IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пилешки специјалитети
    Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:49
Полнета кокошка

· 1 кокошка
· 200 г мелено месо
· 200 г свинско месо
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 200 г шунка со Знак за квалитет
· 200 г морков
· 1 јајце
· 2 парчиња сув леб
· 2 суви пиперки
· 1 чаша зејтин
· 1 чаша бело вино

Начин на приготвување:

Најпрвин се вадат коските од кокошката. Потоа се сечкаат свинското месо, кашкавалот, шунката, морковите претходно малку обарени, и пиперките. Се додаваат лебот, претходно потопен во млеко, меленото месо и 1 јајце. Сето тоа се меша и со подготвената смеса се полни кокошката. Откако ќе се наполни, се шие и се става во подлабоко тенџере, се посипува со 1 чаша зејтин, 1 чаша бело вино и со малку сечкан лук. Се пече околу 3 часа на 150оС.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 15:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:58
Пиле во сос од домати
 
1 пиле
500гр. домати или 4 лажици доматена салца
1 лажица маст
2 лажици брашно
1 бабура
1 главица кромид
магданос
керевис
сол
шеќер

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 15:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 07:33
Крокети од пилешко месо
______________________________________________________
 

300 грама печено или варено пилешко месо
100 гр мартадела
2 жолчки
3 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
2-3 лажици трошки од леб
2-3 лажици сусам
сол
бибер
масло за пржење

_________________________________________________________
 
 Печеното или вареното пилешко месо се сече ситно или се меле на машина за мелење месо.
Мартаделата се сецка на ситни парчиња. Се мешаат заедно и се додаваат жолчките, мајонезот, киселата павлака, сол по вкус, бибер. Од оваа смеса се прават мали топчиња големина на орев. Секое топче се валка во белка, трошки од леб и сусам.
Се пржат во врело масло да поруменат
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 21:04

Крцкави пилешки крилца

Крцкави%20пилешки%20крилца
 

Потребни состојки:

  • 100 милилитри Сос од соја
  • 800 грама Пилешки крилца
  • 1   Нишесте
  • 200 милилитри Масло
  • 2 лажица/ци Дафинка
  • 50 милилитри Brandy


  •  

Подготвување:

За маринадата измешајте ги соја сос, коњакот и зачинската сол и полијте ги измиените и исчистени пилешки крилца.

Оставете ги да се маринираат барем 2 часа.

Крилцата извадете ги од маринадата, валкајте ги во нишесте и пржете во масло.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 17:14

Пиле со Тарана

1 пиле во тежина oд 1 кгр.
1 мала главица кромид
250 гр. путер или масло
1,1/4 л. вода
1 зелена пиперка
црвен пипер
сол

Пилето исечете го на парчиња, ставете го во сад, налејте го со вода, посолете го и варете го, само внимавајте да не се превари. Вареното месо тргнете го од оган. Во тенџере ставете 200 гр.путер или масло (во зависност со што ќе го готвите) и пропржете го сецканиот кромид, додајте сецкана пиперка и тараната, и се заедно малку пропржете, а потоа налејте со водата во која се варело пилето. Сега тараната сипајте ја во тава од огноотпорно стакло, а преку неа наредете го месото. Во 50 гр.загреано масло или путер ставете малку црвен пипер и прелејте го месото. Печете го во рерна додека тарната не ја упие целата супа.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 03:11
ТАВА СО ПИЛЕШКО

Потребно: 1,5 кг. пилешко месо (три грба и два пилешки копана), две тегли со сечкани печурки, една главица кромид, 1/2 кг. рендан кашкавал ајдамер, две павлаки, масло, брашно, млеко, сол, вегета и магдонос

Најпрвин се вари пилешкото месо, се чисти од коските и се сече на поголеми парчиња. Главицата кромид ситно се сечка и се пропржува во загреано масло заедно со печурките. Во земјена тава најпрвин се реди пилешкото месо, потоа печурките, малку вегета и магдонос. Врз сето тоа се ренда кашкавал и се премачкува со павлака. Уште еднаш се повторува редењето. Потоа на масло се пропржуваат две лажици брашно и се додава 2,5 дц. млеко. Оваа смеса се истура преку целата тава. Последниот слој се реди со преостанатото месо. Се пече околу 40 минути на 200 степени. Откако ќе се извади тавата од рерна, треба да подистине и се премачкува со остатокот од павлаката.

Се служи со гарнир од компири и со сезонска салата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 04:02

АРГЕНТИНСКО ПИЛЕШКО СО ПЧЕНКА

 

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пиле, исечкано на парчиња
• бибер
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 домати
• 1 ловоров лист
• ¼ мала лажица мајоран
• 1 пакување смрзната пченка
• 2 чешниња лук, издробени

ПОДГОТОВКА
Остранете ја кожата од пилето, посолете го и додадете мелен црн бибер по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото месо околу 15 до 20 минути. Притоа, вртете го месото за да се испржи рамномерно од двете страни.

Кога ќе биде готово, извадете го месото од тава и ставете го во друг сад кој ќе стои на топло.

Во маслото во кое го пржевте месото, издинстајте го лукот, потоа додадете ги доматите (сечкани), ловоровиот лист и мајоранот. По 10-тина минути, додадете ги и претходно сварената пченка и пилешкото месо. Измешајте го месото со сосот и сервирајте.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 17:22

Пилешка бајадера

Пилешка%20бајадера
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 50 грама Сенф
  • 200 грама Пушено свинско
  • 3 чешниња Лук
  • 500 грама Пилешко
  • 200 грама Кашкавал

 
Подготвување:
 
 Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат.

Насолете ги, па наросете им црн пипер.

Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат.

На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук.

Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф.

Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути.

По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината.

Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето.


Изменето од емил - 24.Јуни.2010 во 17:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2010 во 05:33

Мексикански рецепти: Батаци во чили сос

батаци%20во%20чили%20сос

Рецептот потекнува од мексиканската кујна и е многу лесен и брз за припремање. Артиклите може да се набават во сите наши поголеми маркети (Веро, Тинекс, Рамстор). Батаците препорачувам да бидат свежи, но нема да има големи промени во вкусот ако се и замрзнати.

Потребни Состојки:

  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • Црвена лута пиперка
  • 2 лажици мајчина душица
  • 750мл. Пасиран домат
  • Сол
  • Лажица мед
  • 4 лажици зрна пченка
  • 4 печени батаци со карабатак

Подготовка:

1. Исецкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги. Исчистете ја пиперката од семки, исецкајте ја и додадете ја во тава заедно со мајчината душица. Издинстајте се заедно.

2. Додате го пасираниот домат, посолете и побиберете. Проварете ги. Оставете да се крчка 10 минути со капак. Доколку е многу густо додадете малку вода.

3. Во сосот ставете ги батаците и пченката. Крчкајте се заедно 5 минути. Послужете со ориз или багет лепче и зелена салата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2010 во 06:35

Пилешко со суви сливи

Пилешко%20со%20суви%20сливи
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн пипер
  • малку   Цимет
  • малку   Сол
  • 1000 грама Пилешки батаци
  • 2 лажица/ци Мед
  • 100 милилитри Масло
  • 1   Кромид
  • 100 грама Црни суви сливи 

Подготвување:

Кромидот се сече во резанки и се пржи без мешање, да добие боја. Се вади со лопатка за да останат цели резанки и во истата маснотија се пропржуваат посолените батаци од двете страни, да добие златно жолта боја. Се вадат батаците и се редат во чинија над резанките кромид. Во истата маснотија се додава медот, црниот пипер и малку цимет.

Се вари на тивко да се згусне, и со овој прелив се прелива пилешкото месо. Во меѓувреме, црните сливи малку стојат во вода да набабрат, се цедат и се редат околу месото, во сосот, за да примат од мирисите. Потоа се послужува.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:49
Пилешка тава

состојки:

· 1 кокошка
· 1 главица кромид
· 500 г печурки
· 200-300 г кашкавал со Знак за квалитет
· 1 павлака со Знак за квалитет
· 3 јајца
· ориз
· Зачинал
· сол
· црн пипер
· црвен пипер

Начин на приготвување:

Кокошката се вари, се вадат коските и потоа месото се сечка. Во тавче се става сечкан кромид да се потпржи, потоа 1 чинија сечкани печурки. Кога ова ќе се испржи, во печурките се ставаат ориз, Зачинал, сол, црн пипер, црвен пипер, се запржува и се полева со водата од кокошката. Потоа се става во тава да се потпече 5-10 мин. Кога ќе се извади, се додава исечканото пилешко месо и повторно се става да се потпече 10 мин. Се вади и се додаваат 200-300 г рендан кашкавал и повторно се потпекува 10 мин. На крај се матат 1 павлака и 3 јајца и се посипува одозгора и пак се потпекува 10-15 мин.



Изменето од Valerija - 01.Мај.2014 во 12:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:57
Пилешки коцки

Потребни состојки:

· 1 средно голема кокошка
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 200 г сечкана шунка со Знак за квалитет
· 2 павлаки со Знак за квалитет
· 4-5 јајца

Начин на приготвување:

Кокошката се вари и се сечка на ситни парчиња. Исто така, и кашкавалот и шунката се сечкаат на ситни коцкички. Во подмачкано тавче бр. 28 се реди исечканото пилешко месо, потоа се редат исечканите шунка и кашкавал и се ставаат во рерна да се потпечат. Кога сето тоа ќе се потпече, се прелева со изматените јајца и павлака. Кога смесата ќе се олади, се сече на мали коцки и се боцка со чепкалки




Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:03
Пиле во сос од домати

1 пиле
500гр. домати или 4 лажици доматена салца
1 лажица маст
2 лажици брашно
1 бабура
1 главица кромид
магданос
керевис
сол
шеќер

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 12:27

Пиле во солена постела

Потребно:

* 1 пиле (1,5 - 2 кг)
* 1 кг сол
* гранче рузмарин

Приготвување: пилето измијте го и добро избришете го со хартиена салфета. Во утробата ставете го измиеното и исушено гранче рузмарин. Солта распоредете ја во тавче, а врз постелата од сол ставете го пилето. Така подготвеното пиле печете го во загреана рерна на 200 степени околу два часа без да го покриете тавчето.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.