да подготвите вакво сочно пиле потребна ви е само добра маринада којашто ќе ја подготвите од состојки коишто ќе ги пронајдете во продавниците за здрава храна и во маркетите. Значи, ништо тешко, а сепак несекојдневно. Па, да започнеме со подготовката.

Потребно е:

 Едно пиле
 За маринада: 6 кажици зелена кари паста, 4 лажици рибин сос, 1 кажица сок од лимета, 1 лажица кафеав шеќер.
Измешајте ги сите состојки, а пилето засечете го на неколку места поради маринирање, а во него вметнете ја преполовената лимета. Ставете го во тефлонско тавче и добро премачкајте од сите страни со маринадата. Прекријте го пилето и оставете го да остои три часа. Потоа отстранете ја алуминиумската фолија, насолете и набиберете од сите страни, прекријте со алуминиумска фолија и печете малку повеќе од еден час на 180 степени Целзиусови. 

Пред крајот, тргнете ја фолијата и печете уште половина час.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2016 во 08:45

ПОТПЕЧЕНО ПИЛЕШКО СО ЗЕЛЕНЧУК

Станува збор за мошне лесен и економичен рецепт за потпечено пилешко со зеленчук. За подготовка на ова јадење за четири лица ќе ви биде потребно околу 1 час.

Состојки:

  • 1 поголема главица кромид, ситно исечкана
  • 300 грама млади компири, исечени на тенки кругчиња
  • 2 црвени пиперки, исечени на поголеми парчиња
  • 2 поголеми парчиња праз исечени на половина, па ситно исечкани
  • 4-6 пилешки копани
  • 3 лажици масло за јадење
  • Сол, бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени, или на 160 доколку печете со вентилатор.

Ставете ги пилешкото месо и зеленчукот во тавче претходно премачкано со масло и добро распоредете ги. Зеленчукот треба да биде долу, а месото на врвот. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Печете околу 45 минути, додека пилешкото месо не добие златна боја, а зеленчукот не омекне и не почне да се карамелизира. Поделете на 4 порции и сервирајте додека е топло.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:48

Бајадера од пилешко месо

Пикантно јадење од пилешко бело месо и сув врат се одлична комбинација за послужување во посебни прилики…

Состојки:

  • 2 големи парчиња пилешко бело месо
  • 200 грама димен сув врат
  • 150 грама тост кашкавал
  • 3 јајца
  • 200 милилитри павлака
  • Сенф
  • 2-3 чешниња лук
  • Бибер

Подготовка:

Белото месо одвојте го од коската, исечете го на шницли и исчукајте го.

Сувиот врат исечете го на тенки листови. Огноотпорниот сад премачкајте го масло.

Наредете ред бело месо, ставете бибер и премачкајте го со сенф и ставете малку ситно сецкан лук. Потоа наредете врат, а врз него кашкавал, посолете и ставете бибер по желба.

Изматете ги јајцата и павлаката и прелијте преку месото. Печете околу саат време на 220 степени.

Оставете добро да се излади па сечете на коцки или правоаголници.

И тоа е тоа, веруваме дека ќе ги импресионирате гостите со ова вкусно предјадење.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2016 во 21:24

ВКУСНО ПИЛЕШКО СО МАСЛИНКИ

Состојки:

4 лажици путер

4 лажици маслиново масло

6 парчиња пилешко (копани, крилца, наткопани)

1 кромид, ситно сечкан

5 чешниња лук, здробени

2-3 пиперки, сечкани на големи парчиња

500-600 г домати, излупени и исечкани

250 мл бело вино

сол, бибер

100 г неутрална хопла

300 г зелени маслинки

350 г варени тестенини

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во голема огноотпорна тава стопете го путерот со маслиновото масло на средно висока температура. Испржете ги парчињата пилешко од двете страни. Пренесете го пилешкото на чиста чинија.

Намалете ја температурата на средна. Во тавата додајте ги кромидот, лукот и пиперките. Промешајте и гответе неколку минути. Додајте ги доматите и гответе минута-две. Зачинете со сол и црн пипер. Прелејте го виното и промешајте.

Претурете ја смесата во тава за печење, додајте ги и пилешките парчиња во неа, покријте ја со капак и ставете ја во рерна 45 минути.

Извадете ја тавата од рерна и тргнете го капакот. Додајте ги зелените маслинки (цели) и хоплата (попрскајте ја рамномерно одозгора). Покријте ја со капакот и протресете ја тавата за да се измеша хоплата. Вратете ја во рерна уште 15-20 минути за да згусне сосот. Извадете ја од рерната и чувајте ја покриена сè до послужувањето.

Ставете ги сварените тестенини во голем сад за послужување. Врз тестенините наредете ги парчињата пилешко, а потоа врз нив прелејте го сосот. По желба, може да украсите со сечкан свеж магдонос и рендан пармезан.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2017 во 13:39

Вкусно пилешко со пармезан



Состојки (за 4 лица):

1/2 шолја лебни трошки

1/2 шолја рендан пармезан

4 помали парчиња пилешки гради (околу 700 грама)

2 јајца, изматени

3/4 шолја маринара сос (или обичен сос од домати)

150 грама исецкана моцарела

маслиново масло

сол, бибер

крцкаво лепче за сервирање

Начин на подготовка:

Измешајте ги лебните трошки и ренданиот пармезан. Во големо тавче за пржење загрејте маслиново масло на средна температура. Прво намачкајте ги пилешките гради со сол и бибер, потоа потопете ги во јајцето, а на крај во мешавината од пармезан и лебни трошки.

Пржете го пилешкото додека не добие златна боја од двете страни. Префрлете го во тава за печење. Прелијте го со маринара сосот и додајте ја исецканата моцарела.

Печете 20 минути во рерна загреана на 225 степени целзиусови. Послужете со крцкаво лепче. Добар апетит!

 



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2017 во 13:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2017 во 21:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2017 во 15:49

Печено пилешко во супер вкусен сос


Ова е најдоброто печено пилешко што некогаш ќе го пробате. Во него има зеленчук, протеини и многу сирење.

Одличен и брз рецепт чија подготовка трае само неколку минути, плус времето за печење. 

Потребни состојки:

  • 450 гр. сечкани домати од конзерва
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 средна главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица оригано
  • 2 лажици свеж ситно исечкан магдонос
  • 4 парчиња пилешки гради
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 200 гр. рендан кашкавал по ваш избор

Начин на подготовка:

Најпрво загрејте ја рерната на 200 степени. 
Со маслиново масло премачкајте ја тавата во која ќе го подготвувате јадењето.  Во сад на страна измешајте ги заедно маслиновото масло, сечканите домати, ситно исечканите чешниња лук и кромидот.  

Ставете ја смесата со доматите во тавата за печење. Зачинете ги пилешките гради со сол и мелен црн пипер и наредете ги врз смесата со домати. 
Гответе го пилешкото околу 30-35минути, а 5 минути пред крајот додадете го ренданиот кашкавал врз него и печете уште 5 минути за да се растопи. Декорирајте со сечкан магдонос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2017 во 16:04
Кентаки пилешко

Подготовка:

Излупете го компирот, исечете го на коцки и почекајте да се спреми месото.

Во еден сад помешајте ја презлата, изренданиот кашкавал, сусам и една лажичка мешавина од зачини. Маргаринот целосно да се стопи. Парче месо да се натопи во растопениот маргарин, а потоа ставете го во со смесата со презла. Месото го редите во средината на плехот за печење и кога тоа ке го завршите околу него ставете го компирот. Преостанатата смеса со презлата рамномерно истурете ја врз компирот и прелијтеја со маргаринот.

Ставете го плехот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 40-45 минути. Не го вртете месото за време на печењето. Подготовката трае околу 30 минути.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • 1 маргарин
  • 100гр презла
  • Сусам по желба
  • 250гр кашкавал (може и пармезан)
  • 500гр компир
  • Мешавина од зачини
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87771
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2018 во 16:24
Хроно пилешко во сос од доматно пире и сенф

Хроно пилешко во сос од доматно пире и сенф

Состојки
1 парче пилешки стек
1/2 главица кромид
по вкус сол и црн бибер
3-4 лажици маслиново масло
1/2 лажиче оригано
1/2 лажиче кари
1/2 лажиче К*ркума
1/2 лажица сенф
3 лажици доматно пире
Користени Делимано производи

Последни 3 рецепти

Корнети со кикирики

Видео рецепт: Пуслица торта со лимон

Сендвич колачи со кикирики крем
Специјална понуда


1. На загреано масло во сад на оган со средна јачина се ставаат исечкани месото и кормидот, се мешаат и се посолуваат.
2. Се оставаат убаво да се испржат со промешувања додека месото не побели, а кромидот треба да се застакли.
3. Потоа се додаваат саканите зачини, се промешува па се додаваат сенфот и пирето.
4. Откако убаво ќе измешаме се што сме додале, ја намалуваме ринглата на најмала јачина и оставаме ручечето да ни се крчка уште 5 – 10 минути.
5. Јас го комбинирав со салата од цвекло и краставица, а нареден пат ќе пробам со пире од карфиол.
Превкусно е! Добар апетит!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.