IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 23:14

КРЕМ СО ШУМСКО ОВОШЈЕ

Потребни состојки:

  • 250гр мешани зрнести плодови(капини, малини)
  • Портокал
  • 100мл слатка павлака
  • 150гр сирење
  • Кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Сирењето соединете го со изматена слатка павлака и ванилин шеќер и матете додека не добиете изедначена смеса. Во чаши ставете најизменично неколку лажици крем и овошје. Пред служење оладете во фрижидер.

desert



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 09:08

БАВАРСКИ ЧОКОЛАДЕН КРЕМ

Потребни состојки:

  • 500мл млеко
  • 100гр кокос
  • 150гр чоколадо
  • 2 жолчки
  • 200гр шеќер
  • 2 кесички желатин
  • 200мл павлака

Време на подготовка: 40 минути

Желатинот разматете го со малку млако и оставете да отстои 15 минути. Изматете жолчки со шеќер, додадете го останатиот дел од млекото, добро помешајте и ставете да се вари. Во загреано млеко  разматете желатин, кратко варете и оставете да се олади. Павлаката изматете ја во сад, додадете ја смесата со желатин и добро измешајте. Поделете ја смесата на два дела, во еден ставете кокос, а во друг растопено чоколадо. Во чши распоредете прво чоколадна смеса, па потоа дел со кокос. Украсете по желба.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:14

СИМПЛИСИМЕ – ПУДИНГ ОД БАНАНА, КАРАМЕЛА И РУМ

Потребни состојки:

4 парчиња сладок колач по желба

1 банана

4 лажици карамела

4 лажици суво грозје

3 јајца

3 лажици шеќер

200 мл. слатка павлака

250 мл. млеко

1 лажица екстракт од ванила

1 лажица рум

Припрема:

Во посебен сад ставете ги јајцата, шеќерот, млекото, слатката павлака, румот и екстрактот од ванила и матете се додека не добиете хомогена смеса.

Во огноотпорни мали садови почнете да го составувате пуднигот. Прво наредете кругови од банана, па суво грозје, па едно парче колач, па повторете ја постапката уште еднаш. Одозгора прелијте со смесата со јајца и млеко.

Печете во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути, се додека врвот на пудингот не се испече. Извадете ги садовите со пудинг од рерната, оставете да се изладат, па посипете ги со шеќер во прав или ванила во прав, декорирајте по желба и послужете. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:23

МУС ОД ЛИМОН И ПАВЛАКА

Потребни состојки за 4 порции:

5 листови бел желатин

1 лимон

2 жолчки (свежи јајца)

110 гр. шеќер

300 гр. црвени плодови

200 грама слатка павлака

768

Подготвување:

1. желатинот се омекнува во студена вода. Лимонот се мие со жешка вода, а кората ситно се редна. Се исцедуваат три лажици лимонов сок.

2. жолчките се матат со 90 гр. шеќер . Се загрева лимоновиот сок со три лажици вода , желатинот се додава во смесата со постојано мешање. Желатинот се меша со жолчките се додава лимоновата рендана кора. Слатката павлака се мати и се додава во смесата. Смесата се става во сад и се остава да стои 2 часа на ладно. На крај се ставаат црвените плодови. Како замена можете да користите компот од вишни.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:35

ПАРФЕ СО ЧОКОЛАДО ВО ТРИ БОИ

Потребни состојки:

1 ќесичка пудинг од чоколадо

1 ќесичка пудинг од ванила

1 литар млеко

Чоколадни топчиња

Жолта прехрамбена боја

Портокалова прехрамбена боја

Гумени бомбончиња за украсување

Шлаг

Припрема:

Подгответе ги пудинзите според упатството од кесичката. Поделете го пудингот од ванила на два дела. Во едниот дел додадете жолта прехрамбена боја, а во другиот портокалова и пормешајте.

Земете четири чаши. На дното на секоја чаша ставете чоколадни топчиња, па жолт пудинг, па шлаг, па чоколаден пудинг, па портокалов пудинг, па чоколадни топчиња, па шлаг. Украсете со гумени бомбони по желба.

Ставете го парфето во фрижидер да се излади околу еден час, па послужете. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:39

БОНИТА КРЕМ

Потребни состојки:

1 литар млеко

400 гр. гриз

2 банани

300 гр. мелена плазма

120 гр. мед

8 лажици матена слатка павлака

Припрема:

Зовријте го млекото, додадете го гризот, сварете го и оставете го да се излади.

Бананите испасирајте ги, па додадете ги во гризот заедно со мелената плазма, бананата и медот. Изматете ја смесата и на крај додадете ја матената слатка павлака.

Кремот сипајте го во чаши и украсете го по желба. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:45

ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ СО МЕНТОЛ

Потребни состојки:

  • ¼ шољички плус 1 лажичкa шеќер
  • 3лаж. скробно брашно
  • 1лаж. плус 1 ½ лажичка какао во прав , шеќер , сол
  • 1 ¼ шоља павлака за готвење
  • 1 ¼ шољичка млеко
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 170г полуслатка чоколада
  • ½ лажички екстра мента
  • 1 лажица плус 1 ½ лажичка оладен путер исечен на мали парчиња
  • 10 чоколадни кекси
  • Се украсува со листови од мента.

 

Начин на подготовка:

Во средна тава да се замеша шеќер, скроб, какао и 1/8 лажички сол. Во мераче измешајте ја павлаката, млекото и ванилата.

Долијте 1 шољичка мешавина од павлака и мешавина од шеќер и мешајте се додека скробот не се стопи. Додадете го остатокот од кремата со павлака и мешајте се додека не се соедини. Ставете го да се свари, со постојано мешање, па варете додека да се згусне околу 5 мин. Смалете го оганот на слабо, и додадете ја чоколадата. Мешајте додека да се стопи околу 1 мин.Тргнете ја од оганот. Додадете екстракт од  минта и путер, па мешајте, се додека путерот не се стопи. Бро разделете го пудингот на 8 тањирчиња,. Се лади додека не се згусне.

Малку пред послужување, издробете кекс, во прав. Посипете го пудингот со по 1 лаж. кекс во прав , па украсете со ливчиња ментол.

Послужете го добро оладен…



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:45

МЛЕЧЕН КАРАМЕЛ

Ова е рецепта за фантастичен крем од карамела, кој(покрај тоа што може да се јаде сам)може да се користи како намаз за палачинки, полнење на тесто, премаз за тортa, прелив за сладолед и т.н.

Потребни состојки:

  • 1л- Полномасно млеко
  • 400гр – путер
  • 300гр – шеќер
  • Лажичка екстракт од ванила
  • Пола лажичка сода бикарбона
  • Малку сол

 

Подготовка:

1.Се остава млекото да проврие, потоа додадете му ги останатите состојки.

2. Намалете го оганот и оставете ја мешавината да се вари околу 2 часа(зависи сепак од јачината на оганот и од состојките, но подобар резултат се добива со подолго готвење на слаб оган).

Мешајте повремено.

3. Кога мешавината ќе почне да се згуснува, мешајте непрестано и трегнете ја од оганот кога ќе има конзистенција на течна карамела(со ладењето ќе има тенденција уште да се згуснува).

4. Претурете во стерилизирана тегла и затворете. Кога ќе се олади, ставете во фрижидер. Рокот на траење 1 месец.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:46

КОКОС КРЕМ

Потребни состојки:

–          200 гр кокос

–          1 пудинг од ванила

–          5 дл слатка павлака

–          5 дл млеко

–          5 листа желатин

–          Ванилин шеќер

–          Рум

Подготовка:

Листовите желатин потопете ги во вода. За тоа време сварете го пудингот и додека је врел матете го исцедениот желатин, ванилин шеќер, кокосот и румот. Кога ќе се олади, полека измешајте го со слатката павлака. Измешајте и добро оладете го.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:53

ОВОШЕН КУП ОД ЈАГОДИ

Потребни состојки:

300гр. јагоди.

3 јајца.

1 шоља млеко.

200гр. кисела павлака(20% млечна маст.)

350гр. слатка павлака.

1 кес. Црвен желатин.

4лаж. шеќер и сок од пола лимон.

100гр. мед.

 

Начин на подготовка:

1. На пареа да се свари фил од жолчка, млеко и шеќер, да се додаде омекнатиот желатин и смесата малку да се разлади.

2. Кога ќе почне да се желира, се додава кисела павлака, 6 испасирани јагоди, 25 мл. изматени слатка павлака, лимонов сок и изматени белки.

3. Одвојте 6 јагод за декорирање и исечете ги на плочки.

4. Преостанатите јагоди да се иситнат и да се измешаат со медот.

5. Во чаши наизменично да се става смесата од павлаката и пирето од јагодите и медот.Куповите се ставаат 2 часа , во фрижидер, а подоцна се украсуваат со слатката павлака и јагодите.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:58

ОВОШЕН КУП ОД АНАНАС И ЧОКОЛАДО

Потребни состојки:

  • 1 конзерва компот
  • 300 гр сладолед од чоколадо
  • Шлаг за декорација

Подготовка:

Во чаши ставете по 2-3 топки сладолед. Додадете прстени од ананас.

Прелијте со лажица сируп од компотот, декорирајте со шлаг.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 16:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 22:54

ПУДИНГ ОД КАФЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 грама Шлаг

75 грама Шеќер

30 грама Маргарин

50 грама Кафе

50 грама Брашно

2   Јајца

100 грама чоколадо

ПОДГОТОВКА:

Во сад се мати омекнатиот маргарин и брашното, се додава топлото кафе и се меша на тивок оган до степен на вриење. Се трга од оган, се додаваат една по една двете жолчки и шеќерот. На крајот се додава цврст снег од двете белки.

Масата се излива во тркалеста модла, подмачкана со путер и посипана со брашно. Модлата се става во тенџере во кое има вода и се вари кремот на пареа околу 15 минути. Се трга од оган, се лади и потоа се остава во фрижидер добро да се олади, најмалку 2 часа.

Декорирајте со стопено чоколадо, почекајте да се олади и сервирајте

Уживајте во вкусот!!!

 



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 16:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 22:57

ЧОКОЛАДЕН КРЕМ СО ЦИМЕТ

Потребни состојки:

5 жолчки и 1 цело јајце

250 мл слатка павлака

125 мл млеко

200 гр црно чоколадо

1/3 чаша кафеав шеќер

3 супени лажици чоколаден ликер

1 ½ чаена лажица цимет

Начин на подготовка:

Измешајте ги јајцето, жолчките и шеќерот со миксер. Во сад на умерен оган загрејте ја павлаката и млекото.

Искршете го чоколадото и штом млекото зоврие трегнете го садот од оган и додадете го чоколадото. Измешајте внимателно почнувајќи од средината. Така подготвената смеса малку се лади и се исипува внимателно врз жолчките. Се меша до добивање на хомогена смеса. Се додаваат цимет и ликер.

Загрејте го шпоретот на температура од 170 степени. Распоредете го кремот во огноотпорни чашки. Поставете ги во тава со вода која ќе покрива половина од висината на чашките.

Чоколадниот крем се пече така околу 30-35 минути додека почне да се втврднува во средината.

Готовиот крем се сервира ладен.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 16:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 22:58

ЧОКОЛАДЕН ДЕСЕРТ СО РУМ

Потребни намирници:

100 гр црно чоколадо

3-4 супени лажици путер

2 јајца

2 супени лажици шеќер во прав

1 супена лажица рум

Овошје по избор за декорација (малини, јагоди, капини, боровинки)

Начин на подготовка:

Стопете го путерот заедно со чоколадото на пареа додека смесата не се изедначи.

Тргнете го садот од оган и мешајте уште 15 секунди. Додадете ги жолчките и румот додека истовремено мешате со миксер.

Откако смесата ќе се олади внимателно измешајте со шлагот кој претходно ќе го направите од белките и шеќерот во прав.

Исипете го чоколадниот десерт со рум во соодветни садови и оладете го пред послужување.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.