IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 15:51

Крем во кој ќе се заљубите на прв залак. Можете да го користите како фил за торти и колачи, како намаз за штрудли и лиснато тесто, а може и да го послужите како крем сервиран во чаши со слоеви на овошје, јаткасти плодови и слатка павлака.

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-01

Состојки:

  • 4 лимони
  • 4 жолчки
  • 450g шеќер
  • 110g путер

Подготовка:

Изрендајте ја кората од лимоните и исцедете го сокот.

Во длабок сад истурете ги жолчките со шеќер, сокот и кората од лимонот и сечканиот путер. Варете на пареа и постојано мешајте.

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-02

Кремот е готов кога ќе започне да се задржува на лажицата и да заличува на пудинг од ванила. Прецедете го во тегла и оставете го да се олади.

Можете да го користите нешто помалку од 1 месец за која намена и да посакате.

Ова се неколку наши идеи и предлози:

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-03

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-04

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-05

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-06

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 23:05

Иако портокалот е овошје достапно во текот на целата година, неговата улога во слатките наскоро ќе ја замени сезонското овошје како јагодите и малините.

polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot-1

Но, не би било праведно зимата да се испрати, а да не се проба овој вкусен десерт за кој не ви треба рерна и за чија подготовка ви се потребни само десетина минути, таман во паузата од ручекот до кафето.

Состојки:

  • 400 ml сок од свежи портокали (обично 4 портокали, зависно од големината)
  • 50 gr шеќер
  • 1 ванила
  • малку рум или ликер од портокал
  • 1 пудинг од ванила
  • блага павлака за украсување

polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot-2

Подготовка:

1. Портокалите пресечете ги на половина. Издлабете ги и извадете ја внатрешноста (како на сликата).

2. Корите од портокалите оставете ги на страна, тие ќе послужат како калапи за сервирање на кремот.

3. Испасирајте ги пулпите од портокалот и исцедете ги за да добиете бистар сок.

4. Во 400 ml сок сварете го пудингот од ванила, измешајте го шеќерот, ванилин шеќерот и додадете малку рум.

polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot-3

Добиената крема оставете ја малку да се излади, па со неа наполнете ги половините од портокалите. Изладете и украсете со блага павлака и чоколадни трошки.

Кремот можете да го сервирате и во високи чаши.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 17:36

Сабајон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 80 грама Шеќер
  • 6   Жолчка/ки
  • малку   Желатин
  • 200 грама Блага павлака
  • 250 милилитри Бело слатко вино (шери)


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сабајонот потекнува од италијанската кујна, а денес е популарен и во Аргентин и Уругвај каде го нарекуваат sambayón. Во Кулумбија тој е наречен sabajón, а додека пак во Венецуела sambayón.

ПОДГОТОВКА:

Жолчките и шеќерот  изматете ги пенасто и сварете на пареа.

Полека додавајте го виното и матете одека смесата не се запени.

Потоа додајте го изладениот желатин кој предходно сте го натопиле со ладна вода, повторно добро измешајте,па во напола изладениот ладен крем вмешајте матена слатка павлака.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:43

Чоколаден сутлијаш со портокал

Чоколаден сутлијаш со портокал

Состојки

  • 1 шоља ориз
  • 1 шоља вода
  • 3 шољи млеко
  • 5 лажици шеќер
  • изрендана кора од 1 портокал
  • 1 ванилин шеќер
  • 60 гр темно чоколадо
  • неколку парчиња кандирани портокали
  • Шољата е од 200 мл

Подготовка

Ставете ја водата на оган да зоврие. Додадете го измиениот ориз и варете додека не испари водата.
Во меѓувреме загрејте го млекото да биде врело. Налејте го млекото во оризот, додате го шеќерот, кората од портокал и ванилиниот шеќер. Варете на тивко и повремено промешувајте. Може да варите и во покриен сад, но внимавајте да не искипи.
Кога оризот е сварен ставете го чоколадото искршено на помали парчиња и промешајте да се растопи.
Распределете го сутлијашот во чинивчиња. Одозгора ставете неколку парчиња кандирани портокали и послужете топло или ладно.

Пријатен апетит

Забелешка
Јас користев кандирани портокали од „Слаткото од портокали“ на Лили. Ги исцедив од сокот, ги исецкав на мали коцкички и ги препелкав во малку кристал шеќер. Имам правено и со исецкани Аранчини по рецептот на Лиле.
Кога е готово може да ставите и 2 лажици ликер од портокали. Јас не ставив зошто требаше и дечиња да ручкаат.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:44

Сутлијаш

Сутлијаш

Состојки

  • 1 чаша ориз
  • 3 чаши вода
  • 3 чаши млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 8 (до 10) големи лажици шеќер

Подготовка

Во тенџере се сипа чашата вода и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер.

Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со цимет по желба и/или се декорира со рендано чоколадо или прелив.
Ако сакате ваште деца да јадат сутлијаш, тогаш добар начин е да се додаде еден ред кое било чоколадо и со тоа целиот сутлијаш ќе добие чоколадна боја и вкус, па децата нема шанси да му одолеат.

Чашата која ќе служи како мерка не е толку важно колкава е (од 150 до 250мл), туку важно е да се користи истата чаша за сите состојки





Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:45

Mалку поинаков сутлијаш

Mалку поинаков сутлијаш

Состојки

  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 15 лажици шеќер
  • 2 шољи ориз
  • 3 шољи млеко
  • 6 шољи за млеко вода
  • 1 кесичка пудинг од ванила

Подготовка

Прво се става водата да зоврие,кога ќе зоврие се додава измиениот ориз и се меша да не загори.Кога ќе биде скоро готов се додава шеќерот ванилата и млекото.
Кога ке биде сварен оризот а целиот сутлијаш сеуште редок се додава пудингот растворен во малку млеко.
Се вари уште многу малку колку само да зоврие и готово е.
Врелиот сутлијаш ставете го во мокри здели и послужете по желба со цимет или рендано чоколадо.
Пробајте го преубав е
Шољата од мерката е од 300 мл




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:46

Ориентален Сутлијаш

Ориентален Сутлијаш

Состојки

  • 5 чаши вода
  • 2 чаши ориз
  • 4 чаши млеко
  • 12 лажици шекер
  • 2 ванили
  • 40 гр. пудинг од ванила
  • по вкус цимет

Подготовка

На овој начин спреман сутлијаш - тогаш имате сутлијаш како што се спрема во турската кујна, кој во основата е ист, само во некоја регија се додава и сок од лимон или портокал - а не изостанува ниту ренданата кора од истите. Но јас вака најповеке го сакам.
ПРИПРЕМА
1. Во зовриената вода ставете да се вари оризот.
2. Кога е веке згуснат и водата впиена во оризот (сварен малку повеке од она што го нарекуваме Ал денте), се додаваат 3 чаши од загреаното млеко и продолжува да се вари, се додава шекерот и ванилата. Во останатата 1 чаша млеко се раствара пудингот и се додава на оризот кога веке е сварен. За кратко уште се вари, се трга од огнот, врел се распоредува во модлите.
Посипте со цимет.
1 чаша = 200 мл.
Напомена
Бидејки секој ориз не се вари во иста количина на вода или млеко, сами прилагодете ја количината на водата и млекото за да добиете средна густина на самиот сутлијаш- кога тој се олади ке си ја добие потребната густина. Користам наш Винички ориз - нашето бело злато, за кого е потребно поголема количина на течност. За нашата традиционална ориз тава за да биди оризник на кој што зрното му се брои односот е 1 према 3, а овде оди повеке. Количината на шекерот исто така зависи од тоа колку сакате да е благо- намалете или зголемете. При сервирањето можете да додадете и слатко кое во моментот го имате. Можете да го посипете и со мешавина на цимет и ореви или бадеми... тоа останува на вас.





Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 17:23

Крем од портокал


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 7   Јајца/це
  • 1   Лимон/и
  • 700 грама Портокал
  • 160 грама Пченкарно брашно


  • Време за подготовка: 60 мин.
  • Време за готвење: 120 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од портокал

ПОДГОТОВКА:

Исцедете сок од портокалите и помешајте ги со сокот и ренданата кора од лимун.

Додадете вода за да добиете најмногу половина литар течност. Загревајте и додадете го шеќерот.

Брашото измешајте го со една супена лажичка вода, но внимавајте да не останат грутчиња.

Додадете ја смесата со брачшното во загреаниот овошен сок.

Нека врие една минута, а потоа тргнете го кремот на страна за малку да се олади.

Изматете ги јајцата и внимателно измешајте ги во топлиот (не врел) сок.

Садот вратете го на рингла, на средна температура и непрестајно мешајте додека кремот не се згусне.

Внимавајте кремот да не почне да врие, бидејќи така ќе се направат грутчиња.

Кога ќе се олади, кремот послужете го во стаклени садови, за подобар изглед.
Крем од портокал




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 17:24

Чоколаден крем со јагоди и лешници


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Шеќер
  • 60 грама Чоколадо
  • малку   Сол
  • 250 милилитри Млеко
  • 50 грама Лешник
  • 250 грама Блага павлака
  • 200 грама Јагоди
  • 5   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколаден крем со јагоди и Фстаци.

ПОДГОТОВКА:

Павлаката и млекото оставете ги да зовријат, па тргнете ги од оган. Изматете ги жолчките со 50 грама шеќер и додавајте малку по малку од топлата течност, без да престанете со матење.

Вратете ја смесата на оган, варете ја на тивок оган и повторно мешајте ја да не зоврие. Кога ќе започне да се згуснува, тргнете го кремот од оганм додајте го изренданото чоколадо и мешајте сè додека не се растопи. Оставете го да се олади кремот. Лешниците исечкајте ги, а јагодите исчистете ги.

Белките изматете ги во снег со малку сол, а на крајот додајте го и останатиот шеќер. Во еден сад ставете да зоврие вода, намалете ја температурата и од снегот ставајте по една лажица во водата, па варете ги топчињата 1 минута. Вадете ги со лажица-цедалка и префрлете ги во чашки во кои сте го распоредиле кремод од чоколадо. Посипете ги со лешници и јагоди и сервирајте ги.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 17:25

Сутлијаш со кајсии


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 130 грама Ориз
  • 750 милилитри Млеко
  • 80 грама Кајсии од компот
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сутлијаш со кајсии

ПОДГОТОВКА:

Од млекото, шеќерот, оризот, ванилниот шеќер се вари сулијаш. По варењето половината се распоредува во подлабока чинија и врз него се редат исцедените кајсии од сокот и се покриваат во остатокот од сутлијашот. Потоа се става во фрижидер добро да се олади.

Пред служењето се пелива со сокот од компотот.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 17:26

Домашен чоколаден пудинг


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 100 грама Чоколадо
  • 250 грама Путер
  • 250 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколадото е исклучително богато со фосфор и магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во 100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум, 300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр. јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. протеини

ПОДГОТОВКА:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете го брашното и растопената чоколада со путерот.

Оваа смеса варете ја на пареа околу 1 час.

Потоа ставете на умерено загреана рерна и печете дваесетина минути.

Готовиот пудинг оставете го да се олади, па послужете.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 19:06

Сочен, вкусен, богат вкус и многу, многу чоколаден би бил краткиот опис на овој домашен пудинг кој ќе го засакате уште од првиот залак.

najcokoladniot-puding-koj-nekogas-ste-go-probale-01

Овој пудинг ќе ги разнежни вашите непца и ќе го расположи секој кој ќе го проба. Затоа, заборавете на купувањето обичен прав од продавница и почнете со подготовка на овој домашен, брз и лесен рецепт.

Состојки:

  • 2/3 шолји шеќер
  • 1/3 шолји пченкарно брашно
  • 1/4 лажичка сол
  • 3-4 лажички какао
  • 2,5 шолји млеко со поголем процент масленост
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица екстаркт од ванила
  • 1 чоколадо со поголем процент какао

Подготовка:

Во лонче помешајте ги шеќерот, какаото, брашното и солта и додајте млеко полека налевајќи го додека мешате, дури не добиете хомогена смеса без грутчиња.

Садот ставете го на средно силен оган и константно мешајте 8 минути, односно, додека не се појават првите меурчиња на вриење. Тргнете го садот од шпоретот, намалете го огнот на најниска температура и повторно ставете го садот уште една минута и продолжете да мешате.

Кога ќе го тргнете садот од оган веднаш сипете го во друг сад каде ќе ги додадете маслото, екстрактот од ванила, парчиња чоколада и ќе мешате додека не добиете едноличен кремаст пудинг.

Пудингот претурете го во ладни влажни садови и покријте ги со фолија.

Ставете ги во фрижидер и оставете ги да се ладат барем 3 часа, препорачливо е да ги оставите навечер.

Кога ќе се изладат најдобро е да ги послужите со додадена изрендана чоколада и да уживате во најчоколадното задоволство.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 16:15

Зимски вкусен десерт: Крем од малини

Зимата е идеално годишно време за експериментирање во кујната. Бидејќи порано се стемнува и поголем дел од денот сме дома, па од досада често посегнуваме по благото. За денеска се одлучивме да ви понудме нешто ново, нешто поинакво, вкусно и освежувачко.

Потребни состојки:

  • 250 гр. малини (може замрзнати)

  • 150 гр. шеќер во прав

  • 1 ванилин шеќер

  • 2 чаши кисела павлака

Подготовка:

Малините се мијат и цедат. Имешајте ги со шеќер и ванилин шеќер, изгмечете ги. Додајте ја павлаката и матете со миксер додека се не се соедини. Добро оладете го кремот и послужете.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 15:33

Вкусен пудинг: Јаболки во крем

Јаболките се едно од овошјата кои сè уште може да се најдат на пазарите или во подрумот на вашата баба. За да не мора да ги јадете само нив, може да си подготвите интересни и вкусни рецепти во кои ќе ги искористите. Еден таков сочен рецепт е овој пудинг со јаболка во крем.

vkusen-puding-jabolki-vo-krem-01

Потребни состојки

За чоколадниот крем:

  • 4 жолчки
  • 2 лажички шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 1 лажичка какао
  • ½ лажичка цимет
  • 250 мл млеко
  • 4 тенки парчиња желатин
  • 250 мл изматена слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер

За кремот од јаболка

  • ½ кг јаболка
  • ½ чаша шеќер
  • 4 белки
  • ½ лимон
  • 1 кесичка желатин

За преливот

  • 200 гр темна чоколада
  • 50 гр путер
  • 3 лажички млеко

Подготовка

Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги чоколадото, какаото, циметот и топлото млеко. Мешајте на пареа 3 минути. Во жешкиот крем додадете го желатинот, претходно потопен во ладна вода. Оставете го кремот да се излади и пред да се желатира додајте ја изматената павлака засладена со ванилин шеќер. Чоколадниот крем сипете го до половина чаша и оставете го да се излади.

Јаболката испечете ги во рерна, изладете ги и испасирајте ги. Цврсто изматете ги белките со шеќерот, додајте кора од лимон, сок од лимон, кесичка желатин растопена во малку млака вода и сето тоа измешајте го. Оваа смеса сипете ја преку чоколадниот пудинг и ставете го во фрижидер добро да се излади.

На пареа стопете ја чоколадата, додајте го путерот и млекото, па пред да го послужите добро измешајте и обилно нанесете го преку пудингот.

Може да украсите дополнително со шлаг.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.