IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2014 во 11:15

ПИЛЕШКО СО КАРИ

21

Состојки:
• масло
• 1 кро­мид, ситно сеч­кан
• 2 големи лажици кари паста
• 4 домати, сеч­кани
• 4 пар­чиња пиле­шки стек
• 100 гр млад спа­наќ
• 4 големи лажици јогурт
• малку коријандер

Подготовка:
Чекор 1: загрејте го маслото во сад за пржење (нај­до­бро да имате сад кој не лепи и има покло­пец). Дода­дете го исеч­ка­ниот кро­мид. Пржете околу 3 минути, додека не омекне. Потоа се става пастата од кари и потоа пржете уште 1 минута.

Чекор 2: во сад за пржење се дода­ваат пиле­шкото (исеч­кано на пар­ченца), дома­тите и вода. Затво­рете го садот и оста­вете да се дин­ста околу 15–20 минути. Потоа, дода­дете го спа­на­ќот. На крај поме­шајте со јогурт и коријандер.

Се служи со ориз, печено лепче, тор­ти­лја или салата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:46

Пилешки ражничи со соја сос и сусам


Нашиот народ е учен да ужива во месото, особено во летните денови, кога се користи секој слободен викенд за подготовка на скара со друштво некаде надвор од градот.

За овој викенд решивме да ви понудиме вкусни пилешки ражничи, а ваше е само да го следите рецептот и потоа да уживате во прекрасниот вкус.

Потребни состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради (бело месо)
  • 2 лимона
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 3 лажици сос од соја
  • 4 лажици маслиново масло
  • 250 гр. спанаќ
  • 1 чешле лук
  • 150 гр. чадена сланина
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 лажици сусам
  • сол
  • бибер

Приготвување: 

За маринадата измешајте 2 лажици масло, сок од еден лимон, сосот од соја и шеќерот. Пилешкото месо тенко исечете го и маринирајте го 15-на минути во фрижидер, повремено вртејќи го. Во меѓувреме, сварете го спанаќот во солена вода исцедете го и исечкајте го. Мешајте го на преостанатото масло со истолчениот лук додека не испари целата течност. Потоа додадете сол и бибер. Пилешкото месо избришете го, исечете го на мали коцки и врз нив распоредете го спанаќот. Завиткајте го во ролнички, па боцкајте ги на стапчиња за ражничи, наизменично со парчињата сланина, четвртинките од кромидот и парчиња лимон.

Печете ги 15 минути на скара, премачкувајќи ги со маринадата. Печените раженчиња посолете ги, ставете им бибер и посипете ги со сусамот.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:31
1
    Пилешки бутови на скара и салса
  • 700 грама пилешки бутови, без коска
  • Крупна сол и црвен пипер, по желба
  • 3 лажичка балскамико
  • 4 главици од лук, истолчени
  • ½ шолја маслиново масло, плус количина за скара
  • 4 средни домати, исецкани ситно
  • ½ краставица, без лупка, исецкана на ситни парчиња
  • 1 мала тиквичка, ситно сецкана
  • ½ зелена пиперка, ситно сецкана
  • ¼ шолја ситно сецкан млад кромид

Чекор 1

Во голема пластична кеса со вакум патент ставете го пилешкото и прелијте со ½ шолја маслиново масло, 1 лажичка балсамико, додајте го лукот и ¾ лажичка мелен црвен пипер. Оставете во фрижидер 2 часа (доколку сте во можност и цела ноќ)

Чекор 2

Во среден сад додадете 3 лажички маслинов масло и 2 лажички балсамико, послоете со сол и црн бибер. Додадете ги патлиџаните, краставицата, тиквичките, зелената пиперка и младиот кромид. Измешајте се и оставете на собна температура да опстои 2 часа.

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Премачкајте со масло. Тргнете ги батаците од маринадата и посолете. Прежете на скара оклу 6 до 8 минути од двете страни. Послужете со претходно подготвената салса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 13:43

ПЕЧЕНО ПИЛЕШКО СО ЈОГУРТ И ЛУК

7

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • сол и свежо мелен бибер по вкус
  • 6 чешниња лук
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/4 шолја презла

Подготовка:

Пилешките гради чукнете ги  со кујнски чекан, но не премногу, за да не бидат премногу тенки.
Ставете ги пилешките гради во сад, посолете и ставете бибер по вкус.
Во друг сад, ставете ги лукот, јогуртот и мајчината душица и промешајте.
Истурете го јогуртот врз пилешките гради и нежно масирајте. Покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер околу 4 – 6 часа.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во тавата за печење ставете малку масло за готвење.
Извадете го пилешкото месо од садот, и отстранете го остатокот од јогуртот.
Ставете го пилешкото во тавата за печење, и наросете презла врз пилешките гради. Печете од 40 до 45 минути, се додека пилешкото не е готово.

На здравје!



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:52
1

Пилешки бутови на скара и салса


  • 700 грама пилешки бутови, без коска
  • Крупна сол и црвен пипер, по желба
  • 3 лажичка балскамико
  • 4 главици од лук, истолчени
  • ½ шолја маслиново масло, плус количина за скара
  • 4 средни домати, исецкани ситно
  • ½ краставица, без лупка, исецкана на ситни парчиња
  • 1 мала тиквичка, ситно сецкана
  • ½ зелена пиперка, ситно сецкана
  • ¼ шолја ситно сецкан млад кромид

Чекор 1

Во голема пластична кеса со вакум патент ставете го пилешкото и прелијте со ½ шолја маслиново масло, 1 лажичка балсамико, додајте го лукот и ¾ лажичка мелен црвен пипер. Оставете во фрижидер 2 часа (доколку сте во можност и цела ноќ)

Чекор 2

Во среден сад додадете 3 лажички маслинов масло и 2 лажички балсамико, послоете со сол и црн бибер. Додадете ги патлиџаните, краставицата, тиквичките, зелената пиперка и младиот кромид. Измешајте се и оставете на собна температура да опстои 2 часа.

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Премачкајте со масло. Тргнете ги батаците од маринадата и посолете. Прежете на скара оклу 6 до 8 минути од двете страни. Послужете со претходно подготвената салса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2014 во 18:59



Пилешки шницли со модар патлиџан


5

Подготовка:

 

Модриот патлиџан исечете го на четири листови по должина, од двете страни посолете и оставете ги некое време.

 

Загрејте малку масло во тава и додадете ги листовите од модриот патлиџан. Испржените домати ставете ги на хартија за да се исцеди маслото.

 

Истолчете ги шницлите, посолете и додадете црн пипер. Премачкајте ги со ајвар, а фета сирењето исечете го на дебели листови и наредете ги врз месото, на карј прекријте со листовите од модриот патлиџан. Затегнете ги краевите со чепкалка, а потоа пржете во врело масло по 4 минути од двете страни.

 

Изрендана краставица и истолчен лук додадете во кисело млеко помешано со павлака и помешајте. Додадете сол, црн пипер и малку шеќер и ќе добиете вкусен сос кој ќе го сервирате со месото.

 

Состојки:

 

  • 4 шницли
  • 1 модар патлиџан
  • 2 лажици ајвар
  • 100гр фета сирење
  • ½ краставица
  • 1 чаша кисело млеко
  • 100гр кисела павлака
  • Сол, црн пипер
  • 1 чешне лук

 

 



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2014 во 19:01
1

Пилешко тако во листови од марула


  • 300 грама пилешко месо без коски, исецкано на ситни пачиња
  • 2 лажички медитерански зачин
  • ¼ шолја Балсамико
  • 4 големи листови од марула
  • 50 грама ситно сецкан кромид
  • ¼ шолја вински оцет
  • ¼ шолја Цацики
  • 4 мали патлиџани, ситно сецкани
  • 50 грама фета сирење, ситно сецкано
  • 12 каламата маслинки, без семка, исецкани
  • 1 лажица ситно сецкан магдонос
  • ½ лажичка сушен босилек
  • ½ лажичка сушен оригано

Чекор 1

Загрејте на појака температура плотна за скара. Зачинете го пилешкото месо со 1 лашичка медитерасни зачин и поставете на скарата. Прелијте ги со балсамико и печете од секоја страна по 2 минути. Зачинете со уште 1 лажичка медитерански зачин и тргнете ги од плотната.

Чекор 2

Кромидот измешајте го со оцет, распоредете го на сите ливчиња од марула подеднакво и прелејте со цицки.

Чекор 3

Над тоа поставете парчиња од пилешкото, патлиџанот, маслинките и фета сирењето. Зачинете ги со магдонос, босилекот и оригано. Послужете.





Изменето од Valerija - 17.Август.2014 во 19:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 10:43

Совршен летен ручек: Пилешко во сос од павлака


Вкусното пилешко месо е совршен ручек во овој летен и топол период.

Најчесто во лето ни се случува да не мрзи да зготвиме јадење, па на трпезариската маса завршуваме со некое лесно јадење од типот на пинџур, пржени пиперки и многу салата. Сепак, ние овојпат решивме да ви понудиме нешто брзо, лесно и вкусно. Ова пилешко месо во вкусен сос можете да го послужите со тестенини и свежа салата, како и да ја употребите вашата фантазија па да направите некоја интересна комбинација за ручек.

Потребни состојки:

  • 300 гр. пилешко бело месо
  • 120 гр. кашкавал
  • 2 кисели павлаки
  • 2 лажици презла
  • Сол
  • Малку масло

Подготовка:

Пилешкото исецкајте го на коцки и испржете го на маслото.

Додадете ја павлаката, кашкавалот исецкан на коцки, презлата и посолете по вкус.

Останатото го оставаме на вашата фантазија, а доколку не сте многу гладни тогаш можете ова јадење да го искомбинирате со салата, помфрит и една чашка ладно бело вино.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2014 во 16:47
shiso-chicken-rolls_8292
    Ролнички со пилешко

Состојки:

-4 парчиња пилешко месо

-3 парчиња леб

-2 јајца

-2 големи моркови

-100 грама грашак

-сол, бибер по вкус

Подготовка:

1. Парчињата пилешко месо изтенчете ги со помош на толчник за месо, а потоа посолете ги  и ставете бибер по желба.

2. Изматете ги јајцата, додајте ја средина од лебот и соединете.

3. Морковот исечете го на кругови и сварете го заедно со грашакот во солена вода.

4. На парчињата месо првo нанесете од смесата со јајце и леб, а потоа ставете од сварениот морков и грашак.

5. Парчињата месо замотајте ги и прицврстете ги со чепкалка.

6. Така приготвените ролнички изпржете ги во заграно масло.

7. Откако ќе се изладат, извадете ги чепкалките и послужете ги.



Изменето од Valerija - 11.Октомври.2014 во 16:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 09:54

Во 3 чекори подгответе совршено печено пилешко


Пилешкото подготвено во рерна е можеби највкусниот домашен ручек кој сигурно го практикувате еднаш во месецот.

vo-3-cekori-podgotvete-sovrseno-peceno-pilesko-01.jpg

Но, што ако можете да го направите уште посочно од вообичаено?

Потребни ви се само овие 3 чекори:

1. Посолете го пилешкото од внатре

vo-3-cekori-podgotvete-sovrseno-peceno-pilesko-02.jpg


2. Премачкајте го со сос од лук

Во блендер направете смеса од лук, путер, мајчина душичка и маслиново масло. Со оваа смеса премачкајте ја целата површина на месото.

vo-3-cekori-podgotvete-sovrseno-peceno-pilesko-03.jpg


3. Додатоци

Во пилето ставете насечкан лимон, рузмарин и лук, па заврзете со коноп за мирисот да не испари.

vo-3-cekori-podgotvete-sovrseno-peceno-pilesko-04.jpg


И пилешкото по 2 часа печење на 175 степени би требало да изгледа вака:

vo-3-cekori-podgotvete-sovrseno-peceno-pilesko-05.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:08

Печено пилешко со лимон и фета

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени. На дното на голема тава за печење наредете ги парчињата компир во еден слој. Попрскајте ги со маслиновото масло. Зачинете ги со сол и црн пипер.

Измешајте ги лимоновата кора, сокот од лимон, сирењето и ориганото. Со прсти нежно поткревајте ја кожата од парчињата пилешко месо и под неа ставајте по 2 лажички од смесата со кора од лимон. Протријте ги парчињата пилешко за смесата да се распореди рамномерно. Наредете ги врз компирите и печете ги 30 минути.

Извадете ја тавата од рерна и додајте ги доматите и маслинките врз пилешкото. Зачинете со црн пипер. Печете уште 10 минути, или додека пилешкото да биде готово. Одозгора украсете со листови свежо оригано и послужете.

Состојки:

4 компири, сечени на тенки кругови

2 лажички маслиново масло

2 лажички ситно рендана кора од лимон

2 лажици сок од лимон

100 г фета-сирење

1 лажица оригано

4 пилешки карабатаци

4 пилешки копани

250 г чери-домати

100 г црни маслинки



Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 09:59
8

    Пилешки ражничи со сенф и мед

    Состојки:

    4 парчиња пилешки гради
    120 мл. мед
    1 лажица масло за готвење
    60 гр. сенф
    1 лажичка кари
    сол и бибер

    Подготовка:

    Ако користите дрвени стапчиња, потопете ги во вода. Во сад додадете го маслото, карито, медот и сенфот и убаво помешајте. Тргнете малку од смесата за премачкување. Месото исечете го на крупни коцки и додадете го во садот. Убаво промешајте и ставете го садот во фрижидер 2 до 4 часа, за да се маринира месото. Половина час пред пржење извадете го месото од маринадата и набодете го на стапчињата. Зачинете ги ражничите со сол и бибер. Печете ги на скара (или пржете ги во тава на средна температура)  околу 15 минути, со вртење на секој 2-3 минути. Во последните неколку минути од печењето, премачкувајте ги ражничите со делот од маринадата кој го зачувавте.



    Изменето од Valerija - 07.Декември.2014 во 09:59
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2015 во 21:30

    Роловано пилешко со спанаќ

    Роловано пилешко со спанаќ

    Состојки:

    500 г. пилешки гради

    200 г. спанаќ

    100 г. сирење

    50 г. кашкавал

    2 јајца

    100 г. брашно

    малку презла и сусам

    по вкус, сол и бибер

    Подготовка:

    1 1. Пилешкото месо исечете го  на шницли и посолете го.

    2. Спанаќот кратко  бланширајте го во солена  вода, потоа  исцедете го и  ситно исецкајте.  Измешајте го  со сирење.  Зачинете го со сол  и бибер.

     3. Секоја шницла  премачкајте  ја со фил, а врз него наредете  рендан кашкавал, а потоа  замотајте  како ролна.

     4. Ролованите шницли истапкајте ги во брашно,  потоа  во изматените јајца и во мешавината со презла и  сусам.

    5. Пржете на врело  масло.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 21:47
    Бело месо со печурки

    7


    Време на подготовка: 45 минути / ќе послужите: 4

    • 800 грама бело пилешко месо
    • 400 грама шампињони
    • 1 лажичка мелени пиперки
    • 2 дл павлака
    • 150 грама брашно
    • 150 грама кашкавал
    • 0,5 дл масло
    • Мешавина од зачини, сол и бибер по желба

    За бешамел сос

    • 80 грама маргарин
    • 3 лажички брашно
    • 5 дл млеко
    • Оригано
    • Мешавина од зачини и бибер

    Чекор 1

    Пилешкото место исечете го на мали шницли и истенчете ги со толчник за месо. Зачинете ги по вкус и втријте ги од двете страни со брашно. Пропржете ги во врело масло, додека да поруменат.

    Чекор 2

    Шампињоните исечете ги на листови и пропжете ги во малку масло. Извадете ги од маслото и оставете да се оладат и по тоа измешајте ги со павлаката.

    Чекор 3

    Во огнотпорен сад ставете масло на дното и наредете го прженото пилешко во него, прелијте со печурките и павлаката. Печете во загреана рерна на 200 ºC 15 минути.

    Чекор 4

    Месото извадете го од рерната и прелијте го со башамел сос и посипете со кашкавал и запечете го додека не поцрвени.

    Бешамел сос

    1. Во мало длабоко тенџере истопете го маргаринот и по тоа додадете брашно и кратко пропржете.
    2. Истурете млеко, додаете го ориганото и зачинете по вкус и по тоа гответе го сосо на умерена температура со мешање се додека не се добие потребната густина.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,234 секунди.