IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 17:12
Валдроф пудинг: Луксузен десерт кој се послужувал на Титаник


Валдроф пудинг: Луксузен десерт кој се послужувал на Титаник

Вкус на јаболко, ѓумбир и ванила во рецепт од дваесетиот век.

СОСТОЈКИ:

  • 2 кисели јаболка
  • 4 жолчки
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 80 гр суво грозје
  • 160 гр шеќер
  • 1 лимон
  • 1 лажица путер
  • 1 мускатно оревче
  • 1 лажица екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Јаболката излупете ги, преполовете ги, исчистете ги од коски и исечкајте ги на парчиња. Во садот со исечкани јаболка додајте суво грозје и прелијте со сок од лимон. Додајте и ѓумбир. 
  2. Во тава со растопен путер кратко пропржете ги јаболката, сувото грозје и две лажици шеќер. Содржината од тавата префрлете ја во поголем длабок сад. Додајте рендано мускатно оревче. Згответе млеко и останатиот шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, тргнете од шпорет. 
  3. Матејќи со миксер, во садот со млеко додајте жолчки и екстракт од ванила. Со ова прелијте ги јаболката и сувото грозје, па печете 40 минути на 200 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 18:00
Повкусно од пудинг – крем со тиква со неверојатна арома


Повкусно од пудинг – крем со тиква со неверојатна арома


Направете брз десерт со тиква.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. исчистена и излупена тиква
  • 2 кеси ванила
  • 150 гр. шеќер
  • 300 мл. млеко
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • прстофат сол
  • 60 гр. шеќер

ПОДГОТОВКА:

  1. Се сече тиквата и се става секое парче во алуминиумска фолија, па во плех и се пече на 200 степени околу 25 минути.
  2. Се лади и пасира, па се става во неа 200 милилитри млеко, шеќер и ванила со сол и се загрева се на оган.
  3. Се матат јајцата со жолчката и се става останатото млеко, па се става шеќер и се става се во смесата на оган.
  4. Се вари 6-7 минути со мешање, па се става во шолји и се декорира по избор.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 18:02
Неодолив кремаст чоко мус


Неодолив кремаст чоко мус


СОСТОЈКИ:

  • 100 гр шлаг
  • 6 лажици мелени бисквити
  • 50 мл млеко
  • 150 гр чоколаден сладолед
  • 150 гр слатка павлака
  • 50 гр малини
  • 30 гр црно чоколадо
  • неколку листови нане

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Измешајте шлаг и четири лажици бисквити, па ставете во садови за послужување. 
  2. Сладоледот соединете го со млеко и прелијте преку првиот слој. Во меѓувреме разматете слатка павлака со две лажици мелени бисквити и ставете во садовите. Декорирајте со црно чоколадо, малини и листови нане.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 18:05
Чоколаден крем со банани – брз десерт во чаша
Чоколаден крем со банани – брз десерт во чаша

Направете чоколаден крем со банани.

СОСТОЈКИ:

  • 300 мл. млеко
  • 100 гр. темно чоколадо
  • 1 кесе чоколаден крем од кесичка
  • 2 банани
  • мрвици во боја

ПОДГОТОВКА:

  1. Се става млеко со кремот во прав и се мати со миксер. Се сечат бананите на коцки, па се крши и чоколадото и се ставаат во кремот.
  2. Се става во чаши и се украсува со шарени мрвици или по желба.


Изменето од Valerija - 03.Декември.2019 во 18:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 18:14
Класичен крем карамел


Класичен крем карамел


Одличен десерт за сите кои ја обожаваат вкусната комбинација и арома на карамел, јајца и ванила. Прочитајте како да направите класичен крем карамел по рецепт на Биљана:

СОСТОЈКИ:

  • 1 л млеко
  • 8 јајца
  • 400 гр шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Во тава на оган ставаме 200 грама шеќер да се растопи. Топиме на умерена температура.
  2. Кога шеќерот ќе почне да се врие и да се карамелизира го тргаме од оган.
  3. Секоја алуминиумска модла прво ја полниме со 1 супена лажица карамел.
  4. Во тенџере на оган го ставаме млекото да се загрее.
  5. Јајцата ги матиме заедно со останатите 200 грама шеќер со миксер на умерена брзина или пак рачно со жица за матење. Го додаваме топлото, но незовриено млеко и ванилиниот шеќер и продолжуваме со матење на смесата сè додека шеќерот не се растопи во целост.
  6. Потоа смесата се распределува во модлите и се редат во тава која пак се полни 3/4 со вода.
  7. Водата во тавата не треба да зовире и затоа на секои 25 минути се додава ладна вода во тавата.
  8. Се пече на температура од 140 степени час и половина.
  9. Откако ќе се испече крем карамелот, модлите се остваат на собна температура за убаво да се изладат и дури потоа се ставаат во фрижидер.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 18:17
Сутлијаш со шумско овошје


Сутлијаш со шумско овошје


Ако уживате во јадењето на сутлијаш, овој рецепт е одличен за вас:

СОСТОЈКИ:

  • 1 литар млеко
  • 200 мл вода
  • 1,5 шолји ориз
  • 15-16 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица масло за готвење
  • рендана кора од лимон (по желба)
  • сезонско и егзотично овошје

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Млекото се става во сад за варење.
  2. Се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото за готвење.
  3. Се вари додека не зоврие.
  4. Во меѓувреме оризот го миеме и го враќаме во шолјата малку да набабри.
  5. Кога ќе зоврие млекото се додава набабрениот ориз.
  6. Вариме околу 1 час на тивок оган. Повремено промешуваме за да не загори. Доколку во текот на варењето сутлијашот почне премноги да се згуснува, додаваме 200 мл вода и продолжуваме со варењето.
  7. Чашите за послужување ги миеме и ги оставаме влажни. Во нив го сервираме сутлијашот.
  8. Додаваме цимет, а украсуваме со сезонски и егзотични овошја или слатко по вкус.

За побогат вкус во текот на варењето можете да додадете и рендана кора од лимон.

Предлогот за сервирање на Ана: на дното ставете марципан и кандирано овошје по желба. Врз тоа, ставете го сутлијашот, а најодозгора по една капина, малина и боровинка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:08
Крем од јаболка

Состојки
1 кг јаболка
1 чаша јогурт
3-4 лажици мед(или по вкус)
50гр путер
1 ванила

Се лупат јаболката и се сецкаат на парчиња. Се ставаат на оган заедно со путерот, медот и ванилата се покриваат со капак и се оставаат на среден оган да се динстаат. Откако ќе омекнат се оставаат да се изладат. Се ставаат во блендер и заедно со јогуртот се блендираат додека не се добие мазна смеса. Се декорираат со суво грозје и цимет.
Брзо,вкусно и освежително


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2020 во 22:54

Француски крем со раскошен вкус – Се прави брзо, а е толку вкусен, што веднаш се топи во уста


На овој француски крем ретко кој може да му одолее, а фактот што се прави многу брзо, е уште еден негов огромен вкусен плус! Совршен за љубителите на десертите!

Француски крем со раскошен вкус

На овој француски крем ретко кој може да му одолее, афактот што се прави многу брзо, е уште еден негов огромен вкусен плус! Совршенза љубителите на десертите!
Вкупно време40 мин
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: крем бруле, домашен крем
Порции: 4

Состојки

  • 2 јајца
  • 400 гр пресно млеко
  • 4 лажици нишесте
  • Половина шолја шеќер

Начин на подготовка

  • Најпрво измешајте го нишестето заедно со половината одшеќерот. Потоа додадете ги и двете јајца и добро измешајте, до добивање насмеса без грутки.
  • Преостанатиот дел од шеќерот исипете го во тенџере идодадете го и млекото. Оставете ја смесата да зоврие, а потоа врелото млеко бавноисипете и изматете го во смесата со нишестето.
  • Потоа добиената смеса вратете ја назад во тенџерето иоставете ја да врие на тивок оган. Неопходни се само неколку минути, додекакремот не се згусти.
  • На крај, кога истиот ќе биде готов, поделете го вонеколку чинии и оставете го да се излади
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.