IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2016 во 22:02

Крем – „Ванила фантазија“


Потребни продукти:

–        1 литар сварено, топло пресно млеко,

–        4 јајца,

–        6 супени лажици брашно,

–        9 супени лажици шеќер,

–        50 гр путер,

–        2 пакетчиња ванила

Начин на приготвување:

Се мешаат жолчките, шеќерот и брашното со малку студено млеко или вода до добивањето на густа и равномерна кашичка. Оваа смеса се додава на топлото млеко (полека се исипува) што е на тивок оган и се меша постојано додека кремот не згусне.  Две минути пред да се тргне од огнот се додаваат ванилата и путерот. Останатите белки од јајцата треба да се обработат со миксер за да се добие цврста пена. Се додава во кремот.Се сервира во мали стаклени садови и може да се декорира по желба – со стопено чоколадо, мелени ореви, бадеми или лешници, парчиња банана, поросено со кокос и сл.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2016 во 08:02

Рецепт за оригинален Рафаело крем


Вкусот на малите Рафаело бомбици подразбира да потонете во еден уникатен рецепт - комбинација на слатки млечни производи споени во смеса која никогаш не можете да ја заборавите.

recept-za-originalen-rafaelo-krem-01.jpg

Добра вест, внатрешниот крем од омилените Рафаело бомбици можете да го подготвите и сами, а истиот можете да го употребите на илјадници различни начини.

Од него можете да правите неверојатно сочни торти:

recept-za-originalen-rafaelo-krem-1.jpg

Сами да ги направите оригиналните бомбици:

recept-za-originalen-rafaelo-krem-2.jpg

Мафини...

recept-za-originalen-rafaelo-krem-3.jpg

Потребни состојки:

  • 70g кокос
  • 400g кондензирано млеко
  • 200g путер
  • 200g бело чоколадо

Подготовка:

1. Растопете ги путерот и белото чоколадо на тивка температура со постојано мешање за да се не запечат.

2. Потоа, додадете го кондензираното млеко и мешајте.

4. Потоа додадете го кокосот и уште еднаш добро измешајте.

5. Така подготвениот „Рафаело“ крем ставете го во сад и чувајте го во фрижидер 3 до 4 часа или употребете го веднаш за подготовка на некој сочен благ рецепт.

recept-za-originalen-rafaelo-krem-5.jpg

Препуштете се на слатките задоволства, а како инспирација, искористете ги овие фотки:

recept-za-originalen-rafaelo-krem-6.jpg

recept-za-originalen-rafaelo-krem-7.jpg

recept-za-originalen-rafaelo-krem-8.jpg

recept-za-originalen-rafaelo-krem-9.jpg

recept-za-originalen-rafaelo-krem-10.jpg



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2016 во 08:06

Dave’s Kitchen: Крем со капучино


Модерно, вкусно и лесно за правење. Овој пат од кујната на Давор ви го презентираме рецептот за крем со капучино.

Потребни состојки:

  • 250 гр. слатка павлака
  • 3 лажички капучино со вкус на карамел или лешник
  • 2 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • Какао за гарнир
  • Кора од портокал или лимон за гарнир

Начин на подготовка: 

Во миксер најпрво изматете ја слатката павлака со 3-те лажички капучино. Матете долго додека не се направи цврста и густа пена. 

Во друг сад со миксерот изматете ги јајцата и шеќерот во убава пенлива смеса. 

Соединете ги двата фила. Филот од јајцата ставете го во филот со капучиното и промешајте со шпатула додека смесите подеднакво не се соединат. 

Во готварски шприц нанесете од смесата, и декорирајте во чаши. Најдобар избор според Давор би биле чаши за шампањ. Декорирајте со какао и кора од лимон или портокал.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2016 во 08:21

ДОМАШЕН МУС ОД ЈАГОДИ

12
Потребни состојки:

За жолтиот фил:

  • 2 жолчки
  • 3 лажици шеќер
  • 50g бело чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 1,5dl слатка павлака
  • 5g желатин

За филот од јагоди:

  • 250g јагоди
  • 4 лажици шеќер
  • 5g желатин
  • 1,5dl слатка павлака

За декорација:

  • 150g јагоди
  • 3 лажици шеќер
  • 5g желатин

Начин на подготовка:

Жолтиот фил:

1. Во сад, соединете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, па гответе на пареа со постојано мешање додека смесата не се згусне. Додадете искршена бела чоколада и мешајте додека не се растопи.

2. Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и бавно мешајте.

3. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, измешајте и веднаш додадете во филот. Добро измешајте со дрвена лажица.


Филот од јагоди:

1. Измиксирајте ги јагодите во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од течноста не зоврие.

2. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, мешајте додека набабри и потоа додадете го во топлата смеса од јагоди.

3. Изматете ја слатката павлака така што ќе добиете цврст шлаг и потоа додадете го оладениот фил од јагоди и мешајте.

Финална постапка:

1. Во стаклени чаши нанесете го филот од јагоди, а потоа и жолтиот фил.

2. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги заедно со шеќерот. Во него додадете го набабрениот желатин и оставете да се олади.

3. Разлејте ја оладената смеса преку жолтиот фил и оставете да се зацврсти.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 21:19

Совршено чоколадно задоволство

Самата помисла на чоколадото ни мами насмевка на лицето, па многумина се прашуваат зошто да се мачат и да подготвуваат колач кога можат да уживаат во коцка чоколадо.

Одговорот лежи во овој чоколаден мус кој е уште повкусен, а подготовката е толку едноставна што и неискусните дами немаат изговор да се обидат да го подготват.

Состојки:

За првиот фил:

180 грама црно чоколадо, 60 милилитри вода и уште 60 милилитри вода од фрижидер.

За вториот фил:

180 грама млечно чоколадо, 60 милилитри вода и уште 60 милилитри вода од фрижидер.

За третиот фил:

180 грама бело чоколадо, 60 милилитри вода и уште 60 милилитри вода од фрижидер.

Подготовка:

Стопете ги сите три видови на чоколадо во 60 милилитри вода во микробранова на 30 секунди и измешајте. Потоа повторно вклучете ја микробрановата на 20 секунди и повторно промешајте. Ако остане уште нестопено чоколадо, постапката повторете ја уште 10 секунди.

Потоа секоја смеса ставете ја во кеса за замрзнување и оставете ја на еден час во замрзнувачот. Така во изладеното чоколадо постепено додавајте ладна вода од фрижидерот и миксирајте се додека смесата не биде мазна.

Чоколадото сипете го во чаша во слоеви и оставете ја во фрижидер уште половина час.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2016 во 18:19

Dave’s Kitchen: Чоколаден мус со авокадо


За денес имаме рецепт што е малку необичен, но подеднакво вкусен за сите оние кои сакаат благи нешта.

Потребни состојки:

  • 100 гр. најдобар квалитет на чоколадо (растопено и оладено)
  • 1 зрело авокадо
  • Мед (или агаве сируп)
  • 1 лажица какао
  • 30 мл. бадемово млеко (или било кое друго млеко)
  • Ванила екстракт

Начин на подготовка: 

Помешајте ги сите состојки и блендирајте додека не добиете фина и кремаста смеса. Претурете во чаши и оставете во ладилник најмалку 3 часа да се стегне. 

Уживајте во незаменливиот вкус!



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2016 во 08:54

Одморете од сите комплицирани десерти, торти и колачи и „навлечете“ се на замрзнатиот сорбет.

sherbet-svezo-ovosje-sorbet-koj-se-topi-vo-usta-01.jpg

Лесен е за подготовка, се прави само од шербет и свежо овошје по ваша желба.

Шербетот е ист за секој рецепт:

Загрејте 1 шолја вода со 1 шолја шеќер и додадете малку од свежото овошје, додека не добиете сируп.

Потоа ви треба блендер во кој ќе го соедините сирупот со уште малку свежо, ситно сечкано овошје.

Замрзнувате и тоа е тоа - имате разладувачки десерт.

sherbet-svezo-ovosje-sorbet-koj-se-topi-vo-usta-02_copy.jpg

sherbet-svezo-ovosje-sorbet-koj-se-topi-vo-usta-03_copy.jpg

sherbet-svezo-ovosje-sorbet-koj-se-topi-vo-usta-04.jpg

sherbet-svezo-ovosje-sorbet-koj-se-topi-vo-usta-05.jpg


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2016 во 15:59

ЗА ДЕСЕРТ: ПУДИНГ СО СУВО ГРОЗЈЕ И ФСТАЦИ

За десерт подгответе пудинг во комбинација со суво грозје.

Потребно:

100 гр суво грозје

4 лажици лозова ракија

1 ќесичка желатин во прав

500 мл млеко

200 гр гриз

80 гр шеќер

1 ванилин шеќер

250 гр павлака

40 гр сечкани фстаци

1 кг сливи (може и смрзнати)

125 мл црно вино

125 мл сок од грозје

цимет

2 лажици нишесте

јајца

Подготовка:

Сувото грозје преку ноќ оставете го потопено во ракијата. Во зовриеното млеко, сипете го гризот и мешајте. Жолчките од јајцата заедно со шеќерот,желатинот и ванилиниот шеќер, додајте ги во гризот и продолжете да мешате. Белките и павлаката изматете ги одвоено. Во смесата додадете ги сувото грозје и 2/3 од фстаците. На крајот ваквата смеса ставете ја во садови и оставете да се стегне.

Сливите ставете ги во тенџере, ставете црвено вино, сок од грозје и цимет, и оставете да се вари. Откога ќе изврие, оставете го на оган уште 3 минути.  Нишестето разметете го со вода и полека додадете го во садот за варење. Откога ќе се излади, посипете го пудингот со компотот од сливи, а за декорација употребете го остатокот од фстаците и сувотo грозје



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2016 во 19:31
Пудинг од круши и гриз

puding-od-griz-i-krushi


СОСТОЈКИ 

Млеко(500 Милилитри)

Гриз(25 Грама)

Јајце(2 поголеми )

Кафеав шеќер(1 Супена лажица)

Брашно(60 Грама)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Кардамом(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1/2 Кафена лажица)

Круша(1 )


ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. 250 милилитри млеко загрејте го во тенџере и пред да почне за врие, додајте го гризот и мешајте со жица непрекинато за да не се направат грутки. Оставете да зоврие и гответе 7-10 минути со повремено мешање за да не загори, па оставете го настрана да се олади.
  2. Рерната загрејте ја на 200 степени и намастете 2 кружни, огноотпорни садови за печење.
  3. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека добиете убава смеса. Додајте ги останатите 250 мл млеко, брашното, оладениот гриз, ванилата и зачините.
  4. Убаво промешајте ги состојките, а потоа од смесата ставете 3/4 во садовите за печење.
  5. Пудингот ставете го во загреаната рерна и печете го 10 минути. Потоа извадете го, ставете по една половина круша и вратете го да се пече уште 30 минути.
  6. Извадете го пудингот од рерна, оставете го да се подолади и наросете го со цимет и кафеав шеќер.


Изменето од Valerija - 10.Ноември.2016 во 19:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2016 во 16:34

Мус од кафе

Потребни состојки:

Подготовка:

Жолчките, ванилиниот шеќер, шеќерот во прав, инстант кафето, ( ликер од кафе ) и какаото ставете ги во сад и убаво измешајте ги состојките за да добиете компактна маса. А потоа варете ја на пареа постојано мешајќи околу 5 минути додека кремот не се згусне.

Потоа веќе растопената бела чоколада додадете ја во кремот  и на крај додадете ги мелените бадеми.

Откако смесата малку ќе се подолади, додадете ја веќе изматената слатка павлака и мешајте додека не добиете компактна смеса.

Спремната крема сервирајте ја во чаши почекајте 1 час додека смесата не се олади на собна температура.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2016 во 22:03

Чоколаден пудинг каков што уште не сте пробале

Кој не сака чоколадо? Особено во ладните денови, посегнуваме по нешто топло и чоколадно, што ќе ни ја задоволи желбата за благо. За таа цел ви предлагаме да направите чоколаден пудинг каков што не сте пробале. Овој рецепт за пудинг е малку поразличен, бидејќи се прави со комбинација од колач и чоколадо.



Потребни состојки за колачот:

  • 4 белки од јајце
  • ½ шолја шеќер
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка екстракт од пеперминт

Потребни состојки за чоколадото:

  • 200гр темно чоколадо во прав
  • 5-7 лажици врело млеко
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 2 шолји шлаг
  • Чоколадни мрвици за украсување

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 100°С. Изматете ги со миксер белките и додадете го шеќерот, прашокот за печиво и матете додека сите состојки не се соединат. Смесата ставете ја во кеса за замрзнување, а потоа и додадете го екстрактот од пеперминт. Потоа, смесата ставете ја во тава за печење и оставете да се печи додека смесата не се исуши целосно.

Измешајте го чоколадото во прав со врелото млеко и мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа додадете го екстрактот од ванила. Во голема шолја на дното ставете дел од оваа смеса, а потоа ставете и шлаг. На крај ставете од ситните колачиња, ако треба и раскршете ги, а потоа украсете со чоколадните мрвици.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2017 во 10:47

Тробоен чоколаден мус

Состојки:

За светол мус

За бел мус

За темен мус

Подготовка:

1. За светлиот мус потребно е да го потопите желатинот во студена вода. Исечкајте ги чоколадите и истопете ги на пареа. На пареа изматете го и јајцето со 2 лажици вода. Додајте го желатинот и румот, па матете додека не добиете мазна смеса. Слатката павлака матете ја додека не добиете крем и промешајте ја во чоколадната смеса. Кремот ставете го во фрижидер да се лади.

2. За белиот мус потребно е повторно да го потопите желатинот во вода. Исечете го чоколадото и стопете го. Додека чоколадото е на пареа додадете го јајцето со 2 лажици вода. Додадете го желатинот и добро мешајте. Изматете ја слатката павлака и додајте ја во смесата. Оставете во фрижидер додека го подготвувате третиот слој.

3. Повторно истата постапка и за темниот мус. Потопете го желатинот, стопете го чоколадото, додајте јајце со 2 лажици вода и кафе. Изматете ја павлаката и додајте ја во смесата. Оставете го мусот да се олади.

4. На крај сите 3 слоја наредете ги по редослед по желба и ставете ги да се оладат и заврстат. Сечете со остар нож или послужете во чашки.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2017 во 15:26

Чоколаден мус

За 6 лица потребно е:

Подготовка:

Во чинија го кршите чоколадото на коцки и чинијата ја додавате врз пареа. Чоколадото треба да се истопи само од себе без да го мешате. Одвојте ги жолчките од белките. Штом се стопи чоколадото почнете да додавате една по една жолчка и мешајте.

Добро изматете ја секоја жолчка без да ја тргате чинијата од пареата.

На крајот додадете го путерот, тргнете ја чинијата од пареата. Добро измешајте, додадете го коњакот и повторно добро измешајте.

Белките изматете ги во цврст снег и една лажица од снегот додадете во чоколадниот крем.

Измешајте, а потоа додадете ја целата содржина од белките. Смесата треба да стане совршено хомогена.

Добиениот мус префрлете го во чаши и оставете го во фрижидер да се лади барем 4 часа.

Не посредно пред сервирањето украсете го со исецкани бадеми, фстаци, рендано чоколадо, чоколадни или разнобојни зрнца и уживајте во вкусот!



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2017 во 18:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.