IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2017 во 21:43

Вкусни мафини со карфиол и сирење


Понекогаш за да подготвите вкусни јадења не се потребни многу состојки, туку и со наједноставните може да подготвите закуски кои откако еднаш ќе ги направите, ќе посакате да ги јадете постојано.

Токму таков рецепт е и следниот за кој ви се потребни само три состојки.


Потребни состојки:

  • 400гр карфиол
  • 200гр сирење
  • 1 јајце
  • зачини по желба (наша препорака: лук во прав и оригано)
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190°С. Сварете го карфиолот во врела вода, а потоа изблендајте го во блендер. Исцедете го вишокот вода и додадете ги јајцето, сирењето и зачините. 

Наполнете ја смесата во калап за мафини и печете од 12-15 минути додека не се заруменат на врвот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2017 во 13:04

Рецепт: Мафини од рогач


Рогачот е дрво чиј плод служи како засладувач, брашно за колачи и кремови и за штрудли.

Истиот може да се користи и како замена за чоколадо, а денеска Ви откриваме рецепт за совршено меки и вкусни мафини. 

Потребни состојки:

• 2 шолји брашно

• ¾ шолји шеќер во прав

• 1 шолја млеко

• 2 шолји изгмечени банани

• 2 јајца

• 3 лажички рогач во прав

• 1 лажичка јогурт

• 1 лажичка екстракт од ванила

• ½ лажичка цимет

• ½ лажичка сода бикарбона

• 150 гр. путер, стопен и малку изладен

• малку сол

Припрема:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и намастете ги калапите за мафините. Измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот, солта, рогачот, содата и циметот. Потоа, во средината додадете ги јајцата, млекото, стопениот путер, јогуртот, екстрактот од ванила и бананите. Мешајте сè додека состојките не се соединат. Наполнете 3/4 од калапите со смесата, а потоа печете околу 20 минути. Извадете ги мафините од рерна, оставете малку да се излади и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2017 во 14:12

Овошни мафини со праски

Искористете го сезонското овошје и направете сочни мафини со праски кои ќе ги обожувате.

Потребно е:

400-500 грама брашно
30 грама квасец
1 лажичка шеќер
малку сол
300 ml млеко

Полнење:

1 пудинг од малини
200 ml млеко
2 лажички шеќер
300 грама праски
50 грама суво грозје

Подготовка:

1. Замесете тесто со квасец, шеќер, млеко и брашно, додадете малку сол. Тестото мора да бид етврдо и мазно.

2. Оставете го да порасне, развијте кора со дебелина од 1 сантиметар, па со чашка извадете крофнички. Развлечете ги малку со рака и обложете ги калапите за мафини. На дното ставете една лажичка суво грозје.

3. Пудингот згответе го во млекото во кое ќе додадете шеќер (по желба). Оладете го малку и ставајте лажичка по лажичка во мафините преку сувото грозје. Преку пудингот втиснете парчиња праски. Покријте ги малку да нараснат и печете ги околу 30 минути на температура од 200 степени.



Изменето од Valerija - 02.Август.2017 во 14:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2017 во 09:00

Мафини со јаболкa и цимет


Вашиот следен рецепт за десерт нека бидат овие вкусни мафини со јаболка и цимет.

Потребно е:

200 гр брашно

140 гр шеќер

1 лажиче цимет

2 лажичиња прашок за пециво

малку сол

1/3 чаша (од 200 мл) масло

1 јајце

1/2 чаша полномасно млеко

1 јаболко, изрендано

1 јаболко, исецкано на коцкички

Подготовка:

– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво.

– Во друг сад изматете ги маслото, млекото и јајцата. Полека додадете ја оваа смеса кај сувите состојки и мешајте со дрвена лажица.

– Додадете го изренданото јаболко, а потоа и јаболкото исецкано на коцки и измешајте.

– Со горната смеса наполнете ги книжните корпички 1/3 од волуменот.

– Подгответе ја смесата за посипување. Измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот и додадете го путерот исецкан на коцки. Со раце замесете ја смесата додека да добиете трошки. Овие трошки посипете ги над смесата во корпичките.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2017 во 09:16

Слатко-солени мафини


Несекојдневна комбинација на чоколадни мафини со авокадо, банана и спанаќ за здрава ужина.

Потребни состојки:

2 шолји брашно

1 кафена лажичка прашок за пециво

½ шолја какако

2 јајца

1 лажичка ванила

½ шолја мед

½ шолја павлака

1 банана

1 авокадо

2 шолји спанаќ

½ шолја чоколаден корнфлекс

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2017 во 18:31

Солени мафини со топено сирење

Рецепт за подготовка на многу вкусни солени мафини со топено сирење и кашкавал.

Потребни состојки:

300 грама брашно

½ чаша масло

2 јајца

300 грама јогурт

Малку сол

Пакетче прашок за пециво

150 грама кашкавал, рендан

100 грама топено сирење

2-3 лажици сув босилек

Подготовка:

Во една чашка измешајте ги јајцата, јогуртот и маслото. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашното, солта и прашокот за пециво.

Потоа измешајте ги двата вида состојки и промешајте енергично, за да се добие хомогена смеса. Конечно додадете рендан кашкавал и исецкано топено сирење. Измешајте и додадете босилек.

Истурете ја смесата рамномерно во калапите за мафини, внимавајќи да не ги преполнувате. Имајте на ум дека тестото ќе нарасне и ќе излезе од форма.

Печете на температура од 180-200 степени околу 30 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2017 во 18:33

Мафини со ванила

Потребни состојки:

2 јајца

7 лажици шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

4 лажици гриз

5 лажици брашно

1 кесичка пудинг од ванила

9 лажици млеко

6 лажици масло за јадење

1 прашок за пециво

За прелив:

100 грама шеќер

200 мл вода

Подготовка:

Веднаш ја вклучуваме рерната да се загрее на 220 степени. Јајцата шеќерот и ванилата заедно ги матиме со миксер. Гризот, брашното, пудингот од ванила, млекото, маслото за јадење и прашокот за печење ги мешаме со лажица.

Потоа  ги соединуваме со другата смеса. Смесата потоа ја ставаме во калапи за печење.

Печиме околу 15 минути, шеќерот и водата ги ставаме во тенџере на оган да се растопат. Откако ќе биде готов шербетот ги поливаме изладените мафини.

Изладените мафини ги ставаме во хартиени корпички и ги декорираме со шлаг пена .

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2018 во 11:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 20:39

Солени мафини

Потребни состојки:

  • 2 шолји бело брашно
  • 1 шолја 'ржано брашно
  • 2 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • Пола шолја маслиново масло
  • 1 шолја јогурт
  • 100 гр путер
  • 2 големи лажици кисело млеко
  • 1 мала лажица вегета, малку оригано и сусам
  • 2 големи лажици семки од сончоглед
  • 1 голема лажица семки од тиква
  • Изрендана кора од лимон
  • Како додаток може да ставите: сирење/кашкавал/урда/моцарела.

Начин на подготовка:

  • Јогуртот и киселото млеко се мешаат заедно со малку млака вода.
  • Во поголем сад се мешаат сувите состојки: брашното, прашокот за печиво и зачините.
  • Во посебен сад се мешаат течните состојки: јајцата, јогуртот и киселото млеко, растопениот путер и маслиновото масло. Се додаваат семките и кората од лимон.
  • Смесата од течните состојки се претура во садот со сувите состојки. Се меша додека не се соединат состојките.
  • Се печат во рерна на 200 степени 20-30 мин.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2020 во 10:29

Мафини со портокал и ореви – Совршен празничен десерт со кој ќе ги воодушевите гостите!

Овој златен рецепт со неверојатен вкус ќе ги претворите сивите студени зимски денови во топло слатко задоволство, со кое дефитивно ќе ги импресионирате вашите гости, а повторно ќе ги освоите вашите најблиски! Еве како лесно да ги приготвите!

Мафини со портокал и ореви

Овој златен рецепт со неверојатен вкус ќе ги претворите сивите студени зимски денови во топло слатко задоволство, со кое дефитивно ќе ги импресионирате вашите гости, а повторно ќе ги освоите вашите најблиски! Еве како лесно да ги приготвите!
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: торта со ореви, мафини, портокал

Состојки

  • 130 гр брашно
  • 2 портокала т.е изренданата кора од нив
  • 1 портокал т.е исцедениот сок од него
  • 130 гр шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 120 гр путер
  • 1 дл кисела павлака
  • 50 гр ситно исечени ореви
  • 1 кафена лажица пециво

Начин на подготовка

  • Изматете ги заедно шеќерот, ванилиниот шеќер и омекнатиот путер. Потоа додадете ги јајцето и киселата павлака и продолжете да матите.
  • Измешајте ги брашното и пецивото и додадете ги во претходната течна смеса. Продолжете да мешате со дрвена лажица.
  • На крај додадете ги оревите, сокот и корите од портокалите, па добро соединете ги сите состојки заедно.
  • Добиената смеса поделете ја подеднакво во калапите за мафини и поставете ги да се печат 20-25 минути во загреана рерна на 180°C.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2020 во 11:16

Мафини декорирани како мали, новогодишни елки


Овие неодоливо слатки мафини ќе станат задолжителен дел од вашето празнично мени.

Mafini-dekorirani-kako-novogodisni-elki-01.jpg

Децата ќе ги обожаваат, но нема да им одолеат ниту постарите. Вкусот е неодолив и чоколаден, а за изгледот доволно зборуваат сликите.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 200 g темно чоколадо
  • 150 g шеќер
  • 100 g путер
  • 100 g брашно
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 25 g мелени бадеми

За декорација:

  • 500 g маскарпоне
  • 100 g шеќер во прав
  • Зелена боја за колачи
  • Трошки во различни бои

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад стопете го путерот и чоколадото. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер и промешајте.
  •  Почнете да ги додавате јајцата едно по едно и добро матете.
  • Додадете го полека брашното коешто сте го просеале заедно со прашокот за печиво и мелените бадеми.
  • Измешајте ја добро смесата и наполнете го калапот за мафини или пак индивидуални корпи за оваа намена.
  • Печете во загреана рерна на 180° околу 20 минути. Откако ќе се испечат мафините, оставете ги добро да се оладат.
  • Во посебен сад помешајте го маскарпонето заедно со шеќерот во прав и додадете зелена боја за готвење. Добро измешајте.
  • Со готварски шприц декорирајте ги мафините со кремот обликувајќи мали елки врз нив.
  • Посипете ги со декоративни трошки во различни бои.

Mafini-dekorirani-kako-novogodisni-elki (5).jpg

Mafini-dekorirani-kako-novogodisni-elki (4).jpg

Mafini-dekorirani-kako-novogodisni-elki (3).jpg

Mafini-dekorirani-kako-novogodisni-elki (2).jpg

Mafini-dekorirani-kako-novogodisni-elki (1).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104967
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2021 во 21:39

Мафини со мед

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусен десерт со кој ќе ги засладите зимските денови.


Потребни состојки:

- 3 јајца

- 70 гр. шеќер

- 1 ванилин шеќер

- 80 гр. путер

- 90 гр. мед

- прстофат каранфилче и мускатно оревче

- 1 лажичка цимет

- 1 лажичка зачин за медени колачиња

- 1 лажичка кора од портокал

- 100 мл. млеко

- 260 гр. просеано брашно

- 1 прашок за пециво

- џем со вкус по желба (за полнење)

Начин на припрема:

1. Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го истопениот путер, медот и млекото.

2. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, а потоа соединете ги со смесата од јајца и матете додека не добиете хомогена смеса.

3. Наполнете ги калапите за мафини до половина.

4. Додајте по една лажичка џем во секој мафин и прекријте со уште малку смеса.

5. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 Целзиусови степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.