IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мафини
    Испратена: 18.Септември.2013 во 17:18
Посни (+ диетални) тропски мафини.

Ако постите или сте перманентно на диета,ова е фантастичен рецепт за вас. Овие мафини се супер вкусни, а сите состојки се здрави и имаат малку калории. Во нив нема ни зејтин, ни путер ни јајца. Дури нема ни шеќер! Најпрактично од се, во овој рецепт ќе најдете едноставна (и посна) замена за јајца која може да ја користите и за други рецепти за печени колачи и мафини, па дури и за палачинки.

Посната замена за јајца се прави едноставно: со мелено ленено семе и вода. Најдобро е лененото семе да го смелете во мелница за кафе (или ако немате мелница за кафе, пробајте во блендер). 1 јајце = 2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода. Измешајте ги двете состојки и оставете ги да стојат околу 5 - 10 минути. "Јајцето" за тоа време ќе се згусне. Зголемете ги количините на состојки во зависност од бројот на јајца кои ви се потребни.
Слика

за сувиот дел од тестото
3/4 чаша овесно брашно
2/3 чаша интегрално или обично брашно
1 лажиче прашок за печење
1 лажиче сода бикарбона
1 ронка сол
1 чаша кокос

за влажниот дел од тестото
2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода
1 банана, испасирана
пола чаша мед (или јаворов сируп)
1/4 чаша сок од лимон (1 лимон)
1/4 чаша соино млеко (или оризово млеко, ако имате оризово во прав, измешајте го со вода според инструкциите на пакувањето)

Измешајте ги сите суви состојки во една голема посуда. Во помала посуда измешајте го течниот дел. Додајте го течниот дел во сувото тесто и измешајте ги убаво со лажица (миксер не е потребен). Во тавчето за мафини ставете хартиени чашки за мафини (без нив ќе мора да го измачкате тавчето со масло за да не ви се лепат). Може да користите и силиконски чашки. Ако немате тавче за мафини, можете да го печете тестото како колач, во широко тавче, за да не биде премногу високо колачето. За да не се лепи покријте го тавчето со хартија за печење. Печете ги на 180 степени, околу 25 минути. Уживајте!

Слика
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:28
Кој не ги знае?
Кој не ги сака?
Мафините во последно време се застапени во сечија кујна. Солени, благи, со декорација (како капкејк) или без, тие се дел од нашето секојдневие. 
Но има 1001 начин да се подготват. Чоколадни, со џем, со сирење, со јогурт или без.
Ако не стигнеме до 1001, да стигнеме барем до 101голема насмевка


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:29

МАФИНИ СО ТИКВИЧКИ И ФЕТА СИРЕЊЕ


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца

100мл млеко

100мл маслиново масло

60гр фета сирење

2-3 лажичиња црни маслинки

300гр брашно

1 пециво

2 тиквици

Сол

Бибер

Оригано

ПОДГОТОВКА:

Со миксер изматете ги јајцата, млекото, маслото, фета сирењето и крупно исецканите маслинки. Измешајте ги брашното и пецивото, па додадете ги во смесата од јајца. Ставете сол и бибер по вкус. Крупно изрендајте ги тиквичките во садот со тестото. Додадете оригано и повторно се добро измешајте со дрвена лажица. Распоредете ја смесата во калап за мафини обложен со хартиени кошнички, до 2/3 висина од калапот. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:31

МАФИНИ ОД ВАНИЛА СО НУТЕЛА


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 јајце

*2пак. ванила

* 150гр шеќер

* 150мл млеко

*250гр брашно

* 1 лажица прашок за пециво

* 2гр сол

* 140гр стопен путер

ЗА КРЕМОТ:

* 80гр крем сирење

* 120гр крем “Нутела”

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад ги мешаме сувите состојки – брашното, пецивото, солта, шеќерот и ванилата.
Во друг длабок сад ги мешаме течните состојки – јајцата, путерот и млекото.
Внимателно ја истураме сувата смеса во течната. Малку мешаме, но не со миксер.
Готовата смеса со лажица ја ставаме во претходно подмачкани форми за мафини.
Ги печеме во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.
Во меѓувреме го подготвуваме кремот.
Внимателно го мешаме кремот нутела и без да запираме го додаваме и крем сирењето. Мешаме полека до добивање на хомогена смеса.
Готовиот крем го ставаме во шприц и го додаваме врз мафините, откако ќе се оладат.
Украсуваме по желба.



Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:41
Побрзо и поедноставно здравје, а и вкусни се среќа


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:45
Овие се навистина добри, а и не мора да се мачиш да мериш, па дали си погодила или не. Стави, измешај и печиголема насмевка
И сочни се!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:46
Баш така среќа ги има и различни видови,
само ги нема баш во сите маркети.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:11
Само во поголемите ги имам видено. Инаку и тие што се продаваат во КАМ не се лоши а поефтини сесреќа
Овие ги правев, одма се изедоа.


МАФИНИ “РАФАЕЛО“

Потребни намирници:

80 гр масло за јадење

50 гр млеко од кокос

200 гр млеко

5 јајца

0,5 кафена лажичка сол

10 гр прашок за пециво

150 гр шеќер

350 гр брашно

За филот:

80 гр стругатинки од кокос

150 гр шеќер во прав

70 гр путер

400 гр крем сирење Филаделфија

Начин на подготовка:

  1. Ги мешаме сувите компоненти во голем сад и мешаме добро. Правиме отвор во средината и го тргаме садот на страна.
  2. Во друг сад ги матиме јајцата со маслото и двата вида млеко. Ја исипуваме смесата во садот со сувите компоненти и мешаме 3-4 пати. Со добиената смеса полниме формички за мафини.
  3. Печеме во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
  4. За полнежот: Го матиме сирењето и путерот со миксер,  го додаваме шеќерот во прав и мешаме додека се обрзува густ и цврст крем.
  5. Готовиот крем со шприц го нанесуваме врз мафините откако 10 минути ќе се оладат и поросуваме со стругатините од кокос.


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:39
ШУМСКИ МАФИНИ

Потребни состојки:

За мафини:

  • 100гр путер
  • 250гр пире од костен
  • 2 јајца
  • 75гр шеќер во прав
  • 125 брашно
  • 2 лажици прашок за пециво

За крем:

  • 250гр пире од костен
  • 2 лажици млеко
  • 100гр шеќер во прав
  • кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици рум
  • 500мл слатка павлака
  • 12 коцки чоколадо

За декорација:

  • 12 варени костени
  • лажица путер
  • 50гр шеќер

Начин на подготовка:

Растопете го путерот, тргнете од оган, додадете пире од костени, па измиксирајте. Потоа измешајте јајца и шеќер да добиете изедначена смеса. Додадете брашно измешано со прашак за пециво, добро измешајте и со оваа смеса полнете ги калапите за мафини, но до половина. Потоа ставете коцка чоколадо, па наполнете ги калапите до крај. Печете 20 минути на 180 степени. За крем, пирето од костен помешајте го со млеко и испасирајте. Соединете со шеќер, ванилин и рум. Цврсто изматете слатка павлака и соединете со пире од костен. Смесата ставете ја во шприц за колачи и филувајте ги оладените мафини.



Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:45
...uff...ne mi prai ligi...jas sum po blagoto...


...ili bash zatoa  i pravish?збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:51
Точен одговор брза! Ајде да те видам на дело лакомост


мафини од јаболка


Состојки

  • 1/2 филџан путер ( Мек да биде) 125 мл
  • 1 филџан шеќер (250мл филџан)
  • 1 1/2 лајца пециво
  • 1/2 мало лајче сол
  • 1 ванила
  • 1/2 мало лајче цимет
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 500 гр брашно
  • 2-3 јабока . ситно и слабо сецено

Подготовка

1. Пуштете ја реланата да се стопли на 180.
2. Со миксерот измешајте го путерот, шеќер, пециво, сол, ванила и цимет околу 2 минути.
3. Се додаваат јајцата и млекото и мешаме со миксерот околку 2 минути.
4. Се додава брашното. Се меша убаво и се додава јабоката.
5. Мафините ги печеме во хартиени корпички за слатки.

Излегуваат 12 муфини ако ги користиме големите хартиени корпички, а појке можите да извајте ако не ги полните до горе…
мене ми земват 40 мин да се испецат а кај вас треба да видите со цеткалица ако се поленти догоре појке ако ги прајте помали околу 30 мин.




Изменето од evangeline - 19.Септември.2013 во 14:51
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 15:27
.Ev......sheta shto ne se jadat slikive,тага...ama i toa ke napravat eden den .да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:14
Мафини со грашок

Слика

Состојки:
- 100 гр. грашок
- 200 гр. пченкарно брашно
- 100 гр. пченично брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 2 јајца
- 1 дл. масло
- млеко по потреба
- една лажичка сол
- едно гранче зачин
- 50 гр. рендан пармезан

Подготовка:
Грашокот обарете го и оставете го да се исцеди. Измешајте ги двете врсти на брашно со прашокот за печиво, додадете ги сматените јајца, маслото, посолете и сипете толку млеко како би се добило маса со средна густина. Сето ова помешајте го со грашокот и ситно исечканите зачини. Потоа сипете ја во претходно обложените калапи. Одозгора наросете ги со пармезан и печете половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.

Слика


Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 16:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:17
Мафини со маслинки

500 гр брашно
1 прашок за пециво
3 јајца
250 мл јогурт
200 мл масло (маслиново, но и со сончогледово се супер)
100 гр издробено сирење (отприлика му ставам, колку 1 филџан)
200 гр исецкани маслинки
лук во прав

Ги бијам состојките одеднаш со миксер, ја ставам смесата во калапи, претходно измачкани со путер (Првокласен маргарин Кристал).
Ич да не се мачите со хартиените калапи. Можеби навистина е полесно во нив, особено за чистење, ама многупати досега ми се залепиле во нив, зашто составот им бил различен од универзалните. Плус, со маргаринот директно во калап добива многу подобар вкус.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,145 секунди.