IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:39

Пудинг од лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 6   Јајца/це
  • 1   Лимон/и
  • 150 грама Путер
  • 150 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Татковината на лимонот е Азија. Таму се култивирал пред 2.500 години. Во 12 век Арапите го однеле во Шпанија и Африка. Според кажувањата на шпанскиот историчар Лас Казас, Кристофер Колумбо донел семки од лимон од Канарските острови по враќањето од своето долго патување.

Во Новиот Свет (Америка) лимонот дошол благодарение на Шпанците кои го донеле на островот Хаити. Во Америка првиот лимон почнал да се одгледува на Флорида, а таа земја по производството на лимон го заземала првото место во светот до 1825 година, кога големите мразеви ги уништиле плантажите со лимон.

ПОДГОТОВКА:

  Се мати путерот со шеќерот, сокот и кората од лимон се додека масата не

стане воедначена и пенаста. Потоа се додава една по една жолчка и по
секоја се мати, а на крајот снег од белките. Кремот се истура во
подмачкан калап за пудинг и се вари на пареа во рерна околи 40 минути на
180 степени. Кога ќе се подолади се превртува во чинија во која се
служи.

Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:45

Пудинг од ориз и чоколада


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Блага павлака
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 1   Лимон/и
  • 1000 милилитри Млеко
  • 200 грама Ориз
  • 50 грама Путер
  • 200 грама Чоколадо
  • 3   Шекер лажичка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пудинг од ориз и чоколада

ПОДГОТОВКА:

Во тенџере се сипа  млекото и шеќерот и кога ќе проврие се додава оризот.

Се вари на тивок оган додека оризот го впие млекото.

Потоа се тргнува од оган и веднаш се додава путерот (се одделува само едно грутче) и рендана кора од лимон и ванилин шеќер.

Кога  оризот ќе се подолади се додава изматениот шлаг( од слатка павлака) или пак приготвена шлаг пена од кесичка.

Калапот за куглов се подмачкува со путер. И во него се става масата со оризот.

Неколку часа се  чува во фрижидер. Ладниот пудинг се превртува на чинија  во која ќе се служи, се прелива со растопена чоколада, се враќа во фрижидер да се стегне чоколадата и се служи.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:51

Пудинг од ореви


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 70 грама Шеќер
  • 140 грама Ореви
  • 100 грама Маргарин
  • 7   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 7   Белка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пудинг од ореви

ПОДГОТОВКА:

Маргаринот и шеќерот изматете го пенасто, додајте ги жолчките, со постојано матење. По десетина минути вмешајте ги мелените ореви. На крај лесно вмешајте го снегот од белките.

Смесата истурете ја во соодветен калап, или повеќе помали, кои предходно сте ги намачкале со маргарин и посипете со шеќер. Пудингот печете го еден час во водена купка.

Пудингот извадете го од калапот, посипете го со шеќер во прав, и послужете.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:52

Пудинг од гриз


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 500 милилитри Млеко
  • 60 грама Маргарин
  • 80 грама Гриз
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 5   Јајца/це
  • 100 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пудинг од гриз

ПОДГОТОВКА:

Млекото со шеќерот, ванилниот шеќер и малку сол ставете го да зоврие. Потоа мешајќи додајте го гризот и варете го да се олади. Потоа вмешајте ги омекнатиот маргарин, жолчките и снегот од белките.

Калапот намачкајте го со маргарин и посипете со шеќер и истурете ја смесата. Калапот со пудинг ставете го во водена купка (во поголем сад со вода) и печете во рерна загреана на 125 степени 30-40 минути. Пудингот, откако малку ќе се излади, превртете го на чинија за служење и украсете со овошен сос од малини или јагоди, малку разредени во вода, нека зоврие и на тој начин добивате овошен прелив.

Ако немате специјален калап пудингот можете да го направите и во друг сад, огноотпорен или метален.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:54

Бразилски пудинг

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Шеќер во прав
  • 125 грама Шеќер
  • 300 грама Чоколадо за готвење
  • 30 грама Путер
  • 450 милилитри Млеко
  • 3 грама Маст
  • 50 милилитри Ликер од кафе
  • 1 грама Какао
  • 4   Жолчка/ки
  • 100 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 25 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Вреди да се проба

ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото да се загрее на слаб оган, додадете инстант кафе
и почекајте да се растопи. Промешајте и додадете го ликерот од кафе. Во
сад изматете 8 жолчки со шеќер. Во друг сад изматете снег од 4 белки
(со малку сол). Полека додадете го снегот од белки кај жолчките и полека
соединете ги со жица. Наросете со какао и постепено непрестајно
мешајте, додадете го подготвеното млеко со кафе.
Префрлете го кремот во тефлонски куглов калап (од 7 дл.), кој
претходно сте го намачкале со путер. Гответе на пареа во рерна барем 60
минути на 180 степени. Кога ќе се олади префрлете го во фрижидер да се
зацврсти.
Матете ја павлаката со шеќерот во прав додека да добиете густа
смеса. Изрендајте го чоколадото на крупно така што да добиете лушпи.
Ладниот пудинг украсете го со павлаката (претходно ставена во готварски
шприц), лушпите чоколадо и зрна кафе. Послужете веднаш. 


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:55

Крем од ананас


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер
  • 500 милилитри Млеко
  • 1 грама Ванилин шекер
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 100 грама Блага павлака
  • 1000 грама Ананас


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од ананас

ПОДГОТОВКА:

Прашакот за пудинг се меша со шеќерот, со додаваат 6 лажици ладно млеко и се става да проврие и се додабва подингот. Се меша на оган, додека да се свари кремот. Се префрла во стаклена чинија и неколку пати се промешува.

Ананасот се цеди и 3-4 тркалца се сечкаат во ситни коцкички, а неколку се ставаат за украсување. Сечените парчиња ананас се мешаат со ладениот крем и се меша. Со кремот се полнат 4-6 чаши врз секој се става спирално метана слатка павлака (изматена со ванилниот шеќер) и половина тркалце ананас. Може да се украси и со струганици од чоколада, некое зашеќерено црвено овошје, резанка портокал, киви и сл.

Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:56

Десерт со јагоди и пудинг


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шлаг
  • 12   Шекер лажичка/ки
  • 1 грама Пудинг
  • 1100 милилитри Млеко
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 500 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Јагодата се развива во ширина , боја , вкус, форма, степен на плодност, сезона на берење,склоноста на болест и според составот на растението.Некои се разликуваат во зеленилото а некои материјално , во однос на развојот на нивните полови органи. Во повеќето случаи ,цветовите се појавуваат како хермафродитски во структурата но функционираат и како машко и како женско. За трговски цели ,овие растенија се одгледуваат како ќилим и воглавно се распоредуваат по чисти корени или мешавини.Одгледувањето се прави на два начина: низ цела година под фолија , или пак повеќегодишен систем со постелени филцови или пак со тумби.Исто така се произведува мала количина на јагоди во стаклени градини и кога не им е сезона.

ПОДГОТОВКА:

 Де­сер­тот се сер­ви­ра во ча­ши од 250 ми­ли­ли­три та­ка што на дно­то од ча­ши­те се ста­ва­ат по два ре­да сеч­ка­ни ја­го­ди. По­тоа се пра­ви пу­дин­гот од ва­ни­ла со 500 ми­ли­ли­три мле­ко и со 3 ла­жи­ци ше­ќер. Ко­га е ола­ден, се ста­ва врз ја­го­ди­те. По­тоа пак се ста­ва еден ред ја­го­ди, па пу­дин­гот од чо­ко­ла­до, а на крај се ста­ва шлаг. Оз­го­ра се де­ко­ри­ра со ја­го­ди.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:27

Парфе од лешник


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 100 грама Чоколадо
  • 200 грама Лешник
  • 500 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Парфе од лешник

ПОДГОТОВКА:

Ја матиме павлаката со миксер. Откако шлагот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот.

Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките.

Во садот со жолчките додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи.

Со миксер ги матиме белките и додаваме 4 лажички шеќер.

Во садот со изматената павлака ги додаваме изматените белки, а потоа и изматените жолчки.

Потоа додаваме 200 грама мелени лешници.

Мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Добиеното парфе го ставаме во готварски шприц.

Со помош на готварскиот шприц парфето од лешник го украсуваме со чоколаден крем.

Одозгора наросуваме мелени лешници.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:28

Крем со рум


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 80 милилитри Рум
  • 1   Нишесте
  • 1000 милилитри Млеко
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 60 грама Блага павлака
  • 60 грама Џем
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем со рум

ПОДГОТОВКА:

Млекото и дел од шеќерот се варат. Се остава малку да се подолади и се додаваат матените жолчки со нишестето. Се става на тивок оган и со непрекинато мешање се вари крем.

Одделно, 4 белки се матат во цврст снег со остатокот од шеќерот. Во кремот од жолчките, се додава 70 грама рум и белките, и се мешаат. Во чаши се става по една лажица џем, се дополнуваат со кремот.

Се остава кремот добро да се олади. Потоа во средината се капнува малку рум.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:35

Сутлијаш со сезонско овошје


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 30 грама Суво грозје
  • 250 грама Ориз
  • 200 милилитри Млеко


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сутлијаш се приготвува со варењето на ориз во млеко со додатоци: шеќер, дарчин, ванилин екстракт или шеќер а може да биде украсен со рендано чоколадо или овошје. Се служи топол или ладен во порции (чинии).

Оваа посластица е редовно јадење на македонската, српската, бугарската и турската кујна.

*Википедиа

ПОДГОТОВКА:

Оризот се мие, се чисти, се става да се вари во млеко на умерена температура со постојано мешање.

Сувото грозје се мие и се остава во млака вода да омекне.

Кога оризот е полусварен, се додава омекнатото суво грозје и се вари уште 5 минути.

Се става шеќерот и се остава малку да се олади.

На крај се додава сечкано сезонско овошје.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:36

Посен сутлијаш


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 200 грама Ориз
  • малку   Цимет
  • 2   Јаболка


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Посен сутлијаш

ПОДГОТОВКА:

Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди водата, се додава шеќерот и одделно се рендаат јаболките.

Потоа се заедно се соединува и на крај се додава цимет.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:07

Крем карамел со слатка павлака

Крем карамел со слатка павлака

Состојки

  • 1 шоља (200 гр) шеќер
  • 1 1/4 шоља (300 мл) млеко
  • 1 лименка (395 гр) засладено кондензирано млеко
  • 3 јајца
  • 3 жолчки
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажица (15 гр) густин
  • 1 шоља (235 мл) слатка павлака

Подготовка

Крем карамел е еден од десертите на моето детство. По рецептот на мајка ми поинаку се правеше. Вака јас го правам.

Направете карамел “на суво“ од 100 гр шеќер и распоредете го на дното на 6 рамекини или во еден голем калап.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Во чашата од блендерот ставете ги 100 гр шеќер, ванилиниот шеќер, млекото, јајцата, жолчките, кондензираното млеко и густинот и блендирајте околу 1 минута на голема брзина додека сосем не се изедначи. Не претерувајте со блендирање, не треба да се створи пена. Додајте ја слатката павлака и со пулсна брзина изблендирајте неколку пати, само да се соедини.
На дното на соодветен сад за печење ставете кујнска крпа во два слоја и наредете ги рамекините.
Смесата од јајца распоредете ја во нив. Ќе ги наполни скоро до крај.
Зовријте вода и сипете ја во тавата покрај рамекините, да достигне најмалку до 1/2 од нивната висина.
Ставете да се печат во загреаната рерна 45 мин, а ако е еден поголем калап 1 час.
Оставете да се оладат на собна температура, па преместете ги во фрижидер да се ладат неколку часа.
Пред послужување, поминете со остар нож по работ на калапчето и превртете го на чинијата за послужување.
Може да стои до една недела во фрижидер. Секогаш послужете ладно, како многу вкусен летен десерт.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:13

Мус од бела чоколада и црвено овошје

Потребни состојки:

  • 300г бела чоколада
  • 6 јајца (одвојте ги жолчките од белките)
  • 500-600г микс од црвено овошје (јагоди, малини, капини, вишни…)

Начин на приготвување:

  1. Растопете ја белата чоколада и оставете ја да се олади.
  2. Изматете ги белките.
  3. Додајте ги жолчките во растопената бела чоколада, а потоа и изматените белки, мешајќи ја смесата додека целосно не се соедини.
  4. Во еден поголем стаклен сад или во неколку помали стаклени садови, на дното ставете од миксот од црвено овошје, а потоа и од смесата од бела чоколада.
  5. Оставете го десертот извесно време во фрижидер (4 часа доколку користите голем сад) и потоа послужете го.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 15:51

Крем во кој ќе се заљубите на прв залак. Можете да го користите како фил за торти и колачи, како намаз за штрудли и лиснато тесто, а може и да го послужите како крем сервиран во чаши со слоеви на овошје, јаткасти плодови и слатка павлака.

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-01

Состојки:

  • 4 лимони
  • 4 жолчки
  • 450g шеќер
  • 110g путер

Подготовка:

Изрендајте ја кората од лимоните и исцедете го сокот.

Во длабок сад истурете ги жолчките со шеќер, сокот и кората од лимонот и сечканиот путер. Варете на пареа и постојано мешајте.

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-02

Кремот е готов кога ќе започне да се задржува на лажицата и да заличува на пудинг од ванила. Прецедете го во тегла и оставете го да се олади.

Можете да го користите нешто помалку од 1 месец за која намена и да посакате.

Ова се неколку наши идеи и предлози:

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-03

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-04

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-05

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-06

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.