IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 23:05

ЛЕСЕН ДЕСЕРТ СО ЈАГОДИ И УРДА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250гр урда

1 чаша млеко

малку шеќер по вкус

250гр јагоди

1 лажица масло

1 ванила

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ја урдата, млекотот, маслото, шеќерот и ванилата, така што да се добие хомогена смеса.

Измијте ги јагодите и исечете ги.

На дното од стаклена чаша ставете малку од млечната смеса. Потоа, ставете и слој јагоди и се така наизменично додека чашата не се наполни.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 23:08

ГРИЗ СО ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 21:46
ЧОКОЛАДНО ОСТВАРУВАЊЕ НА СОНИШТАТА: ВОЛШЕБЕН КРЕМ ВО КОЈ ШТО ЌЕ СЕ ЗАЉУБИТЕ МОМЕНТАЛНО

Купечките чоколадни намази и кремови се исклучително вкусни, но често и нездрави, особено поради големиот број на адитиви кои што се додаваат во нив.

Домашната верзија од чоколадниот крем може да ја подготвите сосема лесно, а од вкусот ќе бидете навистина воодушевени.

Состојки:

 400гр исецкано млечно чоколадо
 50гр црно чоколадо
 1 шолја печени лешници без лушпа
 4 лажици маслиново или кокосово масло
 4 лажици шеќер во прав
 1 лажица какао
 1 мала лажичка екстракт од ванила


Подготовка: 

Парчињата од чоколадо ставете ги во сад и стопете ги на пареа мешајќи сè додека потполно не се стопат. Кога ќе се растопат, оставете ја смесата малку да се излади. 

Лешниците кои што претходно сте ги препекле и излупиле, ситно сомелете ги во мелница за кафе. Би требало да бидат колку што е можно поситни, а ако имате процесор за храна, може да ги сомелете сè додека да добиете фин крем од лешници.

Во блендер додадете го сомелените лешници, стопеното чоколадо, маслото, шеќерот, какаото и ванилата и повторно измешајте. Во овој случај може да искористите и стапчест пасатор.

Подготвениот намаз ставете го во тегла и оставете го да се излади, а потоа чувајте го во фрижидер. Иако веројатно и нема долго да ви потрае...


Уживајте!


Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 19:04

ЧОКОЛАДЕН КРЕМ

11

Состојки:

● 400гр исецкано млечно чоколадо
● 50гр црно чоколадо
● 1 шолја печени лешници без лушпа
● 4 лажици маслиново или кокосово масло
● 4 лажици шеќер во прав
● 1 лажица какао
● 1 мала лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Парчињата од чоколадо ставете ги во сад и стопете ги на пареа мешајќи сè додека потполно не се стопат. Кога ќе се растопат, оставете ја смесата малку да се излади.

Лешниците кои што претходно сте ги препекле и излупиле, ситно сомелете ги во мелница за кафе. Би требало да бидат колку што е можно поситни, а ако имате процесор за храна, може да ги сомелете сè додека да добиете фин крем од лешници.

Во блендер додадете го сомелените лешници, стопеното чоколадо, маслото, шеќерот, какаото и ванилата и повторно измешајте. Во овој случај може да искористите и стапчест пасатор.

Подготвениот намаз ставете го во тегла и оставете го да се излади, а потоа чувајте го во фрижидер. Иако веројатно и нема долго да ви потрае…

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 13:43

Сутлијаш со јаболка и цимет



Сутлијаш со јаболка и цимет


Потребни состојки:
  • една шолја ориз
  • 3 шолји млеко
  • 2 јаболка, излупени и исечкани на коцкички
  • една лажица брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • една лажица путер
  • ½ лажичка цимет
  • ¼ лажичка сол
  • цимет за декорација
Начин на подготовка:

Во длабок сад на оган ставете го путерот да се растопи, а потоа додајте му ги јаболката, половина од шеќерот, циметот и солта. Гответе околу пет минути додека јаболката омекнат, а потоа извадете ги во друг сад. Ви истиот сад во кој ги готвевте јаболката, сега ставете го оризот и остатокот од шеќерот. Брашното додајте го во млекото, измешајте добро и почнете полека, малку по малку, да го додавате во оризот. Кога ќе почне да врие, намалете на тивок оган, покријте го садот со капак и оставете го да крчка околу 25 минути. Тогаш би требало оризот да се свари и да стане мек. Потоа во садот додајте ги и јаболката кои беа на страна заедно со екстрактот од ванила. Оставете малку да се излади, при што сутлијашот ќе се згусне уште малку и послужете попрскано со цимет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2015 во 14:44

Брзи десерти: 3 вкусни и кремасти пудинзи


Пудингот го обожаваат и младите и старите. Неговата подготовка е брза и едноставна, а вкусот е фантастичен.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi_01.jpg

Овие 3 рецепти ќе ви покажат дека вкусот на пудингот може да се збогати, со тоа што ќе го направите на малку поразличен начин.

Пудинг со арома на ирско кафе 

Потребни состојки:

  • 3 жолчки
  • 150g шеќер
  • ½ литар млеко
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 50 ml виски
  • 2-3 лажички густин
  • 1 пудинг од ванила

Начин на подготовка:

Густинот измешајте го со малку млеко. Потоа, земете ги жолчките и измешајте ги со шеќерот, а остатокот од млекото загрејте го и одвојте една чаша.

Одвоената чаша млеко истурете ја врз инстант кафето и мешајте додека да се растопи. Стопеното инстант кафе додајте го во остатокот од млекото, а потоа додајте ги жолчките и измешајте.

Во едно тенџерче ставете ја течноста и варете додека не зоврие.

Откако млекото ќе зоврие, додајте ја смесата од густин. Варете додека да се згусне, со повремено мешање.

Во готовата смеса ставете го вискито, измешајте па распоредете во чаши да се излади.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi-01.jpg


Панакота пудинг

Потребни состојки:

  • 350 ml шлаг крем
  • 350 ml млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 10g желатин
  • 80-100g бело чоколадо
  • 2-3 големи лажици кокос или мелени бадеми

Начин на подготовка:

Желатинот направете го според упатството на кесичката, а ако е инстант тогаш доволно е само да го измешате во готовата смеса.

Пудингот измешајте го со малку млеко и направете смеса. Кремот за шлаг и млекото варете ги и додајте го претходно измешаниот пудинг, па варете ги кратко додека смесата не се згусне.

Потоа додајте го чоколадото, ванилиниот шеќер и мешајте додека не се стопат.

Во тенџерчето каде го варите кремот, сега додајте го желатинот и кратко помешајте со миксер, а потоа додајте го кокосот или бадемите.

Во мали садови ставете ја смесата, оставете ја во ладилник на 2 часа и уживајте во вкусот. Може одозгора да додадете слатко по желба.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi-02.jpg


Пудинг златна есен

Потребни состојки:

  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • Малку цимет во прав (на врвот од лажичката)
  • 2 супени лажици шеќер
  • 1 кафена лажица ванилин шеќер
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 1 лажичка густин (по желба, ако сакате смесата да биде поцврста)
  • 400ml вода

Начин на подготовка:

Излупете ги јаболкото и крушата и исечкајте ги на ситни парчиња. Зовријте 300ml вода со шеќер, ванилин шеќер и цимет, а потоа додајте го исечканото овошје. Извадете го овошјето од зовриената вода и оставете го да се исцеди, а потоа распоредете го во 4 садови.

Во 100ml вода добро измешајте го прашокот за пудинг, па додајте од водата во кое се варело овошјето. Ако користите и густин, додадете го во садот. Варете додека да згусне.

Добиениот пудинг истурете го во чашите преку овошјето и оставете го да се олади.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:34

Кремаст сутлијаш




Подготовка

Во подлабок сад се става водата и една чаша млеко да зоврие. Во зовриената течност се додава оризот и се остава да се вари со повремено мешање околу 15 минути.Одкако ќе ја впие течноста се додава и втората чаша млеко и шеќерот и се остава да врие додека се свари(со постојано мешање) Сварениот сутлијаш се остава да се олади. Кесичката шлаг крем од ванила се мати по упатството и кон шлагот се додаваат кокосот и изренданата бела чоколада.Кон оваа кремаста смеса се додава половина од оладениот сутлијаш и убаво се мати додека се изедначи. Кесичката шлаг крем од чоколада се мати истопо упатството и се додаваат оревите,чоколадата и втората половина од сутлијашот. Во калап се става најлонска фолија и се истура белиот дел од сутлијашот.Се реди еден ред од кекс и над него се истура делот со чоколадниот сутлијаш. Пак се реди еден ред кекс и се затвара калапот со фолијата. Се остава во фрижидер 3-4 часа а потоа се превртува од калапот, се наросува со рендана чоколада и се сече на парчиња.

Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3

Состав

1 чаша ориз
1 чаша вода
2 чаша млеко
1 чаша шеќер
1 пакетче шлаг крем од ванила
100гр кокос
50 гр бела чоколада
1 пакетче шлаг крем од чоколада
100гр мелени ореви
50 гр рендана црна чоколада
200гр кекс

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:04

Карамел крем


За сите слатки задоволства



Подготовка

Во длабок сад со дебело дно загрејте го шеќерот додека не се формира карамел. Ставете ја павлаката и оставете ја да зоврие. Додадете ванила, масло и сол. Гответе го кремот на тивок оган додека не се добие хомогена и мазна смеса.

Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 30
Kомплицираност: 3

Состав

шеќер - 200 гр
павлака - 200 мл
масло - 30 гр
ванила - 3 пакетчиња
сол - 1 прстофат

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2015 во 17:11

Вегански пудинг од чоколадо, банани и авокадо


Чоколадниот пудинг е превкусен десерт во кој уживаат сите. Но, дали знаете дека постои и поздрава варијанта?


Веганскиот пудинг со чоколадо и авокадо е подеднакво вкусен, но многу поздрав пудинг кој ќе ги задоволи дури и најпребирливите. Лесен за подготвување и здрав. 

Што би посакале друго?

Состојки:

  • 3 зрели големи банани
  • 1 средно големо зрело авокадо
  • 4-5 лажици какао во прав
  • 1 шолја млеко (соја или оризово)

Подготвување.

Бананите излупете ги и ставете ги во процесор за храна. Додадете го авокадото и измискајте добро. Следно додадете го какаото и на крај млекото, додека не се формира смеса со конзистентност на крем.



Смесата поделете ја во помали садови и ставете ја во фрижидер за да се стегне. 

Како додаток, изрендајте малку црно чоколадо врз пудингот.

Послужете ладна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2016 во 22:24

Dave's Kitchen: Чоколаден мус


Кремаст и едноставен како 1, 2, 3 чоколадниот мус е одличен десерт за сите љубители на чоколадото и слатките.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200гр чоколадо
  • 1 лажица шеќер
  • 20-30 гр путер

Начин на подготовка: 

Во тенџере на оган со вода, ставете сад и во него растопете ја чоколадата за готвење и путерот. Растопената чоколада оставете ја да се олади.

Во друг сад изматете ги белките со шеќерот во густа и цврста шлаг пена, а жолчките измешајте ги со изладената чоколада. Малку по малку додавајте од цврстата шлаг пена и мешајте полека дозволувајќи повеќе воздух да влезе во смесата. Исипете во чаши и оставете во ладилник да се стегне минимум 4 часа.

На крај декорирајте со шеќер во прав и уживајте во овој прекрасен десерт со пријателите и семејството.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2016 во 09:09

Чоколадно крем бруле

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 0,5 лажиче екстракт од ванила

* 100гр чоколадо

* 240мл слатка павлака

* 3 жолчки

* 2 лажици шеќер

* 2 лажици кафеав шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ја загреваме рерната на 150 степени.
  • Ги матиме жолчките со шеќерот и екстрактот од ванила до кремаста смеса.
  • Ја загреваме павлаката речиси до вриење и го додаваме чоколадото да се стопи во неа.
  • Потоа внимателно ја додаваме смесата кон изматените жолчки, постојано мешајќи.
  • Ја распоредуваме смесата во 4 огноотпорни формички со обем 125мл.
  • Формичките ги ставаме во длабок сад, во кој налеваме топла вода. (водата треба да достигнува до средина на формичките со крем. Ова ќе му овозможи на кремот рамномерно да се запече).
  • Гледаме водата да не зоврие, па по потреба за време на печењето додаваме млака вода.
  • Печеме 25-30 минути, подготвеноста ја проверуваме исто како кај чизкејкот – средината на кемот треба да биде како желе со благо тресење на формата.
  • Го вадиме кремот од водата и го ставаме во фрижидер да одстои 2-3 часа.
  • Го посипуваме со шеќер и го ставаме да се запече уште 3 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 15:21

СУПЕРВКУСЕН ДОМАШЕН ЧОКО - КРЕМ

3

Ви пренесуваме рецепт за домашен Чококрем. Израдувајте ги своите деца и најмилите. Лесно се прави, а многу е вкусен. Пробајте, па кажете дали ви успеало.

Состојки:

150 мл вода
300 гр шеќер
2 ванилин шеќер
200 гр путер
200 гр млеко во прав
100 гр чоколадо
100 гр бело чоколадо

Подготовка:

– Во сад ставете вода, шеќер и ванилин шеќер.
– Се` заедно загревајте додека шеќерот не се растопи.
– Додајте бела чоколада и мешајте додека не се стопи.
– Штом зоврие тргнете го садот од оган и оставете да се олади.
– Во смесата измешајте путер и млеко во прав.
– Добро измешајте и поделете ја на два дела.
– На пареа растопете ја чоколадата, па додајте ја во еден дел, а другиот дел оставете го бел.
– Во тегла со лажица додавајте темна, па бела смеса или во исто време ставете ја од двете страни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2016 во 07:54

Пудинг од кокос и манго

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 400мл. кокосово млеко
  • 125мл. хопла
  • 5 јајца
  • 70гр. кафеав шеќер
  • 2 лажици кафеав шеќер (дополнително)
  • 55гр. шеќер во прав
  • 1 манго, излупено и ситно исецкано
  • 1 лажичка рендана кора од лимета

Подготовка

Измешајте во длабок сад кокосово млеко, хопла, јајца, 70гр. кафеав шеќер и шеќер во прав. Матете ја смесата со жица за матење додека да се соединат сите состојки.
Поделете ја кремастата смеса во 6 мали огноотпорни садови.
Зовријте вода во големо тенџере на рингла на силен оган. Врз тенџерето поставете друг сад, но внимавајте дното да не ја допира водата. Во овој сад поставете ги садовите со кремот. Покријте ги садовите со големо парче хартија за печење.
Варете го пудингот на пареа 15 минути. Потоа оставете го на страна да се лади.
Во еден сад измешајте го ситно сецканото манго, кората од лимета и 2 лажици кафеав шеќер. Мешајте додека да се растопи шеќерот.
Послужете го пудингот од кокос со по една лажица од смесата од манго.
*кокосовото млеко го има во сите поголеми супермаркети.
*место манго можете да користите и друго овошје по желба



Изменето од Valerija - 07.Април.2016 во 07:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2016 во 16:31

Крем Бруле


Потребни состојки:

• 6 жолчки

• 75 гр бел шеќер

• 3 мл екстракт од ванила

• 600 мл слатка павлака

• 25 гр кафен шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.

Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.

Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).

Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.

Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.