|
Пилешки специјалитети |
Внеси реплика | страница 123 12> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:49 |
|||
Полнета кокошка
· 1 кокошка · 200 г мелено месо · 200 г свинско месо · 200 г кашкавал со Знак за квалитет · 200 г шунка со Знак за квалитет · 200 г морков · 1 јајце · 2 парчиња сув леб · 2 суви пиперки · 1 чаша зејтин · 1 чаша бело вино Начин на приготвување: Најпрвин се вадат коските од кокошката. Потоа се сечкаат свинското месо, кашкавалот, шунката, морковите претходно малку обарени, и пиперките. Се додаваат лебот, претходно потопен во млеко, меленото месо и 1 јајце. Сето тоа се меша и со подготвената смеса се полни кокошката. Откако ќе се наполни, се шие и се става во подлабоко тенџере, се посипува со 1 чаша зејтин, 1 чаша бело вино и со малку сечкан лук. Се пече околу 3 часа на 150оС. Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 15:46 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пиле во сос од домати
1 пиле
500гр. домати или 4 лажици доматена салца 1 лажица маст 2 лажици брашно 1 бабура 1 главица кромид магданос керевис сол шеќер Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето. Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 15:47 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Крокети од пилешко месо
______________________________________________________
300 грама печено или варено пилешко месо _________________________________________________________
Печеното или вареното пилешко месо се сече ситно или се меле на машина за мелење месо. Мартаделата се сецка на ситни парчиња. Се мешаат заедно и се додаваат жолчките, мајонезот, киселата павлака, сол по вкус, бибер. Од оваа смеса се прават мали топчиња големина на орев. Секое топче се валка во белка, трошки од леб и сусам. Се пржат во врело масло да поруменат |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Крцкави пилешки крилцаПотребни состојки:
Подготвување:За маринадата измешајте ги соја сос, коњакот и зачинската сол и полијте ги измиените и исчистени пилешки крилца. Оставете ги да се маринираат барем 2 часа. Крилцата извадете ги од маринадата, валкајте ги во нишесте и пржете во масло. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ТАВА СО ПИЛЕШКО
Потребно: 1,5 кг. пилешко месо (три грба и два пилешки копана), две тегли со сечкани печурки, една главица кромид, 1/2 кг. рендан кашкавал ајдамер, две павлаки, масло, брашно, млеко, сол, вегета и магдонос Најпрвин се вари пилешкото месо, се чисти од коските и се сече на поголеми парчиња. Главицата кромид ситно се сечка и се пропржува во загреано масло заедно со печурките. Во земјена тава најпрвин се реди пилешкото месо, потоа печурките, малку вегета и магдонос. Врз сето тоа се ренда кашкавал и се премачкува со павлака. Уште еднаш се повторува редењето. Потоа на масло се пропржуваат две лажици брашно и се додава 2,5 дц. млеко. Оваа смеса се истура преку целата тава. Последниот слој се реди со преостанатото месо. Се пече околу 40 минути на 200 степени. Откако ќе се извади тавата од рерна, треба да подистине и се премачкува со остатокот од павлаката. Се служи со гарнир од компири и со сезонска салата. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
АРГЕНТИНСКО ПИЛЕШКО СО ПЧЕНКА
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пилешка бајадераПотребни состојки:
Подготвување: Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат. Насолете ги, па наросете им црн пипер. Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат. На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук. Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф. Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути. По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината. Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето. Изменето од емил - 24.Јуни.2010 во 17:22 |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мексикански рецепти: Батаци во чили сос
Рецептот потекнува од мексиканската кујна и е многу лесен и брз за припремање. Артиклите може да се набават во сите наши поголеми маркети (Веро, Тинекс, Рамстор). Батаците препорачувам да бидат свежи, но нема да има големи промени во вкусот ако се и замрзнати. Потребни Состојки:
Подготовка: 1. Исецкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги. Исчистете ја пиперката од семки, исецкајте ја и додадете ја во тава заедно со мајчината душица. Издинстајте се заедно. 2. Додате го пасираниот домат, посолете и побиберете. Проварете ги. Оставете да се крчка 10 минути со капак. Доколку е многу густо додадете малку вода. 3. Во сосот ставете ги батаците и пченката. Крчкајте се заедно 5 минути. Послужете со ориз или багет лепче и зелена салата. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пилешко со суви сливиПотребни состојки:
Подготвување:Кромидот се сече во резанки и се пржи без мешање, да добие боја. Се вади со лопатка за да останат цели резанки и во истата маснотија се пропржуваат посолените батаци од двете страни, да добие златно жолта боја. Се вадат батаците и се редат во чинија над резанките кромид. Во истата маснотија се додава медот, црниот пипер и малку цимет. Се вари на тивко да се згусне, и со овој прелив се прелива пилешкото месо. Во меѓувреме, црните сливи малку стојат во вода да набабрат, се цедат и се редат околу месото, во сосот, за да примат од мирисите. Потоа се послужува. |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пилешка тава
Изменето од Valerija - 01.Мај.2014 во 12:49 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пилешки коцки
Потребни состојки: · 1 средно голема кокошка · 200 г кашкавал со Знак за квалитет · 200 г сечкана шунка со Знак за квалитет · 2 павлаки со Знак за квалитет · 4-5 јајца Начин на приготвување: Кокошката се вари и се сечка на ситни парчиња. Исто така, и кашкавалот и шунката се сечкаат на ситни коцкички. Во подмачкано тавче бр. 28 се реди исечканото пилешко месо, потоа се редат исечканите шунка и кашкавал и се ставаат во рерна да се потпечат. Кога сето тоа ќе се потпече, се прелева со изматените јајца и павлака. Кога смесата ќе се олади, се сече на мали коцки и се боцка со чепкалки Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:11 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пиле во сос од домати
1 пиле 500гр. домати или 4 лажици доматена салца 1 лажица маст 2 лажици брашно 1 бабура 1 главица кромид магданос керевис сол шеќер Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето. Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:15 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пиле во солена постела Потребно: |
||||
Внеси реплика | страница 123 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |